ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 9/98 стр. 1
  • Запознај ги своите браќа

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Запознај ги своите браќа
  • Нашата служба за Царството 1998
  • Сличен материјал
  • Добро запознај ги своите браќа
    Нашата служба за Царството 1994
  • Кои се наши браќа и сестри?
    Учи од Големиот Учител
  • Да се охрабруваме секојдневно еден со друг
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Нека расте твојата љубов кон Јехова и кон другите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
Повеќе
Нашата служба за Царството 1998
km 9/98 стр. 1

Запознај ги своите браќа

1 Библијата го опишува вистинскиот пријател како лице кое се приврзува повеќе од брат, кое е постојано во својата љубов и лојалност и кое му доаѓа на помош на својот другар во време на неволја (Изр. 17:17; 18:24). Не би ни недостигале такви пријатели во собранието ако вложуваме напор да се запознаеме и да се љубиме меѓусебно (Јован 13:35).

2 Пред и после состаноците ни се укажуваат убави можности да се запознаеме со нашите браќа. Зошто не дојдеш порано и не се задржиш после тоа за да можеш да се радуваш на срдечно и весело дружење? Барај различни браќа за да разговараш со нив, вклучувајќи постари искусни и помлади или плашливи.

3 Започнувај разговори: Прави повеќе отколку само да се поздравиш на минување со браќата. Можеш да започнеш разговор споделувајќи некое искуство од службата на теренот, некоја интересна мисла од недамнешно списание или некој коментар за штотуку завршениот состанок. Можеш многу да научиш за браќата доколку бидеш добар слушач и ги охрабруваш да зборуваат за своите искуства и за она што го учат. Само со прашањето како некој го запознал Јехова веќе може многу да се открие. Некои имале во животот искуства кои ја зајакнуваат верата, додека други токму сега истрајуваат во ситуации кои многумина тешко можат да ги замислат. Ако го сфатиме тоа, како вистински пријатели ќе можеме да бидеме чувствителни и полни со разбирање за потребите на другите.

4 Спријателувајте се еден со друг: Откако ѝ умрело детето, на една сестра ѝ било тешко да ги пее песните на Царството во кои се зборува за воскресение. Таа се потсетува: „Еднаш, една сестра која седеше на другата страна од салата, ме виде како плачам. Ми пријде, ме прегрна и го отпеа со мене преостанатиот дел од песната. Се почувствував исполнета со голема љубов кон браќата и сестрите и бев толку среќна што доаѓавме на состаноците, сфаќајќи дека токму тука, во Салата на Царството, е помошта за нас“. Треба да се спријателуваме со нашите браќа давајќи им утеха кога им е потребна и охрабрување во секое време (Евр. 10:24, 25).

5 Додека овој стар свет станува сѐ посуров, да бидеме одлучни да се запознаеме подобро со нашите браќа. Ваквата размена на вистинско охрабрување ќе се покаже како благослов за сите (Рим. 1:11, 12).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели