ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 9/98 стр. 2
  • Состаноци за служба за септември

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Состаноци за служба за септември
  • Нашата служба за Царството 1998
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 7 септември
  • Седмица што почнува од 14 септември
  • Седмица што почнува од 21 септември
  • Седмица што почнува од 28 септември
Нашата служба за Царството 1998
km 9/98 стр. 2

Состаноци за служба за септември

Седмица што почнува од 7 септември

Песна 162

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Разгледај ја рамката „Предлог“.

15 мин: „Можеме да правиме поголеми дела“. Прашања и одговори. Охрабри ги сите да си постават разумни цели за новата службена година и да работат на тоа да ги постигнат. (Види Наша служба, страници 116—118.)

20 мин: „Пионерите им помагаат на другите“. Еден старешина објаснува дека, освен обуката обезбедена преку Теократската школа за служба, направени се подготовки за пионерите лично да им помогнат на другите во службата. Поставува прашања врз основа на статијата и повикува на коментари од слушателите, особено од пионерите и објавителите кои биле вклучени во програмата. Разгледај како да се постигнат најдобри резултати со неа. Пионерите можат да раскажат како се радувале и како им користело тоа што учествувале во помагањето на другите. Објавителите на кои им било помогнато можат да кажат колку ја ценат оваа подготовка полна со љубов и спомнуваат мисли кои им помогнале да постигнат поголем успех и радост во службата.

Песна 172 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 14 септември

Песна 160

10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.

15 мин: Што бара Бог од нас? Говор. Следната седмица на студијата на книга ќе почнеме да ја проучуваме оваа брошура. Охрабри ги сите да се подготвуваат однапред и да присуствуваат на секој дел за да се запознаат со брошурата и за да научат како да ја проучуваат со другите. Прочитај го пасусот „Како да се користи оваа брошура“. Употреби материјал од Стражарска кула од 15 јануари 1997, страници 16, 17, за да ја нагласиш важноста на поучувањето со прашањата, стиховите и илустрациите во брошурата. Водителите на студија на книга треба да им дадат добар пример на оние кои водат домашни библиски студии со тоа што нема да зборуваат премногу и нема да изнесуваат додатни детали. (Види Наша служба за Царството од јуни 1996, страница 3, пасус 5.)

20 мин: Како поминавме минатата година? Секретарот и надгледникот за служба го разгледуваат собранискиот извештај за служба и цифрите за присуството на состаноците минатата година. Укажуваат на позитивните аспекти од извештајот и се сосредоточуваат на оние подрачја на кои може да се постигне подобрување. Дали во текот на август имаше 100-процентно учество во службата? Истакни на кои цели ќе се сконцентрираат старешините во претстојните месеци, вклучувајќи го и тоа да им се помогне на сите да станат редовни објавители. Пренеси соодветни мисли од последниот извештај на покраинскиот надгледник.

Песна 144 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 21 септември

Песна 107

10 Мин: Локални известувања. Теократски вести.

15 мин: Локални потреби.

20 мин: „Запознај ги своите браќа“. Прашања и одговори. Вклучи коментари од Стражарска кула од 1 февруари 1989, страници 21, 22. Охрабри ги сите да преземат иницијатива подобро да се запознаат еден со друг.

Песна 34 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 28 септември

Песна 86

12 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да ги предадат извештаите за служба за септември. Охрабри ги сите да направат планови повеќе да учествуваат во делото од куќа до куќа во октомври за да ја зголемат дистрибуцијата на списанија. Осврни се на Наша служба за Царството од октомври 1996, страница 8, за предлози како да се подготват презентации. Прикажи една понуда со текуштите списанија и покажи како да му се спомне на станарот подготовката за донации. Земи резерва списанија за активноста во текот на викендот.

20 мин: „Надгледници кои преземаат водство — надгледник за служба“. Говор од надгледникот за служба. Откако ги разгледува своите должности, тој објаснува конкретни начини на кои собранието може да соработува за да се зголеми обемот и делотворноста на службата локално.

13 мин: Што го прави добар еден собраниски објавител? Говор со извесно учество на слушателите. Не е неопходно да се има супериорни способности или талент; наместо тоа, најпожелно е сите ние да имаме спремен став кој одразува љубов, понизност, ревност и ценење. Повикај ги слушателите да наведат причини зошто е пожелно следново: 1) радосен дух, 2) редовно присуство и учество на состаноците, 3) спремност да се прифатат и да се исполнат доделбите, 4) соработка со старешините и со подготовките што се направени за собранието, 5) искрен интерес во помагањето на другите и 6) редовно учество во службата на теренот која ќе се известува секој месец.

Песна 26 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели