Песна 221
Млади, имитирајте ја нивната вера!
1. Млад Самуел дојде во Божјиот храм,
па служеше верно дур растеше сам.
И стана тој пророк во Израелот,
ко прав назареец го славеше Бог.
А Илија синови зли имаше,
но дал’ го заведоа и Самуел?
Не, Самуел научен на послушност,
му остана лојален на својот Бог.
2. И Тимотеј стана старешина млад,
од детството запознат со Писмата.
Го вршеше она што го учеше
со желба да биде на Бог лојален.
На добар глас беше в собрание тој,
па го препорачаа едногласно.
И тргна со Павле ко мисионер,
служејќи за благослов на верните.
3. На младите сестри за пример им е
лојалната девојка од Израел.
Во ропство ко мала, но беспрекорна,
на други помагаше со ревноста.
Ѝ рече на жена му на Нааман:
,Од пророкот лек нека побара сам‘.
Сирискиот војвода ја послуша;
Јехова за возврат го излекува.
4. На вас, млади, тие за пример ви се,
па имитирајте ги верно во сѐ.
И „време на крајот“ е, сигурни сме,
Јехова ги испраќа, знај, верните.
О младинци, придружете ни се нам
во битката праведна и исправна.
За добрата вест да разнесеме глас,
па така ќе примиме и награда.