ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 6/00 стр. 1
  • ,Вашиот труд не е залуден‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ,Вашиот труд не е залуден‘
  • Нашата служба за Царството 2000
  • Сличен материјал
  • Дали тоа е пречка да проповедаш?
    Нашата служба за Царството 2001
  • Зошто треба сите да го фалиме Бог?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Нашата служба за Царството 2000
km 6/00 стр. 1

,Вашиот труд не е залуден‘

1 Колку охрабрувачка мисла! Вашиот труд во Јеховината служба не е залуден (1. Кор. 15:58). За разлика од тоа, само помисли колку се мачат луѓето обидувајќи се да го подобрат својот животен статус или финансиска состојба. Можеби со години стекнуваат високо образование или, пак, ропски работат за да напредуваат во материјален поглед. Сепак, заради „времето и непредвидениот настан“ можеби никогаш нема да го стекнат угледот по кој тежнеат или, пак, можеби ќе бидат присилени да се задоволат со многу помалку од она што го посакуваат во материјален поглед. Како „стремење по ветар“, нивните напори се залудни (Проп. 1:14; 9:11, NW). Затоа, колку само е важно тоа што сме изобилно вработени во единственото дело што не е залудно затоа што тоа има трајна вредност!

2 Дело кое е навистина вредно: Проповедањето на добрата вест за Божјето Царство е најважното дело на земјата. Тоа е дело што мора да се изврши, сеедно дали луѓето слушаат или не. Сакаме да можеме да речеме онака како што рекол Павле: „Ви сведочам дека сум чист од крвта на сите, бидејќи не пропуштив да ви ја соопштам целокупната волја Божја“ (Дела 20:26, 27).

3 Колкава само е радоста кога луѓето ја слушаат пораката за Царството и се одѕиваат на неа! На една млада жена ѝ умрела тетка ѝ. Се прашувала каде е тетка ѝ — во рајот или во пеколот? Му се молела на Бог за помош и го користела името Јехова, како што ја научила сестра ѝ. Наскоро почнала да ја проучува Библијата и да присуствува на христијанските состаноци. Добила сосема нов поглед на животот и ги прекинала врските со уличните банди. Младата жена престанала да пуши, да се дрогира и да краде. Таа признава: „Само љубовта кон Јехова ме натера да го напуштам таквиот лош начин на живот. Само Јехова во неговата голема милост можеше да ми даде надеж за вечен живот“. Таа повеќе не го троши животот на залудни работи.

4 Дури и тогаш кога луѓето одбиваат да слушаат, ти сепак постигнуваш нешто вредно. Тие знаат дека Јеховините сведоци биле кај нив. Твојот интегритет, верноста и љубовта се потврдени. Затоа, дали вашиот труд во делото на Господ е залуден? Никако!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели