-
Состаноци за служба за априлНашата служба 1999 | Април
-
-
Состаноци за служба за април
Седмица што почнува од 5 април
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Да се разгледа „Можеме ли да ја нудиме книгата Творец?“ Покани ги сите заинтересирани да дојдат на специјалното јавно предавање на 18 април. Предавањето е со наслов „Вистинско пријателство со Бог и со ближниот“.
15 мин: „Горливо проповедај ја добрата вест“. Воведи ја статијата за помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори. Заклучи со охрабрување темелено на Vodič, страници 188, 189, пасуси 12 и 13.
20 мин: „Како членовите на семејството соработуваат за целосно учество — во службата“. Дискусија на едно семејство. Разгледај некои причини зошто семејството треба да гледа на службата на теренот како на редовна седмична рутина во која учествуваат сите. Разгледај го охрабрувањето дадено во Стражарска кула од 1 септември 1993, страници 17—19, пасуси 9—12. Повикај ги родителите меѓу присутните да раскажат како тие успешно ја организираат седмичната активност во службата за нивното семејство.
Песна 67 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 12 април
10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.
15 мин: Локални потреби.
20 мин: „Засилување на сведоштвото додека се приближува крајот“. Прашања и одговори. Интервјуирај еден или двајца објавители кои порано можеби никогаш не помислувале дека ќе учествуваат во проповедничкото дело, но сега тоа го прават редовно затоа што ја сфатиле итната потреба да ја шират пораката на Царството. Колку што допушта времето, вклучи кратки искуства од Годишњак за 1997, страници 42—48, кои покажуваат како објавителите ги зголемиле нивните напори да сведочат со тоа што оделе онаму каде што имало луѓе.
Песна 157 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 19 април
5 мин: Локални известувања.
10 мин: „Дали имаш постојана нарачка?“ Говор, по можност на старешината или на слугата помошник кој се грижи за списанијата. Кажи му на собранието колку списанија се добиваат секој месец и просечниот број списанија што се известуваат како врачени. Не треба да дозволиме списанијата да останат неискористени. Дај предлози кои покажуваат како можат да се дистрибуираат постарите примероци (види Наша служба за Царството од јули 1993, страница 1).
30 мин: „Пионерење — мудро користење на нашето време!“ Прашања и одговори. Одреди три различни лица да ги раскажат искуствата изнесени во пасуси 5—7. Заклучи со тоа што ќе ги повикаш сите кои можат да размислат за поднесување молба за помошна или општа пионерска служба. Молбите можат да се добијат кај членовите на Службениот одбор на собранието. Спомни дека не е предоцна да се поднесе молба за помошен пионер во мај.
Песна 136 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 26 април
10 мин: Локални известувања. Потсети ги сите да го предадат априлскиот извештај за служба на теренот. Објави ги имињата на оние кои ќе бидат помошни пионери во мај и охрабри ги и другите да се пријават. Дај некои корисни предлози за презентирање на тековните списанија. (Види Наша служба за Царството од октомври 1996, страница 8.)
17 мин: „Што да правам?“ После едно кратко разгледување на статијата со присутните, гледај како еден тинејџер разговара со својот родител за плановите за иднината откако ќе заврши средно училиште. Заедно ја разгледуваат Наша служба за Царството од јули 1998, страница 4. Родителот дава совет во склад со охрабрувањето дадено во Стражарска кула од 1 февруари 1996, страница 14, и од 1 декември 1996, страници 17—19. Сега, кога е намалено барањето на часови за пионерите, тинејџерот размислува за можноста да пионери кога ќе го заврши световното образование.
18 мин: Интервјуирај помошни пионери. Надгледникот за служба интервјуира некои објавители кои се помошни пионери овој месец, како и други кои биле пионери порано. Повикај ги да раскажат за некои од благословите во кои уживале, што постигнале и зошто со радост чекаат повторно да бидат помошни пионери барем еден или два месеца во годината.
Песна 82 и заклучна молитва.
-
-
Можеме ли да ја нудиме книгата Творец?Нашата служба 1999 | Април
-
-
Можеме ли да ја нудиме книгата Творец?
Минатата година сите се радувавме кога ја добивме книгата Постои ли Творец кој се грижи за тебе? Тоа е книга која е посебно наменета за оние кои, иако се високо образовани во световните работи, можеби не веруваат во Бог. Оваа книга задоволува една сѐ поголема потреба.
Од практични причини месечната понуда на литература обично истакнува публикации кои се привлечни за пошироката јавност. Дали тоа значи дека не треба да ја нудиме книгата Творец? Воопшто не! Оваа книга може да се нуди во секое време на годината на оние кои не веруваат во Бог а може да им биде од корист. Исто така, може да им се нуди на оние кои веруваат во Бог но немаат реална замисла за тоа кој е тој или кои се неговите особини и намери. Затоа, охрабрени сте да носите примерок во својата чанта за сведочење и да бидете подготвени да му ја понудите на секого за кого мислите дека ќе биде заинтересиран да ја прочита.
-