Распоред за состаноците за служба
Седмица што почнува од 8 март
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Потсети ги сите да ја донесат новата брошура „Види ја добрата земја“ за Состанокот за служба следната седмица. Користејќи ги предлозите на 6. страница, прикажи како да се презентира Стражарска кула од 15 март.
15 мин: Да се користат трактати за да се започнат разговори. Дискусија со присутните. Честопати најтешкиот дел при сведочењето е да се започне разговор. Трактатите можат да се користат за да го скршат мразот во сведочењето од врата на врата, на деловно подрачје и на јавни места. Разгледај накратко два или три трактати што можат да им бидат интересни на луѓето на локалното подрачје. Кои воведни коментари би можеле да се кажат кога се презентираат тие трактати? Како можат да се употребат илустрациите? Кои прашања би можеле тактично да се постават? Осврни се на еден пасус од секој трактат што би можел да се разгледа ако станарот покаже интерес. Нека има една презентација за тоа како би можел да се започне разговор со трактат. Објавителот накратко нека разгледа еден пасус од трактатот и нека заклучи така што ќе ја понуди книгата Спознание.
20 мин: „Љубете го Јехова, сите вие што сте му лојални.“a Кога дискутираш за 3. пасус, замоли ги присутните да коментираат за тоа на кој начин тие ги поканиле луѓето на одбележувањето на Меморијалот.
Песна 131 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 15 март
10 мин: Локални известувања. Разгледај ги главните точки од „Потсетувања за Меморијалот“. Дај известување кога ќе се одржи студијата на Стражарска кула за седмицата кога е Меморијалот.
15 мин: Информации за специјалната активност во текот на сезоната на Меморијалот. Дискусија со присутните што треба да ја води надгледникот за служба. Спомни ги специјалните подготовки што се направени. Раскажи неколку охрабрувачки искуства. Охрабри ги оние што можат да го направат тоа да се пријават како помошни пионери во април и во мај. Разгледај накратко неколку точки од додатокот во Наша служба за Царството од февруари.
20 мин: Извлечи корист од „Види ја добрата земја“. Новата брошура може да го направи нашето читање и проучување на Божјата реч посмисловно. Од голема помош е да се користи индексот во неа. Прочитај Исаија 63:1, каде што се опишува како Јехова доаѓа од Восор. Замоли ги сите да го најдат изразот Восор во индексот на „Добрата земја“. Објасни што значи „Восор 11 G11“, користејќи ја рамката на 34. страница и најди ги Восор и Едом на картата што е наведена. Користејќи го индексот, најди го патот што го поминал Исус од Ерусалим до Сихар (Јован 4:3—5). Направи го истото за да ја најдеш локацијата на бањата Витезда (Јован 5:1—3). Избери уште еден или два дополнителни примери од седмичното читање на Библијата за Теократската школа за служба. Замоли ги присутните да коментираат за тоа каде би можеле да се најдат тие локации во брошурата и каква корист извлекуваме ако ги разгледуваме картите. Истакни накратко некои од картите што се содржани во брошурата и спомни го времето што го опфаќаат. На картата на 18 и 19 страница се претставени најголемиот број библиски места. Поттикни ги сите добро да ја користат „Види ја добрата земја“.
Песна 63 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 22 март
10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај. Потсети ги сите да го следат распоредот за читање на Библијата за Меморијалот за 30 март — 4 април, којшто е изнесен во Секојдневно испитување на Писмото за 2004 и во Календарот за 2004.
15 мин: Локални потреби.
20 мин: „Коњички напад во кој си вклучен и ти.“b Доколку дозволува времето, прочитај ги и дискутирај за наведените стихови.
Песна 181 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 29 март
10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да ги предадат извештаите за служба на теренот за март. Спомни ја понудата на литература за април. Користејќи ги предлозите на 6. страница, прикажи како да се презентира Стражарска кула од 1 април и Разбудете се! од 8 април.
15 мин: Добро користи го Годишникот за 2004. Говор и дискусија со присутните. Спомни некои главни мисли од „Писмо од Водечкото тело“, некои извонредни бројки од светскиот извештај, и неколку искуства што ја зајакнуваат верата. Охрабри ги сите да ја прочитаат целата книга во текот на годината.
20 мин: Вистината ги обединува семејствата. Говор и дискусија со присутните. Заинтересираните лица понекогаш се колебаат дали да му служат на Јехова поради противењето од членовите од семејството. Нека се раскажаат некои од следниве искуства: Стражарска кула од 1 јануари 2002, страници 14, 15; Стражарска кула од 1 декември 2000, 8. страница; Стражарска кула од 1 септември 1999, 32. страница; Стражарска кула од 1 јануари 1999, 4. страница и Разбудете се! од 8 јуни 1998, 31. страница. Истакни дека семејниот живот честопати се подобрува дури и кога само еден член од домаќинството ги применува библиските начела.
Песна 130 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 5 април
10 мин: Локални известувања.
20 мин: Физичката чистота нѐ препорачува. Говор што се темели на Стражарска кула од 1 јуни 2002, страници 19—21. Вклучи една презентација во која еден старешина му покажува на еден пионер како тактично, користејќи ја 9. лекција, 5. пасус од брошурата Бара, да му помогне на некој библиски студент да сфати колку е важно да ги одржува домот и дворот чисти.
15 мин: Раскажи искуства што се случиле во врска со одбележувањето на Меморијалот и зголемената активност во службата во текот на март.
Песна 25 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.