ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/06 стр. 1
  • Како да останеме ревносни

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да останеме ревносни
  • Нашата служба за Царството 2006
  • Сличен материјал
  • „Духот нека ве поттикнува на ревност“
    Нашата служба за Царството 2009
  • Горливо објавувај ја добрата вест
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Дали ‚ревносно правиш добри дела‘?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Ревносно служи му на вистинскиот Бог!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Нашата служба за Царството 2006
km 4/06 стр. 1

Како да останеме ревносни

1 Жарот со кој Аполо ја извршувал својата служба нѐ потсетува на денешните сохристијани кои се особено ревносни во проповедничкото дело (Дела 18:24-28). Но, и за сите нас важи советот: „Не безделничете во работата. Зрачете со духот“ (Рим. 12:11). Што може да ни помогне да станеме и да останеме ревносни во христијанската служба?

2 Знаењето ја разгорува ревноста: Откако Исус им се појавил на двајца свои ученици и ‚им ги протолкувал работите што се однесувале на него во целото Писмо‘, тие забележале: „Зарем не ни гореа срцата додека ни зборуваше по патот?“ (Лука 24:27, 32). Слично на тоа, зарем и нам не ни горат срцата од возбуда кога уште подобро ја разбираме Божјата реч? Да, знаењето ја разгорува верата. Во Римјаните 10:17 се објаснува: „Верата доаѓа од она што се слуша“. Кога нашите срца се полни со доверба во Јеховините ветувања, едноставно не можеме а да не зборуваме за она што сме го слушнале (Пс. 145:7; Дела 4:20).

3 Она што сме го научиле кога сме проучувале порано не е доволно ако сакаме нашата љубов кон Бог и нашата ревност во службата да продолжи силно да гори. Мораме да се трудиме уште подобро да ја разбереме вистината и да ја продлабочуваме љубовта кон Јехова. Во спротивно, можеби со текот на времето ќе почнеме да му служиме на Бог механички (Откр. 2:4). Божјата реч нѐ поттикнува ‚и понатаму... да растеме во точното спознание за Бог‘ (Кол. 1:9, 10).

4 Какви ни се навиките за проучување: Затоа, добро е да ги преиспитаме нашите навики за проучување. На пример, можеби знаеме да ги потцртаме одговорите во статијата за проучување во Стражарска кула и да дадеме точни коментари. Но, дали ги читаме наведените стихови и дали размислуваме како можеме лично да го примениме тоа во нашиот живот? Дали се трудиме, доколку сме во можност, дополнително да истражуваме во врска со седмичното читање на Библијата, и дали размислуваме за она што го учиме од материјалот? (Пс. 77:11, 12; Посл. 2:1-5). Колку само е корисно длабоко да размислуваме и да бидеме задлабочени во Божјата реч! (1. Тим. 4:15, 16). Таквото смисловно проучување ќе го храни нашето срце и ќе ни дава сила да бидеме ‚ревносни за добри дела‘ (Тит 2:14).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели