ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 6/08 стр. 4
  • Ако станарот зборува на друг јазик

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ако станарот зборува на друг јазик
  • Нашата служба за Царството 2008
  • Сличен материјал
  • Да им проповедаме на оние што зборуваат друг јазик
    Нашата служба за Царството 2009
  • Методи на проповедање на добрата вест
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Да покажуваме непристрасност во нашата служба
    Нашата служба за Царството 1993
  • Да соработуваме додека проповедаме на подрачје на кое се зборуваат повеќе јазици
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2018)
Повеќе
Нашата служба за Царството 2008
km 6/08 стр. 4

Ако станарот зборува на друг јазик

1. Зошто е потребна соработка кога се обработува подрачјето?

1 Објавителите на Царството низ целиот свет сѐ почесто наоѓаат луѓе што се интересираат за вистината, а зборуваат на друг јазик. За да им се помогне духовно и на тие лица, многу подружници увиделе потреба да се формираат групи и собранија на други јазици. Бидејќи се случува во една област да се зборува на повеќе јазици, можеби на истото подрачје ќе проповедаат неколку собранија на различни јазици. Како би можеле да соработуваат за проповедањето да се одвива организирано? (1. Кор. 14:33).

2. Кога проповедаме од куќа до куќа, како треба да соработуваме со групите или собранијата на други јазици што го имаат истото подрачје?

2 Добра соработка: Кога проповедаме на улица или, пак, сведочиме неформално, треба слободно да им пристапуваме на сите, што значи и на оние што зборуваат на друг јазик, и да им понудиме публикации на нивниот јазик. Но, кога одиме од куќа до куќа на подрачје што го обработува и некоја група или собрание на друг јазик, главно треба да им сведочиме на оние што зборуваат на јазикот на нашето собрание. Ако на исто подрачје проповедаат различни собранија, многу е важно да се водат добри белешки. Надгледниците за служба треба да се договорат и да ги организираат работите на начин што ќе биде корисен за сите (Изр. 11:14). Сепак, ако во службата од куќа до куќа сретнеме некого што зборува на друг јазик, а во близина нема собрание на тој јазик, тогаш треба да му посведочиме и да го одржуваме неговиот интерес.

3. Што треба да направиме ако сретнеме објавители од некоја група или собрание на друг јазик, кои проповедаат на истото подрачје?

3 Вршиме исто дело: Како треба да постапат објавителите од различни собранија ако се случи во исто време да проповедаат на едно подрачје? Се разбира, христијанската љубов ќе ги надмине сите разлики во јазиците и секој ќе биде првенствено заинтересиран за потребите на луѓето на подрачјето (Јован 13:34, 35). Затоа, оние што предводат треба да покажат разумност и љубов кога ќе одлучуваат која група привремено да се префрли на друго подрачје (Јак. 3:17, 18).

4. Кое пророштво се исполнува денес?

4 Библијата прорекла дека добрата вест ќе ја чујат луѓе што зборуваат на различни јазици (Отк. 14:6, 7). Ако сите добро соработуваме, нема да се случи објавителите од различни групи и собранија да им проповедаат на исти луѓе. Исто така, многу нови лица ќе ја чујат добрата вест, меѓу кои се и оние што зборуваат на друг јазик (Еф. 4:16).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели