Песна 54
Мораме да бидеме свети
1. Бог ни заповеда: „Бидете свети“.
Христос го дал да нѐ очисти нас.
Понизни, скромни, чисти ко народ,
треба да бидеме на добар глас.
2. „Светиот народ“ и „другите овци“
ко Божји посед издвоени се.
Со добри дела, даваме доказ
— Божјите закони ги сакаме.
3. Напред дур одиме, секој ќе види
како Јехова нѐ подобрува.
Вистина тој ни открива сега.
,Назад не гледајте‘, ни кажува.
4. Свети да бидеме, сакаме ние,
одејќи ревносно в светлината.
Бог свет е, верен, полн е со правда,
да му угодиме со делата.