Песна 68
Побожно сочувство
1. Како прави христијани,
да сме сочувствителни
спрема сите наши блиски,
но и кон непознати.
Споредба дал Исус
и за нас ја разјаснил.
Оној што ја слуша
среќен ќе е в сите дни!
2. Некој Самарјанин еднаш
патувал кон Ерихон.
Евреин на патот лежел
ранет, сам, беспомошно.
Предрасуди немал,
кон жртвата пристапил.
Помогнал од љубов,
закон Божји применил.
3. Јасно ни е кој е ближен
— потреба што има тој.
Бог е добар спрема сите,
дава сонце, сенка, дожд.
Сочувство е преполн!
Најдобар Пријател наш.
Тој е права љубов,
достоен за доверба.
4. Можеби на ближните
ќе треба да помагаме,
но пред сѐ е важно секој
бескрајно да живее.
Вистина и правда,
вест добра за Царството
носиме на сите,
да го слават тие Бог.