ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwbr18 Септември стр. 1-4
  • Превод на референци кои ги нема на македонски, септември 2018

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Превод на референци кои ги нема на македонски, септември 2018
  • Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2018)
  • Поднаслови
  • 3-9 СЕПТЕМВРИ
  • 10-16 СЕПТЕМВРИ
  • 17-23 СЕПТЕМВРИ
  • 24-30 СЕПТЕМВРИ
Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2018)
mwbr18 Септември стр. 1-4

Нашиот живот и служба — работни листови

Превод на референци кои ги нема на македонски

3-9 СЕПТЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЈОВАН 1-2

Најди духовни бисери

nwtsty белешки за Јвн 1:1

Речта: Грчки: о логос. Овде се користи како титула, како што се користи и во Јвн 1:14 и От 19:13. Јован јасно кажува дека оваа титула се однесува на Исус. Тој ја имал додека живеел на небото како духовно суштество пред да дојде на Земјата, додека ја извршувал својата служба како совршен човек и откако се вознел на небото. Исус бил Божји гласник. Тој им пренесувал информации и упатства од Творецот на другите Божји духовни синови и на луѓето. Затоа, разумно е да заклучиме дека Јехова комуницирал со луѓето преку Речта, односно ангелот кој зборувал во негово име (1Мо 16:7-11; 22:11; 31:11; 2Мо 3:2-5; Су 2:1-4; 6:11, 12; 13:3).

кај: Буквално: „при“. На изворниот грчки јазик, предлогот прос во овој контекст укажува на близина и заедништво. Освен тоа, укажува на две различни личности, во овој случај на Речта и на единствениот вистински Бог.

nwtsty белешка за Јвн 1:29

Божјето Јагне: Кратко откако Исус се крстил и откако бил искушан од Ѓаволот, Јован Крстител го нарекол „Божјето Јагне“. Овој израз се наоѓа само овде и во Јвн 1:36. (Види во брошурката Да ја истражуваме Божјата реч, дел 4.) Исус соодветно е спореден со јагне. На многу места во Библијата читаме дека Божјите слуги принесувале овци како жртви за да си ги признаат гревовите и да бараат простување од Бог. Ова било претслика на жртвата што требало да ја принесе Исус кога го дал својот совршен човечки живот за луѓето. Изразот „Божјето Јагне“ може да се поврзе со разни стихови од Светото писмо. Со оглед на тоа што Јован Крстител ги познавал Хебрејските списи, можеби мислел на нешто од следново: на овенот што Авраам го принел како жртва наместо својот син Исак (1Мо 22:13), на пасхалното јагне кое Израелците требало да го заколат во Египет пред Јехова да ги ослободи од ропството (2Мо 12:1-13) или на машкото јагне што било принесувано на жртвеникот во Ерусалим секое утро и секоја вечер (2Мо 29:38-42). Исто така, можеби Јован го имал на ум пророштвото на Исаија, каде што Јехова вели дека неговиот слуга ќе биде одведен „како јагне на колење“ (Иса 52:13; 53:5, 7, 11). Во своето прво писмо до Коринќаните, апостол Павле го нарекол Исус „нашата пасхална жртва“, односно пасхално јагне (1Ко 5:7). А апостол Петар рекол дека „драгоцената крв на Христос... е како крвта на јагне неизвалкано и без недостаток“ (1Пе 1:19). Во книгата Откровение, прославениот Исус во симболична смисла е наречен „Јагнето“ повеќе од 25 пати (От 5:8; 6:1; 7:9; 12:11; 13:8; 14:1; 15:3; 17:14; 19:7; 21:9; 22:1).

10-16 СЕПТЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЈОВАН 3-4

„Исус ѝ сведочел на една Самарјанка“

nwtsty белешка за Јвн 4:6

Изморен: Ова е единственото место во Библијата каде што пишува дека Исус бил изморен. Било некаде околу 12 часот напладне, а тоа утро Исус веројатно патувал од Јорданската Долина во Јудеја па сѐ до градот Сихар во Самарија, искачувајќи се по стрмен пат. Разликата во надморската височина меѓу Јорданската Долина и Сихар изнесувала повеќе од 900 метри (Јвн 4:3-5; види во брошурката Да ја истражуваме Божјата реч, дел 4).

Најди духовни бисери

nwtsty белешка за Јвн 3:29

пријателот на младоженецот: Во библиски времиња, еден близок пријател на младоженецот бил негов стројник, и играл клучна улога во подготовките околу венчавката. Бидејќи учествувал во договарањето на бракот, се сметало дека тој им помогнал на невестата и на младоженецот да бидат заедно. На денот на венчавката, сватовите доаѓале или во куќата на младоженецот или во куќата на неговиот татко, каде што требало да се одржи свадбата. За време на веселбата, кога го слушал гласот на младоженецот, кој зборувал со својата невеста, пријателот бил многу среќен бидејќи знаел дека успешно си ја завршил задачата. Јован Крстител се споредил себеси со „пријателот на младоженецот“. Во таа споредба, Исус бил младоженецот, а учениците како група ја сочинувале симболичната невеста. Јован Крстител му го подготвил патот на Месијата така што му ги претставил на Исус Христос првите членови на неговата „невеста“ (Јвн 1:29, 35; 2Ко 11:2; Еф 5:22-27; От 21:2, 9). Откако Јован си ја исполнил задачата како пријател на младоженецот, неговата улога повеќе не била толку важна како улогата на Исус и на неговите следбеници. Затоа, во врска со Исус, Јован рекол: „Тој мора да расте, а јас мора да се смалувам“ (Јвн 3:30).

nwtsty белешка за Јвн 4:10

жива вода: Овој грчки израз се користи во буквална смисла за да се опише проточна вода, вода од поток или, пак, питка изворска вода која тече од кладенец. Тоа е сосема спротивно на застоена вода од некоја јама. Во 3Мо 14:5, хебрејскиот израз преведен со „вода од поток“ буквално значи „жива вода“. А во Ере 2:13 и 17:13, Јехова е опишан како „изворот на жива вода“, односно на симболична вода која дава живот. Кога зборувал со Самарјанката, Исус го употребил изразот „жива вода“ во симболична смисла. Сепак, по сѐ изгледа, таа отпрвин помислила дека ѝ зборува за дословна вода (Јвн 4:11).

17-23 СЕПТЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЈОВАН 5-6

„Следи го Исус од исправни мотиви“

nwtsty белешка за Јвн 6:10

луѓето поседнаа, а меѓу нив имаше околу пет илјади мажи: Во врска со ова чудо, само Матеј во својот извештај додава: „Не сметајќи ги жените и децата“ (Мт 14:21). Можно е вкупниот број на оние што Исус ги нахранил со чудо да изнесувал повеќе од 15.000.

nwtsty белешка за Јвн 6:14

пророкот: Во 5Мо 18:15, 18, Мојсеј рекол дека ќе се појави пророк кој ќе биде сличен на него. Многу Евреи во првиот век од н.е. сметале дека тој пророк ќе биде Месијата. Во овој контекст, се чини дека изразот да дојде во светот укажува на доаѓањето на Месијата кого тие го очекувале. Само Јован го запишал она што се спомнува во овој стих.

nwtsty белешки за Јвн 6:27, 54

храна што пропаѓа... храна што останува за вечен живот: Исус сфатил дека некои луѓе оделе заедно со него и со неговите ученици само заради материјална корист. Иако дословната храна ги одржува луѓето во живот од ден во ден, „храната“ од Божјата Реч може да им помогне да живеат вечно. Исус ги поттикнал своите слушатели да работат за „храна што останува за вечен живот“, односно да вложат труд да си ги задоволат духовните потреби и да покажат вера во она што го научиле од него (Мт 4:4; 5:3; Јвн 6:28-39).

се храни со моето тело и ја пие мојата крв: Контекстот покажува дека оние што „се хранат“ со телото на Исус Христос и „ја пијат“ неговата крв, го прават тоа во симболична смисла така што покажуваат вера во него (Јвн 6:35, 40). Бидејќи го кажал ова во 32 год. од н.е., јасно е дека Исус не зборувал за Господаровата вечера, која ја воспоставил една година подоцна. Тој ја дал оваа изјава кратко пред „Пасхата, празникот на Евреите“ (Јвн 6:4). Со тоа веројатно ги потсетил своите слушатели на претстојниот празник, како и на животоспасувачката улога што ја имала крвта на јагнињата ноќта кога Израелците заминале од Египет (2Мо 12:24-27). Со она што го кажал, Исус нагласил дека и неговата крв ќе има клучна улога — таа ќе им овозможи на неговите ученици да добијат вечен живот.

Најди духовни бисери

nwtsty белешка за Јвн 6:44

привлече: Грчкиот глагол преведен со „привлече“ се користи за да се опише влечење на рибарска мрежа полна со риби (Јвн 21:6, 11). Сепак, тоа не значи дека Бог ги привлекува луѓето кон себе против нивната волја. Оваа изјава на Исус може да укажува на Ере 31:3, каде што на својот древен народ Јехова му рекол: „Те привлеков со својата милост“. (Во овој стих, во Септуагинтата се користи истиот глагол.) Јвн 12:32 покажува дека Исус на сличен начин привлекува најразлични луѓе кон себеси. Од Библијата дознаваме дека Јехова им дал на луѓето слободна волја. Секој сам си одлучува дали ќе му служи на Бог или не (5Мо 30:19, 20). Јехова нежно ги привлекува кон себе оние што имаат искрено срце (Пс 11:5; Из 21:2; Де 13:48). Ова го прави преку пораката од Библијата и преку својот свет дух. Пророштвото од Иса 54:13, кое е цитирано во Јвн 6:45, се однесува на сите оние што Таткото ги привлекува кон себе. (Спореди со Јвн 6:65.)

nwtsty белешки за Јвн 6:64

Исус... знаеше... кој е оној што ќе го предаде: Исус мислел на Јуда Искариот. Пред да ги избере своите 12 апостоли, Исус цела ноќ му се молел на својот Татко (Лк 6:12-16). Според тоа, во почетокот Јуда му бил верен на Бог. Меѓутоа, од пророштвата запишани во Хебрејските списи, Исус знаел дека ќе биде предаден од близок соработник (Пс 41:9; 109:8; Јвн 13:18, 19). Кога кај Јуда почнале да се развиваат лоши ставови, Исус ја забележал таа промена затоа што можел да ги чита срцата и мислите (Мт 9:4). Бидејќи има способност да ја предвиди иднината, Бог знаел дека Исус ќе биде предаден од близок пријател. Но, не треба да заклучиме дека токму Јуда морало да биде тој што ќе го предаде, како тоа да му било пишано, бидејќи ова не би било во склад со особините на Бог и со начинот на кој отсекогаш постапувал со луѓето.

од почетокот: Овој израз не се однесува на денот кога Јуда се родил ниту, пак, на моментот кога Исус го избрал за апостол, бидејќи го направил тоа откако цела ноќ се молел (Лк 6:12-16). Наместо тоа, се однесува на моментот кога во срцето на Јуда почнале да се развиваат лоши ставови, нешто што Исус веднаш го забележал (Јвн 2:24, 25; От 1:1; 2:23). Од ова се гледа дека лошите постапки на Јуда биле промислени и плански — тој не се сменил преку ноќ. Изразот „почетокот“ (грчки: архи) во Христијанските грчки списи може да има различно значење. На пример, јасно е дека во 2Пе 3:4 „почетокот“ се однесува на самиот почеток на создавањето. Но, во повеќето случаи, контекстот покажува за каков почеток станува збор. На пример, во врска со не-Евреите, Петар рекол: „Врз нив слезе светиот дух, како и врз нас во почетокот“ (Де 11:15). „Почетокот“ за кој зборувал Петар не бил денот кога се родил ниту, пак, денот кога бил избран за апостол. Тој, всушност, зборувал за Педесетница 33 год. од н.е., односно за денот кога Бог почнал да го излева светиот дух со посебна цел (Де 2:1-4). Други примери за тоа како контекстот го одредува значењето на изразот „почетокот“ има во Лк 1:2, Јвн 15:27 и 1Јо 2:7.

24-30 СЕПТЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЈОВАН 7-8

Најди духовни бисери

nwtsty белешка за Јвн 8:58

јас постоев: Евреите што му се противеле на Исус сакале да го каменуваат бидејќи тврдел дека „го видел Авраам“ иако, како што рекле тие, уште немал „ни педесет години“ (Јвн 8:57). Во одговорот, Исус сакал да им укаже дека постоел на небото како моќно духовно суштество уште пред да се роди Авраам. Според некои, овој стих потврдува дека Исус е Бог. Тие велат дека грчкиот израз кој е употребен овде — его ими (во некои Библии преведен како „јас сум“) — укажува на зборовите од 2Мо 3:14 во преводот Септуагинта. Меѓутоа, во овој контекст, Исус само сакал да каже дека постоел уште „пред да се роди Авраам“ и продолжил да постои сѐ до моментот кога им се обратил. Според тоа, „јас постоев“, а не „јас сум“, е соодветен превод на овој израз во Јвн 8:58. Тој е преведен слично и во други древни и современи преводи на Библијата. Освен тоа, од изјавата на Исус запишана во Јвн 8:54, 55 се гледа дека немал намера да тврди дека тој и неговиот Татко се една иста личност.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели