Нашиот живот и служба — работни листови
Превод на референци кои ги нема на македонски
22-28 АПРИЛ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 1. КОРИНЌАНИТЕ 14-16
Најди духовни бисери
it-1-E стр. 1197-1198
Нераспадливост
Кога воскреснал, Исус добил бесмртност и нераспадливост. Исто така, и неговите сонаследници, кои се обединети со него во воскресение слично на неговото, кога воскреснуваат како духовни суштества на небото добиваат бесмртност и нераспадливост, а не само вечен живот. Помазаниците кои верно му служеле на Бог и умреле како луѓе со распадливи тела, воскреснуваат како нераспадливи духовни суштества, како што напишал и апостол Павле во 1. Коринќаните 15:42-54. Според тоа, бесмртноста очигледно се однесува на нивниот посебен живот, кој е бесконечен и неуништлив, додека нераспадливоста најверојатно укажува на духовното тело кое Бог им го дал и кое не е подложно на распаѓање. Затоа, изгледа дека Бог им дал сила да не зависат од некој надворешен извор на енергија, како што е случај со останатите суштества што ги создал — и материјални и духовни. Тоа е силен доказ кој покажува колку голема доверба има Јехова во нив. Сепак, тоа што се независни и неуништливи не значи дека Бог повеќе нема власт над нив. И тие, исто како нивниот Господар Исус Христос, и понатаму се подложуваат на упатствата и волјата на Таткото (1Ко 15:23-28).