ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 1. МОЈСЕЕВА 48-50
Постарите имаат многу да ни кажат
Постарите браќа и сестри ни ја зајакнуваат верата во Јехова и во неговите ветувања кога од прва рака ни раскажуваат за многуте „чудесни дела“ што Јехова ги правел во овие последни денови (Пс 71:17, 18). Ако и во твоето собрание има постари браќа и сестри, би можел да ги прашаш:
како Јехова им помогнал да продолжат да му служат кога се соочиле со тешкотии;
како се чувствувале додека низ годините гледале како бројот на Сведоци расте;
како се чувствувале кога имало појаснувања на нашето разбирање на библиските вистини;
што мислат за убавите промени кои биле направени во Јеховината организација.