ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Што може да научиме од долгогодишните браќа и сестри?
Во нашите собранија има браќа и сестри кои со децении му служат на Јехова. Низ годините тие покажувале цврста доверба во Бог. Навистина можеме да научиме многу од нив. Може да ги прашаме за историјата на Јеховината организација и за тешкотиите што успеале да ги надминат со Јеховина помош. Би можеле да поканиме некој од нив на нашето семејно проучување и да го замолиме да ни раскаже некои искуства.
Ако и ти со години му служиш на Јехова, би можел да им раскажеш на помладите за тоа како Јехова ти помагал. Јаков и Јосиф им кажувале на своите деца и внуци за сето она што Јехова го направил за нив (1Мо 48:21, 22; 50:24, 25). Подоцна Бог им заповедал на семејните поглавари да ги поучуваат децата за неговите моќни дела (5Мо 4:9, 10; Пс 78:4-7). Во денешно време, родителите и другите во собранието можат да им зборуваат на помладите за прекрасните работи што Јехова ги направил преку својата организација.
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ЈЕХОВА НИ ПОМОГНА ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ, А ПОТОА ОДГОВОРИ НА СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
Како подружницата во Австрија им помагала на нашите браќа во некои земји каде што делото било под забрана?
Како браќата во тие земји останале цврсти во верата?
Зошто многу објавители во Романија се одвоиле од Јеховината организација, и како подоцна се вратиле?
Како овој видеоклип ти ја зајакна верата?
Можеш да црпиш духовно богатство од ризницата на постарите браќа и сестри!