Нашиот живот и служба — работни листови
Превод на референци кои ги нема на македонски
11-17 ЈУЛИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. САМОИЛОВА 20 — 21
„Јехова е праведен Бог“
it-1-E 932, пас. 1
Гаваон
Низ вековите, Гаваонците продолжиле да постојат како народ иако цар Саул се обидел да ги уништи. Но, Гаваонците стрпливо чекале Јехова да ја открие неправдата. Тој го направил тоа преку тригодишниот глад за време на владеењето на Давид. Откако побарал совет од Јехова и дознал дека врз Саул и врз неговиот дом имало вина за крв, Давид ги повикал Гаваонците за да утврди што треба да направи со цел да се исчисти тој грев. Гаваонците со право одговориле дека не бараат „ни сребро ни злато“ бидејќи, според Законот, не можело да се прифати откупнина за некој убиец (4Мо 35:30, 31). Исто така, тие знаеле дека немале законско право да убијат некој Израелец. Затоа, дури откако Давид повеќе ги распрашал, тие побарале да им бидат предадени седум синови на Саул. Фактот дека вината за крв била врз Саул и неговиот дом покажува дека, иако Саул веројатно носел најголема одговорност за убиството, неговите синови можеби директно или индиректно учествувале во него (2Са 21:1-9). Во тој случај, децата не биле погубени поради грешките на своите татковци (5Мо 24:16). Напротив, врз нив била извршена заслужена казна во склад со законот „душа за душа“ (5Мо 19:21).
15-21 АВГУСТ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 1. ЦАРЕВИТЕ 5 — 6
„Граделе со раце и со срце“
it-1-E 424
Кедар
За да може кедровото дрво да се користи во толку голема мера, биле потребни илјадници работници кои ги сечеле дрвјата, ги пренесувале до Тир или Сидон на медитеранскиот брег, ги поврзувале во сплавови и ги пуштале да пловат покрај брегот, веројатно до Јопа. Потоа, ги превезувале по копно до Ерусалим. Сето ова се правело во склад со договорот меѓу Соломон и Хирам (1Ца 5:6-18; 2Ле 2:3-10). На тој начин постојано имало такви дрва и затоа можело да се каже дека, за време на своето владеење, Соломон насобрал толку многу кедрово дрво што го имало како дивите смокви (1Ца 10:27; спореди со Иса 9:9, 10).
it-2-E 1077, пас. 1
Храм
За да ја организира изградбата на храмот, Соломон одредил 30.000 луѓе од Израел за работа. Ги испраќал на Ливан наизменично, по 10.000 секој месец. Еден месец биле на Ливан, а два месеци дома (1Ца 5:13, 14). Од дојденците, Соломон одредил 70.000 да бидат носачи, а 80.000 да бидат каменоресци (1Ца 5:15; 9:20, 21; 2Ле 2:2). Соломон назначил 550 мажи да ја надгледуваат работата, а по сѐ изгледа назначил уште 3.300 мажи да им помагаат во тоа (1Ца 5:16; 9:22, 23). Се чини дека 250 од нив биле Израелци, а 3.600 биле дојденци во Израел (2Ле 2:17, 18).
22-28 АВГУСТ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 1. ЦАРЕВИТЕ 7
„Што можеме да научиме од два столба“
it-1-E 348
Воас
Пред влезот на величествениот храм, Соломон поставил два огромни бакарни столба. Столбот што бил на северната страна бил наречен Воас, што веројатно значи „цврстина; во сила“. Јужниот столб бил наречен Јахин, што значи „[Јехова] ќе втемели“. Според тоа, доколку некој би бил свртен кон исток и би читал од десно кон лево, тогаш двете имиња заедно би ја пренеле мислата „[Јехова] ќе го втемели [храмот] со цврстина“ (1Ца 7:15-21).
29 АВГУСТ — 4 СЕПТЕМВРИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 1. ЦАРЕВИТЕ 8
Духовни бисери
it-1-E 1060, пас. 4
Небо
Изјавата на Соломон не значи дека Бог не живее на конкретно место. Ниту, пак, значи дека тој е сеприсутен во таа смисла што дословно се наоѓа на секое место и во сѐ. Ова може да се види од фактот дека Соломон напишал за Јехова и дека слуша „од небото, од своето живеалиште“, односно од духовното подрачје (1Ца 8:30, 39).