ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwbr22 Ноември стр. 1-2
  • Превод на референци кои ги нема на македонски, ноември — декември 2022

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Превод на референци кои ги нема на македонски, ноември — декември 2022
  • Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2022)
  • Поднаслови
  • 7-13 НОЕМВРИ
  • 14-20 НОЕМВРИ
  • 12-18 ДЕКЕМВРИ
  • 19-25 ДЕКЕМВРИ
Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2022)
mwbr22 Ноември стр. 1-2

Нашиот живот и служба — работни листови

Превод на референци кои ги нема на македонски

7-13 НОЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. ЦАРЕВИТЕ 5 — 6

„Нашите се побројни од нивните“

it-1-E 343, пас. 1

Слепило

Слепилото кое ја погодило сириската војска според зборовите на Елисеј очигледно било умствено слепило. Доколку тоа би било дословно слепило, тогаш војниците би требало некој да ги води за рака. Но во извештајот пишува дека Елисеј им рекол: „Ова не е исправниот пат и ова не е исправниот град. Појдете по мене“ (2Ца 6:19). Значи, иако тие можеле да гледаат, сепак не можеле да разберат што гледаат.

14-20 НОЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. ЦАРЕВИТЕ 7 — 8

„Јехова направил да се случи нешто неочекувано“

it-1-Е 716-717

Елисеј

Подоцна, Вен-Адад II ја опсадил Самарија со сета своја војска. Поради тоа што опсадата траела многу долго, во Самарија настанал голем глад. Царот бил известен најмалку за еден случај во кој една жена го изела својот син. Како потомок на Ахав, цар Јорам, крвничкиот син, се заколнал дека ќе го убие Елисеј. Но оваа избрзана заклетва не била извршена. Кога заедно со аѓутантот дошол во домот на пророкот, цар Јорам рекол дека изгубил секаква надеж дека Јехова ќе им помогне. Елисеј го уверил царот дека следниот ден ќе има изобилство храна. Аѓутантот го исмеал ова предвидување на Елисеј. Затоа Елисеј му рекол: „Еве, ќе го видиш тоа со свои очи, но нема да јадеш“. Јехова предизвикал во логорот на Сиријците да се слушне татнеж. Затоа, тие помислиле дека им се приближува голема војска од неколку народи и побегнале оставајќи ја сета храна што ја имале во логорот. Кога царот дознал дека Сиријците се повлекле, го поставил аѓутантот да ја надгледува градската порта на Самарија. Таму тој умрел откако го изгазиле прегладнетите Израелци кои истрчале кон логорот за да земат храна. Тој ја видел храната, но не јадел од неа (2Ца 6:24 — 7:20).

Духовни бисери

it-2-Е 195, пас. 7

Светилка

Царевите од лозата на Давид. Јехова го поставил цар Давид на престолот во Израел. Под водство на Бог, Давид мудро го водел народот. Затоа бил наречен „светилката на Израел“ (2Са 21:17). Во сојузот за Царството што го склучил со Давид, Јехова ветил: „Твојот престол цврсто ќе стои довека“ (2Са 7:11-16). Во склад со тоа, владетелите кои потекнувале од семејната лоза на Давид преку неговиот син Соломон биле како „светилка“ за Израел (1Ца 11:36; 15:4; 2Ца 8:19; 2Ле 21:7).

12-18 ДЕКЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. ЦАРЕВИТЕ 16 — 17

„Јеховината стрпливост има граници“

it-1-E 414-415

Ропство

И северното десетплеменско царство Израел и јужното двоплеменско царство Јуда биле одведени во ропство главно од истата причина — престанале да го обожаваат вистинскиот Бог Јехова и почнале да обожаваат лажни богови (5Мо 28:15, 62-68; 2Ца 17:7-18; 21:10-15). Јехова постојано испраќал пророци за да ги предупреди, но тоа било залудно (2Ца 17:13).

19-25 ДЕКЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. ЦАРЕВИТЕ 18 — 19

„Како нашите противници се обидуваат да ни ја ослабнат верата“

yb74-Е 177, пас.1

Дел 2 — Германија

Припадниците на СС-единиците обично користеле највалкани методи за да наведат некого да ја потпише изјавата дека се откажува од својата вера. Интересно е дека, откако некој ќе потпишел, тие уште повеќе го малтретирале отколку претходно. Карл Киршт го потврдува ова. Тој вели: „Со никој друг во концентрационите логори не се постапуваше на толку лукав начин. Тие сметаа дека така ќе ги убедат Јеховините сведоци да ја потпишат изјавата. Одново и одново го бараа тоа од нас. Некои потпишаа, но во повеќето случаи мораа да чекаат повеќе од една година за да бидат ослободени. Во текот на тој период, тие честопати беа јавно понижувани од припадниците на СС како лицемери и кукавици и беа принудувани да го изодат таканаречениот ’почесен круг‘ околу своите браќа пред да им биде дозволено да го напуштат логорот“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели