ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwyp статија 58
  • Што ако некој од моите родители е болен?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што ако некој од моите родители е болен?
  • Младите прашуваат
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што вели Емелин
  • Што вели Емили
  • Извонредно христијанско наследство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Нашето богато духовно наследство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Родителите нѐ научија да го сакаме Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Кога децата тагуваат
    Разбудете се! 2017
Повеќе
Младите прашуваат
ijwyp статија 58
Момче и девојка на тинејџерска возраст гледаат во својот болен татко

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Што ако некој од моите родители е болен?

Повеќето млади ретко помислуваат што би правеле ако некој од нивните родители тешко се разболи. На крајот на краиштата, зар нема да помине уште многу време пред родителите да остарат и да им се влоши здравјето? Зошто уште сега да мислат на тоа?

Сепак, што ако навистина се разболи некој од твоите родители додека сѐ уште растеш? Прочитај што рекоа две девојки што се наоѓаат во таква ситуација.

  • Што вели Емелин

  • Што вели Емили

Што вели Емелин

Емелин

Мајка ми има Елерс-Данлос синдром, хронична состојба проследена со силни болки која ги погодува зглобовите, кожата и крвните садови.

За таа болест нема лек, а во последните десет години состојбата на мајка ми постојано се влошува. Всушност, имаше периоди кога нејзината крвна слика беше толку лоша што ѝ беше загрозен животот, или кога чувствуваше толку силни болки што повеќе не ѝ се живееше.

Јас и моето семејство сме Јеховини сведоци, и сите од нашето собрание многу ни помагаат. На пример, неодамна една другарка од собранието ни испрати картичка за да ни каже дека нѐ сака и дека е спремна да ни помогне секогаш кога ќе ни треба помош. Колку е убаво да имаш таков пријател!

Многу ми помага и Библијата. На пример, еден од моите омилени стихови е Псалм 34:18, кој вели: „Јехова е близу до оние што се скршени во срцето“. Уште еден е Евреите 13:6, каде стои: „Јехова е мојот помошник, нема да се плашам“.

Зборовите од вториот стих посебно ми значат. Најмногу ме плаши помислата дека ќе останам без мајка ми. Многу ја сакам и благодарна сум за секој ден што можам да го поминам со неа. Тој библиски стих ме уверува дека ќе можам да се соочам со иднината сеедно што ќе донесе.

Емелин и мајка ѝ готват заедно

Но, ме плаши уште нешто. Болеста што ја има мајка ми е наследна. Таа ја наследила од нејзината мајка, а јас од мојата. Точно, и јас имам Елерс-Данлос синдром. Но, зборовите од Евреите 13:6 ме уверуваат дека Јехова ќе ми биде помошник додека се справувам и со мојата болест.

Во меѓувреме, се трудам да го ценам она што го имам во моментов и да не мислам на минатото ниту, пак, да се оптоварувам со иднината. Ако она што мајка ми може да го прави сега го споредувам со она што можеше да го прави порано, само ќе се разочарам. Библијата вели дека секоја тешкотија што сега ќе ја доживееме е „моментална и лесна“ во споредба со надежта за вечен живот без никакви болести (2. Коринќаните 4:17; Откровение 21:1-4).

Размисли: Што ѝ помага на Емелин да биде позитивна? Како можеш ти да останеш позитивен кога си во тешка ситуација?

Што вели Емили

Емили

Кога бев во средно, татко ми за првпат доби депресија. Имав чувство како одеднаш да го снема мојот татко а на негово место да дојде некој друг. Веќе 15 години татко ми се бори со тага, неосновани стравови и напади на паника. Колку мора да му е тешко што доживува толку силни чувства на тага а знае дека нема никакво логично објаснување зошто!

Ние сме Јеховини сведоци, и собранието многу ни помага. Нашите соверници се многу љубезни и полни со разбирање, и никој никогаш не направил татко ми да се чувствува бескорисен. Кога гледам дека продолжува да се бори иако му е многу тешко, уште повеќе го сакам.

Многу би сакала тато пак да е како порано — да биде среќен и расположен наместо да е загрижен и да страда. Тешко ми е кога ќе помислам дека секој ден мора да се бори со невидлив непријател кој се наоѓа во неговиот ум.

И покрај сѐ, тато многу се труди да биде позитивен. Неодамна, кога имаше потежок период на депресија, се трудеше секој ден да прочита барем неколку стихови од Библијата. Тоа многу му помогна. Иако можеби изгледа како ситница, тоа му го спаси животот во тој тежок период. Никогаш не сум била погорда на мојот татко!

Емили и татко ѝ разговараат во опуштена атмосфера

Многу ми се допаѓа стихот од Неемија 8:10, кој вели: „Јеховината радост е ваша тврдина“. Навистина е така. Радоста што ја чувствувам кога сум заедно со собранието и кога учествувам во собраниските активности ми помага да ја надминам тагата. Таквата радост ми дава сила што ме држи цел ден. Од примерот на тато учам дека Јехова секогаш ќе биде покрај нас, сеедно со што ќе се соочиме во животот.

Размисли: Каква поддршка му е Емили на својот татко? Како можеш ти да му помогнеш на некој што има депресија?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели