ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bi12 стр. 1691-1692
  • 6 „Блуд“ — секој недозволен сексуален однос

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 6 „Блуд“ — секој недозволен сексуален однос
  • Свето писмо — превод Нов свет
Свето писмо — превод Нов свет
6 „Блуд“ — секој недозволен сексуален однос

6 „Блуд“ — секој недозволен сексуален однос

Матеј 5:32 — грчки: πορνεία (порни́а); латински: fornicatio (форника́тио)

Грчкиот збор порни́а има широко значење. Во делото A Greek-English Lexicon of the New Testament and Other Early Christian Literature (Грчко-англиски лексикон на Новиот завет и на друга ранохристијанска литература), од В. Бауер, под поимот порни́а се наведуваат следниве значења: „проституција, неморалност, блуд, секој недозволен сексуален однос“ (второ издание на англиски, приредено од Ф. В. Гингрич и Ф. В. Данкер, Чикаго и Лондон, 1979 г., страница 693).

Во делото Theological Dictionary of the New Testament (Теолошки речник на Новиот завет), во коментарот за Исусовите зборови од Мт 5:32 и 19:9, стои: „πορνεία [порни́а] се однесува на вонбрачни сексуални односи“ (том VI, страница 592). Од таа причина, во Библијата изразот порни́а се користи во врска со лица што се во брак. Истиот речник, на 594. страница, во врска со Еф 5:3, 5 вели дека Павле „сфаќа дека секој го нема дарот на воздржување, 1. К. 7:7. За да се заштити од блуден грев, оној човек [самец] кој го нема [воздржувањето], треба законски да се ожени така како што пропишал Бог, 1. К. 7:2“. Значи, Библијата го користи изразот порни́а и во врска со лица кои не се во брак, а се впуштаат во сексуални односи и во други сексуални постапки. (Види 1Ко 6:9.)

Б. Ф. Весткот, еден од издавачите на грчкиот текст од Весткот и Хорт, во своето дело Saint Paul’s Epistle to the Ephesians (Послание на свети Павле до Ефешаните), во напомената за Еф 5:3, го дава следниов коментар за различните значења на порни́а во Библијата: „Тоа е општ поим за секој недозволен однос, 1) прељуба: Ос. II. 2, 4 (LXX); Мат. V. 32; XIX. 9; 2) незаконска брачна врска, I Кор. V. I; 3) блуд во вообичаената смисла на зборот, како што е овде [во Ефешаните 5:3]“ (Лондон и Њујорк, 1906 г., стр. 76). Со изразот „вообичаената смисла на зборот“ очигледно се мисли на современата, ограничена смисла која вклучува само лица кои не се во брак.

Освен ова дословно значење, на некои места во библиските книги напишани на грчки јазик, порни́а има и симболично значење. Lexicon Graecum Novi Testamenti (Речник на Новиот завет) од Ф. Зорел, го опишува симболичното значење на изразот порни́а: „отпаѓање од вистинската вера, било во потполност било делумно, напуштање на единствениот вистински Бог Јахве заради туѓи богови [4Ца 9:22; Ере 3:2, 9; Ос 6:10 итн.; бидејќи обединетоста на Бог со неговиот народ се сметала како некој вид духовен брак]: От 14:8; 17:2, 4; 18:3; 19:2“ (трето издание, 1961 г., колона 1106; аглестите загради и курзивот се од авторот; 4Ца во Септуагинтата одговара на 2Ца во масоретскиот текст, односно во преводот Нов свет).

Во грчкот текст, порни́а се појавува на следниве 25 места: Мт 5:32; 15:19; 19:9; Мр 7:21; Јвн 8:41; Де 15:20, 29; 21:25; 1Ко 5:1, 1; 6:13, 18; 7:2; 2Ко 12:21; Га 5:19; Еф 5:3; Кол 3:5; 1Со 4:3; От 2:21; 9:21; 14:8; 17:2, 4; 18:3; 19:2.

Сродниот глагол порне́во, кој во преводот Нов свет е преведен со изразите ‚прави/врши блуд‘ или ‚блудствува‘, се појавува на следниве осум места: 1Ко 6:18; 10:8, 8; От 2:14, 20; 17:2; 18:3, 9.

Сродниот глагол екпорне́во, кој во преводот Нов свет е преведен со „се оддадоа на блуд“, се појавува само еднаш, во Ју 7.

Сродната именка по́рни, која во преводот Нов свет е преведена со изразот „блудница“, се појавува на следниве 12 места: Мт 21:31, 32; Лк 15:30; 1Ко 6:15, 16; Ев 11:31; Јк 2:25; От 17:1, 5, 15, 16; 19:2.

Сродната именка по́рнос, која во преводот Нов свет е преведена со изразот „блудник“, се појавува на следниве десет места: 1Ко 5:9, 10, 11; 6:9; Еф 5:5; 1Ти 1:10; Ев 12:16; 13:4; От 21:8; 22:15. A Greek-English Lexicon (Грчко-англиски речник) од Х. Лидел и Р. Скот овој збор го дефинира како: „машко дете што служи за задоволување на изопачени сексуални желби, хомосексуалец, блудник, идолопоклоник“ (1968 г., стр. 1540).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели