ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/2 стр. 28-29
  • Што стои зад магиите?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што стои зад магиите?
  • Разбудете се! 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Незадоволени потреби
  • Вистинска духовност — од каде?
  • Што знаеш за магијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Што треба да знаеш за магијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Ловот на вештерки во Европа
    Разбудете се! 2014
  • Дали демоните се реални суштества?
    Разбудете се! 1998
Повеќе
Разбудете се! 2000
g00 8/2 стр. 28-29

Гледиште на Библијата

Што стои зад магиите?

„ВЕШТЕРКИ.“ Што си замислувате кога ќе го чуете овој збор? Слика на стари, грди жени кои прават магии или, пак, развратни жени кои се здружуваат со Сатана? Спротивно на ова вообичаено мислење, многу денешни самопрогласени вештерки изгледаат како и обичните луѓе. Некои имаат ценети професии, како што се правнички, наставнички, писателки или медицински сестри. Ширум светот повторно се појавуваат религиозни движења кои изгледа дека се на границата на окултизмот, како што се религиите на природата и неопаганизмот.a „Каде и да отидете во Русија во денешно време, магиите се секојдневен дел од животот“, рекол еден полицаец во таа земја. Се проценува дека во Соединетите Држави има 50.000 до 300.000 вештерки, односно „Виканки“b‚ како што се нарекуваат некои од нив.

Денес зборот „вештерка“ честопати се користи слободно и за различни луѓе може да има различно значење. Изгледа дека денешниот пораст на магиите првенствено е поврзан со еден вид обожавање божици, религија која се заснова на природата, со силно верување во телепатски сили. Некои вештерки се самостојни — тие сами ги извршуваат своите ритуали набљудувајќи ги промените на годишните времиња, фазите на Месечината и други природни појави. Други, пак, обожаваат и прават магии соработувајќи во групи кои обично се состојат од 13 вештерки.

Точно е дека на Запад јавното мислење за вештерките е сосема поинакво од ставовите кои поттикнувале нивно спалување во текот на средниот век. Меѓутоа, повремено сѐ уште доаѓа до неконтролирано насилство против вештерките. На пример, во Индонезија, во почетокот на октомври 1998, банди со мачети линчуваа повеќе од 150 лица за кои постоело сомневање дека се вештерки. Во Јужна Африка, во периодот од 1990 до 1998 се известени повеќе од 2.000 случаи на насилство над вештерките, вклучувајќи и 577 убиства. Со оглед на ваквите крајности — од заинтересираност за вештерките до омраза кон нив — како треба да гледаат христијаните на оваа работа?

Незадоволени потреби

Што ги тера луѓето да се занимаваат со магии во денешно време? Тие тврдат дека еден фактор е почитта кон природата и кон животот. Всушност, некои ревносно објаснуваат дека ритуалите при нивното обожавање не вклучуваат жртвување животни. Други, пак, велат дека се занимаваат со магии за да пронајдат луѓе со кои ќе можат да споделат отвореност, доверба и заеднички духовни интереси. „Сите што ги познавам во паганското движење се толку пријателски настроени и отворени . . . Тие се прекрасни луѓе“, вели една современа вештерка. Многу од нив одрекуваат каква и да било поврзаност со Сатана, тврдејќи дека во нивната религија не постои никакво злобно божество.

За многу од нив, првенствена причина зошто станале вештерки е чувството на духовна празнина и разочараност од главните религии. Зборувајќи за групата на која и припаѓа, Филис Карот, виканска првосвештеничка, вели: „Сите бевме незадоволни од учењата и практиките на религијата во која сме биле воспитани“. Карот објаснува дека денешните вештерки се обидуваат да одговорат на прашањата како што се: ‚Како можеме повторно да го откриеме она што е свето?‘ Но, дали магиите се патот до вистинската духовност?

Вистинска духовност — од каде?

Библијата јасно покажува дека Јехова е единствениот вистински Бог и Универзален Суверен (Псалм 72:28; 1. Петрово 1:15, 16; Откровение 4:11). Тој ги повикува сите луѓе да го бараат ‚за да го најдат‘ (Дела 17:27). Затоа, вистинската духовност може да се постигне само со примање точно спознание за вистинскиот Бог, Јехова. Тоа може да се постигне со проучување на неговата Реч, Библијата. „Приближете се кон Бога, и Он ќе се приближи кон вас“, нѐ уверува библискиот писател Јаков (Јаков 4:8).

Но, Божјата Реч опоменува против еден пакосен извор на злобна духовност (1. Јованово 4:1). Таа го идентификува Сатана Ѓаволот, Јеховиниот пранепријател, и неговите демони како извор на голем дел од погрешно насочената духовност која е широко распространета денес.c Според Библијата, Сатана „им ги заслепил умовите“ на многумина. Всушност, тој „ја заведува целата населена земја“, вклучувајќи ги и оние кои се занимаваат со магии — сеедно дали тврдат дека го обожаваат Ѓаволот или не. Зошто тоа е така? (2. Коринтјаните 4:4; Откровение 12:9, NW).

Многу практики и ритуали кои се поврзани со денешните магии се впечатливо слични со таинствените аспекти на сатанизмот. Значи, дури и таканаречената наивна љубопитност може лесно да води до окултизам. Всушност, на овој начин многумина паднале како жртви на злобното влијание на Сатана.

Не треба да се игнорира ниту фактот дека оние кои денес практикуваат магии, понекогаш се привлечени кон тоа затоа што се гладни за моќ или одмазда. „Има луѓе кои се нарекуваат вештерки и го користат тоа за пакосни цели“, вели Џенифер, современа вештерка. Во секој случај, и добронамерните и одмаздољубивите вештерки се наоѓаат во опасност да потпаднат под целосна контрола на Сатана и демоните. Некои вештерки можеби го негираат постоењето на такви злобни духовни суштества, но тоа ги прави само уште поранливи на нивните измами. (Споредете 1. Коринтјаните 10:20, 21.)

Библијата осудува гатање, волшебништво, правење магии, урочување и секакви обиди да се комуницира со мртвите. Таа јасно наведува: „Секој, што го прави тоа, е гнасен пред Господа“ (5. Мојсеева 18:10—12). Се разбира, христијаните се одлучни ‚да им прават добро на сите‘ и во својата служба им помогнале на многумина да се ослободат од сите облици на спиритизам (Галатјаните 6:10; Дела 16:14—18). Меѓутоа, вистинските христијани избегнуваат секаква вмешаност во лажното обожавање, вклучувајќи го и секој облик на правење магии (2. Коринтјаните 6:15—17).

[Фусноти]

a Терминот „религии на природата“ се однесува на верувањето дека земјата и сѐ што е живо на неа се дел од божественото и дека имаат иста животна сила; „неопаганизмот“ се однесува на обожавањето на претхристијанските богови.

b Виканките се следбенички на Вика, „паганска религија на природата која влече корени од претхристијанска западна Европа“, стои во делото The American Heritage College Dictionary.

c Серијата „Гледиште на Библијата“ во Разбудете се! одговори на прашањата „Дали навистина постои Ѓавол?“ (8 јануари 1990, страници 12, 13 [англ.]) и „Дали демоните се реални суштества?“ (8 јули 1998, страници 27, 28).

[Извор на слика на страница 28]

Picture Book of Devils, Demons and Witchcraft/Ernst and Johanna Lehner/Dover

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели