ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/2 стр. 15-17
  • Запознајте се со ирскиот волчјак

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Запознајте се со ирскиот волчјак
  • Разбудете се! 2000
  • Сличен материјал
  • Библијата на Бедел — мал чекор до поголемо разбирање на Божјата Реч
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Одмор од соништата!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Дали децата се безбедни со вашето куче?
    Разбудете се! 1997
  • Бог, државата и ти
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Разбудете се! 2000
g00 8/2 стр. 15-17

Запознајте се со ирскиот волчјак

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ИРСКА

„Тој нежен џин од светот на кучињата.“

Ова е еден опис на ирскиот волчјак. Дали некогаш сте сретнале еден од нив? Вистина е дека во Ирска денес нема волци. Но, некогаш имало. Исто така, имало диви свињи и џиновски лосови. Се вели дека последниот волк во Ирска бил убиен пред околу двесте години. Пред тоа, волчјаците биле прочуени по тоа што ловеле волци и други големи животни. Има една приказна од поново време за некој волчјак кој бил испратен на Карпестите планини во Соединетите Држави. Како што вели приказната, во 1892 тој „сам убил четириесет волци во текот на една зима“. Но, не грижете се. Волчјаците не ловат и не убиваат луѓе!

СПОРЕД некои историчари, волчјакот го имало во Ирска во 500 пр. н. е. Подоцна, Келтите ги користеле волчјаците и за други цели, а не само за лов. Легендите и историјата велат дека овие кучиња оделе во битките заедно со ирските кралеви и воини.

Репутацијата на овој волчјак како посебна раса кучиња се раширила низ целиот свет. Волчјаците биле однесени дури и во Рим за да бидат покажувани во арените. Извештаите за римскиот конзул Квинциј Аврелиј Симакај велат дека тој, во 393 н. е., напишал едно писмо во кое му се заблагодарува на својот брат што му испратил седум ирски волчјаци во Рим. Изгледа дека овие кучиња навистина ги фасцинирале римјаните. „Целиот Рим ги гледал со чудење“, напишал Симакај, „и си мислеле дека сигурно биле донесени во железни кафези.“

Можеби големината на кучињата било она што ги натерало луѓето да си помислат дека сигурно биле пренесени во железни кафези. Мажјаците се високи околу 86 сантиметри до плешките, но некои се и многу поголеми. Највисокиот волчјак кој е забележан бил висок повеќе од 100 сантиметри до плешките. Женките обично се неколку сантиметри пониски од мажјаците. Тоа што се високи им овозможува на волчјаците полесно да дојдат до храна. Шкотскиот романописец сер Валтер Скот предупредил еден свој пријател да биде претпазлив за време на вечерата. Во спротивно, неговиот волчјак, кој бил „долг околу два метра од врвот на носот до опашката“, ќе „изел сѐ од чинијата без да мора да ги става шепите на маса или на столица“.

Овие ловечки кучиња се прилично мали на почетокот на својот живот — тежат само нешто повеќе од половина килограм кога ќе се родат — но брзо растат. Една воодушевена сопственичка рекла дека, кога се кученца, тие се „фасцинантни мали суштества“, но се менуваат „зачудувачки брзо од мали дебелки снопчиња во високи и тенки нежни суштества кај кои долгите нозе се највпечатливи“.

Тие не лаат многу. По природа се силни, но тивки. Сепак, кога ќе залаат, тоа е незаборавен звук. Луѓето зборуваат за некој човек кој, кога слушнал лаеж на волчјак, рекол дека тоа бил „најдлабокиот и најмеланхоличен лаеж што некогаш го чул“.

Ирскиот волчјак е опишан како куче „со страшен изглед, со продорни очи, бушави веѓи и бушаво темносиво крзно“ — куче кое, на прв поглед, можеби би посакале да го избегнете. Но, се вели дека тие се „толку мили што со нив може да си игра и едно дете“. Како што рекол еден добро информиран сопственик, тие, всушност, се „разиграно мили“. Но, тие немаат само сива боја. Некои имаат бело, бледожолто, црвено или црно крзно.

Прочуениот ирски писател Оливер Голдсмит великодушно ги фалел. „Големиот ирски волчјак е извонредно убав и величествен . . . најголем што постои во светот од фамилијата кучиња“, рекол тој. Очигледно бил импресиониран од нивниот убав рунтав изглед, вклучувајќи ги и веѓите, трепките и мустаќите, кои му го даваат таканаречениот „вистински ирски изглед“.

Тогаш, зошто речиси исчезнале како раса? Една причина е нивната популарност. Љубителите ги сметале за еден вид скапоцен подарок кој би можеле да им го испратат на важни луѓе како што биле владетелите. Затоа биле „барани и испраќани во странски земји на сите четири страни на светот“. Како резултат на тоа, ги имало насекаде по малку. Освен тоа, штом престанеле да ги користат како ловци на волци, тие биле запоставени како раса во Ирска.

Во 1839, еден љубител на волчјаци ја опишал оваа жална ситуација на следниов начин: „Мора да е жалосно тоа што оваа благородна раса кучиња брзо изумира и во текот на неколку години неизбежно ќе биде истребена, освен ако не се вложат исклучителни напори“. Ги имало толку малку што не било невообичаено луѓето да тврдат дека волчјакот што го поседувале бил „последен од тој род“. Но, тие преживеале.

Ги спасиле „исклучителните напори“ на луѓето како што бил Џорџ А. Греам. Во 1862, тој ја увидел нивната неволја. Собрал колку што можел повеќе од преостанатите волчјаци. Со тоа што внимателно ги одгледувал, ја дал потребната основа за да се вратат на местото што им припаѓа денес. Да не бил тој, како што рекол еден историчар во 1893, „овие преостанати кучиња на една силна раса би можеле дури и сега да бидат истребени“.

Филис Гарднер, која е љубител и угледен одгледувач на ирски волчјаци, напишала: „Во овој свет ништо не е сигурно, но, со исклучок на катастрофите, изгледа дека оваа благородна раса за влакно избегнала да биде истребена, а нејзината популарност станува сѐ поголема“.

[Слика на страница 17]

Кученца на волчјакот, стари околу четири недели

[Слики на страница 17]

Мирен волчјак, во Њутаунардс (Северна Ирска)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели