ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g01 8/10 стр. 22-25
  • Уникатен цветен регион

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Уникатен цветен регион
  • Разбудете се! 2001
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Восхитувачка разновидност
  • Медена грмушка и капски медојад
  • Други значајни партнерства
  • Опасно партнерство
  • Полен — прав што значи живот
    Разбудете се! 2007
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Зачудувачкиот дизајн на живите суштества
    Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?
  • Прекрасни и вкусни!
    Разбудете се! 2005
Повеќе
Разбудете се! 2001
g01 8/10 стр. 22-25

Уникатен цветен регион

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ЈУЖНА АФРИКА

ОТКАКО класифицирал група цвеќиња од Африка, Карл фон Лине, ботаничар од 18 век, го опишал местото од каде што потекнуваат како „оној рај на Земјата, ’Ртот Добра Надеж, што Добриот Творец го разубавил со Своите првокласни чуда“.

Овие таканаречени првокласни чуда се наоѓаат во еден предел што го опфаќа јужниот крај на Африка. Холандските доселеници ја нарекле бујната вегетација во овој крај фајнбос, што значи „убави грмушки“ или „убави шуми“. Бидејќи зборот фајн значи „мал“, тоа веројатно се однесувало на малите димензии на лисјата и растенијата, како и на тенките дрвја што растеле во овој крај. Со текот на времето, зборот фајнбос станал „фејнбос“. Лисјата на растенијата во регионот Фејнбос можеби се мали и тврди, но цветовите се со неверојатни големини, бои и облици.

Регионот Фејнбос се наоѓа среде едно цветно царство многу поинакво од другите во светот — Цветното царство на ’Ртот.a Иако ова царство зафаќа релативно мала површина, тоа претставува дом на зашеметувачка разновидност од растителни видови — еден извор вели дека ги има повеќе од 8.550 — а две третини од нив не можат да се најдат на ниедно друго место во светот.

Само на планината Тејбл се избројани 1.470 растителни видови! „Ова“, забележува списанието New Scientist, „е повеќе отколку што можат да се најдат на сите Британски Острови.“ Меѓутоа, регионот Фејнбос влијаел и врз други делови од светот. Како?

Восхитувачка разновидност

Ако на прозорецот имате сардела, најверојатно се грижите за потомокот на еден од староседелците на регионот Фејнбос. Од 250 видови што растат на Земјата, повеќе од две третини можат да се најдат во регионот Фејнбос.

Освен тоа, овде расте една третина од 1.800 цвеќиња што припаѓаат на фамилијата Iridaceae, вклучувајќи и повеќе од 72 вида гладиоли што ги нема на ниедно друго место во светот. Во јужниот крај на Африка виреат 1.646 видови маргаритки и вајхвејс.b Во нив спаѓа и имортелата, која ја задржува својата свежина и со години се користи во аранжирањето суви цвеќиња.

Меѓутоа, најзначајна карактеристика на регионот Фејнбос е цветното растение наречено ерика или врес. Верувале или не, во Фејнбос има 625 видови врес, од вкупно 740 видови што постојат во светот!

Медена грмушка и капски медојад

Лине истражил една група цвеќиња од регионот Фејнбос, кои ги имало во необично различни облици. Ги нарекол протеја (член на фамилијата Proteaceae), според грчкиот бог Протеј, за кој се верувало дека се видоизменувал во различни тела. Сѐ на сѐ, од регионот Фејнбос потекнуваат 328 различни видови протеи. Колку само е возбудливо да пешачите низ планините на ’Ртот и да наидете на голема царска протеја! Нејзиниот величествен цвет понекогаш е поголем од човечко лице.

Друга вообичаена протеја е медената грмушка. Цветовите на ова дрво се како чашки и содржат нектар во изобилство. Првобитните жители ги затресувале овие цветови врз некој сад за да го соберат нектарот, од кој потоа со варење правеле сируп.

Капскиот медојад — суштество што го има само во регионот Фејнбос — исто така многу го сака нектарот од протеите. Со својот долг клун и долг јазик, капскиот медојад го шмука нектарот што го создава ова растение и ја возвраќа услугата пренесувајќи полен од цвет на цвет — ефикасна услуга на опрашување. Освен тоа, капскиот медојад се храни со инсектите што се привлечени кон големите цветови. На тој начин, птицата и цветот си се потребни еден на друг за да преживеат.

Други значајни партнерства

Некои цветови на протејата лежат блиску до земјата, скриени под другите растенија. Миризбата на квасец што ја испуштаат овие протеи ги привлекува глувците. Притискајќи ги главчињата врз цветовите, тие го пијат нектарот и потоа одат кај други протеи, пренесувајќи го поленот што се насобрал на крзното на нивните лица. Така, полските глувци и протеите стануваат партнери за да преживеат.

Слично партнерство постои помеѓу цветовите на вресот и живописната црвенка со портокалови гради, која живее само во регионот Фејнбос. Бидејќи овие цветови имаат облик на свиткани цевки, совршено одговараат на клунот на црвенката. Кога птицата ќе го пикне внатре клунчето за да го шмука нектарот, на нејзиното главче се собира полен. Во текот на годината, расцветаните вресови ги задоволуваат потребите на црвенката, а растенијата ги користат услугите на опрашување што им ги нуди оваа птица. Колкаво само уживање е да се пешачи низ некоја падина и да се гледа оваа чудесна заемна соработка!

За Фејнбос се од пресудна важност и многу други живи суштества. На пример, пеперутката наречена убавицата на планината Тејбл (Meneris tulbaghia) е единствен опрашувач на 15 вида црвени цветови. Еден од овие цветови е прочуената Disa uniflora, што ја краси планината Тејбл.

Потоа, тука се извесни кртови што се хранат со главичестите корења на растенијата од фамилиите орхидеи, лилјани и перуники. Кртовите носат делчиња корења во своите дувла и ги складираат. По патот испуштаат парчиња или ги оставаат во дувлото неизедени, каде што честопати пуштаат корења и растат.

Стотици растенија од регионот Фејнбос формираат сочни, масни израстоци на своите семиња, кои шират миризба на која мравките не можат да ѝ одолеат. Откако ќе ги фатат овие „рачки“, мравките ги влечат семките под земја. Потоа, мравките ги јадат меките израстоци, но не и тврдите семки. На тој начин, закопаните семиња, заштитени од птиците и од глувците, подоцна можат да из’ртат.

Тука се и мувите опремени со долга цевка, односно цицалка, која излегува од нивната уста. Овие муви се совршени опрашувачи на растенијата со долги, цевчести цветови во регионот Фејнбос. Една мува има цицалка долга речиси седум сантиметри. Навистина, партнерствата се од пресудна важност за опстанокот на Фејнбос!

Опасно партнерство

„Штета“, вели екологот Т. Ф. Џ. фон Ренсборк во книгата An Introduction to Fynbos (Запознавање со Фејнбос), „што Човекот, поставен да се грижи за Творештвото, во многу случаи е виновен за уништувањето на извесни природни подрачја.“ Всушност, за релативно кратко време дошло до страшно пустошење, како што објаснува д-р Пајт фон Вејк: „Во текот на околу 300 години од колонизацијата, човекот толку ги расцепкал и ги видоизменил ниските пасишта на фејнбосот што се останати само 31 процент од оригиналните . . . растенија на фејнбосот. Триесет и девет видови од фејнбосот се веќе изумрени, додека статусот на други 1.033 видови премина од загрозени до критично ретки“.

Постапките на луѓето го загрозуваат и животоважното партнерство што постои помеѓу животните и растенијата во регионот Фејнбос. „Еколозите“, забележува книгата Table Mountain—A Natural Wonder (Планината Тејбл — чудо на природата), „допрва почнуваат да ги сфаќаат сложените односи што постојат меѓу животните и растенијата во фејнбосот. Ако изумре некое растение, дали ќе изумре и нејзиниот опрашувач (глодар, пеперутка или бубачка)?“ А што е со птиците во регионот Фејнбос? Според јужноафриканскиот биолог К. Џ. Скед, опстанокот на медојадот е во опасност заради неговата „тесна поврзаност со видовите на протејата“.

Ваквите вознемирувачки извештаи за регионот Фејнбос се причина за загриженост. Па сепак, за оние што веруваат во „Добриот Творец“, како што верувал Лине, постои причина за надеж. Можеме да бидеме уверени дека Земјата ќе напредува и ќе процвета како никогаш порано кога Јехова Бог ќе го исполни своето ветување ‚да направи сѐ ново‘ (Откровение 21:5).

[Фусноти]

a Земјата е поделена на шест цветни царства. Геоботаничарите ги разликуваат овие царства по нивниот карактеристичен растителен свет. Реонот околу јужноафриканскиот ’Рт е едно од овие шест царства.

b Маргаритките спаѓаат во фамилијата Asteraceae, а вајхвејс е локално име за еден цвет од фамилијата Mesembryanthemum.

[Карти на страница 22]

(Види во публикацијата)

Регионот Фејнбос (прикажан со зелено)

Планината Тејбл

[Извор на слика]

Mountain High Maps® Copyright © 1997 Digital Wisdom, Inc.

[Слика на страница 22]

Gladiolus debilis, една од 72-та видови гладиоли што не можат да се најдат на ниедно друго место на земјата

[Извор на слика]

Una Coetzee (www.agulhasfynbos.co.za)

[Слика на страница 22]

Некои протеи се поголеми од човечкото лице

[Извор на слика]

Nigel Dennis

[Слика на страници 22 и 23]

Само на планината Тејбл се пронајдени 1.470 различни видови растенија

[Слика на страници 22 и 23]

Цветот на имортелата

[Извор на слика]

Nigel Dennis

[Слика на страница 23]

Еден од многуте видови маргаритки што ги има во регионот Фејнбос

[Извор на слика]

Kirstenbosch, Cape Town

[Слика на страница 23]

Meneris tulbaghia е единствен опрашувач на 15 видови црвени цветови

[Извор на слика]

Colin Paterson-Jones

[Слика на страница 23]

Еден вид протеја

[Извор на слика]

National Parks Board of South Africa

[Слика на страница 24]

Помеѓу цветовите на вресот и црвенката постои едно посебно партнерство

[Извор на слика]

Colin Paterson-Jones

[Слика на страница 24]

Протеите и капскиот медојад се посебни пријатели

[Извор на слика]

Kirstenbosch, Cape Town

[Слика на страница 24]

Еден вид перуника

[Извор на слика]

Kirstenbosch, Cape Town

[Извор на слика на страница 24]

National Parks Board of South Africa

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели