ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 7/06 стр. 10
  • Пораката мора да се пренесе

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Пораката мора да се пренесе
  • Разбудете се! 2006
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ‚Прекрасни се нозете по планините‘
  • Римските патишта — споменици на древното инженерство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Проповедање на Царството на Алтиплано во Перу
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Да се служи како гласници на божествен мир
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Разбудете се! 2006
g 7/06 стр. 10

Пораката мора да се пренесе

ПРЕД да биде измислен телеграфот, пренесувањето пораки на голема оддалеченост честопати одело бавно и тешко, и зависело од начинот на патувањето и од теренот по кој се патувало. Да видиме со какви проблеми се соочувале Инките, кои живееле во едно огромно царство во Јужна Америка.

Кога било во својот зенит, кон крајот на 15-тиот и почетокот на 16-тиот век од н.е., царството на Инките се протегало на делови од територијата на денешна Аргентина, како и во Боливија, Еквадор, Колумбија, Чиле и Перу, каде што била сместена и древната престолнина, градот Куско. Патувањето го отежнувале високите планински венци, густите џунгли и огромните растојанија од едно до друго место. Покрај тоа, Инките немале други товарни животни освен ламите, немале превоз на тркала, а немале ни пишан јазик. Тогаш, како комуницирале едни со други на ова огромно и толку разнолико подрачје?

Јазикот кечуа, кој го зборувале Инките, станал службен јазик на царството. Освен тоа, тие направиле и многу патишта. Нивниот царски, односно главен пат, се протегал во должина од околу 5.000 километри низ планинскиот предел на Андите, а покрај брегот на Пацификот врвел уште еден пат, паралелен на планинскиот, долг околу 4.000 километри. Овие два пата биле меѓусебно поврзани со странични патишта. Освен тоа, Инките правеле и поплочени, скалести патишта на високите планински превои, понтонски мостови за преминување преку мочуришта, како и висечки мостови над опасните клисури. Еден висечки мост, долг 45 метри, бил направен од јажиња дебели колку човечко тело и останал во употреба 500 години, сѐ до 1880 година!

Главниот начин на комуникација на Инките бил со помош на тркачи наречени часки, кои биле поставени на одредени растојанија на главните патишта. Секој од нив трчал по три до четири километри, што значи дека, сите заедно, поминувале и по стотици километри до заоѓањето на сонцето. Тие ги пренесувале пораките усно, но статистичките податоци за владините активности ги забележувале на една многу интересна направа наречена „квипу“. „Квипу“ било многу сложено средство за помнење направено од јаже и од врвки во разни бои. Јазлите на врвките означувале единици, десетки и стотки. Кога Шпанците ги освоиле Инките, оваа направа излегла од употреба и шифрите полека биле заборавени.

‚Прекрасни се нозете по планините‘

Денес, на милиони лица што го зборуваат јазикот кечуа им се пренесува најважната порака — добрата вест за Божјето Царство, една светска влада што ќе донесе мир за сите оние што се подложуваат на нејзината власт (Даниел 2:44; Матеј 24:14). Патувањето во оваа земја со која некогаш владееле Инките и понатаму е тешко, а јазикот кечуа главно сѐ уште нема писмо. Но, Јеховините сведоци — од кои мнозина научиле да го зборуваат овој јазик — радосно им носат на луѓето пишани публикации и аудиоматеријали на голем број современи дијалекти на јазикот кечуа.

Делото на овие проповедници нѐ потсетува на вдахновените зборови: „Колку се прекрасни по планините нозете на гласоносецот на радоста кој разгласува мир, носи среќа и проповеда спасение“ (Исаија 52:7).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели