„Дали го славиш Денот на бабата?“
БИЛО студено зимско утро. Наталија, 16-годишна девојка од Полска, чекала воз кога двајца новинари од еден локален весник ѝ пришле и ја прашале: „Дали го славиш Денот на бабата?“
Во Полска, Денот на бабата, Денот на дедото, Денот на мајката, Денот на жената и Денот на учителите се посебни празници. Помалите деца обично ги прославуваат Денот на бабата и Денот на дедото така што прават картички, а поголемите деца им даваат подароци или цвеќе на баба си и на дедо си.
Наталија прво се збунила кога ѝ го поставиле прашањето. Но, откако се помолила во себе, им рекла на новинарите: „Јас сум Јеховин сведок и не го славам Денот на бабата“. Новинарите се изненадиле. Тогаш Наталија се насмеала и додала: „Јас живеам со баба ми и можам секој ден да ѝ носам цвеќе, да разговарам со неа и да ѝ кажам дека сум ѝ благодарна за сѐ што прави. Зошто да ѝ оддавам чест само еднаш во годината?“
Овој паметен одговор ги воодушевил новинарите, а можеби ќе те воодушеви и тебе. Следниот ден, во весникот биле објавени и одговорот на Наталија и нејзина фотографија.
Дали овој пример те поттикнува да размислиш дали си подготвен да ги објасниш причините за твоите верувања и однесување, особено ако некој ненадејно ти постави некое прашање? Вистинските слуги на Бог сакаат да му оддаваат чест со тоа што секогаш ќе бидат подготвени да ги наведат причините зошто веруваат во нешто и спремно ќе го прават тоа секогаш кога е можно (1. Петрово 3:15).