ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g01 8/9 стр. 13-15
  • Како да се зближам со баба ми и дедо ми?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да се зближам со баба ми и дедо ми?
  • Разбудете се! 2001
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Преземи иницијатива
  • Што можеме да правиме заедно?
  • Духовно наследство
  • Ако баба ти и дедо ти живеат далеку
  • Зошто да ги запознаам баба ми и дедо ми?
    Разбудете се! 2001
  • Кога бабата и дедото ќе станат родители
    Разбудете се! 1999
  • „Новите“ баби и дедовци
    Разбудете се! 1999
  • Баби и дедовци — нивните радости и предизвици
    Разбудете се! 1999
Повеќе
Разбудете се! 2001
g01 8/9 стр. 13-15

Младите прашуваат . . .

Како да се зближам со баба ми и дедо ми?

„Моите двајца дедовци сакаат да раскажуваат. Нивните приказни ми помагаат да ги разберам моите чувства“ (Џошуа).

НЕКОГАШ беше вообичаено неколку генерации од една фамилија да живеат во близина — честопати дури и во истиот дом. Блиското дружење со бабите и дедовците било нешто секојдневно.

Денес, младите можеби живеат многу далеку од своите баби и дедовци. Освен тоа, сѐ повеќе семејства се распаѓаат заради развод. The Toronto Star известува дека „бабите и дедовците исто така можат да бидат жртви на разводот и да бидат спречени да ги гледаат внучињата што ги сакаат“. Во други случаи, проблемот е во тоа што голем број млади луѓе едноставно имаат негативно гледиште за постарите, сметајќи дека се старомодни и дека имаат гледишта, вредности и интереси многу поразлични од нивните. Со каков исход? Голем број млади едноставно не се толку блиски со своите баби и дедовци како што би можеле да бидат.

Ова е жалосно. Како што покажа претходната статија од оваа серија, блиските врски со бабата и дедото — особено ако се богобојазливи — се здрави, корисни и пријатни.a Ребека, една тинејџерка, вели за своите баба и дедо: „Секогаш можеме да се смееме заедно“. Младиот Петар вели нешто слично: „Не се плашам да им кажам како се чувствувам или какви планови имам. Понекогаш сум послободен со нив отколку со моите родители. Мислам дека можам да разговарам со баба ми и дедо ми за сѐ и сешто“.

А како е со тебе? Можеби си бил поблизок со баба ти и дедо ти кога си бил помал. Но, сега си тинејџер и можеби во последно време не си направил многу за да го негуваш тој однос. Ако е така, може да се примени начелото од библискиот совет во 2. Коринќаните 6:11—13, имено, ‚да се рашириш‘ во твојата љубов кон нив. Прашањето е — како?

Преземи иницијатива

‚Раширувањето‘ вклучува да се преземе иницијатива. Библијата, сепак, вели: „Не крати им добротворство на оние што имаат потреба кога можеш да го направиш тоа“ (Пословици 3:27). Кога си бил помал, можеби не си ‚можел‘ да направиш нешто во врска со односот со твоите баба и дедо. Но сега кога си постар, можеби дури и полнолетен, можеби ќе увидиш дека можеш да преземеш повеќе чекори.

На пример, ако твоите баба и дедо живеат во близина, можеш да стекнеш навика редовно да ги посетуваш. Здодевно? Можеби, ако седиш таму во непријатен молк. Затоа, започни разговор! За што можете да разговарате? Може да ти помогне библиското начело од Филипјаните 2:4. Тоа ни кажува ‚да гледаме со личен интерес не само на сопствените работи туку со личен интерес и на туѓите‘. Со други зборови, покажи интерес за баба ти и дедо ти. Натерај ги да зборуваат за она што ги интересира. Како се чувствуваат? Што правеле? Можеби ќе уживаат да зборуваат за минатото. Затоа, прашај ги каков бил животот кога биле млади. Или, какви биле татко ти или мајка ти кога биле млади? Ако баба ти и дедо ти се христијани, прашај ги што ги привлекло кон библиските вистини.

Бабите и дедовците честопати се богато складиште на семејната историја и веројатно се многу спремни да те забавуваат со фасцинантни раскази. Всушност, можеби дури и ќе сакаш да го направиш забавен овој потфат. Обиди се да ги интервјуираш баба ти и дедо ти, можеби правејќи белешки или снимајќи на касета или со камера. Ако не знаеш што да прашаш, твоите родители нека ти помогнат да смислиш соодветни прашања. Веројатно ќе научиш многу работи што ќе ти помогнат подобро да ги разбереш баба ти и дедо ти, твоите родители, па дури и себеси. „Двајцата дедовци што ги имам сакаат да раскажуваат“, вели Џошуа. „Нивните приказни ми помагаат да ги разберам моите чувства.“

Меѓутоа, не заборавај дека баба ти и дедо ти исто така се многу заинтересирани за твојот живот и за твоите активности. Кога ќе им кажеш што правиш, ги покануваш да влезат во твојот живот. Ова не може да не ве зближи. Младиот Игор од Франција вели: „Баба ми и јас сакаме да пиеме чај во некое ресторанче и да си разговараме за тоа што сме правеле“.

Што можеме да правиме заедно?

Штом ќе почнете да разговарате заедно, можеби можеш да преминеш на тоа да правите нешто заедно. Ако малку размислиш однапред, можеби ќе откриеш што сѐ можете да правите заедно. Младата Дара се сеќава: „Двете баби ме учеа да готвам, да правам зимница, да печам, да одгледувам цвеќиња и да се грижам за градината“. Еми им се придружила на баба си и дедо си на семејните собири и годишни одмори. Во зависност од возраста, некои баби и дедовци се многу активни. Арон сака да игра голф со својата баба. Џошуа лови риба и работи околу куќата со своите дедовци.

Ако твоите баба и дедо го обожаваат Јехова, може да биде особено угодно да учествуваш со нив во некои аспекти од обожавањето на Јехова како, на пример, да им зборуваш на другите за Библијата. Игор патувал заедно со баба си на еден меѓународен собир на Јеховините сведоци во Полска. „Заедно доживеавме едно незаборавно искуство и сѐ уште уживаме да разговараме за него“, вели тој. Се разбира, не се толку подвижни сите баби и дедовци. Сепак, вреди да се биде заедно со нив.

Духовно наследство

Во библиски времиња, една жена по име Лоида одиграла важна улога во помагањето на својот внук, Тимотеј, да стане истакнат Божји човек (2. Тимотеј 1:5). Не изненадува што многу христијански баби и дедовци играат слична улога денес. Џошуа го вели следново за своите баба и дедо: „Тие му служат на Јехова подолго од целиот мој живот и затоа длабоко ги почитувам, не само како баба и дедо туку и како чувари на интегритетот“. Еми вели: „Моите баби и дедовци секогаш ми кажуваат колку се охрабрени и среќни што ме гледаат како верно му служам на Јехова. Сепак, тоа што го гледам нивниот добар пример и ревност за Јехова како пионери [полновремени евангелизатори] ме охрабри да продолжам со пионерската служба“.

Крис ја нарекува својата баба „личност што најмногу ме мотивираше да проучувам и да напредувам“. Тој додава: „Никогаш нема да заборавам кога ми велеше дека ‚за Јехова треба да го даваме најдоброто од себе‘“. Баба му и дедо му на Педро одиграле особено голема улога во неговиот духовен развој. Тој вели: „Нивното искуство многу ми помогна. Моите баба и дедо секогаш ме земаа со себе на проповедање и јас многу го ценам тоа“. Да, ако им се приближиш на богобојазливите баба и дедо, тоа ќе ти помогне поцелосно да му служиш на Бог.

Ако баба ти и дедо ти живеат далеку

Што ако баба ти и дедо ти живеат далеку? Ако е можно, обиди се редовно да ги посетуваш. Меѓу посетите, прави сѐ што можеш за да останете во контакт. Орнан ги гледа баба си и дедо си само трипати годишно, но вели: „Им се јавувам секоја недела“. Дара, која исто така живее далеку од своите баба и дедо, вели: „Тие се интересираат за мене и се слушаме по телефон или си праќаме e-mail речиси секоја седмица“. E-mail и телефонските повици имаат свое место, но не потценувај ја моќта на старото добро рачно напишано писмо. Многу млади биле изненадени кога откриле дека баба им и дедо им го чуваат секое писмо што им го напишале кога биле деца. Писмата можат да се читаат и да се препрочитуваат — и да се чуваат. Затоа, погрижи се да пишуваш!

Бабите и дедовците честопати чувствуваат посебна љубов кон своите внуци (Пословици 17:6). Има многу начини да изградиш и да одржуваш близок однос со баба ти и дедо ти, без оглед дали живеат близу или далеку. Вложувај напори по секоја цена.

[Фуснота]

a Види ја статијата „Младите прашуваат . . . Зошто да ги запознаам баба ми и дедо ми?“, во нашето издание од 8 август 2001.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели