ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 7/08 стр. 19-21
  • Како да најдам радост во службата за Бог?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да најдам радост во службата за Бог?
  • Разбудете се! 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Проблем бр. 1: Проучување на Библијата
  • Проблем бр. 2: Проповедање
  • Проблем бр. 3: Одење на состаноци
  • Како да најдам радост во духовните активности?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
  • Зошто постојано се расправаме?
    Разбудете се! 2010
  • Зошто да одам на христијанските состаноци?
    Разбудете се! 2012
  • Зошто постојано се караме?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
Повеќе
Разбудете се! 2008
g 7/08 стр. 19-21

Младите прашуваат

Како да најдам радост во службата за Бог?

Џош (16) лежи испружен на креветот. Мајка му стои на вратата. „Станувај, Џошуа“, му вели со строг тон. „Знаеш дека вечерва имаме состанок!“ Џош расте како Јеховин сведок, а целото семејство редовно оди на христијанските состаноци. Но, во последно време на Џош не му се оди на состаноци.

„Де, ма мамо“, воздивнува тој, „морам ли да одам?“

„Престани да се жалиш. Станувај да се облечеш“, одговара таа. „Не сакам повторно да задоцниме!“ Потоа се свртува за да излезе од собата.

„Види мамо“, му излетува на Џош иако мајка му е сѐ уште близу и може да го чуе. „Тоа е можеби твоја религија, но не и моја.“ Мајка му подзастанува, и Џош сфаќа дека го чула. Без да му одговори, таа заминува.

Сега совеста почнува да го пецка. Немаше намера да ја повреди мајка му. Но, не е спремен ни да ѝ се извини. И сега, што му преостанува? Со длабока воздишка, Џош станува од креветот, почнува да се облекува и си зборува себеси: „Кога-тогаш ќе морам да донесам одлука. Не сум како другите во Салата на Царството. Едноставно не сум скроен за да бидам христијанин!“

ДАЛИ некогаш си се почувствувал како Џош? Дали одвреме-навреме имаш чувство дека во духовните активности учествуваш само затоа што мораш, а не затоа што сакаш? На пример:

◼ Дали проучувањето на Библијата за тебе е само уште една домашна задача?

◼ Дали ти е страв да проповедаш од куќа до куќа?

◼ Дали состаноците ти се досадни?

Немој да се обесхрабриш ако твојот одговор на некое од овие прашања е потврден. Направи неколку промени, и ќе најдеш радост во службата за Бог. Да видиме како.

Проблем бр. 1: Проучување на Библијата

Зошто не е лесно. Можеби си мислиш дека не си тип кој е по учењето. Тешко ти е да седиш мирен и сконцентриран. Освен тоа, и онака веќе имаш многу за учење за на училиште.

Зошто е потребно. Библијата не само што е вдахновена од Бог туку и „сѐ што пишува во [неа] може да ни користи за да се поучиме, да ни помогне да се поправиме и да ни покаже како праведно да живееме“ (2. Тимотеј 3:16, Радосна вест). Тоа што ќе ја проучуваш Библијата и длабоко ќе размислуваш за она што го читаш, ќе ти отвори нови видици. И да бидеме искрени, за да добиеш нешто вредно, мора вистински да се потрудиш. За да бидеш добар во некој спорт, мора да ги научиш правилата и да тренираш. За да бидеш во форма, мора да вежбаш. За да го запознаеш својот Творец, мора да ја проучуваш Божјата реч.

Што велат други млади. „Кога тргнав во средно, требаше да донесам неколку важни одлуки. Другите правеа разни глупости. Морав да размислам: ‚Дали и јас сакам да го правам истото? Дали родителите навистина ме учат за вистината?‘ Морав самата да проценам“ (Чеѕа).

„Отсекогаш верував дека она што го учев е вистина, но морав да си го докажам тоа. Требаше да му служам на Бог затоа што јас сакам, а не заради моите родители“ (Нелис).

Што можеш да сториш. Направи си план да проучуваш нешто што те интересира или што ти е потребно. Самиот избери што ќе проучуваш. Но, со што да почнеш? Би можел детално да ја проучуваш Библијата и да ги испиташ твоите верувања со помош на некоја книга, како, на пример, Што навистина учи Библијата?a

План. За почеток, од списокот подолу избери си две-три библиски теми за кои би сакал да дознаеш нешто повеќе; или, ако сакаш, избери некоја тема што не е наведена.

□ Постои ли Бог?

□ Како да бидам сигурен дека оние што ја напишале Библијата биле водени од Бог?

□ Зошто да верувам во создавање, а не во еволуција?

□ Што е Божјето Царство и што покажува дека тоа навистина постои?

□ Како можам да го објаснам моето верување за состојбата на мртвите?

□ Зошто треба да бидам сигурен дека ќе има воскресение?

□ Како можам да бидам сигурен која е вистинската религија?

□ ․․․․․

Проблем бр. 2: Проповедање

Зошто не е лесно. Може да те плаши помислата да зборуваш со другите за Библијата или да сретнеш некој соученик додека проповедаш.

Зошто е потребно. На своите следбеници, Исус им рекол: „Правете ученици... учејќи ги да држат сѐ што ви заповедав“ (Матеј 28:19, 20). Но, тоа не е единствената причина зошто да проповедаме. Истражувањата покажуваат дека, на некои места, повеќето тинејџери веруваат во Бог и во Библијата. Сепак, тие немаат доволно цврста надеж за подобра иднина. Преку проучување на Библијата, ти си го дознал токму она што го бараат и што им е потребно на многу твои врсници!

Што велат други млади. „Јас и мојот другар извежбавме добри уводи, научивме како да ги совладуваме приговорите и како да правиме повторни посети. Службата ми стана поинтересна откако почнав да се трудам повеќе“ (Нелис).

„Една сестра, која е шест години постара од мене, многу ми помага! Таа ме зема во служба, а понекогаш ме носи и на појадок. Ми покажа некои охрабрувачки стихови што ми помогнаа да си го исправам ставот. Благодарение на нејзиниот одличен пример, сега ми е многу полесно да им помагам на другите. Никогаш нема да можам да ѝ се оддолжам!“ (Шантеј).

Што можеш да сториш. Со дозвола од родителите, избери некој постар брат или сестра со кого ќе одиш во служба (Дела 16:1-3). Библијата вели: „Железо со железо се остри. Така човекот го остри лицето на друг човек“ (Изреки 27:17). Можеш да имаш многу корист од богатото искуство на постарите. „Многу ми е полесно кога сум со постари“, вели 19-годишната Алексис.

План. Напиши го подолу името на некој од собранието, со исклучок на твоите родители, што би можел да ти помогне во службата.

․․․․․

Проблем бр. 3: Одење на состаноци

Зошто не е лесно. Бидејќи цел ден си седел во клупа, можеби не ти е лесно да слушаш библиски говори уште еден или два часа.

Зошто е потребно. Библијата ги поттикнува христијаните: „Да размислуваме еден за друг за да се поттикнуваме кон љубов и кон добри дела, и да не ги пропуштаме нашите состаноци, како што некои имаат обичај, туку да се храбриме еден со друг, толку повеќе колку што гледате дека се приближува денот“ (Евреите 10:24, 25).

Што велат други млади. „Многу е важно да се подготвуваш за состанок. Понекогаш ќе мора едноставно да се присилиш да го правиш тоа. Кога си подготвен, повеќе уживаш во состаноците бидејќи знаеш за што се дискутира, а можеш и да учествуваш“ (Елда).

„Во еден момент сфатив дека состаноците на кои коментирав ми беа многу поинтересни“ (Џесика).

Што можеш да сториш. Одвој време да се подготвиш и, ако можеш, коментирај. Ова ќе ти помогне да се чувствуваш вклучен во состаноците.

Да го потврдиме тоа со еден пример: Што ти е поубаво — да гледаш некој спортски натпревар на телевизија или и самиот да учествуваш во него? Јасно е дека учесникот ужива многу повеќе отколку гледачот. Пробај и ќе видиш дека истото важи и за состаноците.

План. Одреди ден од седмицата кога ќе одвоиш само 30 минути за да се подготвуваш за состаноци. Напиши го на празниот простор подолу.

․․․․․

Многу млади можат од лично искуство да потврдат колку се точни зборовите од Псалм 34:8, каде што стои: „Вкусете и видете колку е добар Јехова!“ Колку ќе ти вреди ако само слушнеш за некое вкусно јадење? Зар не е подобро да го пробаш? Истото важи и за Божјата служба. Вкуси и увери се и самиот колку среќен можеш да бидеш ако учествуваш во духовните активности. Според Библијата, оној што „не е заборавлив слушател, туку извршител на речта, ќе биде среќен што ја врши“ (Јаков 1:25).

[Фуснота]

a Издадена од Јеховините сведоци.

РАЗМИСЛИ

◼ Зошто духовните активности може да му изгледаат досадни на еден тинејџер?

◼ На кој од трите подрачја од службата за Бог разгледани во оваа статија би сакал да се подобриш, и како би го сторил тоа?

[Слика на страници 20 и 21]

За да бидеш во форма физички, треба да вежбаш. За да бидеш во форма духовно, треба да ја проучуваш Божјата реч

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели