ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/08 стр. 26-28
  • Како да се справам со стресот на училиште?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да се справам со стресот на училиште?
  • Разбудете се! 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Пет чекори до помалку стрес
  • Позитивен стрес?
  • Како да се справам со стресот?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
  • Како да го контролираш стресот
    Разбудете се! 2010
  • Стрес — причини и последици
    Разбудете се! 2005
  • Стрес — опасен по здравјето
    Разбудете се! 2010
Повеќе
Разбудете се! 2008
g 9/08 стр. 26-28

Младите прашуваат

Како да се справам со стресот на училиште?

„Стресот на училиште не се намалува со годините — само се менуваат причините за него“ (Џејмс, Нов Зеланд).a

„На училиште бев под толку силен притисок што честопати ми идеше и да плачам и да викам“ (Шерон, САД).

ДАЛИ ти се чини дека родителите не сфаќаат под колкав притисок си на училиште? Можеби ти велат дека немаш ни долгови во банка, ни обврска да го прехраниш семејството, ни газда да ти виси над главата. Но, најверојатно сметаш дека си под исто толкав, ако не и под поголем притисок од оној со кој се соочуваат твоите родители.

Може да биде стресно и самото одење на училиште и враќањето дома. „Во училишниот автобус честопати доаѓа до тепачки“, вели Тара, која живее во САД. „Возачот го запира автобусот, и сите сме принудени да излеземе и да задоцниме половина час или повеќе поради тоа.“

Дали стресот се намалува кога ќе дојдеш на училиште? Многу ретко! Можеби ќе се препознаеш себеси во некој од следниве коментари.

◼ Под притисок од наставниците.

„Моите наставници сакаат да бидам одличен ученик и да добивам највисоки оценки. Се чувствувам принудена да им угодам“ (Сандра, Фиџи).

„Наставниците им поставуваат превисоки цели на учениците, посебно на оние што имаат некаква дарба. Ни вршат голем притисок да бидеме успешни“ (Ејприл, САД).

„Дури и ако имаш добри цели, некои наставници те наведуваат да имаш ниско мислење за себеси ако немаш цел да стекнеш образование што според нив е најсоодветно за тебе“ (Наоми, САД).

Како влијае врз тебе притисокот од наставниците?

․․․․․

◼ Под притисок од соучениците.

„Децата во средно имаат поголема слобода и се побунтовни. Ако не си како нив, мислат дека не си ‚кул‘“ (Кевин, САД).

„Секој ден сум во искушение да почнам да пијам или да се впуштам во неморал. Понекогаш ми е тешко да не попуштам на ваквиот притисок“ (Арон, Нов Зеланд).

„Имам 12 години, и најголем проблем за мене е притисокот да излегувам со некого. Сите од школо ми велат: ‚Колку долго планираш да останеш без дечко?‘“ (Александрија, САД).

„Бев под притисок да си фатам дечко. Кога одбив да го сторам тоа, ме нарекоа лезбијка — и тоа кога имав само 10 години!“ (Криста, Австралија).

Како влијае врз тебе притисокот од соучениците?

․․․․․

◼ Под стрес бидејќи не знаеш како ќе реагираат соучениците на твоите религиозни убедувања.

„Тешко е да зборуваш со соучениците за своите религиозни убедувања бидејќи не си сигурен што ќе мислат за тебе. Не сакаш да мислат дека си чуден“ (Керол, Хаваи).

„Во основно и во средно училиште, соучениците се дрогираат, вршат неморал и се опиваат. Навистина си под голем стрес бидејќи не сакаш да те исмејуваат само затоа што си поинаков поради тоа што ги следиш библиските мерила“ (Сузан, САД).

Какви тешкотии имаш ти поради своите религиозни убедувања?

․․․․․

◼ Други причини за стрес. Штиклирај го или допиши го она што најчесто те става под стрес.

□ Тестовите

□ Домашните задачи

□ Високите цели на родителите

□ Остварувањето на моите високи цели

□ Насилниците или сексуалното малтретирање

□ Друго ․․․․․

Пет чекори до помалку стрес

Реално гледано, не можеш да очекуваш да го завршиш училиштето без стрес. Се разбира, силниот стрес може да претставува вистинско „угнетување“. Мудриот цар Соломон напишал: „Угнетувањето може да го наведе мудриот да постапува лудо“ (Проповедник 7:7). Но, ти не мораш да дозволиш стресот да те наведе на „лудо“ постапување. Тајната е во тоа да научиш како успешно да се справиш со него.

Начинот на кој излегуваме на крај со стресот би можеле да го споредиме со дигање тегови. За да биде успешен, еден билдер мора да се раздвижи пред да вежба. Тој ги крева теговите на исправен начин и не крева преголема тежина. На тој начин, успева да набие мускули без да се повреди. Во спротивно, ако не преземе вакви чекори, би можел да скине мускул, па дури и да скрши некоја коска.

На сличен начин ќе можеш да се справиш и со притисокот под кој ќе се најдеш и успешно да ги завршиш своите обврски без да се повредиш. Како? Преземи ги следниве чекори:

1. Утврди ги причините. Една мудра изрека гласи: „Паметниот човек го гледа злото и се трга“ (Изреки 22:3). Но, не би можел да се тргнеш, односно да се заштитиш од угнетувачкиот стрес ако најпрвин не ја препознаеш причината за него. Затоа, разгледај ги коментарите што претходно си ги напишал. Од која причина си најчесто под стрес?

2. Истражувај. На пример, ако си под стрес бидејќи имаш премногу домашни задачи, разгледај ги предлозите во статијата: „Младите прашуваат — како да најдам време за домашните задачи?“, во Разбудете се! од 8 мај 2004. Ако си под притисок да се впуштиш во неморал со некој соученик, ќе најдеш корисни совети во статијата „Младите прашуваат — што ако некој ми предложи ‚секс-шема‘?“, која беше објавена во Разбудете се! од март 2007.

3. Смисли што ќе одговориш. Доколку си под стрес затоа што не знаеш како ќе реагираат соучениците ако им ги спомнеш твоите религиозни убедувања, немој да чекаш до последен момент, па дури тогаш да смислиш што да одговориш или како да реагираш (Изреки 29:25). Келси (18) вели: „Бев спремна однапред, и тоа ми помогна да се справам со ваквата ситуација. Ми беше јасно како да ги објаснам моите верувања“. Арон од Белгија (18) го сторил истото. „Однапред размислував кои прашања би можеле да ми ги постават, а потоа подготвував одговори на овие прашања“, вели тој. „Да не го правев тоа, никогаш немаше да се осмелам да зборувам за моите верувања.“

4. Не одложувај. Проблемите многу ретко се решаваат сами од себе. Напротив, обично се зголемуваат, а со тоа се зголемува и стресот. На пример, ако си Јеховин сведок, може да биде голема заштита отворено да кажеш кој си и што си, веднаш штом ќе ти се укаже таква можност. Маршеј, која сега има 20 години, вели: „На самиот почеток од учебната година започнував разговор на некоја тема за која знаев дека ќе ми овозможи да ги објаснам библиските мерила што се трудам да ги следам. Сфатив дека, колку подолго чекам да кажам дека сум Сведок, толку потешко ќе ми биде да го сторам тоа. Многу ми помогна тоа што се изјаснив во врска со моите ставови, а потоа постапував во склад со нив во текот на целата учебна година“.

5. Побарај помош. Дури и најјакиот билдер има ограничувања. Истото важи и за тебе. Но, тоа не значи дека ќе мораш сам да го носиш товарот (Галатите 6:2). Зошто не поразговараш за ова со твоите родители или со други зрели христијани? Покажи им како си одговорил на прашањата поставени во оваа статија. Зборувајте за начинот на кој би можеле да ти помогнат да се справиш со некои од овие притисоци. Лиз, која живее во Ирска, му кажала на татко ѝ колку ѝ е страв дека ќе ја исмејуваат поради религијата. Таа вели: „Татко ми се молеше со мене секој ден пред да ме остави на училиште. Тоа секогаш ми влеваше чувство на сигурност“.

Позитивен стрес?

Можеби нема да веруваш, ама тоа што чувствуваш стрес е нешто позитивно. Зошто? Тоа може да биде доказ дека си трудољубив и дека совеста не ти отапела. Еве како Библијата ги опишува оние кои никогаш не се под стрес: „До кога ќе лежиш, мрзливецу? Кога ќе станеш од спиење? Поспиј си уште малку, дремни си уште малку, скрсти си ги рацете и прилегни си уште малку, и сиромаштијата ќе ти дојде како арамија и немаштијата како вооружен човек“ (Изреки 6:9-11).

Сѐ се сведува на она што го вели Хајди (16): „Можеби ти се чини дека училиштето е едно одвратно место, но притисоците на кои ќе бидеш изложен таму се исти со оние на кои ќе наидеш кога ќе одиш на работа“. Точно, не е лесно да се излезе на крај со стресот, но ако научиш како да се справуваш со него, нема да ти наштети. Напротив, ќе те направи постабилна личност.

[Фуснота]

a Некои имиња во оваа статија се сменети.

РАЗМИСЛИ

◼ По што ќе препознаеш дека си под стрес?

◼ Зошто може да се каже дека перфекционизмот само ќе ти го зголеми стресот?

◼ Кому можеш да му се обратиш ако стресот те исцрпува?

[Слика на страница 27]

Стресните ситуации се како тегови — те прават поцврст ако правилно ги „креваш“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели