ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 11/08 стр. 3
  • Неуспешна потрага по успех

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Неуспешна потрага по успех
  • Разбудете се! 2008
  • Сличен материјал
  • Најди го патот до вистинскиот успех!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Патот до вистинскиот успех
    Разбудете се! 2014
  • Како да бидеш успешен
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Каде да се обратиме за водство?
    Разбудете се! 2008
Повеќе
Разбудете се! 2008
g 11/08 стр. 3

Неуспешна потрага по успех

Беше многу надарена пејачка, и на возраст од 20 и некоја година веќе имаше големо богатство. Малку луѓе стануваат толку славни и богати на таа возраст. Но, одеднаш сѐ тргна наопаку — оваа девојка доживеа два развода и мораше да оди во неколку центри за рехабилитација на зависници од алкохол и дрога. Животот ѝ се претвори во кошмар.

ЗА ЖАЛ, ваквите случаи не се реткост. Во весниците честопати се појавуваат тажни приказни за популарните личности. Дури и во поконзервативната деловна средина, луѓето што навидум се успешни честопати имаат многу проблеми во животот. Еден весник го дава следниов коментар во врска со финансиските магнати од Њујорк: „Трката по баснословни приходи уништува кариери, разединува семејства и доведува до зависност од дрога... Иако огромните бонуси за продуктивност се причина некои банкари од Вол Стрит да се чувствуваат непобедливи, други страдаат од емоционални проблеми поради притисокот од работните обврски, а трети, пак, завршуваат потполно скршени“.

Дали причината за ваквите проблеми е тоа што луѓето се обидуваат да станат среќни и успешни на погрешен начин? Точно е дека парите се потребни за опстанок. Но, дали успехот во животот зависи од богатството што сме го натрупале? Истражувањата потврдуваат дека тоа не е случај. На пример, едно истражување во Кина покажа дека од неодамна, во период кога просечниот приход по глава на жител се зголеми за 250 отсто, луѓето станаа понезадоволни.

Според тоа, показател за вистински успех не е световната кариера или вредноста на куќата, автомобилот или часовникот. Зарем нема да се согласиш дека вистинскиот успех се мери по тоа каков е некој како личност, односно какви се неговите принципи и животни цели? Еден човек би можел да биде интелигентна и моќна, а истовремено и неморална личност без љубов и без вистински пријатели. Друг би можел да биде славен и богат, но да нема одговор на прашањата: ‚Зошто се мачев толку многу? Каква смисла има мојот живот?‘

Логично е да заклучиме дека вистинскиот успех во животот зависи од многу поважни работи, во кои спаѓаат и мудрите начела. Од таа причина, оние што се вистински успешни имаат душевен мир, самопочит и почит од другите. Водат еден исполнет живот кој има многу поголема смисла и не се сведува само на тоа да гледаат само за себе. Но, кои начела би можеле да ги сметаме за мудри и која е вистинската смисла на животот? Дали самите можеме да го најдеме одговорот на овие прашања или треба да побараме помош од друг извор? За тоа ќе стане збор во наредните статии.

[Рамка на страница 3]

ИСКРИВЕНО ГЛЕДИШТЕ ЗА УСПЕХОТ

Истражувачите на полето на медицината велат дека, во обид да постигнат најдобри резултати, сѐ повеќе млади атлетичари земаат допинг, што може штетно да им се одрази на здравјето. Онлајн-публикацијата Education Update го даде следниов коментар во врска со една неодамнешна анкета: „На прашањето: ‚Дали би земал стероиди ако знаеш дека тоа ќе ти помогне да победиш или да бидеш вклучен во екипата, но по пет години ќе се разболиш?‘, речиси сите студенти одговорија потврдно. Кога изразот ‚ќе се разболиш‘ беше заменет со ‚ќе умреш‘, 65 отсто повторно одговорија со ‚да‘“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели