ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 4/10 стр. 3
  • Изгубена трка?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Изгубена трка?
  • Разбудете се! 2010
  • Сличен материјал
  • Предизвик: Премногу обврски
    Разбудете се! 2015
  • Што да правам со толку многу домашни задачи?
    Разбудете се! 1993
  • 20 начини да добиеш повеќе време
    Разбудете се! 2010
  • Гради го својот живот околу службата за Јехова
    Нашата служба за Царството 1998
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 4/10 стр. 3

Изгубена трка?

АКО си го штиклирал вториот или третиот одговор за повеќето прашања во десната колона, најверојатно времето навистина те гази. Но, биди сигурен дека не си единствениот. Луѓето речиси секаде се под притисок да го прават она што мораат да го направат. Тоа не е секогаш она што ним им е важно, туку она што им се наметнува во моментот — да го поправат автомобилот, да му угодат на шефот, да се справат со непредвидени прекини. Додека се обидуваш да ја прескокнеш секоја нова препрека, можеби имаш чувство дека ја губиш трката со времето. Можеби ти се чини дека постојано си зафатен и немаш време вистински да го живееш животот.

Можеби се тешиш со помислата дека ова е само привремено. Се надеваш дека еден ден темпото ќе забави и ќе имаш време да се концентрираш на она што навистина ти значи — на работи кои го разубавуваат твојот живот и животот на другите, на пример, на членовите на твоето семејство. Но, кога ќе дојде тој ден? Денес? Оваа седмица? Следниот месец?

Реално гледано, тешко дека темпото на светот околу нас ќе забави. Но, ти можеш да преземеш нешто за да имаш повеќе време. Што можеш да направиш?

[Рамка на страница 3]

Колку често имаш време за она што ти е навистина важно?

◯ секој ден

◯ само на викенд

◯ речиси никогаш

Дали во текот на денот обично...

◯ го правиш она што си го планирал?

◯ мораш да правиш нешто друго, а не она што си го испланирал?

◯ ги завршуваш работите што едноподруго ти искрснуваат?

Дали обично имаш чувство...

◯ дека имаш контрола над својот живот?

◯ дека си под притисок да исполниш нечии неразумни барања?

◯ дека времето ти бега и само трчаш да завршиш некоја работа?

Дали до крајот на денот...

◯ успеваш да го завршиш она што ти е важно?

◯ успеваш како-така да го завршиш она што мораш да го завршиш?

◯ немаш време за она што навистина ти значи?

Како обично се чувствуваш на крајот од денот?

◯ задоволен и исполнет

◯ празен, исцрпен и напнат

◯ потполно незадоволен

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели