ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 11/12 стр. 18-20
  • Како да се справам со стресот?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да се справам со стресот?
  • Разбудете се! 2012
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Олесни си го товарот
  • Стави помоќен „мотор“
  • Како да се справам со стресот?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
  • Како да се справам со стресот на училиште?
    Разбудете се! 2008
  • Како да го контролираш стресот
    Разбудете се! 2010
  • Стресот може да се стави под контрола!
    Разбудете се! 2005
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 11/12 стр. 18-20

Младите прашуваат

Како да се справам со стресот?

  • Не се трпи веќе

  • На граница сум

  • Се справувам

  • Стрес? Што е тоа?

ДА СЕ носиш со стресот е како да влечеш тежок бродски контејнер. Голем камион може лесно да го пренесе каде и да било. Но, автомобил не може. Ако автомобилот го влече товарот макар и на мало растојание, може да го уништи моторот. Истото може да се случи и со твојот „мотор“ ако си изложен на преголем стрес.

Дали тоа значи дека ситуацијата е безнадежна? Ни најмалку! За да не „прегориш“, треба или да си го намалиш товарот или да ставиш помоќен мотор. Всушност, можеш да ги направиш и двете работи. Да видиме како.

Олесни си го товарот

ПРЕДИЗВИК: Преголем залак.

„Некој ќе ме замоли да му помогнам или да одиме некаде кога и самата имам многу работи да завршам. А не сакам никого да одбијам“ (Карина).a

РЕШЕНИЕ: Научи да кажеш ‚не‘.

„Мудроста е кај скромните“, вели Библијата (Изреки 11:2). Скромноста, односно свесноста за твоите граници, ќе ти помогне да кажеш ‚не‘ кога товарот ќе ти стане претежок.

Се разбира, секогаш нема да можеш да кажеш ‚не‘ — на пример, кога родителите ќе побараат од тебе да завршиш нешто низ дома! Но, ако секој ти стави на грбот уште нешто, на крајот товарот ќе те скрши. Дури и најголемите камиони имаат ограничена носивост.

Предлог: Ако ти е тешко да одбиеш некого веднаш штом ќе те замоли за нешто, би можел да речеш: „Може ли да ти одговорам подоцна?“ Потоа, пред да му одговориш, размисли: ‚Реално гледано, можам ли да си дозволам да потрошам толку време и сила за да му завршам работа?‘

ПРЕДИЗВИК: Одолговлекување.

„Кога некоја работа ми се чини тешка, обично ја одложувам. Но, потоа се секирам зашто знам дека сѐ уште ме чека. Кога конечно ќе се зафатам со неа, морам да брзам, а тоа ме става под стрес“ (Сара).

РЕШЕНИЕ: Почни — макар и да не завршиш веднаш.

„Во работата не бидете мрзливи“, советува Библијата (Римјаните 12:11). Самото тоа што те чека тешка задача е веќе товар и зошто само да го правиш потежок со тоа што ќе одолговлекуваш? Така само подолго ќе се мачиш!

Како мотивација може да ти послужи список со обврски. Потешките задачи подели ги на неколку чекори. „Уживам да си правам списоци“, вели Керол. „Обично први на списокот ги ставам работите што најмалку ги сакам, и како што ги пречкртувам една по една, станува сѐ полесно. Без да осетиш, на ред дошле поинтересните работи!“

Предлог: Ако ти е тешко да се натераш да сработиш нешто, намести го алармот да ти ѕвони за 10 или 15 минути и почни веднаш. Кога ќе заѕвони алармот, веќе си сработил 10 или 15 минути од задачата. Штом почнеш, може ќе се изненадиш колку полесно е да продолжиш.

Расчисти го нередот! Кога треба да копаш низ хаос за да си ги најдеш книгите или за да најдеш чисти алишта, се ставаш под голем стрес. За да не трчаш наутро како мува без глава, одвој си пет минути за да си ја суредиш собата пред да си легнеш

Стави помоќен „мотор“

Грижи се за своето тело.

Стручњаците се едногласни во врска со тоа дека ако здраво се храниш, редовно вежбаш и доволно спиеш, ќе можеш да сработиш повеќе.b Но, не се секирај — не е толку комплицирано да се грижиш за твоето тело. Можеш да почнеш со неколку едноставни чекори. На пример, во врска со спиењето, би можел да се обидеш со следново.

  1. Спиј доволно. Одреди си конкретно време кога ќе си легнуваш и кога ќе стануваш, барем во работните денови.

  2. Одвој си доволно време да се опуштиш пред спиење. Не вежбај три часа пред да си легнеш, не јади тешка храна и избегнувај кофеин.

  3. Кога е време за спиење, погрижи се твојата соба да биде темна, тивка и удобна.

Сподели со некого.

Не срами се да побараш помош од родителите или од пријателите. Но, дали тоа навистина ќе ти помогне? Да, зашто истражувањата покажуваат дека емотивната поддршка ги намалува штетните последици што зголемениот стрес може да ги остави врз срцето, крвните садови и имунолошкиот систем.

Овие сознанија се во склад со она што го вели Библијата: „Од загриженост срцето на човекот му премалува, а добриот збор го радува“ (Изреки 12:25). Кога ‚загриженоста‘ ќе те притисне, вистинските пријатели можат да те охрабрат со ‚добар збор‘, кој можеби е токму она што ќе ти помогне да издржиш.

Дали ти треба дополнителна помош за да се носиш со стресот? Прочитај ги следниве поглавја во двата дома од книгата Младите прашуваат — делотворни одговори, издадена од Јеховините сведоци.

ТОМ 1

  • Поглавје 18: Како да се справам со стресот?

  • Поглавје 21: Како да си го планирам времето?

ТОМ 2

  • Поглавје 26: Чувства — како да ги контролирам?

  • Поглавје 27: Зошто мислам дека треба да бидам совршен?

Почнувајќи од јануарскиот број на Разбудете се!, статиите „Младите прашуваат“ ќе излегуваат само на нашата веб-страница www.pr2711.com/mk

a Некои имиња во оваа статија се сменети.

b Предлози во врска со исхраната и вежбањето можеш да најдеш во 10. поглавје од книгата Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1, издадена од Јеховините сведоци.

ШТО ВЕЛАТ ДРУГИ МЛАДИ

Патриша — Кога сум под стрес, нешто што ми помага да се смирам е спортувањето, на пример, џогирање, возење велосипед или гимнастика. Исто така, за своите чувства зборувам со родителите или со мојата најдобра другарка — луѓе на кои можам да им верувам и кои ме разбираат. Нивната поддршка многу ми значи.

Закари — Склон сум премногу да се секирам, а тоа ме става под голем стрес и уште повеќе ја влошува ситуацијата. Затоа се трудам да гледам на работите од поширок агол. На пример, колку големи се моите проблеми во споредба со проблемите на другите, можеби на оние што немаат ни покрив над главата или немаат што да јадат?

Грегори — Нешто што ми помага да се носам со стресот е да си правам распоред за секој ден. Така сум поорганизиран и можам да завршам сѐ навреме. Можам љубезно и искрено да прифатам или да одбијам некои задачи според тоа колку слободно време имам.

Хејли — Кога знам дека следниот ден треба да завршам некои работи, вечерта си правам распоред и запишувам до кога треба да ја завршам секоја од нив. На пример, кога чистам дома, си поставувам за цел кујната да ја исчистам до толку и толку часот, собите да ги завршам два часа подоцна итн. И стварно супер ми оди!

ЗОШТО НЕ ГИ ПРАШАШ РОДИТЕЛИТЕ?

Со каков стрес се соочувате вие? Што ви помага да се носите со него?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели