ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/13 стр. 14-15
  • Џенг Хе

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Џенг Хе
  • Разбудете се! 2013
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • МОЌ, ТРГОВИЈА И ДОМИНАЦИЈА
  • Содржина
    Разбудете се! 2013
  • Млади на интернет!
    Разбудете се! 2007
  • Како времето може да го смени текот на историјата
    Разбудете се! 2011
  • „Китимските бродови“ пловат по морињата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Разбудете се! 2013
g 9/13 стр. 14-15
[Слика на страница 14]

ПРОШЕТКА НИЗ ИСТОРИЈАТА

Џенг Хе

„Препловивме над сто илјади лиa водни пространства, видовме огромни бранови што се издигаа до небото како планини и поминавме покрај далечни места населени со варвари... нашите едра се виореа високо како облаци дење и ноќе, а нашите бродови итаа на својот пат со ѕвездена брзина, сечејќи ги бесните бранови како да јуриме по копно“ (Натпис од 15 век од градот Чангле во провинцијата Фуџијан, Кина, кој му се припишува на Џенг Хе).

КИНА е земја која се опишува со големи бројки. На пример, таа е земја со најголем број жители и една од земјите во светот со најголема површина. Нејзиниот народ го изградил Големиот кинески ѕид, еден од најграндиозните градежни потфати во историјата. Флотата што ја формирале кинеските цареви Јонгле и Ксуанде од династијата Минг била поголема од која и да било друга флота во наредните пет векови. Адмирал на таа флота бил Џенг Хе, муслиман од југозападна Кина.

МОЌ, ТРГОВИЈА И ДОМИНАЦИЈА

Според натписот делумно цитиран на почетокот од статијата, мисијата на Џенг Хе била „љубезно да им покаже на далечните народи дека ќе им биде многу подобро ако му се покорат на [кинескиот] цар“. Во натписот стои и дека, како резултат на неговите патувања, „земјите од зад хоризонтот и од најдалечните краеви на Земјата станаа поданици [на Кина]... Варвари од далечни места... дојдоа на прием [на царскиот двор] со скапоцени предмети и подароци“.

[Карта на страница 15]

Некои од пристаништата во кои се укотвила флотата на Џенг Хе

Има поделени мислења околу тоа што сакале да постигнат царевите од династијата Минг со овие патувања. Според некои, Џенг Хе бил амбасадор на културата и добрите намери на една моќна, но мирољубива нација. За други, неговата мисија е агресивно спроведување политичка доминација над вазални држави. Точно е дека Џенг Хе им нудел прекрасни подароци и политичка поддршка на владетелите кај кои бил пречекан со раширени раце, но оние што ќе одбиеле да му се потчинат и да му станат вазали на кинескиот цар, ги покорувал и ги земал како заробеници. Поради неверојатните патувања на Џенг Хе, десетици владетели од разни земји во Индискиот Океан испратиле амбасадори во Кина да му се поклонат на царот.

Како и да е, факт е дека бродовите на Џенг Хе носеле дрвени лакирани предмети, порцелан и свила со невидена убавина изработени од вештите раце на кинеските мајстори, со кои се тргувало во далечните пристаништа. Флотата се враќала со скапоцени камења, слонова коска, зачини, тропски дрва и други луксузни предмети што биле ценети во Кина. Еднаш била донесена дури и жирафа за која се вели дека била вистинска сензација. Со ваквата размена на стоки и идеи, остатокот од светот можел да се запознае со импресивната кинеска цивилизација од 15 век.

Но, таквите неверојатни патувања завршиле. Само неколку децении по патувањата на Џенг Хе, Кина ги прекинала трговските и дипломатските врски со другите земји. Новиот цар и неговите советници кои биле конфучијанисти сметале дека нема потреба да се излегува од границите на Кина и се обиделе да ја изолираат од надворешни влијанија. Неверојатната флота на Џенг Хе ја фрлиле во заборав така што веројатно ги уништиле сите записи за нејзините епски патувања, а веројатно и самите бродови. Дури во поново време луѓето во Кина и надвор од неа дознаа за славните времиња кога огромната флота на Џенг Хе ја сечела морската шир.

a Ли е кинеска мерка за должина чија вредност се менувала низ вековите. Се смета дека во времето на Џенг Хе, еден ли изнесувал отприлика половина километар.

НЕКОИ ФАКТИ:

  • Од 1405 до 1433 год., флотата на династијата Минг под команда на Џенг Хе била на неколку епски патувања.

  • Флотата можеби броела 200 или повеќе бродови — воени и товарни бродови, танкери за вода, бродови за транспорт на коњи итн. На бродовите имало преку 27.000 морнари, владини службеници, војници, трговци, мајстори и др.

  • Сѐ до Втората светска војна, ниедна друга земја немала толку голема флота како таа на Џенг Хе. Неговите бродови минале низ пристаништата на Далечниот Исток и Индискиот Океан и стигнале сѐ до Источна Африка.

  • Тројца офицери на Џенг Хе напишале одделни извештаи за патувањата на кои биле и кои ни помагаат да дознаеме нешто повеќе за нивните патешествија.

Колку бродови имал Џенг Хе и колку биле големи?

[Слика]

Според историските записи од времето на династијата Минг, бродовите во флотата на Џенг Хе биле необично големи — долги околу 136 и широки околу 56 метри. За научниците, овие бројки претставуваат проблем и тешко е да се потврди нивната точност. Проблемот е во тоа што дрвени бродови со должина над 90 метри се нестабилни и небезбедни.

Во една статија на оваа тема пишува: „Сѐ укажува на тоа дека се работи за преувеличување кога во записите се спомнува огромната големина на бродовите“. Понатаму се вели: „Пореално е должината на бродовите да била меѓу 60 и 75 метри отколку 135 метри“. Како и да е, во 15 век, бродови со должина над 60 метри биле нешто невообичаено, а флотата на Џенг Хе имала 62 такви брода!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели