ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 76
  • На ручек кај еден фарисеј

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • На ручек кај еден фарисеј
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • На ручек кај еден фарисеј
    Исус — патот, вистината и животот
  • „Учете од мене“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Исус ги разоткрива своите противници
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • „Чувајте се од фарисејскиот квасец“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 76

Поглавје 76

На ручек кај еден фарисеј

ОТКАКО Исус им одговара на критичарите кои го оспоруваат изворот на неговата моќ со која излекувал еден човек кој не можел да зборува, еден фарисеј го поканува на ручек. Пред да јадат, фарисеите според ритуалот си ги мијат рацете до лактите. Тоа го прават пред и после јадење, дури и меѓу одделни јадења. Иако таа традиција не го прекршува Божјиот пишан Закон, ги преминува границите на она што го бара Бог во поглед на церемонијалната чистота.

Кога Исус пропушта да постапи според таа традиција, неговиот домаќин е изненаден. Иако тој можеби не го изразува своето изненадување со зборови, Исус сепак го забележува, и вели: „А вие фарисеи, однадвор ја чистите чашата и чинијата, а однатре сте полни со грабеж и злоба. Неразумни! Зарем оној кој ја создаде надворешноста, не ја создаде и внатрешноста?“

Така Исус го разоткрива лицемерството на фарисеите кои ритуално ги мијат рацете, но пропуштаат да го измијат своето срце од злоба. Тој советува: „Како дарови на милосрдност давајте го она што е однатре и, еве, сѐ друго во врска со вас е чисто“. Нивното давање треба да биде мотивирано од срце полно со љубов, а не од желба да ги импресионираат другите преправајќи се дека се праведни.

„Тешко вам, фарисеи“, продолжува Исус, „бидејќи давате десетти дел од нане и седеф и од секој друг зеленчук, а преминувате преку правдата и љубовта кон Бог! Ова бевте должни да го правите, но она другото да не го пропуштате.“ Божјиот Закон за Израел барал плаќање десеток, односно десетти дел од производите од полето. Нането и седефот се мали тревки или билки кои се употребуваат за зачинување на храната. Фарисеите внимателно плаќаат десетти дел дури и од такви безначајни тревки, но Исус ги осудува затоа што го занемаруваат поважното барање, имено, да покажуваат љубов, љубезност и да бидат скромни.

Осудувајќи ги понатаму, Исус вели: „Тешко вам фарисеи, бидејќи ги сакате првите седишта во синагогите и поздравувањата по пазариштата! Тешко вам, бидејќи сте како оние спомен-гробови кои не се забележливи, па луѓето одат по нив без да го знаат тоа!“ Нивната нечистота не се гледа. Религијата на фарисеите однадвор изгледа импресивно, но нема внатрешна вредност! Се темели на лицемерство.

Слушајќи ја таквата осуда, некој правник, еден од оние кои биле упатени во Божјиот Закон, се жали: „Учителе, кога го велиш тоа нѐ навредуваш и нас“.

Исус ги смета за одговорни и овие стручњаци за Законот, па им вели: „Тешко и вам кои сте упатени во Законот, бидејќи луѓето ги товарите со товари кои се тешки за носење, а самите ниту со прст не ги допирате тие товари! Тешко вам, бидејќи ги градите спомен-гробовите на пророците, а вашите прататковци ги убија!“

Товарите кои ги спомнува Исус се усните традиции, но овие правници не укинале ниту една најмала одредба за да им олеснат на луѓето. Исус открива дека тие дури го одобриле убиството на пророците, и предупредува: „,[Ќе] се бара од оваа генерација крвта на сите пророци која е пролиена од основањето на светот, од крвта на Авел па сѐ до крвта на Захарија, кој беше убиен меѓу олтарот и домот‘. Да, ви велам, таа ќе се бара од оваа генерација“.

Светот на човештвото, кое требало да се откупи, започнал кога на Адам и Ева им се родиле деца; што значи Авел живеел во времето на „основањето на светот“. После злобното убиство на Захарија, сириските сили ја опљачкале Јуда. Но Исус претскажува едно уште полошо пљачкање на неговата генерација поради нејзината поголема злоба. Тоа пљачкање се случува после 38 години, во 70 н.е.

Исус продолжува со својата осуда и вели: „Тешко вам кои сте упатени во Законот, бидејќи го одзедовте клучот на спознанието; самите не влеговте, а ги спречивте оние кои влегуваа!“ Стручњаците за Законот се должни да им ја објаснуваат Божјата реч на луѓето, разоткривајќи го нејзиното значење. Но, тие пропуштаат да го прават тоа, па дури и им ја одземаат на луѓето можноста да разберат.

Фарисеите и правните стручњаци се бесни на Исус бидејќи тој ги разоткрива. Кога ја напушта куќата, почнуваат жестоко да му се противат и да го опсипуваат со прашања. Се обидуваат да го намамат да каже нешто за што би можеле да го уапсат. Лука 11:37—54; Второзаконие 14:22; Михеј 6:8; 2. Летописи 24:20—25.

▪ Зошто Исус ги осудува фарисеите и стручњаците за Законот?

▪ Какви товари им ставаат правниците на луѓето?

▪ Кога било „основањето на светот“?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели