ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 80
  • Овчите трла и пастирот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Овчите трла и пастирот
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Добриот пастир и трлата
    Исус — патот, вистината и животот
  • Големо мноштво од вистински обожаватели — од каде дошло?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Каде да се најде утеха
    Учи од Големиот Учител
  • Исус се грижи за своите овци
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2018)
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 80

Поглавје 80

Овчите трла и пастирот

ИСУС дошол во Ерусалим за празникот Посветување, или Ханука, празник на кој се слави повторното посветување на храмот на Јехова. Околу 200 години пред тоа, во 168 пр.н.е., Антиох IV Епифан го освоил Ерусалим и го осквернил храмот и неговиот олтар. Меѓутоа, три години подоцна Ерусалим пак бил освоен, и храмот бил повторно посветен. После тоа, се одржувала годишна прослава на повторното посветување.

Овој празник, Посветување, се одржува на 25 хислев, еврејски месец кој според денешниот календар одговара на крајот на ноември и почетокот на декември. Така, остануваат нешто повеќе од сто дена до значајната Пасха во 33 н.е. Бидејќи во оваа сезона времето е ладно, апостол Јован го нарекува ‚зимно време‘.

Сега Исус користи една илустрација во која зборува за три овчи трла и за својата улога на Добар Пастир. Првото овчо трло за кое говори е идентификувано со уредувањето на сојузот на Мојсеевиот закон. Законот служел како ограда која ги одвојувала Евреите од расипаните постапки на оние луѓе кои не биле во посебен сојуз со Бог. Исус објаснува: „Вистина, вистина ви велам: Кој не влегува во овчото трло низ вратата, туку се качува на некое друго место, тој е крадец и пљачкаш. А оној кој влегува низ вратата е пастирот на овците“.

Други доаѓале и тврделе дека се Месијата, или Христос, но никој од нив не бил вистинскиот пастир за кого Исус понатаму вели: „Нему вратарот му отвора, и овците го слушаат неговиот глас, и тој ги вика своите овци по име и ги изведува . . . Странец никако нема да следат, туку ќе бегаат од него, зашто не го познаваат гласот на странците“.

„Вратарот“ на првото овчо трло бил Јован Крстител. Тој како вратар му ‚отворил‘ на Исус така што им го идентификувал на симболичните овци како оној кој ќе ги води на пасење. Овие овци кои Исус ги вика по име и ги води, подоцна се примени во друго овчо трло, како што и самиот објаснува: „Вистина, вистина ви велам: Јас сум вратата на овците“, односно вратата на едно ново овчо трло. Кога Исус го воспоставува новиот сојуз со своите ученици и кога на Пентекост од небото излива врз нив свет дух, тие се примени во ова ново овчо трло.

Објаснувајќи ја понатаму својата улога, Исус вели: „Јас сум вратата; кој ќе влезе низ мене, ќе биде спасен, и ќе влегува и ќе излегува и ќе најде пасиште . . . Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат во изобилие . . . Јас сум добриот пастир, и ги познавам моите овци и моите овци ме познаваат мене, како што Таткото ме познава мене и јас го познавам Таткото; и својата душа ја предавам во корист на овците“.

Неодамна, Исус ги утешил своите следбеници, велејќи им: „Не плаши се, мало стадо, зашто вашиот Татко нашол за добро да ви го даде царството“. Ова мало стадо, чиј конечен број е 144.000, влегува во ова ново, или второ овчо трло. Но, Исус понатаму забележува: „И други овци имам, кои не се од ова трло; и нив морам да ги доведам, и тие ќе го слушаат мојот глас, и ќе бидат едно стадо, еден пастир“.

Бидејќи ‚другите овци‘ „не се од ова трло“, сигурно се од некое трето трло. Овие последни две овчи трла, имаат различно одредиште. ‚Малото стадо‘ во едното трло ќе владее со Христос на небото, а ‚другите овци‘ во другото трло ќе живеат на рајската Земја. Но, иако се во две трла, овците не се љубоморни ниту, пак, се чувствуваат разделени, зашто како што вели Исус, тие „се едно стадо“ под „еден пастир“.

Добриот Пастир, Исус Христос, спремно го дава својот живот за обете трла овци. „Јас ја предавам [душата] на своја иницијатива“, вели тој. „Имам власт да ја предадам, и имам власт пак да ја примам. Оваа заповед ја примив од мојот Татко.“ Кога Исус го кажува ова, доаѓа до поделба меѓу Евреите.

Многумина од мноштвото велат: „Има демон и луд е. Зошто го слушате?“ Но, други одговараат: „Ова не се зборови на демонизиран човек“. Потоа, очигледно осврнувајќи се на приликата кога неколку месеци пред тоа излекувал човек кој бил слеп од раѓање, додаваат: „Зарем може демон да отвора очи на слепи?“ Јован 10:1—22; 9:1—7; Лука 12:32; Откровение 14:1, 3; 21:3, 4; Псалм 37:29.

▪ Што е празникот Посветување, и кога се слави?

▪ Што е првото овчо трло, и кој е неговиот вратар?

▪ Како вратарот му отвора на Пастирот, и каде подоцна се примаат овците?

▪ Кој ги сочинува двете трла на Добриот Пастир, и колку стада стануваат?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели