ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gf лекција 17 стр. 28-29
  • За да задржиш еден пријател, мораш ти да бидеш пријател

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • За да задржиш еден пријател, мораш ти да бидеш пријател
  • Ти можеш да бидеш Божји пријател!
  • Сличен материјал
  • Божјата љубов ќе трае засекогаш
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • Дали градиш на песок или на карпа?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Што значи љубовта кон Бог
    Зачувај ја Божјата љубов
  • „Ве нарекувам пријатели“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
Повеќе
Ти можеш да бидеш Божји пријател!
gf лекција 17 стр. 28-29

Лекција 17

За да задржиш еден пријател, мораш ти да бидеш пријател

Пријателството се темели на љубов. Колку повеќе учиш за Јехова толку поголема љубов ќе чувствуваш кон него. Како што ќе расте твојата љубов кон Бог така ќе расте и желбата да му служиш. Ова ќе те поттикне да станеш ученик на Исус Христос (Матеј 28:19). Придружувајќи ѝ се на среќната фамилија на Јеховини сведоци, ќе можеш засекогаш да го задржиш Божјето пријателство. Што мораш да сториш?

Мораш да ја покажеш својата љубов кон Бог така што ќе бидеш послушен на неговите закони. „Бидејќи љубовта кон Бога се состои во тоа: да ги пазиме заповедите Негови. А Неговите заповеди не се тешки“ (1. Јованово 5:3).

Применувај го она што го учиш. Исус раскажал една приказна која го илустрира ова. Еден мудар човек ја изградил својата куќа на камен. Еден глупав човек ја изградил својата куќа на песок. Кога дошла силна бура, куќата изградена на камен не се срушила, но куќата изградена на песок паднала со голем тресок. Исус рекол дека оние кои ги слушаат неговите поуки и ги вршат се како мудриот човек кој градел на камен. Но оние кои ги слушаат неговите поуки, а не ги вршат, се како глупавиот човек кој градел на песок. На кој човек би сакал да личиш ти? (Матеј 7:24—27).

Предание. Ова значи да му пристапиш на Јехова во молитва и да му кажеш дека сакаш да ја вршиш неговата волја засекогаш. Вршењето на Божјата волја покажува дека си ученик на Исус Христос (Матеј 11:29).

Крштавање. „Крсти се, и измиј ги своите гревови, повикувајќи го неговото име“ (Дела 22:16, NW).

Потполно вклучи се во служењето на Бог. „Што и да правите, работете на тоа со сета душа како за Јехова, а не за луѓето“ (Колосјаните 3:23, NW).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели