Лекција 8
Кои се Божјите непријатели?
Божјиот главен непријател е Сатана Ѓаволот. Тој е духовно суштество кое се побунило против Јехова. Сатана продолжува да се бори против Бог и им прави големи тешкотии на луѓето. Сатана е зол. Тој е лажливец и убиец (Јован 8:44).
И други духовни суштества му се придружиле на Сатана во побуната против Бог. Библијата ги нарекува демони. Како Сатана, и демоните им се непријатели на луѓето. Тие сакаат да ги повредуваат луѓето (Матеј 9:32, 33; 12:22). Јехова засекогаш ќе ги уништи Сатана и неговите демони. Ним им преостанува само кратко време за да им создаваат тешкотии на луѓето (Откровение 12:12).
Ако сакаш да бидеш Божји пријател, не смееш да го правиш она што Сатана сака да го правиш. Сатана и демоните го мразат Јехова. Тие му се непријатели на Бог и сакаат да те направат и тебе непријател на Бог. Мораш да избереш кому сакаш да му угодиш — на Сатана или на Јехова. Ако сакаш вечен живот, мораш да избереш да ја вршиш Божјата волја. Сатана има многу трикови и начини да ги мами луѓето. Повеќето луѓе се измамени од него (Откровение 12:9).