ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • hf тема 9 прашања 1-2
  • Служете му на Јехова како семејство

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Служете му на Јехова како семејство
  • Твоето семејство може да биде среќно
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • 1. ЗАЦВРСТИ ГО ПРИЈАТЕЛСТВОТО СО ЈЕХОВА
  • 2. УЖИВАЈТЕ ВО СЕМЕЈНОТО ПРОУЧУВАЊЕ
  • Помош за семејствата
    Нашата служба за Царството 2011
  • Што е Семејната вечер посветена на Јехова?
    Кој ја врши Јеховината волја денес?
  • Семејна вечер — како да ја направите поинтересна?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • „Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам“
    Приближи му се на Јехова
Повеќе
Твоето семејство може да биде среќно
hf тема 9 прашања 1-2
Брачен пар заедно ја проучува Библијата

ТЕМА 9

Служете му на Јехова како семејство

„Поклонете му се на оној што ги создаде небото и земјата“ (Откровение 14:7)

Како што можеше да видиш од оваа брошура, Библијата содржи многу совети што можат да ви помогнат тебе и на твоето семејство. Јехова сака да бидете среќни. Тој ветува дека, ако на прво место во животот го ставите него, сѐ друго „ќе ви се додаде“ (Матеј 6:33). Јехова многу сака да бидете блиски со него. Добро искористете ја секоја можност да го зајакнете своето пријателство со Бог. Тоа е најголемата чест што можеме да ја имаме (Матеј 22:37, 38).

1. ЗАЦВРСТИ ГО ПРИЈАТЕЛСТВОТО СО ЈЕХОВА

Сопруг и сопруга заедно проповедаат

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: „,Ќе ви бидам татко, а вие ќе ми бидете синови и ќерки,‘ вели Јехова“ (2. Коринќаните 6:18). Бог сака да бидеш близок пријател со него. Еден начин на кој можеш да го постигнеш тоа е молитвата. Јехова вели: „Молете се непрестајно“ (1. Солуњаните 5:17). Тој многу сака да му ги искажеш своите грижи и најдлабоки мисли (Филипјаните 4:6). Кога се молиш заедно со твоето семејство, тие гледаат дека за тебе Бог е реална личност.

Освен што треба да зборуваш со Бог, треба и да го слушаш. Тоа можеш да го правиш така што ќе ја проучуваш неговата Реч и библиските публикации (Псалм 1:1, 2). Длабоко размислувај за она што го читаш (Псалм 77:11, 12). Да го слушаш Бог значи и да присуствуваш редовно на христијанските состаноци (Псалм 122:1-4).

Друг важен начин да го зајакнеш твоето пријателство со Јехова е да им зборуваш на другите за него. Колку повеќе го правиш тоа, толку поблизок ќе стануваш со него (Матеј 28:19, 20).

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ:

  • Секој ден одвојувај време да ја читаш Библијата и да се молиш.

  • Како семејство, духовните работи ставете ги пред разонодата и рекреацијата.

2. УЖИВАЈТЕ ВО СЕМЕЈНОТО ПРОУЧУВАЊЕ

Еден татко се подготвува за проучувањето со своето семејство, а потоа заедно проучуваат

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: „Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам“ (Јаков 4:8). Треба да направите добар распоред за семејно проучување на Библијата и потоа да се држите за него (1. Мојсеева 18:19). Но, потребно е уште нешто. Бог мора да биде дел од вашето секојдневие. Зајакнете го пријателството со Бог што го имате како семејство така што ќе зборувате за него ‚кога седите во својата куќа и кога одите по пат, кога легнувате и кога станувате‘ (5. Мојсеева 6:6, 7). Постави си за цел да бидеш како Исус Навин, кој рекол: „А јас и мојот дом ќе му служиме на Јехова“ (Исус Навин 24:15).

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ:

  • Направи програма за проучување во која ќе ги земеш предвид потребите на секој член на семејството.

Мајка чита со своето синче; семејство одглумува библиски настан; татко проучува со својата ќерка

СРЕЌНИ СЛУГИ НА ЈЕХОВА

Најубавото нешто во животот е да му служиш на Јехова Бог. Тој се радува кога ти и твоето семејство искрено му служите. А како што минува времето, сигурно сѐ повеќе ќе ги покажувате неговите особини и ќе го сакате (Марко 12:30; Ефешаните 5:1). Ако Бог е вклучен во вашиот брак, врската со твојот сопружник ќе биде уште посилна (Проповедник 4:12; Исаија 48:17). Ти и твоето семејство можете да бидете среќни засекогаш бидејќи ‚ве благословил Јехова, вашиот Бог‘ (5. Мојсеева 12:7).

ПРАШАЈ СЕ...

  • Кога последен пат се молевме заедно со мојот брачен другар?

  • Што да проучуваме како семејство за да се зајакне нашата вера во Јехова?

АКО СИ СЕМЕЕН ПОГЛАВАР...

  • Не дозволувај ништо да ве спречи како семејство да учите за Бог.

  • Однапред кажи им на сите во семејството што ќе правите за да можат да се подготват.

  • Погрижи се да биде присутен секој член на семејството.

  • Нека владее пријатна атмосфера.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели