ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 1/6 стр. 16-17
  • Зошто треба да го користиме Божјето име?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто треба да го користиме Божјето име?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Сличен материјал
  • Божјето име
    Разбудете се! 2017
  • Кое е Божјето име?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
  • Зошто мораме да го знаеме Божјето име
    Божественото име кое ќе остане засекогаш
  • Дали го знаеш и користиш Божјето име?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 1/6 стр. 16-17

Учи од Божјата Реч

Зошто треба да го користиме Божјето име?

Во оваа статија се разгледани прашања за кои можеби си размислувал. Таа ќе ти покаже каде можеш да го најдеш одговорот во твојата Библија. На Јеховините сведоци ќе им биде мило да разговараат со тебе за овие прашања.

1. Зошто Бог има име?

Сигурно повеќе сакаш пријателите да ти се обраќаат по име отколку со некој друг збор, како на пример, „човеку“, „господине“, „госпоѓо“, „жено“ или со некаква титула. Името те издвојува како посебна личност од другите. Бог има многу титули, како што се ‚Севишен Господар‘, ‚Семоќен Бог‘ и „Величествен Творец“ (1. Мојсеева 15:2; 17:1; Проповедник 12:1). Но, тој има и име, кое ни го кажува за да можеме да изградиме близок однос со него. На македонски јазик Божјето име е Јехова. (Прочитај Исаија 42:8.)

Иако многу библиски преведувачи го замениле Божјето име со зборовите „Бог“ и „Господ“, тоа име во древните хебрејски текстови на Библијата се појавува речиси 7.000 пати. Јасно е дека Бог сака другите да го знаат неговото име. (Прочитај Исаија 12:4.)

2. Зошто е важно да го знаеме името на Бог?

Да го знаеме Божјето име опфаќа многу повеќе отколку само да знаеме да го изговориме. Да го познаваме Бог по име значи да бидеме блиски со него. Името Јехова значи „Оној што предизвикува да стане“. Тоа е гаранција дека Бог ќе стане сѐ што е потребно за да ја исполни својата намера. Луѓето што го знаат и го користат Божјето име се сигурни дека Бог ќе ги одржи сите свои ветувања (Псалм 9:10). Тие имаат доверба во него и тој им е најважен во животот. Јехова Бог ќе ги заштити овие луѓе. (Прочитај Псалм 91:14.)

3. Зошто Бог сака сите да го знаат неговото име?

Бог сака луѓето да го знаат неговото име затоа што тоа е за нивно добро. Така можат да се зближат со Него и да се надеваат дека ќе живеат вечно. Не е за изненадување што Јехова сака да им го кажуваме неговото име на другите! (Прочитај Јован 17:3; Римјаните 10:13, 14.)

Исус го објавувал Божјето име така што ги поучувал луѓето за Божјите патишта, закони и ветувања. И денес, следбениците на Исус продолжуваат на истиот начин да го објавуваат Божјето име низ целиот свет. Тоа го прават обединето, како „народ за [Божјето] име“. (Прочитај Дела 15:14; Јован 17:26.)

4. Како Бог ќе го прослави своето име?

Јехова Бог сака да го прослави своето име затоа што за него се кажуваат лаги. На пример, некои луѓе велат дека тој не нѐ создал и дека нема потреба да го слушаме. Други тврдат дека воопшто не се грижи за нас и дека е виновен за сите страдања. Овие луѓе го оцрнуваат Божјето име. Но, тоа нема да го прават вечно. Бог ќе ги уништи оние што не покажуваат почит кон неговото име. (Прочитај Псалм 83:17, 18.)

Јехова ќе го прослави своето име кога неговото Царство ќе им стави крај на сите човечки влади и ќе донесе мир и сигурност за целото човештво (Даниел 2:44). Наскоро, секој човек ќе знае дека Јехова е вистинскиот Бог. (Прочитај Езекиел 36:23; Матеј 6:9.)

Што треба да направиш ти? Зближи се со Бог така што ќе ја проучуваш неговата Реч и ќе се дружиш со оние што го сакаат. Кога ќе дојде време Јехова да го прослави своето име, ќе се сети на луѓето што верно му служеле (Малахија 3:16).

Нешто повеќе можеш да прочиташ во 1. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци

[Слика на страница 16]

Божјето име во еден древен хебрејски ракопис

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели