ПРЕДЛОГ ЗА ОВОЈ МЕСЕЦ
Предлози за лично проучување и за Семејната вечер
Ние го обожаваме Јехова кога се собираме заедно со другите на нашите состаноци, собири и конгреси, но и кога сме сами или заедно со нашето семејство. Еве неколку предлози за твоето лично проучување и за Семејната вечер:
Подготви се за собраниските состаноци. Исто така, би можел да ги вежбаш песните и да им помогнеш на сите во семејството да подготват коментар.
Читај некој библиски извештај. Потоа, нацртај слика од еден дел од тој извештај или запиши си нешто што си научил од него.
Прочитај некоја молитва што е запишана во Библијата и размисли како таа може да ти помогне да ги подобриш твоите молитви.
Гледај некој видеоклип на jw.org, а потоа разговарај за него со другите или запиши си што си научил.
Подготви се за службата на проповедање. Би можел да вежбаш некоја презентација со некој од семејството.
Набљудувај ги работите што ги создал Јехова и размислувај што учиш од нив за него.a
a Види ја статијата „Запознај го Јехова подобро преку она што го создал“, која излезе во Стражарска кула од март 2023.