ПРЕДЛОГ ЗА ОВОЈ МЕСЕЦ
Што може да ти помогне да ја читаш Библијата секој ден
Дали ти е тешко да ја читаш Божјата Реч секој ден бидејќи имаш многу обврски? (Ис. Нав. 1:8). Ако да, пробај еден од следниве предлози:
Стави си дневен потсетник. Намести си аларм на твојот електронски уред за да те потсети да ја читаш Библијата.
Чувај ја Библијата на видно место. Ако читаш од печатен примерок на Библијата, стави ја на место каде што секој ден можеш лесно да ја видиш (5. Мој. 11:18).
Слушај аудиоснимки. На некои јазици Библијата е достапна во аудио формат за да може да ги слушаме аудиоснимките додека извршуваме некои вообичаени секојдневни активности. Тара, една мајка која работи ноќна смена и служи како пионер, вели: „Тоа што слушам аудиоснимки од Библијата додека ги извршувам домашните обврски ми помага редовно да ја читам Библијата“.
Не се откажувај. Ако некои неочекувани околности ти го нарушат планот, прочитај барем неколку библиски стихови пред да си легнеш. Дури и по малку секој ден, може да ти користи многу (1. Пет. 2:2).