ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w25 Ноември стр. 28-29
  • Одржувај го „единството на духот“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Одржувај го „единството на духот“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ВИСТИНСКИ ТРУДЕТЕ СЕ „ДА ГО ОДРЖИТЕ ЕДИНСТВОТО“
  • Јехова го обединува своето семејство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Единството меѓу христијаните го слави Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Одржи единство во овие последни денови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Вистинско христијанско единство — како?
    Нашата служба за Царството 2003
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
w25 Ноември стр. 28-29
Група браќа и сестри уживаат во заеднички оброк во нечиј дом.

Одржувај го „единството на духот“

АПОСТОЛ Павле им го дал следниов поттик на христијаните во Ефес: „[Поднесувајте] се еден со друг со љубов, вистински трудејќи се да го одржите единството на духот, во мирот кој ве поврзува“ (Еф. 4:2, 3).

Единството што постои меѓу нас е плод „на духот“. Ова значи дека тоа е плод на Божјиот свет дух. Сепак, како што кажал Павле, нашето единство треба да се одржува. Кој треба да го одржува? Всушност, секој христијанин мора да го даде својот дел за се одржи „единството на духот“.

Да наведеме еден пример. Замисли дека некој ти подарува нова кола. Кој ќе биде одговорен за колата да се одржува во добра состојба? Одговорот е очигледен. Доколку колата се расипе затоа што ти не си ја одржувал, не можеш за тоа да го обвиниш оној кој ти ја подарил.

Слично на тоа, иако нашето христијанско единство е подарок од Бог, секој од нас има одговорност да го одржува. Ако не сме во добри односи со некој брат или сестра, тогаш треба да се прашаме: „Дали го давам својот дел за да се одржи единството во собранието?“

ВИСТИНСКИ ТРУДЕТЕ СЕ „ДА ГО ОДРЖИТЕ ЕДИНСТВОТО“

Како што спомнал Павле, понекогаш можеби ќе треба да вложиме голем труд за да го одржиме единството на духот. Ова особено може да биде случај ако нѐ навреди некој соверник. За да го зачуваме единството, дали секојпат кога некој ќе нѐ навреди треба да зборуваме за проблемот со тоа лице? Не мора да значи. Прашај се: „Ако го направам тоа, дали ќе се подобри ситуацијата или само ќе се влоши?“ Понекогаш можеби ќе биде подобро да преминеме преку тоа што се случило и да простиме (Изр. 19:11; Мар. 11:25).

Слики: Еден брат избира да премине преку една навреда. 1. Некој брат грубо зборува со него. 2. Тој размислува за она што му го сторил братот. 3. Тој ја чита Библијата и длабоко размислува за прочитаното.

Прашај се: „Ако го направам тоа, дали ќе се подобри ситуацијата или само ќе се влоши?“

Како што напишал апостол Павле, треба „[да се поднесуваме] еден со друг со љубов“ (Еф. 4:2). Во една книга пишува дека оваа фраза може да се преведе како „да ги прифатиме другите такви какви што се“. Тоа значи дека треба да го прифатиме фактот дека нашите браќа и сестри прават грешки исто како нас. Се разбира, ние се трудиме да ја облечеме „новата личност“ (Еф. 4:23, 24). Но, никој не може да го направи тоа совршено (Рим. 3:23). Ако го прифатиме овој факт, ќе ни биде полесно да се поднесуваме едни со други, да си простуваме, и со тоа да го одржуваме „единството на духот“.

Ако ги простиме и заборавиме работите со кои другите нѐ навредиле, ќе го зачуваме „мирот кој [нѐ] поврзува“. Грчкиот збор кој во Ефешаните 4:3 е преведен со „поврзува“, во фуснотата за Колошаните 2:19 е преведен со „лигаменти“. Лигаментите се жилесто сврзно ткиво во телото што ги поврзува коските со други коски. Слично на тоа, мирот, како и љубовта кон нашите браќа, ни помага да останеме блиски со нив и покрај разликите што постојат меѓу нас.

Според тоа, кога некој брат ќе те навреди, вознемири или изнервира, потруди се да имаш разбирање за него, наместо да го критикуваш (Кол. 3:12). Бидејќи сите луѓе се несовршени, веројатно и ти некого си повредил. Ако го имаш ова на ум, ќе ти биде полесно да го дадеш својот дел за да се одржи „единството на духот“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели