ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwyp статија 83
  • Како да не им попуштам на искушенијата?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да не им попуштам на искушенијата?
  • Младите прашуваат
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што треба да знаеш
  • Што можеш да направиш
  • Бори се со искушенијата
    Разбудете се! 2014
  • Извојувај победа над човечката слабост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Како да им одолеам на искушенијата?
    Разбудете се! 2008
  • Како да не им попуштам на искушенијата?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
Повеќе
Младите прашуваат
ijwyp статија 83
Еден младич се наоѓа на искушение додека поминува покрај двајца дечки што гледаат во електронски уред, покрај дечко и девојка и покрај една девојка што го одминува

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Како да не им попуштам на искушенијата?

Апостол Павле напишал: „Кога сакам да го правам она што е добро, злото е во мене“ (Римјаните 7:21). Дали и ти си се чувствувал така? Ако да, оваа статија ќе ти помогне да им се спротивставиш на искушенијата и да не им подлегнеш на погрешните желби.

  • Што треба да знаеш

  • Што можеш да направиш

  • Што велат други млади

Што треба да знаеш

Каде што има притисок од врсниците, обично има и искушенија. Всушност, Библијата вели дека „лошото друштво ги расипува добрите навики“ (1. Коринќаните 15:33). Притисокот од другите или, пак, од телевизијата и интернетот, може во твоето срце да разгори желби кои ќе те стават на искушение да постапиш погрешно, па дури и да те натера да се поведеш „по мнозинството за да правиш зло“ (2. Мојсеева 23:2).

„Тоа што сакаш да бидеш прифатен од другите може да те наведе да правиш сѐ што прават тие, само за да им се допаднеш“ (Џереми).

Размисли: Зошто може да ти биде потешко да се спротивставиш на некое искушение ако ти е премногу важно што мислат другите за тебе? (Изреки 29:25).

Заклучок: Не дозволувај притисокот од врсниците да те наведе да ги спуштиш своите мерила.

Што можеш да направиш

Држи се цврсто за своите уверувања. Ако немаш цврсто изградени ставови, би можел да станеш како марионета во рацете на другите. Многу подобро е да го послушаш библискиот совет: „Сѐ испитувајте за да се уверите во тоа, држете се за она што е добро“ (1. Солуњаните 5:21). Ако си сигурен дека она во што веруваш е за твое добро, тогаш ќе ти биде полесно да се држиш за своите уверувања и да му се спротивставиш на искушението да ги погазиш.

Размисли: Зошто сметаш дека Божјите морални мерила се за твое добро?

„Сфатив дека другите повеќе ме почитуваат кога цврсто се држам за моите уверувања и кога не попуштам на искушенијата“ (Кимберли).

Библиски пример: Даниел. Веројатно, додека уште бил многу млад, Даниел одлучил во своето срце да им биде послушен на Божјите закони (Даниел 1:8).

Еден младич виси на конци како марионета

Ако немаш свој став, можеш да станеш нечија марионета

Биди свесен за своите слаби точки. Библијата зборува за „желбите на младоста“, кои се особено силни (2. Тимотеј 2:22). Овој израз не се однесува само на сексуалните нагони туку и на желбата да бидеш прифатен од другите и самостојно да донесуваш одлуки уште пред да бидеш спремен за тоа.

Размисли: Библијата вели дека „секого го искушува неговата желба, така што го привлекува и го мами“ (Јаков 1:14). Која желба тебе ти е најголемо искушение?

„Признај си искрено на кои искушенија би можел најлесно да паднеш. Најди статии што ќе ти помогнат да се бориш против нив, и запиши си некои мисли што ќе ти користат. На тој начин, кога следен пат ќе се најдеш пред искушение, ќе знаеш како да му се спротивставиш“ (Силвија).

Библиски пример: Давид. Понекогаш тој попуштал на притисокот од другите, па дури и на сопствените желби. Сепак, учел од своите грешки и се трудел да се подобри. Во молитва, Давид му рекол на Јехова: „Создај во мене чисто срце, Боже, и стави во мене нов, постојан дух“ (Псалм 51:10).

Преземи ги работите во свои раце. Библијата вели: „Не дозволувај да те надвладее злото“ (Римјаните 12:21). Ова значи дека ти можеш да се избориш со искушението. Од тебе зависи како ќе постапиш.

Размисли: Како можеш да ги преземеш работите во свои раце и да постапиш исправно кога си на искушение да направиш нешто погрешно?

„Размислувам како ќе се чувствувам ако попуштам на некое искушение. Ќе ми биде ли убаво? Можеби, но само кратко. А ќе се чувствувам ли убаво на долги патеки? Не, ќе ми биде полошо. Тогаш, дали вреди да попуштам? Не!“ (Софија).

Библиски пример: Павле. Иако признал дека има лоши склоности, Павле не дозволил тие да управуваат со него. Тој напишал: „Го тепам своето тело и го држам во покорност како роб“ (1. Коринќаните 9:27).

Заклучок: Ти одлучуваш како ќе постапиш кога ќе се најдеш на искушение.

Имај на ум дека искушенијата се привремени. „Многу од работите што ми претставуваа големо искушение во средно училиште, сега ништо не ми значат“, вели Мелиса (20). „Кога размислувам за ова, сфаќам дека и сегашните искушенија ќе поминат и дека, кога еден ден ќе помислам на нив, ќе бидам среќна што не сум им попуштила“.

Што велат други млади

Оливија

„Тоа што сум решена храбро да ги бранам моите уверувања ми помага да се спротивставам на искушенијата. На пример, кога еднаш ќе одлучам да не направам нешто, цврсто си стојам на таа одлука. Не се премислувам и не дозволувам одлуките на другите да влијаат врз мене“ (Оливија).

Џеред

„Тинејџерите се под силен притисок да одат по забави и да ги прават сите работи што се прават таму — да пијат алкохол, да земаат дрога и да имаат сексуални односи. Многу ми помага тоа што отворено зборувам со родителите за овие работи. Исто така, бидејќи слободното време обично ми е испланирано, не ми паѓа на памет да правам нешто погрешно“ (Џеред).

Маја

„Најтешко ми е да задржам цврст став за работи кои за другите можеби се во ред, но за мене се погрешни, на пример, во поглед на забавата. За да се спротивставиш на таквиот притисок, мора да имаш цврсто изградени ставови, а за тоа е потребно време и искуство“ (Маја).

Џулијан

„Кога станува збор за искушенијата, мора да си искрен со себеси. Мора да претпоставиш каде на интернет би можел да наидеш на искушувачки, неморални содржини, и треба да знаеш што да правиш ако се случи такво нешто. Мора однапред да смислиш план за да не попуштиш на искушението“ (Џулијан).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели