Наум
1 Објава против Ниневија:+ Книга на видението на Наум од Елкош:
2 Јехова е Бог кој бара да му се покажува оддаденост само нему+ и Бог кој се одмаздува. Јехова се одмаздува+ и готов е да се разбесни.+ Јехова им се одмаздува на своите противници+ и се гневи на своите непријатели.+
3 Јехова е бавен на гнев+ и има огромна моќ.+ Јехова нема да се воздржува да казни.+
Во разорен ветар и во бура е патот негов, а облаците се како прав под нозете негови.+
4 Кога ќе му се закани на морето,+ тоа пресушува, сите реки тој ги исушува.+
Васан и Кармил овенаа,+ а овена и цветот на Ливан.
5 Поради него планините се тресат, ридовите се топат.+
И земјата ќе се подигне поради неговото лице, и земната почва* и сите што живеат на неа.+
6 Кој може да опстане пред неговата осуда?+ И кој може да се спротивстави на жестокоста на неговиот гнев?+
Неговата јарост ќе се излее како оган,+ и карпите ќе се урнат поради него.
7 Јехова е добар.+ Тој е тврдина+ во ден на неволја.+
Внимава на оние што бараат прибежиште кај него.+
8 Со поплава што носи сѐ тој ќе го уништи потполно нејзиното место,+ и темнина ќе ги прогонува неговите непријатели.+
9 Што ќе смислите против Јехова?+ Тој потполно уништува.
Неволјата нема да се подигне по втор пат.+
10 Иако се испреплетени како трње+ и пијани како од пијалак,*+ ќе бидат проголтани како суво стрниште.+
11 Од тебе ќе излезе оној што кове зло против Јехова,+ оној што го смислува она што не чини.+
12 Вака вели Јехова: „Макар што се во полна сила и многубројни, сепак ќе бидат покосени,+ напаѓачот ќе продре во нивните редови. Така ќе ти нанесам неволја што никогаш повеќе не ќе треба да ти ја нанесувам.+ 13 А сега ќе го скршам јаремот што ти го ставил+ и ќе ги раскинам оковите што се на тебе.+ 14 А за тебе Јехова заповеда: ‚Името твое никогаш повеќе нема да има потомство.+ Од куќата на твоите богови ќе ги истребам режаните ликови и леаните статуи.+ Ќе ти направам гроб,+ зашто си презрен‘.
15 Еве, на планините се нозете на оној што носи добра вест, на оној што објавува мир.+ Празнувај ги своите празници, Јудо!+ Исполнувај ги своите завети,+ зашто расипан човек нема повеќе да поминува низ тебе.+ Ќе биде потполно уништен“.+
2 Оној што растерува се појави пред твоето лице.+ Чувај го утврденото место! Внимавај на патот! Подготви се за бој! Собери ја сета своја сила!+
2 Зашто, Јехова ќе ја обнови гордоста на Јаков,+ како што ја обнови гордоста на Израел, зашто пустошници ги опустошија нив+ и ги запустија нивните фиданки.+
3 Штитот на неговите јунаци е црвен, неговите храбри мажи се облечени во пурпур.+ Како оган блеска железото на бојните коли во денот кога се подготвува за бој. Борците замавнуваат со копјата.* 4 Бојните коли лудо возат по улиците.+ Јурат горе-долу по плоштадите. Личат на факли. Трчаат како молњи.+
5 Тој ќе се сети на своите јунаци.+ Тие ќе се сопнуваат додека одат.+ Ќе брзаат кон нејзинот ѕид, но веќе ќе биде поставена препрека. 6 Портите на реките ќе се отворат, и палатата ќе се урне. 7 Така е одредено. Таа е разоткриена. Ќе биде одведена во заробеништво,+ а нејзините робинки ќе тагуваат, пуштајќи глас како гулаби+ и удирајќи се по срце.+ 8 Уште од самиот почеток, Ниневија+ беше како езеро полно со вода;+ но сега тие бегаат. „Застанете! Застанете!“ Но никој не се завртува.+
9 Пљачкајте сребро, пљачкајте злато!+ На скапоцените работи им нема крај. Драгоцености од секаков вид има во изобилство.+
10 Празнина, ништожност и опустошен град!+ Срцето се топи,+ колената се тресат,+ сите бедра се во силни болки,+ на сите им се чита тегоба на лицето.+ 11 Каде е дувлото на лавовите и пештерата на младите лавови, каде што лавот одеше и каде што влегуваше,+ каде што беа лавчињата и каде што никој не ги плашеше?+ 12 Лавот раскинуваше доволно плен за своите младенчиња, го давеше за своите лавици. Своите дупки ги полнеше со плен и своите скривалишта со растргнати животни.+
13 „Еве, доаѓам против тебе“, вели Јехова над војските,+ „и ќе ја изгорам нејзината бојна кола.+ Меч ќе ги проголта твоите млади лавови.+ Ќе го истребам од земјата твојот плен и никогаш повеќе нема да се слуша гласот на твоите гласници.“+
3 Тешко му на крволочниот град!+ Полн е со измама и грабеж! Никогаш не е без плен! 2 Се слуша бич+ и трескот на тркала, коњите јурат, колите потскокнуваат.+ 3 Коњаник на коњ, пламен од меч, блесок на копје,+ мноштво убиени, купишта трупови, на мртвите тела им нема крај. На мртвите тела се сопнуваат — 4 поради многуте блудствувања на блудницата,+ која привлекува со својот шарм, вештата гатачка, која со својот блуд ги фаќа во замка народите, и со своето гатање+ — племињата.
5 „Еве, доаѓам против тебе“,+ вели Јехова над војските. „Преку лице ќе ти го кренам здолништето и ќе им ја покажам на народите твојата голотија,+ и на царствата — твојот срам. 6 Ќе фрлам на тебе гадотии+ и ќе те изложам на презир. Од тебе ќе направам страшна глетка.+ 7 И секој што ќе те види, ќе побегне од тебе+ и ќе рече: ‚Ниневија е опустошена! Кој ќе ја сожали?‘ Каде да ти најдам тешители? 8 Зар си подобра од Но-Амон,+ кој седеше на нилските канали?+ Водите беа насекаде околу него, неговото богатство беше морето, ѕид му беше морето. 9 Етиопија* му беше целата негова моќ, а и Египет+ — сила безгранична. Фут и Либијците му беа помошници.+ 10 И тој мораше да оди во изгнанство, отиде во ропство.+ Децата му беа здробени по аглите на сите улици,+ за неговите славни луѓе фрлаа ждрепка+ и сите негови големци се оковани во вериги.+
11 И ти ќе се опиеш,+ ќе бидеш скриена.+ И ти ќе бараш засолниште од непријателот.+ 12 Сите твои тврдини се како смокви со првите зрели плодови. Ако ги затресат, ќе му паднат в уста на оној што сака да ги јаде.+
13 Гледај, луѓето во тебе се како жени.+ На твоите непријатели ќе им бидат отворени портите на твојата земја. Оган ќе ги проголта твоите резиња.+ 14 Нацрпи си вода за опсадата.+ Зацврсти ги своите тврдини.+ Влези во калта и гази глина! Земи в раце калап за тули! 15 И таму оган ќе те проголта. Меч ќе те исече.+ Ќе те проголта како да е млад скакулец.+ Намножи се како младите скакулци, намножи се како скакулците. 16 Ги намножи своите трговци, побројни се од ѕвездите на небото.+
А младиот скакулец ја свлекува својата кожа и потоа одлетува. 17 Твоите стражари се како скакулци и оние што ја собираат војската се како рој скакулци. Во камени трла логоруваат во студен ден. А кога сонцето ќе огрее, се разлетуваат, и не се знае на кое место се.+
18 Твоите пастири се дремливи,+ царе асирски, твоите јунаци остануваат во своите живеалишта.+ Твојот народ се распрсна по планините и нема кој да го собере.+ 19 Нема лек за твојата пропаст. Твојата рана е неизлечлива.+ Сите што ќе ги чујат вестите за тебе ќе плескаат со рацете ликувајќи над тебе,+ зашто кого уште не го стигнуваше твојата злоба?“+
Буквално: „плодното тло“.
Или: „пченично пиво“.
Буквално: „се тресат смреките“, фигуративен израз за копја направени од смреково дрво.
Хебрејски: „Хус“.