Авакум
1 Објавата која пророкот Авакум ја виде во видение: 2 До кога, Јехова, ќе викам за помош, а ти нема да слушаш?+ До кога ќе те викам на помош поради насилството, а ти нема да спасиш?+ 3 Зошто ме тераш да гледам зло и зошто гледаш неволја? Зошто се пљачката и насилството пред мене, зошто настануваат препирки и зошто избиваат караници?+
4 Затоа законот ја губи силата и правдата никогаш не излегува на видело.+ Бидејќи злите го опкружуваат праведникот, правдата се искривува.+
5 „Погледнете ги народите! Набљудувајте и гледајте се зачудено!+ Чудете се, зашто во ваши денови се извршува дело во кое не би поверувале дури и кога некој би ви зборувал за него!+ 6 Зашто, еве, ги подигам Халдејците,+ народ суров и жесток, кој минува низ земните пространства за да си присвои живеалишта што не му припаѓаат.+ 7 Страшен е и морничав. Неговата правда и неговото достоинство доаѓаат од самиот него.+ 8 Неговите коњи се побрзи од леопарди и посвирепи од ноќните волци.+ Бојните коњи удираат со копитата по земјата и неговите бојни коњи доаѓаат оддалеку. Летаат како орел кога брзо се спушта врз пленот за да го голтне.+ 9 Сиот тој народ доаѓа за да врши насилство.+ Надоаѓаат нивните лица силно како источен ветар+ и собираат заробеници како песок. 10 Тој народ се подбива со цареви, и им се потсмева на владетели.+ Тој му се смее на секое утврдено место,+ насипува земја и го освојува. 11 Во тоа време ќе профучи како ветар, ќе помине и ќе биде виновен.+ Таа сила му е од неговиот бог.“+
12 Не си ли ти од дамнина, Јехова?+ Боже мој, Светецу мој, ти не умираш!+ Јехова, ти го одреди него за да изврши суд! Карпо,+ го постави да казнува!+
13 Твоите очи се пречисти за да го гледаш злото, ти не можеш да гледаш неволја.+ Зошто ги гледаш оние што постапуваат предавнички+ и молчиш кога злобниот го проголтува поправедниот од себе?+ 14 И зошто ги правиш луѓето да бидат како рибите морски, како лазачите над кои не владее никој?+ 15 Непријателот ги извлекува сите нив со јадица,+ ги влече со својата мрежа, ги собира во својата рибарска мрежа.+ Затоа се радува и е весел.+ 16 Затоа ѝ принесува жртва на својата мрежа и ѝ гори приноси на својата рибарска мрежа, зашто тие му носат бирано јадење и здрава храна.+ 17 Ќе ја испразни ли поради тоа својата мрежа? Мора ли постојано да ги убива народите без милост?+
2 На своето стражарско место ќе стојам+ и на бедемот ќе застанам. Ќе внимавам+ да видам што ќе каже преку мене+ и што ќе му одговорам кога ќе ме укори.+
2 И Јехова ми одговори: „Запиши го видението и читливо забележи го на плочки+ за читателот да може течно да го чита на глас.+ 3 Зашто, тоа видение ќе се исполни во времето што е одредено за него.+ Видението брза кон крајот и нема да излаже. Дури и да се забави, чекај го, зашто бездруго ќе се исполни.+ Нема да задоцни.
4 Види го човекот кому душата му е надуена од гордост.+ Таа не е справедлива во него.* А праведникот ќе остане жив поради својата верност.+ 5 Навистина, виното е измамничко,+ па човек се вообразува.+ Нема да ја достигне својата цел+ оној што својата душа ја шири како гроб,* кој е како смртта и не може да се насити.+ Кај себе ги собира сите народи и сите племиња.+ 6 Зар нема сите тие да шират за него подбивни прикаски,*+ зајадливи забелешки и злобни измислици? И ќе речат:
‚Тешко на оној што го умножува она што не е негово+ — до кога така?+ — и си натоварува долг! 7 Нема ли ненадејно да станат оние што бараат камата од тебе, и да се разбудат оние што силно те тресат, па да им станеш плен?+ 8 Поради тоа што ограби многу народи, останатите од народот ќе те ограбат тебе,+ затоа што пролеваше човечка крв и вршеше насилство над земјата, над градот и над сите што живеат во него.+
9 Тешко на оној што на злобен начин стекнува добивка за својата куќа+ за да го постави своето гнездо на високо, за да се избави кога ќе го притисне злото.+ 10 Си смислил срам за својата куќа, истребување на многу народи.+ Твојата душа греши.+ 11 Зашто, каменот жалосно ќе вика од ѕидот и гредата ќе му одговара од покривот.+
12 Тешко на оној што гради град со крвопролевање и цврсто утврдува населба со неправда!+ 13 Еве, не е ли од Јехова над војските тоа што народите се трудат само за оган и племињата напразно се изморуваат?+ 14 Зашто, земјата ќе биде полна со знаење за Јеховината слава како што морето е полно со вода.+
15 Тешко на оној што им дава на своите ближни да пијат и на пијалакот му го додава својот бес и гнев за да ги опие,+ па да ја гледа нивната голотија.+ 16 Ќе се наситиш со срам наместо со слава.+ Пиј и ти,+ и биди како необрежан!+ Чашата во Јеховината десница ќе се сврти кон тебе+ и срамот ќе дојде врз твојата слава. 17 Зашто, врз тебе ќе дојде насилството што му е направено на Ливан+ и колежот извршен над исплашените ѕверови, поради пролевањето на човечка крв и поради насилството што ѝ е направено на земјата,+ на градот и на сите што живеат во него.+ 18 Од каква корист е режаниот лик+ откако ќе го изреже занаетчијата, леаната статуа и учителот што поучува лаги,+ па оној што го направил толку се надева на него+ што прави безвредни неми богови?+
19 Тешко на оној што на парчето дрво му вели: „Разбуди се!“ — и на немиот камен: „Стани!“ А тие велат: „Тој ќе поучува!“+ Гледај, обложени се со злато и сребро,+ но во нив нема никаков здив.+ 20 А Јехова е во својот свет храм.+ Молчи пред него, цела земјо!‘ “+
3 Молитва на пророкот Авакум во вид на тажачка: 2 О Јехова, чув за сѐ што си направил.+ Се исплашив, Јехова, од твоите дела.+
Среде овие години, оживеј ги! Среде овие години, објави ги! Во гневот сети се да покажеш милосрдие!+
3 Бог дојде од Теман, Светецот пристигна од планината Фаран.+ (Села)*+
Славата негова ги покри небесата+ и земјата се исполни со неговата фалба.+
4 Неговиот сјај беше како сончевата светлина.+ Два зрака излегуваа од неговата рака, таму се криеше неговата сила.+
5 Пред него одеше помор,+ а силна треска одеше по него.+
6 Застана за да ја затресе земјата.+ Погледна, и народите се стресоа.+
Вечните планини се распаднаа,+ вековните ридови се снижија.+ Тоа се неговите патишта од дамнина.
7 Видов зло над хусанските шатори. Се затресоа+ шаторските платна во мадијамската земја.+
8 Јехова, дали твојот гнев беше против реките? Дали твојот гнев пламна против реките,+ или твојата јарост беше против морето?+ Зашто, ти јаваше на своите коњи,+ твоите коли донесоа спасение.+
9 Лакот твој е откриен и гол.+ Заклетвите на племињата се изречени.+ (Села) Со реки ја раздвои земјата.+
10 Планините те видоа и тешки болки ги обзедоа.+ Поројни дождови навалија. Водната бездна го пушти својот глас.+ Високо ги крена своите раце.
11 Сонцето и месечината застанаа+ во своето возвишено живеалиште.+ Како светлина летаа твоите стрели.+ Блесокот на твоето копје даваше светлина.+
12 Чекореше низ земјата носејќи осуда. Во гнев ги вршеше народите како да се жито.+
13 Излезе за да го спасиш својот народ,+ за да го спасиш својот помазаник. Го сотре поглаварот од куќата на злобниот,+ а таа е уништена од темел до покрив.+ (Села)
14 Со неговите копја им ги прободе+ главите на неговите воини кога се спуштија како виор за да ме разбијат.+ Многу се радуваа, небаре ќе го голтнат несреќникот што е на скришно место.+
15 Со своите коњи газеше низ морето, низ поројот од големи води.+
16 Го чув тоа, и мојата утроба се вознемири. На тој звук затреперија моите усни, гнилеж ги зафати моите коски,+ и сето тоа ме вознемири. А јас, сепак, мирно ќе го чекам денот на неволјата,+ кога тој ќе дојде да го нападне народот.+
17 Макар и смоквата да не процвета+ и да нема род на лозата, макар и маслинката да не даде род и нивите* да не даваат храна,+ макар и да ги снема овците од трлото и да нема говеда во оборите,+
18 јас сепак ќе му се радувам на Јехова,+ ќе се веселам поради Богот на моето спасение.+
19 Јехова, Севишниот Господар, е мојата сила,+ тој ќе ми даде нозе како на срна+ и ќе ми даде да одам по моите височинки.+
За управителот, во придружба на моите жичени инструменти.
Според Септуагинтата (LXX), првиот дел од стихот гласи: „Ако некој се повлече, не е по волја на мојата душа“. Види Ев 10:38.
Буквално: „шеол“.
Буквално: „изреки (пословици)“.
„Села“ — хебрејски израз кој се користел во музиката или при рецитација; точното значење не е познато.
Или: „терасите; терасовидните ниви“.