Софонија
1 Јеховината реч која му дојде на Софонија, синот на Хуси, син на Годолиј, син на Амарија, син на Езекија, во деновите на Јосија,+ синот на Амон,+ царот на Јуда:
2 „Сѐ ќе истребам од лицето на земјата“, вели Јехова.+
3 „Ќе ги истребам луѓето и животните.+ Ќе ги истребам птиците небесни и рибите морски,+ и секој камен за спрепнување заедно со злите.+ Ќе ги истребам луѓето од лицето на земјата“,+ вели Јехова. 4 „Ќе дигнам рака на Јуда и на сите жители на Ерусалим,+ и ќе го истребам од ова место остатокот на Ваал,+ името на свештениците на туѓите богови заедно со другите свештеници,+ 5 и оние што на покривите ѝ се поклонуваат на небесната војска,+ и оние што се поклонуваат+ и се заколнуваат во Јехова+ и во Малхам,+ 6 и оние што отстапуваат од Јехова,+ кои не го бараат Јехова, ниту го прашуваат за совет.“+
7 Замолкнете пред Севишниот Господар Јехова!+ Јеховиниот ден е близу,+ зашто Јехова подготви жртва,+ ги повика*+ оние што ги покани.
8 „Во денот на Јеховината жртва ќе ги казнам кнезовите и царските синови+ и сите што носат туѓинска облека.+ 9 И во тој ден ќе ги казнам сите што се качуваат на возвишено место,* оние што куќата на своите господари ја полнат со насилство и со измама.+ 10 Во тој ден“, вели Јехова, „ќе се дигне викотница од Рибната Порта,+ и горко плачење од новиот дел на градот*+ и силен тресок од ридовите.+ 11 Плачете+ горко, жители на Мактес,* зашто е погубен* сиот трговски народ,+ истребени се сите што мерат сребро.
12 И во тоа време ќе го пребарам Ерусалим со светилки+ и ќе ги казнам луѓето кои се како вино што лежи на својот талог+ и велат во своето срце: ‚Јехова нема да направи ни добро ни лошо‘.+ 13 Нивното богатство ќе биде опљачкано и нивните куќи ќе бидат опустошени.+ Тие ќе градат куќи, но нема да живеат во нив,+ ќе садат лозја, но нема да го пијат нивното вино.+
14 Близу е+ големиот ден+ на Јехова. Близу е и доаѓа многу брзо.+ Горчлив е гласот на денот на Јехова.+ Тогаш ќе вика јунакот.+ 15 Тој ден е ден на гнев, ден на неволја и мака,+ ден на бура и пустошење, ден на темнина и мрак,+ ден на облаци и густа темнина, 16 ден кога ќе се огласи рогот и ќе се чуе воен вик+ против утврдените градови и против високите аголни кули.+ 17 И ќе пуштам неволја врз луѓето, па ќе одат како слепци,+ зашто му згрешија на Јехова.+ И нивната крв ќе се пролее како прашина,+ и нивната утроба како ѓубре.+ 18 Ни нивното сребро ни нивното злато не ќе може да ги избави во денот на Јеховиниот гнев.+ Огнот на неговата ревност ќе ја проголта целата земја,+ зашто тој со страшно истребување ќе ги истреби сите што живеат на земјата.“+
2 Собери се, собери се+ народе што немаш срам!+ 2 Пред да се изврши пресудата,+ пред да помине денот како плева на ветар, пред да дојде на вас распламтениот гнев на Јехова,+ пред да дојде на вас денот на Јеховиниот гнев,+ 3 барајте го Јехова,+ сите кротки на земјата,+ кои го извршувате неговиот закон! Барајте ја праведноста,+ барајте ја кроткоста,+ и веројатно* ќе бидете заштитени+ во денот на Јеховиниот гнев.+ 4 Зашто, Газа ќе биде напуштена,+ Аскалон ќе биде претворен во пустош.+ Азот+ ќе биде протеран напладне,+ а Екрон ќе го откорнат од корен.+
5 „Тешко на жителите на приморскиот крај, на народот херетејски!+ Еве ја Јеховината реч против вас! Ханаане, земјо на Филистејците, ќе те уништам, без жители ќе те оставам!+ 6 Приморскиот крај ќе стане пасиште+ со бунари за овчарите и со камени трла за овците. 7 И тој крај ќе им припадне на преостанатите од домот на Јуда.+ Тие таму ќе најдат пасиште. Во куќите на Аскалон ќе се одмораат навечер, зашто Јехова, нивниот Бог, ќе ги погледне нив+ и ќе ги врати нивните заробеници.“+
8 „Ги чув потсмевањето на Моав+ и навредливите зборови на синовите на Амон+ со кои го срамотеа мојот народ и дрско ѝ се закануваа на неговата земја. 9 Затоа, како што сум жив јас,“+ вели Јехова над војските, Богот на Израел, „Моав ќе стане како Содом,+ а синовите на Амон+ како Гомор, место обрастено со коприви, јама полна со сол, пустош за навек.+ Преостанатите од мојот народ ќе ги опљачкаат, и остатокот од мојот народ ќе ги освои.+ 10 Тоа ќе го добијат за својата гордост,+ зашто го срамотеа народот на Јехова над војските и дрско му се закануваа.+ 11 Јас, Јехова, ќе ги исполнам со страв,+ зашто сите земни богови ќе ги направам немоќни,+ и мене ќе ми се поклонуваат луѓето,+ секој од своето место, сите острови* на народите.+
12 И вие, Етиопјани,+ вие ќе бидете погубени со мојот меч.“+
13 „Бог ќе ја дигне својата рака кон север и ќе ја уништи Асирија.+ Ниневија ќе ја претвори во пустош,+ во крај безводен како пустина. 14 И среде неа ќе лежат стада, секакви земски диви животни.+ И пеликан и бодликаво прасе+ ќе ноќева меѓу главите* на нејзините столбови.+ Глас ќе пее на прозорецот. Пустошењето ќе биде на прагот, зашто ќе ја симне дрвената облога.+ 15 Тоа е оној весел град што живееше без страв,+ кој во своето срце велеше: ‚Јас, и никој друг!‘+ Во каква ужасна глетка се претвори, во почивалиште на дивите животни! Секој што ќе помине покрај него ќе потсвирнува од зачуденост и ќе мавта со раката.“+
3 Тешко на бунтовниот, извалкан, насилнички град!+ 2 Не слуша глас,+ не прифаќа поука.+ На Јехова не се надева.+ На својот Бог не му се приближува.+ 3 Неговите кнезови среде него се како разрикани лавови.+ Неговите судии се волци вечерни, кои до утрото ќе ги изглодаат сите коски.+ 4 Неговите пророци се дрски луѓе, неверни.+ Неговите свештеници го осквернуваат она што е свето, го кршат законот.+ 5 Јехова е праведен среде него,+ не врши неправда.+ Секое утро ја објавува својата правда,+ и в зори таа не изостанува.+ Но неправедникот не знае за срам.+
6 „Ги истребив народите, аголните кули им се разурнати. Ги опустошив нивните улици, никој не поминува по нив. Нивните градови се разорени, во нив нема луѓе, нема жители.+ 7 Реков: ‚Сега ќе се боиш од мене, ќе ја прифатиш мојата поука‘.+ Да постапеше така, живеалиштето немаше да му биде уништено.+ А сега морам од него да барам сметка за сите негови гревови.+ Ни малку не се двоумеа да прават зло во сѐ.+
8 ‚Затоа, чекајте ме‘,+ вели Јехова, ‚до денот кога ќе се кренам заради плен,+ зашто мојата одлука е да ги соберам народите,+ да ги соберам царствата за да ја излеам врз нив својата осуда,+ сиот свој распламтен гнев, зашто огнот на мојата ревност ќе ја проголта целата земја.+ 9 Зашто, тогаш ќе го променам јазикот на народите во чист јазик+ за да го повикуваат сите името на Јехова+ и да му служат сложно.‘*+
10 Од подрачјето на етиопските* реки ќе ми донесат дар оние што ми се молат, мојот расеан народ.+ 11 Во тој ден нема да се срамиш поради сите свои дела со кои ми згреши,+ зашто тогаш од твојата средина ќе ги отстранам вообразените фалбаџии,+ и никогаш повеќе нема вообразено да се издигнуваш на мојата света гора.+ 12 И во твојата средина ќе оставам народ понизен и скромен,+ кој ќе најде засолниште во името на Јехова.+ 13 Останатите од Израел+ нема да вршат неправда,+ нема да кажуваат лаги,+ ниту ќе се најде препреден јазик во нивната уста,+ зашто тие ќе пасат и ќе лежат,+ и никој нема да ги плаши.“+
14 Викај од радост, ќерко сионска! Викај од веселба,+ Израеле! Радувај се и весели се од сѐ срце, ќерко ерусалимска!+ 15 Јехова ја тргна осудата од тебе.+ Го истера твојот непријател.+ Јехова, царот на Израел, е во твојата средина.+ Нема повеќе да се плашиш од несреќа.+ 16 Во тој ден, на Ерусалим ќе му речат: „Не плаши се, Сионе.+ Нека не ти премалат рацете!+ 17 Јехова, Богот твој, е во твојата средина. Силен е и ќе те спаси.+ Радосно ќе извикува поради тебе.+ Ќе се смири во својата љубов. Ќе ти се радува весело извикувајќи.
18 Ќе ги соберам оние што тагуваат+ далеку од твоите празници.+ Далеку беа од тебе, зашто го носеа својот срам.+ 19 Еве, во тоа време ќе станам против сите твои угнетувачи.+ Ќе го спасам сакатиот народ+ и ќе го соберам расеаниот народ.+ Ќе им прибавам фалба и добро име по целата земја каде што беа срамотени. 20 Во тоа време ќе ве доведам, во времето кога ќе ве соберам. Зашто, ќе ви создадам добро име и ќе ви прибавам фалба меѓу сите народи на земјата кога ќе ги вратам вашите заробеници пред ваши очи“, вели Јехова.+
Буквално: „посвети“.
По сѐ изгледа дека изразот се однесува на повишено подножје на кое стои царскиот престол.
Или: „од вториот градски кварт“.
Изразот очигледно се однесува на оној дел од Ерусалим што е сместен во горниот дел на Средишната (или Тиропеонската) Долина, во близина на Рибната Порта и на новиот дел на градот (вториот кварт).
Буквално: „замолчен“.
Или: „можеби“.
Или: „приморски краишта“.
Или: „капителите“.
Или: „рамо до рамо“. Буквално: „со едно рамо“.
Или: „реките на Хус“.