Агеј
1 Во втората година на цар Дариј,+ во шестиот месец, на првиот ден од тој месец, на Зоровавел,+ синот на Салатиел,+ управител на Јуда,+ и на Исус,+ синот на Јоседек,+ првосвештеникот, преку пророкот Агеј+ им дојде Јеховината реч:
2 „Вака вели Јехова над војските:+ ‚Овој народ вели: „Уште не е дојдено времето, времето да се гради домот на Јехова“ ‘ “.+
3 А ова е Јеховината реч која дојде преку пророкот Агеј: 4 „Време ли е вие да живеете во своите куќи обложени со дрво,+ додека овој дом е пуст?+ 5 И затоа сега вака вели Јехова над војските: ‚Размислете за своите патишта!+ 6 Сеете многу, но жнеете малку.+ Јадете, но не можете да се наситите.+ Пиете, но не можете да се опиете. Се облекувате, но никој не може да се стопли. Наемникот си ја става платата во дупната торба‘ “.+
7 „Вака вели Јехова над војските: ‚Размислете за своите патишта!‘+
8 ‚Качете се на планината и донесете дрва.+ Изградете го домот+ за да му се радувам+ и да се прославам‘,+ вели Јехова.“
9 „ ,Очекувавте многу, а ете, добивте малку.+ Што внесовте во куќата, јас го дувнав.+ А зошто?‘+ — вели Јехова над војските. ‚Затоа што мојот дом е пуст, додека секој од вас трча само за својата куќа.+ 10 Поради тоа, небото над вас не ја дава својата роса и земјата не го дава својот плод.+ 11 И повикав суша на земјата, на планините, на житото, на младото вино,+ на маслото, на сѐ што раѓа земјата, на луѓето, на стоката, на секој труд на човечките раце.‘ “+
12 И Зоровавел,+ синот на Салатиел, и Исус, синот на Јоседек,+ првосвештеникот, и сиот останат народ го послушаа гласот на Јехова, својот Бог,+ и зборовите на пророкот Агеј,+ кого им го испрати Јехова, нивниот Бог. И народот почна да се бои од Јехова.+
13 А Агеј, Јеховиниот гласник,+ му рече на народот по налог на Јехова:+ „ ,Јас сум со вас‘,+ вели Јехова“.
14 И Јехова го побуди срцето*+ на Зоровавел, синот на Салатиел, управителот на Јуда, и срцето на Исус,+ синот на Јоседек, првосвештеникот, и срцето на сите останати од народот, и тие почнаа да доаѓаат и да ја вршат работата во домот на Јехова над војските, својот Бог.+ 15 Тоа беше на дваесет и четвртиот ден од шестиот месец, во втората година на цар Дариј.+
2 Во седмиот месец,+ на дваесет и првиот ден од тој месец, преку пророкот Агеј+ дојде Јеховината реч: 2 „Кажи им, те молам, на Зоровавел,+ синот на Салатиел,+ управителот на Јуда,+ и на Исус,+ синот на Јоседек,+ првосвештеникот, и на останатите од народот: 3 ‚Дали се меѓу вас оние што го виделе овој дом во неговата поранешна слава?+ А каков го гледате сега? Не е ли, во споредба со него, како ништо во ваши очи?‘+
4 ‚Но сега биди силен, Зоровавеле,‘ вели Јехова, ‚биди силен+ и ти, Исусе, сине Јоседеков, првосвештенику!‘
‚Биди силен, народе‘,* вели Јехова, ‚и фати се за работа!‘+
‚Зашто, јас сум со вас‘,+ вели Јехова над војските. 5 ‚Сетете се на сојузот што го склучив со вас кога излеговте од Египет+ и кога мојот дух+ стоеше меѓу вас. Не плашете се!‘ “+
6 „Зашто, вака вели Јехова над војските: ‚Уште еднаш — и тоа скоро+ — ќе ги затресам небото и земјата, морето и копното‘.+
7 ‚Ќе ги затресам сите народи, и ќе дојдат скапоценостите од сите народи,+ и ќе го наполнам овој дом со слава‘,+ вели Јехова над војските.
8 ‚Среброто е мое и златото е мое‘,+ вели Јехова над војските.
9 ‚Славата на овој втор дом ќе биде поголема отколку на првиот‘,+ вели Јехова над војските.
‚И на ова место ќе му дадам мир‘,+ вели Јехова над војските.“
10 На дваесет и четвртиот ден од деветтиот месец, во втората година на Дариј, му дојде на пророкот Агеј+ Јеховината реч: 11 „Вака вели Јехова над војските: ‚Те молам, прашај ги свештениците за законот+ и кажи: 12 „Ако некој носи свето месо во скутот на својата облека, па со скутот се допре до леб или до варило или до вино или до масло или до каква и да е храна, ќе стане ли тоа свето?“ ‘ “+
А свештениците одговорија: „Не!“
13 А Агеј натаму рече: „Ако некој нечист од мртовец* се допре до такво нешто, дали тоа ќе стане нечисто?“+
А свештениците одговорија: „Ќе стане нечисто“.
14 Тогаш Агеј рече: „ ,Такви се овие луѓе и таков е овој народ пред мене,‘+ вели Јехова, ‚такви се сите дела на нивните раце и сѐ што принесуваат таму. Сѐ е нечисто‘.+
15 ‚А сега, ве молам, размислувајте од денес во своето срце+ за тоа како беше пред да почне да се става камен на камен во храмот на Јехова.+ 16 Кога некој ќе дојдеше до куп на кој требаше да има дваесет мери, имаше само десет, и кога некој ќе дојдеше до винското гмечало за да нацрпи од него педесет мери, имаше само дваесет.+ 17 Ве удрив со суша,+ со мувла+ и со град,+ го удрив секое дело на вашите раце,+ но никој од вас не се обрати кон мене‘,+ вели Јехова.
18 ‚Ве молам, размислувајте за ова од денес натаму,+ од дваесет и четвртиот ден во деветтиот месец, од денот кога е положен темелот на Јеховиниот храм,+ размислувајте за ова: 19 Има ли уште семе во амбарот?*+ Ни лозата, ни смоквата, ни калинката, ни маслинката уште не родија. Од овој ден натаму јас ќе ви го давам својот благослов‘ “.+
20 На дваесет и четвртиот ден од тој месец,+ на Агеј+ по вторпат му дојде Јеховината реч: 21 „Кажи му на Зоровавел, управителот на Јуда:+ ‚Ќе ги затресам небото и земјата.+ 22 И ќе ги соборам престолите на царствата и ќе ги уништам силите на царствата на народите.+ Ќе ги превртам колите и оние што ги возат, ќе паднат коњите и нивните јавачи,+ секој од мечот на својот брат‘ “.+
23 „ ,Во тој ден‘, вели Јехова над војските, ‚ќе те земам, Зоровавеле,+ сине Салатиелов,+ слуго мој‘, вели Јехова. ‚Ќе те ставам како печатен прстен,+ зашто тебе те избрав‘,+ вели Јехова над војските.“+
Буквално: „духот“.
Буквално: „народе од земјата“ (хебрејски: ам хаарец). Овој израз подоцна почнал да се користи во погрдна смисла. Спореди Јв 7:47-49.
Буквално: „душа“, односно мртва душа. Види го додатокот 2.
Или: „јамата за жито“.