Малахија
1 Објава:
Речта Јеховина+ за Израел преку Малахија:
А вие велите: „Како нѐ сакаш?“+
„Не беше ли Исав брат на Јаков?“+ — вели Јехова. „Но Јаков го сакав,+ 3 а Исав+ го замразив, па неговите планини ги претворив во пустош,+ а неговото наследство во живеалиште на пустинските шакали.“+
4 „Поради тоа што Едом* вели: ‚Здробени сме, но ќе се вратиме и ќе ги обновиме опустошените места‘, вака вели Јехова над војските: ‚Тие ќе градат, а јас ќе уривам.+ И ќе ги викаат „земја на злото“ и „народ кого Јехова го осуди+ за навек“. 5 Вашите очи ќе го видат тоа и самите ќе речете: „Нека се велича Јехова низ земјата Израел.“ ‘ “+
6 „,Синот го почитува таткото+ и слугата својот господар.+ Ако сум јас татко,+ каде е почитта кон мене?+ Ако сум Господар, каде е стравот+ од мене?‘ Јехова над војските ви зборува вам, свештеници, кои го презирате моето име.+
‚А вие велите: „Како го презираме твоето име?“ ‘
7 ‚Со тоа што принесувате валкан леб на мојот жртвеник.‘+
‚И уште велите: „Со што те извалкавме?“ ‘
‚Со тоа што велите: „Трпезата+ Јеховина заслужува презир“.+ 8 И кога за жртва принесувате слепо животно, велите: „Тоа не е ништо лошо“. И кога принесувате куцо или болно животно, велите: „Тоа не е ништо лошо.“ ‘ “+
„Однеси му го, те молам, на својот управител! Ќе му угодиш ли и ќе те прими ли љубезно?“ — вели Јехова над војските.
9 „Сега, ве молам, смилостивете* го лицето+ Божје за да ни се смилува.+ Вие сте виновни за сѐ. Ќе прими ли љубезно некого од вас?“ — вели Јехова над војските.
10 „Кој од вас би сакал да ги затвори вратите+ без надоместок? Без надоместок ни оган не палите на мојот жртвеник.+ Не сте ми мили,“ вели Јехова над војските, „и жртвениот дар од вашите раце не ми е драг.“+
11 „Зашто, од сончевиот исток до неговиот запад, моето име ќе биде големо меѓу народите+ и на секое место ќе се горат приноси+ и на моето име ќе се принесува дар — чист дар.+ Зашто, моето име ќе биде големо меѓу народите“,+ вели Јехова над војските.
12 „А вие ме обесчестувате,+ велејќи: ‚Трпезата Јеховина е извалкана, и заслужуваат презир жртвите на неа, нејзината храна‘.+ 13 И велите: ‚Каква мака!‘,+ и го презирате тоа“, вели Јехова над војските. „И донесувате грабнато, куцо и болно+ — тоа го донесувате за дар! Можам ли со задоволство да го примам тоа од вашите раце?“+ — вели Јехова.
14 „Проклет да е измамникот, кој во своето стадо има здраво машко животно, а се заветува и на Јехова му жртвува животно со недостаток.+ Зашто, јас сум голем Цар,“+ вели Јехова над војските, „и името мое ќе влева страв меѓу народите.“+
2 „А сега, ви ја давам оваа заповед вам, свештеници!+ 2 Ако не послушате+ и ако не го земете тоа присрце+ и не му дадете слава на моето име,“+ вели Јехова над војските, „ќе ви испратам проклетство+ и ќе ги проколнам вашите благослови.+ Да, веќе ги проколнав затоа што не ја земате присрце таа заповед.“
3 „Еве, поради вас ќе го уништам посеаното семе,+ и в лице ќе ви фрлам лепешки, лепешките од вашите празници, и вие ќе бидете фрлени врз нив. 4 И тогаш ќе знаете дека јас ви ја испратив таа заповед+ за да остане мојот сојуз+ со Леви“,+ вели Јехова над војските.
5 „А со него беше мојот сојуз, сојуз на живот и мир,+ кои му ги подарив за да се бои од мене. И тој се боеше од мене,+ страв го обзеде поради моето име.+ 6 Законот на вистината му беше на устата,+ и неправда не му се најде на усните. Во мир и во чесност одеше со мене+ и многу луѓе одврати од престап.+ 7 Зашто, усните на свештеникот треба да го чуваат знаењето, и од неговата уста треба да се бара законот,+ зашто тој е гласник на Јехова над војските.+
8 Но вие скршнавте од патот.+ Поради вас, мнозина не се држат за законот.+ Го обезвреднивте сојузот на Леви“,+ вели Јехова над војските. 9 „Затоа и јас ќе ве направам презрени и понижени пред сите луѓе,+ зашто не се држевте за моите патишта, туку пристрасно го применувавте законот.“+
10 „Немаме ли сите еден татко?+ Зар не нѐ создаде еден Бог?+ Зошто тогаш постапуваме неверно еден кон друг,+ осквернувајќи го сојузот на нашите прататковци?+ 11 Јуда врши неверство, и се прават гадости во Израел и во Ерусалим,+ зашто Јуда ја сквернави светоста на Јехова,+ која Тој ја сака, и за невеста си зеде ќерка на туѓ бог.+ 12 Јехова ќе го истреби од шаторите на Јаков секој што постапува така,+ оној што е буден и оној што одговара, и оној што му принесува жртвен дар+ на Јехова над војските.“
13 „А вие го правите уште и ова: поради вас жртвеникот на Јехова е покриен со солзи, плач и воздишки. Затоа повеќе не гледам на жртвениот дар и не ми е мило да примам нешто од вашите раце.+ 14 А вие велите: ‚Зошто?‘+ Затоа што Јехова е сведок помеѓу тебе и жената на твојата младост,+ со која постапуваш неверно, иако ти е другарка и жена со која си во сојуз.+ 15 Има и такви што не постапуваат така, бидејќи сѐ уште имаат Божји дух. Што бараат тие? Потомството Божјо.+ А вие чувајте го својот дух + и немојте да постапувате неверно со жената на својата младост.+ 16 Зашто, јас го мразам разводот“,+ вели Јехова, Богот на Израел, „и оној што ја прекрива својата облека со насилство“,+ вели Јехова над војските. А вие, чувајте го својот дух и немојте да постапувате неверно.+
17 Со своите зборови го заморувате Јехова,+ а велите: ‚Како го заморуваме?‘ Со тоа што велите: ‚Сите што прават зло се добри во очите на Јехова и таквите му се мили‘+ или: ‚Каде е Богот на правдата?‘ “+
3 „Еве, јас го праќам мојот гласник,+ и тој ќе го расчисти патот пред мене.+ И одненадеж во својот храм+ ќе дојде Господарот,+ кого вие го барате, и гласникот+ на сојузот,+ кому му се радувате.+ Еве, сигурно ќе дојде“, вели Јехова над војските.+
2 „Но кој ќе го поднесе денот на неговото доаѓање+ и кој ќе опстане кога тој ќе се појави?+ Зашто, тој ќе биде како огнот на леарот+ и како лужината+ на белачите на алишта.+ 3 И ќе седне како оној што топи и пречистува сребро,+ па ќе ги очисти синовите на Леви.+ Ќе ги пречисти како злато+ и како сребро, и тие ќе му принесуваат на Јехова жртвен дар+ во праведност. 4 И жртвениот дар на Јуда и на Ерусалим ќе му биде пријатен на Јехова,+ како во дамнешните денови и во поранешните години.+
5 Ќе дојдам кај вас за да ви судам+ и ќе бидам брз сведок+ против гаталците,+ против прељубниците,+ против оние што лажно се заколнуваат,+ против оние што му ја скратуваат платата на наемникот+ и ги мамат вдовицата+ и детето без татко+ и против оние што му ги скратуваат правата на дојденецот,+ а од мене не се бојат“,+ вели Јехова над војските.
6 „Зашто, јас сум Јехова, јас не се менувам,+ а вие сте синови на Јаков — затоа не исчезнавте.+ 7 Од деновите на вашите прататковци отстапувате од моите уредби и не се држите за нив.+ Вратете се кај мене, и јас ќе се вратам кај вас“,+ вели Јехова над војските.
А вие велите: „Како да се вратиме?“
8 „Зар земниот човек ќе краде од Бог? А вие крадете од мене.“
И уште велите: „Што крадеме од тебе?“
„Десеттини и прилози. 9 Ме проколнувате+ со проклетство и крадете од мене — сите од вашиот народ. 10 Донесете ги сите десеттини+ во складиштето, па да има храна во мојот дом,+ и испитајте ме во тоа, ве молам,“+ вели Јехова над војските, „зар нема да ви ги отворам небесните брани+ и да ви излеам благослов додека не биде доста?“+
11 „И заради вас ќе ги отстранам штетните инсекти,+ па нема да ви ги уништуваат плодовите на земјата, и лозата во полето нема да ви биде без род“,+ вели Јехова над војските.
12 „И сите народи ќе ве нарекуваат среќни,+ зашто вие ќе станете земја на радоста“,+ вели Јехова над војските.
13 „Тешки се вашите зборови против мене“,+ вели Јехова.
А вие велите: „Што сме зборувале еден со друг против тебе?“+
14 „И велите: ‚Залудно е да му се служи на Бог.+ Каква корист имаме од тоа што го вршиме она што сме должни да му го вршиме и одиме жалосни поради Јехова над војските?+ 15 Сега дрските ги нарекуваме среќни.+ И напредуваат* оние што вршат зло.+ Го искушуваат Бог, а поминуваат неказнето‘.“+
16 Во тоа време, оние што се бојат од Јехова+ разговараа еден со друг, секој со својот ближен, и Јехова внимаваше и слушаше.+ И пред него почна да се пишува книга на сеќавањето+ за оние што се бојат од Јехова и што размислуваат за неговото име.+
17 „Тие ќе бидат мои“,+ вели Јехова над војските, „во денот кога ќе ми станат најмила сопственост.+ И ќе бидам милостив кон нив како што човек е милостив кон својот син кој му служи.+ 18 И повторно ќе ја видите разликата меѓу праведникот и злиот,+ меѓу оној што му служи на Бог и оној што не му служи.“+
4 „Зашто, еве, доаѓа ден што гори како печка,+ и сите дрски и сите што вршат зло ќе станат како стрниште.+ И ќе ги проголта денот што доаѓа,“ вели Јехова над војските, „и нема да им остави ни корен ни гранка.+ 2 А вас, кои се боите од моето име, ќе ве огрее сонцето на праведноста,+ кое носи оздравување на своите крилја.+ И ќе излезете и ќе потскокнувате како згоени телиња.“+
3 „И ќе ги згазите злите, зашто ќе бидат како прав под вашите нозе во денот кога ќе го направам тоа што го наумив“,+ вели Јехова над војските.
4 „Помнете го законот што му го дадов на Мојсеј, мојот слуга, на Хорив за сиот Израел — сите уредби и одлуки.+
5 Еве, ви го праќам пророкот Илија+ пред да дојде големиот и застрашувачки Јеховин ден.+ 6 Тој ќе ги сврти срцата на татковците кон синовите, и срцата на синовите ќе ги сврти кон татковците, за да не дојдам и да не ја удрам земјата со уништување.“*+
(Крај на преводот на библиските книги пишувани на хебрејски или на арамејски јазик. Следи преводот на библиските книги пишувани на грчки јазик.)
„Едом“ му е второто име на Исав. Види 1Мо 25:30; 36:1.
Буквално: „омекнете“.
Буквално: „наградени се“.
Или: „со херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.