Евангелие според Матеј
1 Ова е книга за животот*+ на Исус Христос, синот Давидов,+ син Авраамов.+
на Исак му се роди Јаков,+
на Јаков му се родија Јуда+ и неговите браќа,
3 на Јуда Тамара му ги роди Фарес+ и Зара,
на Фарес му се роди Есром,+
на Есром му се роди Арам,+
4 на Арам му се роди Аминадав,
на Аминадав му се роди Насон,+
на Насон му се роди Салмон,+
5 на Салмон Раав+ му го роди Вооз,
на Вооз Рут му го роди Овид,+
на Овид му се роди Јесеј,+
На Давид жената на Урија му го роди Соломон,+
7 на Соломон му се роди Ровоам,+
на Ровоам му се роди Авија,
на Јосафат му се роди Јорам,+
на Јорам му се роди Озија,
9 на Озија му се роди Јотам,
на Ахаз му се роди Езекија,+
10 на Езекија му се роди Манасија,+
на Манасија+ му се роди Амон,+
на Амон+ му се роди Јосија,
11 на Јосија+ му се родија Јехонија+ и неговите браќа во времето на изгнанството во Вавилон.+
12 По изгнанството во Вавилон, на Јехонија му се роди Салатиел,+
на Салатиел му се роди Зоровавел,+
13 на Зоровавел му се роди Авиуд,
на Авиуд му се роди Елијаким,
на Елијаким му се роди Азор,
14 на Азор му се роди Садок,
на Садок му се роди Ахим,
на Ахим му се роди Елиуд,
15 на Елиуд му се роди Елеазар,
на Елеазар му се роди Матан,
на Матан му се роди Јаков,
16 на Јаков му се роди Јосиф, мажот на Марија, која го роди Исус,+ кој се вика Христос.+
17 Така, вкупно беа: од Авраам до Давид четиринаесет поколенија, од Давид до изгнанството во Вавилон четиринаесет поколенија и од изгнанството во Вавилон до Христос четиринаесет поколенија.
18 А раѓањето на Исус Христос се случи вака: додека мајка му Марија беше свршена+ со Јосиф, пред да се венчаат, таа остана* бремена од светиот дух.+ 19 А Јосиф, нејзиниот маж,* бидејќи беше праведен и не сакаше јавно да ја осрамоти,+ имаше намера тајно да се разведе+ од неа. 20 Но откако размисли за тоа, на сон му се појави Јеховин* ангел и рече: „Јосифе, сине Давидов, не плаши се да ја доведеш дома Марија, својата жена, зашто она што е зачнато во неа е од светиот дух.+ 21 Таа ќе роди син, и ти дај му го името Исус,*+ зашто тој ќе го спаси+ својот народ+ од неговите гревови“.+ 22 А сето тоа се случи за да се исполни она што Јехова го кажа+ преку својот пророк:+ 23 „Еве, девица+ ќе забремени и ќе роди син, и ќе му го дадат името Емануел“,+ кое значи: „Со нас е Бог“.+
24 Тогаш Јосиф се разбуди од сонот и направи така како што го упати Јеховиниот ангел, па ја доведе дома својата жена. 25 Но немаше односи со неа+ додека не роди син.+ И му го даде името Исус.+
2 Кога се роди Исус во јудејски Витлеем,+ во деновите на цар Ирод,*+ во Ерусалим дојдоа познавачи на ѕвездите*+ од исток 2 и почнаа да се распрашуваат: „Каде е еврејскиот цар+ кој се роди? Зашто, ја видовме неговата ѕвезда+ кога бевме на исток и дојдовме да му се поклониме“. 3 Кога го чу тоа, цар Ирод се вознемири, а и сиот Ерусалим со него. 4 И ги собра сите свештенички поглавари и народни книжници, па ги испрашуваше каде треба да се роди Христос.* 5 А тие му рекоа: „Во јудејски Витлеем,+ зашто пророкот напишал вака: 6 ‚А ти, Витлееме+ во земјата на Јуда, во никој случај не си најбезначајниот град во очите на управителите на Јуда, зашто од тебе ќе излезе управител+ кој ќе го пасе+ мојот народ — Израел‘ “.
7 Тогаш Ирод тајно ги повика познавачите на ѕвездите и, испрашувајќи ги, дозна кога се појавила ѕвездата. 8 Потоа ги испрати во Витлеем, велејќи: „Одете и добро распрашајте се за детето. Кога ќе го најдете, јавете ми, за да одам и јас и да му се поклонам“.+ 9 Откако го ислушаа царот, тргнаа. И гледај, ѕвездата што ја видоа кога беа на исток+ одеше пред нив сѐ додека не застана над местото каде што беше детето. 10 Кога ја видоа ѕвездата, многу се израдуваа. 11 И влегоа во куќата и го видоа детето со Марија, неговата мајка. Тогаш паднаа ничкум и му се поклонија. Потоа ги отворија своите ковчежиња и му дадоа дарови: злато, темјан и смирна. 12 Но поради тоа што Бог ги предупреди на сон+ да не се враќаат кај Ирод, тие се вратија во својата земја по друг пат.
13 Кога си заминаа, на Јосиф на сон му се појави Јеховин ангел+ и му рече: „Стани, земи ги детето и мајка му, па бегај во Египет и остани таму додека не ти кажам да се вратиш, зашто Ирод ќе го бара детето за да го погуби“. 14 Така тој стана ноќе, ги зеде детето и мајка му и замина за Египет. 15 Таму остана до смртта на Ирод, за да се исполни+ она што Јехова го рече преку својот пророк: „Од Египет+ го повикав својот син“.
16 Кога виде дека познавачите на ѕвездите го изиграле, Ирод многу се разгневи и испрати луѓе во Витлеем и во целата негова околина да ги убијат сите машки деца од две години надолу — според времето за кое дозна од познавачите на ѕвездите.+ 17 Тогаш се исполни она што беше кажано преку пророкот Еремија: 18 „Глас се чу во Рама,+ плач и големо тажење. Тоа беше Рахела,+ која плачеше за своите деца и не сакаше да се утеши, бидејќи нив повеќе ги нема“.
19 Кога Ирод умре, Јеховин ангел му се појави на Јосиф на сон+ во Египет 20 и му рече: „Стани, земи ги детето и мајка му и појди во израелската земја, зашто умреа оние што ја бараа душата на детето“. 21 И тој стана, ги зеде детето и мајка му, па дојде во израелската земја. 22 Но кога чу дека во Јудеја царува Архелај наместо неговиот татко Ирод, се уплаши да отиде таму. А и Бог го предупреди на сон,+ па отиде во галилејскиот крај.+ 23 Кога стигна таму, се насели во градот кој се вика Назарет,+ за да се исполни она што го кажаа пророците: „Ќе биде наречен Назареќанец“.*+
3 Во тие денови се појави Јован Крстител+ и проповедаше во Јудејската Пустина:*+ 2 „Покајте се,+ зашто се приближи царството небесно!“+ 3 Тоа е, всушност, оној за кого зборува пророкот Исаија+ кога вели: „Слушајте! Некој вика во пустината: ‚Подгответе му го патот на Јехова! Израмнете ги неговите патеки!‘ “+ 4 А токму тој Јован имаше облека од камилски влакна+ и кожен појас околу половината,+ а скакулците+ и дивиот мед+ му беа храна. 5 Тогаш кај него доаѓаа луѓе од Ерусалим, од цела Јудеја и од целиот јордански крај 6 и тој ги крштаваше во реката Јордан,+ а тие јавно ги признаваа своите гревови.
7 Кога здогледа многу фарисеи и садукеи*+ како доаѓаат на местото каде што крштаваше, им рече: „Змиско легло!+ Кој ви кажал да бегате од гневот што доаѓа?+ 8 И така, донесете плод кој одговара на вашето покајание!*+ 9 И не осмелувајте се да си велите во себе: ‚Авраам ни е татко‘.+ Зашто, ви велам, Бог може и од овие камења да му подигне деца на Авраам.+ 10 Секирата+ е веќе ставена на коренот на дрвјата. Па така, секое дрво кое не донесува добар плод, се сече+ и се фрла во оган.+ 11 Јас ве крштавам со вода+ поради вашето покајание,+ но оној што доаѓа+ по мене е посилен од мене. Нему јас не сум достоен да му ги собујам ни сандалите.+ Тој ќе ве крсти со свет дух+ и со оган.+ 12 Лопатата за веење му е во раката, и ќе го исчисти своето гумно и ќе го собере своето жито во амбарот,+ а плевата ќе ја изгори+ во оган што не може да се изгасне“.
13 Тогаш Исус дојде од Галилеја+ на Јордан кај Јован за тој да го крсти.+ 14 Но Јован го одвраќаше: „Ти треба мене да ме крстиш, а ти доаѓаш кај мене?“ 15 А Исус му одговори: „Остави го сега тоа, зашто нам ни прилега да го извршиме на тој начин сето она што е праведно“.+ Тогаш престана да го одвраќа. 16 Кога се крсти, Исус веднаш се крена од водата. И гледај, небесата се отворија,+ и Јован виде како Божјиот дух слегува како гулаб+ и доаѓа на Исус.+ 17 И гледај, се чу глас+ од небото кој рече: „Ова е мојот сакан Син,+ кој ми е по волја!“+
4 Тогаш духот го одведе Исус во пустината+ за Ѓаволот да го искуша.+ 2 Откако постеше четириесет дни и четириесет ноќи,+ огладне. 3 И дојде Искушувачот,+ па му рече: „Ако си Божји син,+ кажи им на овие камења да станат лебови!“ 4 А тој одговори: „Напишано е: ‚Човек не смее да живее само од леб, туку треба да живее и од секој збор што излегува од Јеховината уста‘ “.+
5 Тогаш Ѓаволот го одведе во светиот град,+ го постави на врвот од храмскиот ѕид 6 и му рече: „Ако си Божји син, фрли се долу!+ Зашто, напишано е: ‚На своите ангели ќе им заповеда за тебе, и тие ќе те носат на раце за да не удриш некаде со ногата во камен‘ “.+ 7 А Исус му одговори: „Но напишано е и ова: ‚Не искушувај го Јехова, својот Бог!‘ “+
8 Потоа Ѓаволот го одведе на една мошне висока планина и му ги покажа сите царства на светот+ и нивната слава, 9 па му рече: „Сето ова ќе ти го дадам+ ако паднеш и ми се поклониш“.*+ 10 Тогаш Исус му рече: „Бегај, Сатано! Зашто, напишано е: ‚Јехова, својот Бог, обожавај го*+ и само нему+ служи му!‘ “*+ 11 Тогаш Ѓаволот го остави.+ И гледај, дојдоа ангели и почнаа да му служат.+
12 А кога чу дека го фатиле Јован,+ се повлече во Галилеја.+ 13 И откако замина од Назарет, дојде и се насели во Капернаум+ покрај морето, на подрачјето на Завулон и Нефталим,+ 14 за да се исполни она што беше речено преку пророкот Исаија: 15 „Земјо Завулонова и земјо Нефталимова, по должината на морскиот пат, од другата страна на Јордан, Галилејо на незнабошците!*+ 16 Народот што живееше во темнина+ виде голема светлина.+ Над оние што живееја во земја на смртната сенка светна+ светлина“.+ 17 Тогаш Исус почна да проповеда: „Покајте се,+ зашто се приближи небесното царство!“+
18 А одејќи покрај Галилејското Море,* виде двајца браќа, Симон,+ наречен Петар,+ и брат му Андреј, како спуштаат мрежа во морето, зашто беа рибари. 19 И им рече: „Тргнете по мене, и ќе ве направам рибари на луѓе!“+ 20 И веднаш ги оставија мрежите+ и појдоа по него.* 21 Заминувајќи оттаму, виде други двајца кои беа браќа,+ Јаков, синот на Зеведеј,+ и брат му Јован, како во чамецот заедно со својот татко Зеведеј ги крпат мрежите. И ги повика. 22 Веднаш ги оставија чамецот и татка си, и појдоа по него.
23 И минуваше+ низ цела Галилеја,+ поучувајќи во нивните синагоги,+ проповедајќи ја добрата вест за царството и лекувајќи секаква болест+ и секаква немоќ кај народот. 24 И веста за него се разнесе по цела Сирија.+ И му ги доведоа сите што страдаа,+ болни од разни болести и измачени, обземени од демони и епилептичари+ и парализирани, и тој ги излекува. 25 Затоа го следеше многу народ од Галилеја,+ и од Декаполис,* и од Ерусалим,+ и од Јудеја и од другата страна на Јордан.
5 Кога го виде народот, се качи на планината. И кога седна, неговите ученици се приближија до него. 2 Тој проговори и почна да ги поучува:
3 „Среќни се оние што настојуваат да ги задоволат своите духовни потреби,*+ зашто нивно е царството небесно.+
4 Среќни се оние што тагуваат, зашто ќе бидат утешени.+
5 Среќни се кротките,*+ зашто ќе ја наследат земјата.+
6 Среќни се оние што гладуваат и жедуваат+ за праведност, зашто ќе се наситат.+
7 Среќни се милосрдните,+ зашто ќе им биде покажано милосрдие.
8 Среќни се оние што имаат чисто срце,+ зашто ќе го видат Бог.+
9 Среќни се миротворците,+ зашто ќе бидат наречени Божји синови.+
10 Среќни се оние што се прогонувани+ поради праведноста, зашто нивно е небесното царство.
11 Среќни сте кога поради мене ве навредуваат+ и ве прогонуваат+ и лажно ви припишуваат секакви зла. 12 Радувајте се и воскликнувајте,+ зашто голема е вашата награда+ на небесата. Зашто, така ги прогонуваа и пророците+ пред вас.
13 Вие сте солта+ на земјата. Но, ако солта стане несолена, како ќе ѝ се обнови соленоста? Таа веќе не е за ништо друго, освен да се фрли надвор+ и да ја газат луѓето.
14 Вие сте светлината на светот.+ Не може да се скрие град кој се наоѓа на планина. 15 Светилка не се пали за да се стави под кошница,*+ туку на светилник, па им свети на сите во куќата. 16 Така нека свети вашата светлина+ пред луѓето, за да ги видат вашите добри дела+ и да го слават+ вашиот Татко, кој е на небесата.
17 Немојте да мислите дека дојдов да ги обезвреднам Законот+ или Пророците. Не дојдов да обезвреднам, туку да исполнам.+ 18 Зашто, вистина, ви велам, побргу ќе исчезнат небото и земјата+ отколку да изчезне од Законот најмалата буква или делче од буква, а сето тоа да не се исполни.+ 19 Според тоа, кој ќе прекрши+ една од овие најмали заповеди, и така ги научи луѓето, тој ќе биде наречен најмал* во небесното царство.+ А секој што ги извршува и поучува+ други за нив, тој ќе биде наречен голем*+ во небесното царство. 20 Зашто, ви велам, ако вашата праведност не биде поголема од праведноста на книжниците и фарисеите,+ нема да влезете+ во небесното царство.
21 Чувте дека на старите им беше речено: ‚Не убивај!+ Кој ќе убие,+ ќе одговара пред суд‘.+ 22 А јас ви велам: секој што упорно се гневи+ на својот брат, ќе одговара+ пред суд. А оној што ќе го нарече својот брат со навредливо име, ќе одговара пред највисокиот суд. А оној што ќе му рече дека не заслужува да живее, и самиот би можел да се најде во огнот на геената.*+
23 И така, ако го носиш својот дар на жртвеникот+ и таму се сетиш дека твојот брат има нешто против тебе,+ 24 остави го својот дар таму пред жртвеникот, па појди и прво помири се со братот,+ а потоа врати се и принеси го својот дар.+
25 Брзо реши го спорот со оној што те тужи, додека уште си со него на пат кон судот, за да не те предаде твојот тужител+ на судијата, а судијата на стражарот, па да те фрлат в затвор. 26 Вистина, ти велам, нема да излезеш оттаму додека не ја исплатиш и последната паричка.*+
27 Сте чуле дека било речено: ‚Не врши прељуба!‘+ 28 А јас ви велам: секој што гледа во жена+ со страст, веќе извршил прељуба+ со неа во своето срце.+ 29 Според тоа, ако твоето десно око те наведува на грев, извади го и фрли го од себе.+ Зашто, подобро ти е да изгубиш еден од своите делови на телото отколку целото твое тело да биде фрлено во геената.+ 30 И ако твојата десна рака те наведува на грев, отсечи ја и фрли ја од себе.+ Зашто, подобро ти е да изгубиш еден од своите делови на телото отколку целото твое тело да се најде во геената.
31 Освен тоа, било речено: ‚Кој ќе се разведе+ од својата жена, нека ѝ даде потврда за развод‘.+ 32 А јас ви велам: секој што ќе се разведе од својата жена, освен поради блуд,+ ја наведува на прељуба.+ И секој што ќе се ожени со разведена жена, врши прељуба.+
33 Сте го чуле уште и тоа дека на старите им било речено: ‚Не заколнувај се+ лажно, туку исполнувај ги своите завети пред Јехова‘.+ 34 А јас ви велам: не заколнувајте се+ никако, ниту во небото, бидејќи е Божји престол,+ 35 ниту во земјата, бидејќи е подножје+ на неговите нозе, ниту во Ерусалим, бидејќи е град на великиот Цар.+ 36 Не заколнувај се ни во својата глава, бидејќи не можеш ниту едно влакно да го направиш бело или црно. 37 Затоа кога ќе речете: ‚Да‘, тоа нека значи ‚да‘, а кога ќе речете: ‚Не‘, тоа нека значи ‚не‘.+ Што е повеќе од тоа, од Злобниот е.+
38 Сте чуле дека било речено: ‚Око за око и заб за заб‘.+ 39 А јас ви велам: не спротивставувајте му се на оној што е злобен. Напротив, ако некој ти удри шлаканица по десниот образ,+ сврти му го и другиот. 40 И ако некој сака да се суди со тебе и да ти ја земе кошулата, дај му ја и наметката.+ 41 И ако некој што има власт те присили да одиш една милја,* оди со него две.+ 42 Ако некој ти побара нешто, дај му, и не свртувај се од оној што сака од тебе да земе на заем без камата.+
43 Сте чуле дека било речено: ‚Сакај го својот ближен+ и мрази го својот непријател!‘+ 44 А јас ви велам: сакајте ги своите непријатели+ и молете се за оние што ве прогонуваат,+ 45 за да бидете синови на својот Татко кој е на небесата,+ бидејќи тој дава неговото сонце да изгрева над злите и над добрите и да паѓа дожд на праведните и на неправедните.+ 46 Зашто, ако ги сакате оние што ве сакаат вас, каква ви е платата?+ Зарем не го прават истото и даночниците? 47 И ако ги поздравувате само своите браќа, правите ли нешто посебно? Зарем не го прават истото и незнабошците? 48 Според тоа, бидете совршени, како што е совршен вашиот небесен Татко.+
6 Внимавајте да не правите праведни дела+ пред луѓето за да ве видат. Инаку нема да добиете плата од својот Татко кој е на небесата. 2 Затоа, кога даваш милостина,+ не труби+ пред себе, како што прават лицемерите во синагогите и по улиците за да ги слават луѓето. Вистина, ви велам, тие веќе ја добиле својата плата. 3 А ти кога даваш милостина, твојата левица нека не знае што прави твојата десница, 4 за да биде твојата милостина во тајност. Тогаш твојот Татко, кој гледа во тајност, ќе ти возврати.+
5 Така и кога се молите, не бидете како лицемерите. Зашто, тие сакаат да се молат стоејќи+ во синагогите и на големите раскрсници за да ги видат луѓето.+ Вистина, ви велам, веќе ја примиле својата плата. 6 А ти, кога се молиш, влези во својата најскриена соба+ и затвори ја вратата, па помоли му се на својот Татко кој е во тајност.+ Тогаш твојот Татко, кој гледа во тајност, ќе ти возврати. 7 А кога се молите, не кажувајте секогаш едно исто,+ како што прават луѓето од светот, зашто тие мислат дека ќе бидат услишени затоа што користат многу зборови. 8 Затоа не бидете како нив, зашто Бог, вашиот Татко, знае што ви треба+ уште пред да го замолите.
‚Татко наш,* кој си на небесата, да се свети+ името твое.+ 10 Да дојде царството+ твое. Да биде волјата твоја,+ како на небото така и на земјата.+ 11 Лебот наш за овој ден дај ни го денес+ 12 и прости ни ги нашите долгови, како што и ние им простуваме на нашите должници.*+ 13 И не воведувај нѐ во искушение,*+ туку избави нѐ од Злобниот‘.+
14 Зашто, ако вие им ги простите на луѓето нивните престапи, и вашиот небесен Татко ќе ви прости вам.+ 15 Но, ако вие не им ги простите на луѓето нивните престапи, ниту вашиот Татко нема да ви ги прости вам вашите престапи.+
16 Кога постите,+ немојте да имате* жалосен израз на лицето како лицемерите, зашто тие сакаат лицето да им изгледа мрачно за да ги видат луѓето дека постат.+ Вистина, ви велам, тие веќе ја примиле својата плата. 17 А ти, кога постиш, намачкај си ја главата и измиј си го лицето,+ 18 за да не видат луѓето дека постиш, туку твојот Татко кој е во тајност.+ Тогаш твојот Татко, кој гледа во тајност, ќе ти возврати.
19 Престанете да собирате богатство+ на земјата, каде што молецот и ’рѓата нагризуваат и каде што крадци провалуваат и крадат. 20 Туку собирајте си богатство на небото,+ каде што ниту молец ниту ’рѓа не нагризуваат+ и каде што крадци не провалуваат и не крадат. 21 Зашто, каде ти е богатството, таму ќе ти биде и срцето.
22 Светилка на телото е окото.+ Значи, ако окото ти е бистро,* целото тело ќе ти биде светло. 23 Но, ако окото ти е злобно,*+ целото тело ќе ти биде темно. Ако светлината што е во тебе, всушност, е темнина, колку само е голема таа темнина!+
24 Никој не може да им робува на двајца господари, зашто или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го сака,+ или ќе биде приврзан кон едниот, а другиот ќе го презира. Не можете да му робувате и на Бог и на богатството.+
25 Затоа ви велам: не бидете загрижени*+ за својот живот,* што ќе јадете или што ќе пиете, или за своето тело, што ќе облечете.+ Зарем не значи животот* повеќе отколку храната и телото повеќе отколку облеката?+ 26 Погледнете ги птиците+ небесни, бидејќи тие ниту сеат, ниту жнеат, ниту во амбари собираат, а сепак вашиот небесен Татко ги храни. Зарем вие не вредите повеќе од нив?+ 27 Кој од вас може со својата загриженост да го продолжи својот животен век макар малку?*+ 28 Исто и за облеката, зошто сте загрижени? Гледајте ги полските кринови како растат!+ Ниту се мачат ниту предат, 29 но ви велам дека ни Соломон,+ во сета своја слава, не беше облечен како еден од нив. 30 А ако Бог така го облекува полското билје, кое денес го има, а утре се фрла в печка, нема ли многу повеќе да ве облече вас, маловерни?+ 31 Затоа немојте да бидете загрижени+ и да велите: ‚Што ќе јадеме?‘ — или: ‚Што ќе пиеме?‘ — или: ‚Што ќе облечеме?‘ 32 Зашто, со сето ова се преокупирани луѓето од светот. А вашиот небесен Татко знае дека ви е потребно сето тоа.+
33 Затоа, барајте ги најнапред царството и Божјата праведност,+ а сето ова ќе ви се додаде.+ 34 И така, не бидете загрижени за утрешниот ден,+ зашто утрешниот ден ќе си има свои грижи. На секој ден му е доволно неговото зло.
7 Не судете,*+ за да не бидете судени. 2 Зашто, со каков суд судите, со таков ќе ви се суди.+ И со каква мера мерите, со таква ќе ви се мери.+ 3 Тогаш, зошто ја гледаш раската во окото на својот брат, а гредата во своето око не ја забележуваш?+ 4 Или, како можеш да му речеш на брата си: ‚Дај да ти ја извадам раската од окото‘, кога самиот имаш греда во своето око?+ 5 Лицемеру! Извади ја најнапред гредата од своето око, па тогаш добро ќе видиш како да ја извадиш раската од окото на брата си.
6 Не давајте им го на кучињата она што е свето+ и не фрлајте ги своите бисери пред свињи, за да не ги изгазат+ под нозете, па да се свртат и да ве растргнат.
7 Молете,+ и ќе ви се даде. Барајте, и ќе најдете. Чукајте, и ќе ви се отвори.+ 8 Зашто, секој што моли, добива.+ Секој што бара, наоѓа. И на секој што чука, ќе му се отвори. 9 Кој од вас, ако неговиот син+ го замоли за леб, ќе му даде камен? 10 Или, ако го замоли за риба, зар ќе му даде змија? 11 И така, ако вие, иако сте зли,+ знаете да им давате добри дарови на своите деца, колку повеќе вашиот Татко кој е на небесата ќе им даде добри работи+ на оние што го молат?
12 Според тоа, сѐ што сакате луѓето да ви прават вам, правете им го и вие ним.+ Тоа е смислата на Законот и Пророците.+
13 Влезете низ тесната врата.+ Зашто, широк и простран е патот што води во пропаст, и мнозина одат по него. 14 А тесна е вратата и тесен е патот што води во живот, и малцина го наоѓаат.+
15 Пазете се од лажните пророци,+ кои доаѓаат кај вас во овчо руно,+ а однатре се крвожедни волци.+ 16 По нивните плодови ќе ги препознаете.+ Зарем се бере грозје од трње или смокви од чичка?+ 17 Така, секое добро дрво дава добар плод, а секое гнило дрво дава безвреден плод.+ 18 Добро дрво не може да даде безвреден плод, ниту, пак, може гнило дрво да даде добар плод. 19 Секое дрво кое не дава добар плод, се сече и се фрла во оган.+ 20 И така, по нивните плодови ќе ги препознаете.+
21 Не секој што ми вели: ‚Господару, Господару‘,* ќе влезе во небесното царство, туку оној што ја врши+ волјата на мојот Татко, кој е на небесата.+ 22 Мнозина ќе ми речат во оној ден: ‚Господару, Господару,+ не пророкувавме ли во твое име, и не истерувавме ли демони во твое име, и не правевме ли многубројни моќни дела* во твое име?‘+ 23 Тогаш ќе им речам: Никогаш не сум ве познавал!+ Бегајте од мене, вие што правите беззаконија!+
24 Затоа, секој што ги слуша овие мои зборови и ги извршува, ќе биде како разборит човек, кој си ја изградил куќата на карпа.+ 25 И заврна силен дожд, и надојдоа порои, и дувнаа ветрови и удрија на таа куќа, но таа не падна, зашто темелот ѝ беше на карпа. 26 А секој што ги слуша овие мои зборови, а не ги извршува,+ ќе биде како безумен човек,+ кој си ја изградил куќата на песок. 27 И заврна силен дожд, и надојдоа порои, и дувнаа ветрови и удрија на таа куќа,+ и таа падна и сосема се распадна“.+
28 А кога Исус го заврши својот говор, мноштвата беа восхитени од неговото поучување,+ 29 зашто ги поучуваше како некој зад чии зборови стои Бог,+ а не како нивните книжници.
8 Кога слезе од планината, го следеше многу народ. 2 И гледај, му се приближи еден лепрозен човек,+ му се поклони и рече: „Господару, ако сакаш, ти можеш да ме исчистиш“. 3 И ја испружи раката, го допре и рече: „Сакам, исчисти се!“+ И веднаш се исчисти од лепрата.+ 4 Исус потоа му рече: „Гледај никому ништо да не кажуваш,+ туку оди, покажи му се на свештеникот+ и принеси го дарот+ што го одреди Мојсеј, ним за сведоштво“.
5 Кога влезе во Капернаум,+ му пристапи еден стотник,* молејќи го: 6 „Господине, мојот слуга лежи дома парализиран и во тешки маки“. 7 А тој му рече: „Кога ќе дојдам, ќе го излекувам“. 8 Стотникот тогаш му рече: „Господине, не сум достоен да влезеш под мојот покрив, туку кажи само збор и мојот слуга ќе оздрави. 9 Зашто, и јас имам свои претпоставени, а имам и потчинети војници, па на едниот му велам: ‚Оди!‘+ — и тој оди, а на другиот: ‚Дојди!‘ — и тој доаѓа, а на својот роб: ‚Направи го тоа!‘ — и тој го прави“. 10 Кога го чу тоа, Исус се восхити и им рече на оние што одеа по него: „Вистина, ви велам, кај никого во Израел не најдов толкава вера.+ 11 А ви велам дека мнозина од исток и од запад+ ќе дојдат и ќе бидат на трпезата* со Авраам, Исак и Јаков во царството+ небесно,+ 12 додека синовите на царството+ ќе бидат фрлени надвор во темнината. Таму ќе плачат и ќе чкртаат со забите“.+ 13 Тогаш Исус му рече на стотникот: „Оди. Нека ти биде како што си верувал!“+ И слугата оздраве во истиот час.
14 Откако влезе во куќата на Петар, Исус ја виде неговата тешта+ како лежи болна од треска.+ 15 И ѝ ја допре раката,+ и треската ја напушти, а жената стана и почна да го послужува.+ 16 А кога падна вечер, луѓето му доведоа мнозина кои беа обземени од демони. И ги истера духовите со својот збор и ги излекува сите болни, 17 за да се исполни она што беше речено преку пророкот Исаија: „Тој ги зеде нашите немоќи и ги понесе нашите болести“.+
18 А кога го виде народот околу себе, Исус заповеда да отпловат на другата страна.+ 19 И му се приближи еден книжник и му рече: „Учителе, ќе одам по тебе каде и да појдеш“.+ 20 А Исус му рече: „Лисиците имаат дувла и птиците небесни имаат гнезда, а Синот човечки нема каде глава да потпре“.+ 21 Тогаш друг ученик му рече: „Господару, дозволи ми најпрво да отидам и да го погребам татко ми“. 22 А Исус му рече: „Појди по мене и остави ги мртвите да ги погребуваат своите мртви“.+
23 И кога влезе во еден чамец,+ неговите ученици одеа по него. 24 И гледај, морето силно се разбранува, така што брановите го покриваа чамецот. А тој спиеше.+ 25 Тогаш тие му пријдоа и го разбудија,+ велејќи: „Господару, спаси нѐ, ќе изгинеме!“ 26 А тој им рече: „Што сте се исплашиле, вие маловерни?“+ Тогаш стана, им се закани на ветровите и на морето, и настана потполна тишина.+ 27 А учениците се восхитија и рекоа: „Каков човек е ова,+ та дури и ветровите и морето го слушаат?“
28 Кога дојде на другата страна, во гадаренскиот крај,+ му дојдоа во пресрет двајца обземени од демони,+ кои излегоа откај гробиштата, а беа толку насилни што никој не се осмелуваше да помине по тој пат. 29 И гледај, извикаа: „Што имаме ние со тебе, Сине Божји?+ Дојде ли ваму за да нѐ мачиш+ предвреме?“+ 30 А далеку од нив пасеше голем булук свињи. 31 Тогаш демоните почнаа да го преколнуваат: „Ако нѐ истераш, испрати нѐ во оној булук свињи“.+ 32 Тогаш им рече: „Одете!“ И тие излегоа и влегоа во свињите. И гледај, целиот булук јурна преку стрмната карпа во морето и се издави во водата.+ 33 А свињарите побегнаа и отидоа во градот, па раскажаа за сѐ, а и за она што се случи со обземените од демони. 34 И гледај, целиот град излезе да го пресретне Исус. Кога го видоа, го молеа да си оди од нивниот крај.+
9 И откако се качи во чамецот, тргна на другата страна и дојде во својот град.+ 2 И гледај, му донесоа еден парализиран човек, кој лежеше на носилка.+ Гледајќи ја нивната вера, Исус му рече на парализираниот: „Биди храбар, сине, простени ти се гревовите“.+ 3 А некои од книжниците си рекоа во себе: „Овој хули“.+ 4 А Исус, бидејќи знаеше што мислат,+ рече: „Зошто мислите зло во своите срца?+ 5 Што е полесно? Да се рече: ‚Простени ти се гревовите‘, или да се рече: ‚Стани и оди‘?+ 6 Но знајте дека Синот човечки има власт на земјата да простува гревови“.+ Тогаш му рече на парализираниот: „Стани, земи си ја носилката и оди си дома!“+ 7 И тој стана и си отиде дома. 8 А народот, кога го виде тоа, го обзеде страв, и го славеше Бог,+ кој им дал таква власт+ на луѓето.
9 Кога заминуваше оттаму, Исус здогледа еден човек, по име Матеј, како седи на местото каде што се собираше данок. И му рече: „Појди по мене“.+ Тогаш тој стана и појде по него.+ 10 Подоцна, додека Исус беше на трпеза*+ во куќата, гледај, дојдоа многу даночници и грешници и им се придружија нему и на неговите ученици на трпезата. 11 А кога го видоа тоа, фарисеите им рекоа на неговите ученици: „Зошто вашиот учител јаде со даночници и со грешници?“+ 12 Кога ги чу, тој рече: „На здравите не им треба лекар,+ туку на болните. 13 Затоа, одете и научете што значи ова: ‚Милост сакам, а не жртва‘.+ Зашто, не дојдов да ги повикам праведниците, туку грешниците“.
14 Тогаш му пристапија Јовановите ученици и го прашаа: „Зошто ние и фарисеите постиме, а твоите ученици не постат?“+ 15 Тогаш Исус им рече: „Имаат ли пријателите на младоженецот причина да тагуваат додека младоженецот+ е со нив? Но, ќе дојдат денови кога младоженецот ќе им биде одземен,+ и тогаш ќе постат.+ 16 Никој не пришива на стара облека закрпа од ткаенина што уште не се собрала, зашто закрпата ќе се откине од облеката и дупката ќе стане уште поголема.+ 17 И не се става ново вино во стари мешини. Инаку мешините ќе се скинат, и така виното ќе се пролее и мешините ќе пропаднат.+ Туку новото вино се става во нови мешини, па двете ќе се зачуваат“.+
18 А додека им го кажуваше тоа, гледај, му пристапи еден поглавар,+ му се поклони+ и рече: „Ќерка ми сигурно е веќе умрена,+ но дојди и положи ја својата рака на неа, па ќе оживее“.+
19 Тогаш Исус стана и тргна по него со своите ученици. 20 И гледај, една жена, која дванаесет години боледувала од крвавење,+ му пријде одзади и го допре работ од неговата облека.+ 21 Си велеше во себе: „Ако само ја допрам неговата облека, ќе оздравам“.+ 22 А Исус се сврте и ја виде, па рече: „Биди храбра, ќерко. Твојата вера те оздраве“.+ И жената оздраве во тој час.+
23 А кога влезе во куќата на поглаварот+ и ги виде кавалџиите како свират погребна музика и како мноштвото е во збрка,+ 24 Исус рече: „Излезете, зашто девојчето не е умрено, туку спие“.+ А тие му се потсмеваа.+ 25 Штом излезе мноштвото, тој влезе и го фати девојчето за рака,+ и тоа стана.+ 26 И гласот за тоа се рашири по целиот тој крај.
27 Додека Исус заминуваше оттаму, го следеа двајца слепци+ и викаа: „Смилувај ни се,+ Сине Давидов!“ 28 Штом влезе во куќата, слепците му пристапија, а Исус ги праша: „Верувате ли+ дека можам да го направам тоа?“ А тие му одговорија: „Да, Господару“. 29 Тогаш им ги допре очите+ и рече: „Нека ви биде според вашата вера“. 30 И очите им се отворија. А Исус строго им заповеда: „Гледајте никој да не дознае за тоа!“+ 31 А штом излегоа, раширија глас за него по целиот тој крај.+
32 Штом тие заминаа, гледај, му доведоа еден човек, кој беше нем и обземен од демон.+ 33 Откако демонот беше истеран, немиот човек проговори.+ Мноштвото беше восхитено+ и велеше: „Никогаш не се видело вакво нешто во Израел“. 34 А фарисеите велеа: „Ги истерува демоните со помош на владетелот на демоните“.+
35 И Исус почна да ги обиколува сите градови и села, поучувајќи во нивните синагоги и проповедајќи ја добрата вест за царството и лекувајќи секакви болести и секакви немоќи.+ 36 А штом ги виде мноштвата, се сожали+ на нив бидејќи беа измачени* и расеани како овци без пастир.+ 37 Тогаш им рече на своите ученици: „Вистина, жетвата е голема, а работници има малку.+ 38 Затоа, молете го Господарот на жетвата да испрати работници на својата жетва“.+
10 И ги свика своите дванаесет ученици и им даде власт над нечистите духови,+ за да ги истеруваат, и да лекуваат секакви болести и секаков вид немоќ.
2 Ова се имињата на дванаесетте апостоли:+ прво Симон, наречен Петар,*+ и Андреј,+ неговиот брат; Јаков, синот на Зеведеј,+ и Јован, неговиот брат; 3 Филип и Вартоломеј;*+ Тома+ и Матеј*+ даночникот; Јаков, синот на Алфеј,+ и Тадеј;* 4 Симон Ревнителот*+ и Јуда Искариот, кој подоцна го предаде.+
5 Овие дванаесетмина Исус ги испрати и им заповеда:+ „Не одете кај другите народи и не влегувајте во самариски град,+ 6 туку одете кај загубените овци на Израеловиот дом.+ 7 Додека одите, проповедајте: ‚Се приближи царството небесно‘.+ 8 Лекувајте болни,+ подигајте мртви, очистувајте лепрозни, истерувајте демони. Бесплатно добивте, бесплатно давајте.+ 9 Не земајте ниту злато, ниту сребро, ниту бакар во појасите,+ 10 ниту патна торба, ниту две облеки, ниту сандали, ниту стап, зашто работникот ја заслужува својата храна.+
11 А штом ќе влезете во некој град или село, побарајте го во него оној што е достоен да ве прими вас и вашата порака, и останете таму додека не си заминете.+ 12 Кога ќе влезете во куќата, поздравете ги домашните. 13 Ако куќата е достојна, нека дојде на неа мирот што ѝ го посакувате,+ но ако не е достојна, вашиот мир нека ви се врати вам. 14 Таму каде што никој нема да ве прими или да ги послуша вашите зборови, на излегување од таа куќа или од тој град истресете го правот од нозете.+ 15 Вистина, ви велам, полесно ќе им биде на содомската+ и на гоморската земја во Судниот ден отколку на тој град.+
16 Еве, јас ве праќам како овци меѓу волци.+ Затоа, бидете претпазливи како змии,+ а безопасни како гулаби.+ 17 Пазете се од луѓето,+ зашто ќе ве предаваат на судови+ и ќе ве камшикуваат+ во нивните синагоги.+ 18 Поради мене, ќе ве изведуваат пред управители и цареви+ за сведоштво+ за нив и за другите народи. 19 А кога ќе ве предадат, не грижете се како или што ќе зборувате, зашто во тој час ќе ви биде дадено што да зборувате.+ 20 Зашто, не зборувате вие, туку духот на вашиот Татко зборува преку вас.+ 21 Брат+ ќе предаде брат на смрт и татко своето дете, и децата ќе станат против родителите и ќе ги предадат за да бидат убиени.+ 22 И сите ќе ве мразат поради моето име.+ Но кој ќе истрае до крајот, тој ќе биде спасен.+ 23 Кога ќе ве прогонуваат во еден град, бегајте во друг.+ Зашто, вистина, ви велам, нема да ги обиколите+ сите израелски градови пред да дојде Синот човечки.+
24 Ученикот не е над својот учител, и робот не е над својот господар.+ 25 Доста е ученикот да биде како својот учител, и робот како својот господар.+ Ако домаќинот го нарекле Велзевул,*+ колку повеќе ќе ги наречат така неговите домашни! 26 Затоа, не плашете се од нив, зашто нема ништо покриено што не ќе се открие, или тајно што не ќе се дознае.+ 27 Тоа што ви го зборувам во темнина, кажете го на светлина, и она што ви се шепнува на уво, проповедајте го од покривите.+ 28 Не плашете се+ од оние што го убиваат телото, но не можат да ја убијат душата.* Туку плашете се повеќе од оној+ што може да ги погуби и душата* и телото во геената.*+ 29 Не се продаваат ли две врапчиња за една паричка?*+ А сепак ниту едно од нив не паѓа на земја без да знае вашиот Татко.+ 30 А вам и секое влакно на главата ви е изброено.+ 31 Затоа, не плашете се, вие сте повредни од многу врапчиња.+
32 Секој што пред луѓето ќе признае дека е во единство со мене, и јас ќе признаам пред својот Татко кој е на небесата дека сум во единство со него,+ 33 а кој ќе се одрече од мене пред луѓето, и јас ќе се одречам од него+ пред мојот Татко кој е на небесата. 34 Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата. Не дојдов да донесам мир,+ туку меч. 35 Зашто, дојдов да раздвојам човек од неговиот татко, и ќерка од нејзината мајка, и снаа од нејзината свекрва.+ 36 Навистина, непријатели на човекот ќе му бидат неговите домашни. 37 Кој го сака својот татко или својата мајка повеќе отколку мене, не е достоен за мене. Кој го сака својот син или својата ќерка повеќе отколку мене, не е достоен за мене.+ 38 Кој не го прифаќа својот маченички столб* и не оди по мене, не е достоен за мене.+ 39 Кој ќе го најде својот живот,* ќе го загуби, а кој ќе го загуби својот живот поради мене, ќе го најде.+
40 Кој ве прима вас, ме прима и мене, а кој ме прима мене, го прима и оној што ме испрати.+ 41 Кој прима пророк затоа што е пророк, ќе добие пророчка награда.+ Кој прима праведник затоа што е праведник, ќе прими праведничка награда.+ 42 Кој ќе напои еден од овие мали само со чаша студена вода затоа што е ученик, вистина, ви велам, нема да ја загуби својата награда“.+
11 Откако им даде упатства на своите дванаесет ученици, Исус замина оттаму за да поучува и да проповеда во околните градови.+
2 А Јован, кога чу во затворот+ за Христовите дела, ги испрати своите ученици 3 да го прашаат: „Ти ли си оној што треба да дојде или да чекаме некој друг?“+ 4 Исус им одговори: „Одете и кажете му на Јован што слушате и што гледате: 5 слепите гледаат,+ сакатите+ одат, лепрозните+ се очистуваат, глувите+ слушаат, мртвите+ стануваат и на сиромасите им се објавува добрата вест.+ 6 И среќен е оној што, поради мене, нема да се поколеба во верата“.*+
7 Кога тие си заминаа, Исус почна да му зборува на мноштвото за Јован: „Што излеговте да гледате во пустината?+ Трска што ја лулее ветрот?+ 8 Значи, што излеговте да видите? Човек облечен во раскошна облека? Оние што носат раскошна облека се во царските дворци.+ 9 Тогаш, зошто излеговте: за да видите пророк? Да, ви велам, и многу повеќе од пророк.+ 10 Тој е оној за кого е напишано: ‚Еве, јас го праќам пред твоето лице мојот гласник, кој ќе ти го подготви патот пред тебе‘.+ 11 Вистина, ви велам, меѓу родените од жена+ не се појавил некој поголем од Јован Крстител, но помалиот во царството+ небесно е поголем од него. 12 А од деновите на Јован Крстител до сега, луѓето со сите свои сили сакаат да се дограбат до царството небесно, и оние што се трудат со сите свои сили, успеваат во тоа.+ 13 Зашто, сите, Пророците и Законот, пророкуваа до Јован.+ 14 А, ако сакате да прифатите, тој е оној ‚Илија кој треба да дојде‘.+ 15 Кој има уши, нека слуша!+
16 Со кого да го споредам ова поколение?+ Личи на деца што седат и си играат по плоштадите, па се довикуваат едни со други:+ 17 ‚Ви свиревме на кавал, но вие не игравте. Пеевме тажачки, но вие не се удиравте в гради како да тагувате‘.+ 18 Оти, дојде Јован, кој ниту јадеше ниту пиеше,+ а сепак велат: ‚Во него има демон‘. 19 Дојде Синот човечки, кој јаде и пие,+ а сепак велат: ‚Гледај, ненаситник и пијаница, пријател на даночници и на грешници!‘+ Но мудроста ја оправдуваат нејзините дела“.+
20 Тогаш почна да ги прекорува градовите во кои се случија најмногу негови моќни дела,* бидејќи не се покајаа:+ 21 „Тешко тебе, Хоразине! Тешко тебе, Витсаидо!+ Зашто, да се случеа во Тир и во Сидон моќните дела што се случија во вас, тие уште одамна ќе се покаеја во козина и пепел.+ 22 Затоа ви велам: на Тир и на Сидон ќе им биде полесно во Судниот ден+ отколку вам.+ 23 А ти, Капернауме,+ зарем ќе се возвишиш до небото? Во гробот*+ ќе паднеш!+ Зашто, да се случеа во Содом моќните дела што се случија во тебе, тој град ќе останеше до ден-денес. 24 Затоа ви велам: на содомската земја ќе ѝ биде полесно во Судниот ден отколку на овој град“.+
25 Во тоа време Исус рече: „Те славам, Татко, Господару на небото и на земјата, зашто ова си го скрил од мудрите и умните, а си им го открил на малите деца.+ 26 Да, Татко, зашто ти сакаше да биде така. 27 Мојот Татко ми предаде сѐ.+ Никој не го познава Синот толку добро како Таткото,+ и никој не го познава Таткото толку добро како Синот и како оној кому Синот сака да му го открие.+ 28 Дојдете кај мене сите вие што сте изморени и оптоварени,+ и јас ќе ве закрепнам. 29 Земете го мојот јарем+ на себе* и учете од мене,*+ зашто јас сум благ+ и со понизно срце, и ќе најдете поткрепа+ за своите души! 30 Зашто, мојот јарем е пријатен и мојот товар е лесен“.+
12 Во тоа време, Исус минуваше преку житните полиња во сабота.*+ А неговите ученици огладнеа, па почнаа да кинат класје и да јадат.+ 2 Штом го видоа тоа, фарисеите му рекоа:+ „Гледај, твоите ученици го прават она што не е дозволено да се прави во сабота“.+ 3 А тој им рече: „Зарем не сте читале што направи Давид кога огладнеа тој и неговите луѓе?+ 4 Влезе во Божјиот дом и јадеа од лебовите што беа ставени пред Бог,+ кои не смееја+ да ги јадат ниту тој ниту неговите луѓе, туку само свештениците.+ 5 Или, зарем не сте читале во Законот+ дека во сабота свештениците во храмот ја сквернават саботата, а не се виновни?+ 6 А ви велам дека овде е нешто поголемо од храмот.+ 7 Да разберевте што значи:* ‚Милост сакам,+ а не жртва‘,+ немаше да ги осудите невините. 8 Зашто, Синот човечки+ е Господар на саботата“.+
9 Кога замина оттаму, дојде во нивната синагога. 10 Таму имаше еден човек со исушена рака.+ Тогаш го прашаа Исус: „Дали е дозволено да се лекува во сабота?“ Имено, бараа причина да го обвинат.+ 11 А тој им рече: „Ако некому од вас во сабота му падне во јама единствената овца што ја има,+ кој од вас нема да ја фати и да ја извади?+ 12 А колку повеќе вреди човекот од една овца!+ Затоа, дозволено е да се прави добро во сабота“. 13 Тогаш на човекот му рече: „Испружи ја раката!“ Тој ја испружи, и таа стана здрава како и другата.+ 14 А фарисеите излегоа и почнаа да се советуваат како да го погубат.+ 15 Кога дозна за тоа, Исус замина оттаму. Мнозина одеа по него, и тој ги излекува сите,+ 16 но им забрани да шират глас за него,+ 17 за да се исполни она што беше кажано преку пророкот Исаија:
18 „Еве го мојот слуга,+ кого го избрав, мојот сакан,+ кој е по волја на мојата душа! На него ќе го ставам својот дух,+ и тој јасно ќе им покаже на народите што е тоа правда. 19 Нема да се кара+ и нема да вика, неговиот глас нема да се чуе по улиците. 20 Згмечена трска нема да здроби и фитилот што тлее нема да го угасне,+ сѐ додека не ја доведе правдата+ до победа. 21 Народите ќе се надеваат на неговото име“.*+
22 Тогаш му доведоа еден човек обземен од демони, слеп и нем. Тој го излекува, така што немиот проговори и прогледа. 23 А целиот народ се восхитуваше и велеше:+ „Да не е ова Синот Давидов?“+ 24 Кога го слушнаа тоа, фарисеите рекоа: „Овој не може да истерува демони, освен со помош на Велзевул,* владетелот на демоните“.+ 25 А тој ги знаеше нивните мисли,+ па им рече: „Секое царство кое во себе е разделено, пропаѓа.+ Ниту еден град или куќа кои во себе се разделени, нема да опстанат. 26 Значи, ако Сатана го истерува Сатана, се разделил во себе. Тогаш како ќе опстане неговото царство? 27 И ако јас истерувам демони со помош на Велзевул,+ со чија помош ги истеруваат вашите синови? Затоа тие ќе ви бидат судии. 28 Но, ако јас ги истерувам демоните со помош на Божјиот дух, навистина Божјето царство стигнало меѓу вас.*+ 29 Или, како може некој да упадне во куќата на силен човек и да му ја ограби покуќнината ако најнапред не го врзе? Тогаш ќе му ја ограби куќата.+ 30 Кој не е на мојата страна, против мене е, и кој не собира со мене, растура.+
31 Затоа ви велам: секој грев и хула ќе им се прости на луѓето, но хулата против духот нема да им се прости.+ 32 На пример, кој ќе каже збор против Синот човечки, ќе му се прости,+ но кој ќе каже против светиот дух, нема да му се прости — ниту во овој поредок* ниту во оној што треба да дојде.+
33 Решете се: или дрвото ви е добро и неговиот плод добар, или дрвото ви е гнило и неговиот плод гнил. Зашто, дрвото се познава по плодот.+ 34 Змиско легло!+ Како можете да зборувате добро, кога сте зли?+ Зашто, устата го зборува она со кое е полно срцето.+ 35 Добриот човек од својата добра ризница изнесува добро,+ додека злиот човек од својата зла ризница изнесува зло.+ 36 Ви велам дека за секој безвреден* збор што ќе го изговорат, луѓето ќе положат сметка+ во Судниот ден. 37 Зашто, по твоите зборови ќе бидеш прогласен за праведен и по твоите зборови ќе бидеш осуден“.+
38 Тогаш некои книжници и фарисеи му рекоа: „Учителе, сакаме да видиме од тебе некаков чудотворен знак“.+ 39 Тој им одговори: „Зло и прељубничко+ поколение постојано бара знак, но нема да му се даде никаков друг знак, освен знакот на пророкот Јона.+ 40 Зашто, како што Јона+ беше во утробата на големата риба три дни и три ноќи, така и Синот човечки+ ќе биде во срцето на земјата+ три дни и три ноќи.+ 41 Жителите на Ниневија ќе станат од мртвите во Судниот ден заедно со ова поколение+ и ќе го осудат,+ зашто се покајаа кога им проповедаше Јона,+ а еве, овде е некој што е поголем од Јона. 42 Царицата на југот+ ќе стане од мртвите во Судниот ден заедно со ова поколение и ќе го осуди, зашто дојде од крајот на земјата за да ја чуе мудроста на Соломон, а еве, овде е некој што е поголем од Соломон.+
43 Кога нечист дух ќе излезе од човек, поминува низ безводни места барајќи место за починка, но не го наоѓа.+ 44 Тогаш вели: ‚Ќе се вратам во својата куќа од која излегов‘. А кога ќе дојде, ја наоѓа празна, изметена и уредена. 45 Тогаш оди и доведува со себе седум други духови, полоши од себе,+ па влегуваат и се населуваат таму. На крајот, на тој човек ќе му биде полошо отколку порано.+ Така ќе биде и со ова зло поколение“.+
46 Додека тој уште му зборуваше на мноштвото дојдоа мајка му и неговите браќа.+ Застанаа надвор и сакаа да зборуваат со него. 47 И некој му рече: „Ене, мајка ти и твоите браќа стојат надвор и сакаат да зборуваат со тебе“. 48 А на оној што му го рече тоа му одврати: „Која е мојата мајка и кои се моите браќа?“+ 49 И покажувајќи со раката кон своите ученици, рече: „Еве ги мојата мајка и моите браќа!+ 50 Зашто, секој што ја врши волјата на мојот Татко кој е на небото, тој ми е и брат и сестра и мајка“.
13 Тој ден Исус излезе од куќата и седна покрај морето. 2 И околу него се собра многу народ, па затоа тој влезе во еден чамец и седна,+ а сиот тој народ стоеше на брегот. 3 Тогаш им кажа многу работи со споредби: „Гледај, еден сејач излезе да сее.+ 4 Додека сееше, дел од семето падна покрај патот, и дојдоа птици и го исколваа.+ 5 А дел од него падна на каменито место, каде што немаше доволно земја. И веднаш никна, зашто земјата не беше длабока.+ 6 Но, кога излезе сонцето, го спржи и, бидејќи немаше корен, се исуши.+ 7 А дел, пак, падна меѓу трњата, и трњата нараснаа и го задушија.+ 8 А дел падна на добра земја и почна да дава плод+ — едното сто, другото шеесет, а третото, пак, триесет пати повеќе од посеаното.+ 9 Кој има уши, нека слуша!“+
10 И учениците му пристапија и го прашаа: „Зошто им зборуваш со споредби?“+ 11 Тој им одговори: „Вам ви е дадено да ги разберете светите тајни+ на царството небесно, но ним не им е дадено.+ 12 Зашто, на оној што има, ќе му се даде уште, и ќе има во изобилство,+ а на оној што нема, ќе му се земе и она што го има.+ 13 Затоа им зборувам со споредби, зашто гледаат, без да видат, и слушаат, без да чујат, и не разбираат.+ 14 И на нив се исполнува пророштвото на Исаија, кое вели: ‚Со ушите ќе слушате, но нема да разберете, и со очите ќе гледате, но нема да видите.+ 15 Зашто, срцето на овој народ е неприемливо, и со ушите слушаат, но не се оѕвиваат, и ги затвораат очите, за да не гледаат со очите и да не слушаат со ушите и да не разберат со срцето и да не се обратат и да не ги излекувам‘.+
16 Но среќни се вашите очи,+ бидејќи гледаат, и вашите уши, бидејќи слушаат. 17 Зашто, вистина, ви велам, многу пророци+ и праведници сакаа да го видат тоа што вие го гледате, но не го видоа,+ и да го чујат тоа што вие го слушате, но не го чуја.+
18 Затоа, чујте ја споредбата за сејачот.+ 19 Кај секој што ја слуша речта за царството, а не ја разбира, доаѓа Злобниот+ и го грабнува она што му е посеано во срцето. Тоа е она што е посеано покрај патот. 20 А она што е посеано на каменито место, тоа е оној што ја слуша речта и веднаш ја прифаќа со радост.+ 21 Но нема корен во себе, туку се одржува само некое време, а кога ќе дојде неволја или прогонство поради речта, веднаш се поколебува.+ 22 А она што е посеано меѓу трње, тоа е оној што ја слуша речта, но грижите од овој свет*+ и примамливото богатство ја задушуваат речта, па тој останува без плод.+ 23 А она што е посеано на добра земја, тоа е оној што ја слуша речта и ја разбира, па раѓа плод и дава — едниот сто, другиот шеесет, а третиот триесет пати повеќе од посеаното“.+
24 Им кажа уште една споредба: „Со царството небесно е како со човек кој посеа добро семе на својата нива.+ 25 Додека луѓето спиеја, дојде неговиот непријател, посеа какол меѓу пченицата и си отиде. 26 А кога посевот изникна и даде плод, тогаш се појави и каколот. 27 Тогаш дојдоа робовите кај домаќинот и му рекоа: ‚Господару, зарем не посеа добро семе на својата нива?+ Тогаш, од каде е овој какол во неа?‘+ 28 А тој им рече: ‚Тоа го направил некој непријател‘.+ Тогаш тие му рекоа: ‚Сакаш ли да одиме и да го собереме?‘ 29 А тој одговори: ‚Не, за да не се случи, собирајќи го каколот, да ја откорнете со него и пченицата. 30 Нека растат двете заедно до жетвата, а во времето на жетвата ќе им кажам на жетварите: соберете го најнапред каколот и врзете го во снопови за да се изгори,+ а потоа соберете ја пченицата во мојот амбар‘ “.+
31 Им кажа уште една споредба:+ „Со царството небесно е како со синапово зрно,+ кое човек го зеде и го посеа на својата нива. 32 Тоа, всушност, е најмалото од сите семиња, но кога ќе израсне, станува поголемо од секое друго растение во градината и станува дрво, така што птиците небесни+ доаѓаат и се населуваат на неговите гранки“.+
33 Им раскажа уште една споредба: „Со царството небесно е како со квасец+ што го зема жена и го замесува* со три големи мери* брашно, додека не скисне целото“.
34 Сето тоа Исус му го зборуваше на народот користејќи споредби. Секогаш им зборуваше со споредби,+ 35 за да се исполни она што беше кажано преку пророкот: „Ќе ја отворам својата уста со споредби, ќе го објавувам она што е скриено од настанувањето на светот“.+
36 Тогаш го распушти народот и влезе во куќата. А неговите ученици дојдоа кај него и рекоа: „Објасни ни ја споредбата за каколот на нивата“. 37 Тогаш тој рече: „Сејачот на доброто семе е Синот човечки, 38 нивата е светот,+ доброто семе се синовите на царството, каколот се синовите на Злобниот,+ 39 а непријателот што го посеа е Ѓаволот.+ Жетвата+ е свршетокот на овој поредок,*+ а жетварите се ангелите. 40 Според тоа, како што се собира каколот и се гори во оган, така ќе биде на свршетокот на овој поредок.+ 41 Синот човечки ќе ги испрати своите ангели и тие ќе ги соберат од неговото царство сите оние што ги наведуваат другите на грев*+ и оние што вршат беззаконие, 42 па ќе ги фрлат во вжарена печка.+ Таму ќе плачат и ќе чкртаат со забите.+ 43 Тогаш праведниците ќе светат+ како сонце+ во царството на својот Татко. Кој има уши, нека слуша.+
44 Со царството небесно е како со богатство скриено во нива, кое човек го нашол и го скрил. Потоа од радост оди и продава сѐ+ што има, па ја купува таа нива.+
45 Понатаму, со царството небесно е како со трговец што патува барајќи убави бисери. 46 Штом ќе најде еден скапоцен бисер,+ оди и веднаш продава сѐ што има и го купува.+
47 Исто така, со царството небесно е како со мрежа фрлена во морето, во која се собираат секакви риби.+ 48 Кога ќе се наполни, ја извлекуваат на брегот, седнуваат, па добрите риби ги собираат+ во садови, а лошите+ ги фрлаат. 49 Така ќе биде на свршетокот на овој поредок: ќе излезат ангелите, ќе ги одвојат злите+ од праведните+ 50 и ќе ги фрлат во вжарена печка. Таму ќе плачат и ќе чкртаат со забите.+
51 Дали го разбравте сето ова?“ Тие му рекоа: „Да“. 52 Потоа им рече: „Затоа, секој учител, кога е поучен за царството небесно,+ е како човек, домаќин, кој од својата ризница изнесува ново и старо“.+
53 Кога ги раскажа овие споредби, Исус замина оттаму и отиде во друг крај. 54 И дојде во својот роден крај,+ па почна да ги поучува во нивната синагога,+ така што тие се восхитија и рекоа: „Од каде има овој мудрост и моќ за да прави такви дела? 55 Зарем не е ова синот на дрводелецот?+ Зарем мајка му не се вика Марија, а неговите браќа Јаков, Јосиф, Симон и Јуда? 56 И зарем не се сите негови сестри со нас?+ Од каде му е тогаш сето тоа?“+ 57 И не сакаа да веруваат во него.+ Но Исус им рече: „Пророкот никаде не останува без чест, освен во својот роден крај и во својот дом“.+ 58 И не изврши таму многу моќни дела* затоа што немаа вера.+
14 Во тоа време тетрархот* Ирод* чу глас за Исус,+ 2 па им рече на своите слуги: „Тоа е Јован Крстител. Тој воскресна од мртвите и затоа прави моќни дела“.*+ 3 Зашто, Ирод го фати Јован, го врза и го фрли в затвор поради Иродијада, жената на брат му Филип.+ 4 Зашто, Јован му велеше: „Законот не ти дозволува да ја имаш за жена“.+ 5 И сакаше да го убие, но се плашеше од народот, бидејќи го сметаа за пророк.+ 6 Но кога се славеше роденденот+ на Ирод, ќерката на Иродијада играше пред нив и толку му се допадна на Ирод 7 што тој се заколна дека ќе ѝ даде сѐ што ќе побара.+ 8 Тогаш таа, наговорена од мајка си, рече: „Дај ми ја овде на послужавник главата на Јован Крстител!“+ 9 Иако царот се нажали, сепак заповеда да ѝ ја дадат поради заклетвата и поради гостите.*+ 10 И испрати луѓе во затворот да му ја отсечат главата на Јован. 11 И ја донесоа неговата глава на послужавник и ѝ ја дадоа на девојката, а таа ѝ ја однесе на мајка си.+ 12 А учениците на Јован дојдоа, го однесоа телото и го закопаа,+ па отидоа и му јавија на Исус. 13 Кога чу за тоа, Исус замина оттаму со чамец и отиде на пусто место за да биде сам.+ Но народот дозна за тоа, па тргна по него пеш од градовите.
14 Кога излезе, виде многу народ, па се сожали+ на нив и ги излекува нивните болни.+ 15 А кога се свечери, му пријдоа учениците и рекоа: „Местово е пусто, а веќе е доцна. Распушти го народот, нека оди по селата и нека си купи нешто за јадење“.+ 16 А Исус им рече: „Не треба да одат, дајте им вие да јадат“.+ 17 Тие му одговорија: „Овде немаме ништо друго, освен пет леба и две риби“.+ 18 А тој рече: „Донесете ми ги тука“. 19 И му заповеда на народот да испоседне* на тревата. Потоа ги зеде петте леба и двете риби, погледна кон небото и кажа благослов,+ па ги раскрши лебовите и им ги раздели на учениците, а учениците на народот.+ 20 И сите јадоа и се наситија. Потоа ги собраа преостанатите парчиња — дванаесет полни кошници.+ 21 А оние што јадеа беа околу пет илјади мажи, не сметајќи ги жените и децата.+ 22 Веднаш потоа ги натера учениците да влезат во чамецот и да отидат пред него на другата страна додека тој да го распушти народот.+
23 Штом го распушти народот, се качи на гората сам за да се моли.+ А кога се свечери, тој сѐ уште беше таму сам. 24 Чамецот веќе беше далеку* од копното и одвај им се спротивставуваше на брановите,+ бидејќи пловеше спроти ветрот. 25 Но во текот на четвртата ноќна стража* тој дојде до нив, одејќи по морето.+ 26 Кога го здогледаа како оди по морето, учениците се уплашија и рекоа: „Тоа е привидение!“+ И од страв почнаа да викаат. 27 Но Исус веднаш им се обрати со зборовите: „Бидете храбри, јас сум! Не плашете се!“+ 28 А Петар му рече: „Господару, ако си ти, заповедај ми да дојдам кај тебе по водата!“ 29 А тој рече: „Дојди!“ И Петар излезе од чамецот+ и, одејќи по водата, тргна кон Исус. 30 Но кога го виде бурниот ветар, се исплаши и почна да тоне, па извика: „Господару, спаси ме!“ 31 А Исус веднаш ја испружи раката, го фати и му рече: „Маловерен, зошто се посомнева?“+ 32 Кога влегоа во чамецот, бурниот ветар стивна. 33 Тогаш оние во чамецот му се поклонија и рекоа: „Навистина, ти си Божји Син“.+ 34 И преминаа на другата страна и дојдоа на копно во Генисарет.+
35 Кога луѓето од тој крај го препознаа, го разгласија тоа по целата околија. И му ги доведуваа сите кои беа болни.+ 36 И го молеа барем да го допрат работ од неговата облека.+ И сите што го допреа, оздравеа.
15 Тогаш кај Исус дојдоа фарисеи и книжници од Ерусалим+ и го прашаа: 2 „Зошто твоите ученици го престапуваат преданието на нашите стари? Не го прават обредот на миење раце пред јадење“.+
3 А тој им одговори: „А зошто вие ја престапувате Божјата заповед поради вашето предание?+ 4 На пример, Бог рекол: ‚Почитувај ги татка си и мајка си‘+ и ‚Кој ќе проколне татко или мајка, да биде погубен‘.+ 5 А вие велите: ‚Оној што ќе му рече на татка си или на мајка си: „Она што го имам, а со кое би можел да ти помогнам, го одредив за Бог како дар“, 6 тој не мора да го почитува својот татко‘.+ И така ја обезвреднивте речта Божја поради вашето предание.+ 7 Лицемери,+ добро пророкуваше за вас Исаија,+ кога рече: 8 ‚Овој народ ме почитува со усните, но срцето му е далеку од мене.+ 9 Залудно ме почитуваат, бидејќи учењата за кои поучуваат се човечки заповеди‘ “.+ 10 Тогаш го викна мноштвото и му рече: „Слушајте и разберете!+ 11 Човекот не го валка она што влегува во устата, туку она што излегува од устата — тоа го валка човекот“.+
12 Тогаш му пристапија учениците и му рекоа: „Знаеш ли дека фарисеите се навредија кога слушнаа што рече ти?“+ 13 А тој им одговори: „Секоја садница што не ја засадил мојот небесен Татко, ќе биде откорната.+ 14 Оставете ги. Тие се слепи водачи. А кога слепец води слепец, обајцата ќе паднат во јама“.+ 15 Тогаш Петар му рече: „Објасни ни ја таа споредба“.+ 16 А тој рече: „Зарем и вие уште не разбирате?+ 17 Не знаете ли дека сѐ што влегува во устата доаѓа во утробата и се исфрла во нужникот? 18 А она што излегува од устата, излегува од срцето, и тоа го валка човекот.+ 19 На пример, од срцето излегуваат зли мисли,+ убиства, прељуби, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули.+ 20 Тоа е она што го валка човекот, а ако не ги измил рацете според обредот, тоа не го валка човекот“.+
21 Тогаш Исус замина оттаму и се повлече во тирските и сидонските краишта.+ 22 И гледај, една Феничанка+ од тие краишта дојде и извика: „Смилувај ми се,+ Господару, Сине Давидов! Ќерка ми е обземена од демони и ужасно страда“. 23 Но тој не ѝ одговори ниту збор. Затоа неговите ученици му пријдоа и го замолија: „Речи ѝ да си оди, зашто постојано вика по нас“. 24 Тогаш тој рече: „Не сум испратен кај никој друг, освен кај загубените овци на домот Израелов“.+ 25 А жената дојде, му се поклони и рече: „Господару, помогни ми!“+ 26 Тој ѝ одговори: „Не е исправно да им се земе лебот на децата и да им се фрли на кученцата“. 27 А таа рече: „Да, Господару, но кученцата сепак јадат од трошките што паѓаат од масата на нивните господари“.+ 28 Тогаш Исус ѝ рече: „О жено, голема е твојата вера. Нека ти биде како што сакаш“. И ќерка ѝ оздраве во тој час.+
29 Штом замина оттаму, Исус дојде во близината на Галилејското Море,+ се искачи на планината+ и седна таму. 30 Тогаш му пристапи многу народ, доведувајќи со себе куци, сакати, слепи, неми и многу други, па ги положија пред неговите нозе, а тој ги излекува.+ 31 Кога виде дека немите зборуваат, куците одат и слепите гледаат, народот се восхитуваше и го славеше Богот на Израел.+
32 А Исус ги викна кај себе своите ученици и им рече:+ „Жал ми е+ за народот, зашто веќе три дена се со мене, а немаат што да јадат. Не сакам да ги распуштам гладни, зашто би можеле да премалат по патот“. 33 А учениците го прашаа: „Од каде на ова пусто место да земеме доволно леб за да се насити толкав народ?“+ 34 Тогаш Исус им рече: „Колку леба имате?“ Тие одговорија: „Седум, и неколку рипчиња“. 35 И откако му рече на народот да испоседне* на земја, 36 ги зеде седумте леба и рибите и, откако му се заблагодари на Бог, ги раскрши и почна да им ги дели на учениците, а учениците на народот.+ 37 И сите јадоа и се наситија. Потоа ги собраа преостанатите парчиња — седум полни кошници.+ 38 А оние што јадеа беа четири илјади мажи, не сметајќи ги жените и децата. 39 Кога го распушти народот, влезе во чамецот и дојде во магаданскиот крај.+
16 И му пријдоа фарисеите+ и садукеите со намера да го искушаат, па побараа од него да им покаже знак од небото.+ 2 А тој им рече: „[Кога ќе се свечери, имате обичај да речете: ‚Времето ќе биде убаво, зашто небото е црвено‘. 3 А наутро велите: ‚Денес ќе биде студено и дождливо време, зашто небото е црвено, но мрачно‘. Изгледот на небото умеете да го толкувате, а знаците на времињата не умеете да ги толкувате!]*+ 4 Зло и прељубничко поколение постојано бара знак, но нема да му се даде друг знак,+ освен знакот на Јона“.+ Тогаш си замина и ги остави.+
5 Учениците преминаа на другата страна, но заборавија да си понесат леб.+ 6 А Исус им рече: „Бидете претпазливи, пазете се од квасецот на фарисеите и садукеите“.+ 7 Затоа почнаа да се расправаат меѓу себе: „Тоа го вели затоа што не понесовме леб“. 8 А Исус, знаејќи го тоа, рече: „Зошто се расправате меѓу себе поради тоа што немате леб, маловерни?+ 9 Зарем уште не сфаќате? Не се сеќавате ли на оние пет леба на пет илјади мажи, и колку кошници собравте?+ 10 Или на оние седум леба на четири илјади мажи, и колку кошници собравте?+ 11 Како не сфаќате дека не ви зборував за леб? Туку, чувајте се од квасецот на фарисеите и садукеите“.+ 12 Тогаш сфатија дека не им рече да се чуваат од лебниот квасец, туку од учењето+ на фарисеите и садукеите.
13 Кога дојде во пределите на Цезареја Филипова, Исус ги праша своите ученици: „Што велат луѓето, кој е Синот човечки?“+ 14 Тие одговорија: „Некои велат дека си Јован Крстител,+ други дека си Илија,+ а трети дека си Еремија или еден од пророците“. 15 Тогаш ги праша: „А вие, што велите вие, кој сум јас?“+ 16 Симон Петар одговори: „Ти си Христос,*+ Синот на живиот Бог“.+ 17 Тогаш Исус му рече: „Среќен си ти, Симоне, сине Јонин, зашто телото и крвта не ти го открија тоа, туку мојот Татко кој е на небесата.+ 18 А јас тебе ти велам: ти си Петар.+ На оваа карпа*+ ќе го изградам своето собрание*‚ и портите на гробот*+ нема да го надвладеат.+ 19 Ќе ти ги дадам клучевите на царството небесно, па што и да врзеш на земјата, ќе биде одраз на она што веќе е врзано на небесата, и што и да разврзеш на земјата, ќе биде одраз на она што веќе е разврзано* на небесата“.+ 20 Тогаш строго им заповеда на учениците никому да не му кажуваат дека тој е Христос.+
21 Оттогаш Исус Христос почна да им објаснува на своите ученици дека мора да оди во Ерусалим и многу да пострада од старешините, од главните свештеници и од книжниците, и да биде убиен и на третиот ден да воскресне.+ 22 А Петар го тргна настрана и почна да го прекорува: „Биди милостив кон себе, Господару. Тоа никако нема да ти се случи тебе!“+ 23 А тој, свртувајќи го грбот, му рече на Петар: „Бегај од мене, Сатано!+ Ти си ми камен за спрепнување, зашто твоите мисли не се Божји,+ туку човечки“.
24 Тогаш Исус им рече на своите ученици: „Ако некој сака да оди по мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот маченички столб* и нека оди по мене.+ 25 Зашто, кој сака да си го спаси животот,* ќе го изгуби, а кој ќе го изгуби својот живот заради мене, ќе го најде.+ 26 Зашто, од каква корист му е на човекот ако го добие целиот свет, а го загуби животот?+ Или, што може да даде човек во замена+ за својот живот? 27 Зашто, на Синот човечки му е одредено да дојде во славата на својот Татко, со своите ангели, и тогаш ќе му врати секому според неговите дела.+ 28 Вистина, ви велам, некои од оние што стојат овде нема да вкусат смрт додека не го видат Синот човечки како доаѓа како цар“.+
17 По шест дена, Исус ги зеде Петар, Јаков и неговиот брат Јован, и ги одведе на една висока планина, каде што беа сами.+ 2 Тогаш се преобрази пред нив. Лицето му светна како сонце,+ а облеката му стана бела како светлина.+ 3 И гледај, им се појавија Мојсеј и Илија, кои разговараа со него.+ 4 Тогаш Петар му рече на Исус: „Господару, добро ни е овде. Ако сакаш, ќе подигнам овде три шатори, еден за тебе, еден за Мојсеј и еден за Илија“.+ 5 И додека тој уште зборуваше, ги засени еден светол облак. И се чу глас од облакот: „Ова е мојот сакан Син, кој е по мојата волја!+ Него слушајте го!“+ 6 Кога го чуја тоа, учениците паднаа ничкум и многу се уплашија.+ 7 Тогаш Исус им пријде, ги допре и им рече: „Станете, не плашете се“.+ 8 А кога ги подигнаа очите, не видоа никого друг, освен Исус.+ 9 И додека слегуваа од планината, Исус им заповеда: „Никому не кажувајте за ова видение додека Синот човечки не стане од мртвите“.+
10 А учениците го прашаа: „Зошто тогаш книжниците велат дека најпрво мора да дојде Илија?“+ 11 Тој им одговори: „Илија навистина мора да дојде и да обнови сѐ.+ 12 Но ви велам дека Илија веќе дојде и не го препознаа, туку му направија како што сакаа. Така е одредено да пострада од нивни раце и Синот човечки“.+ 13 Тогаш учениците сфатија дека им зборува за Јован Крстител.+
14 Кога дојдоа кај народот,+ му пријде еден човек, клекна пред него и рече: 15 „Господару, смилувај му се на мојот син, бидејќи има епилепсија и тешко е болен. Често паѓа во оган и често во вода.+ 16 И го доведов кај твоите ученици, но не можеа да го излекуваат“.+ 17 А Исус рече: „О безверно и изопачено поколение!+ До кога морам да останам со вас? До кога морам да ве поднесувам? Доведете го кај мене!“ 18 И Исус го прекори демонот, и тој излезе од момчето.+ И момчето оздраве во тој час.+ 19 Тогаш учениците му пристапија на Исус насамо и го прашаа: „Зошто ние не можевме да го истераме?“+ 20 Тој им одговори: „Поради вашата маловерност. Зашто, вистина, ви велам, ако вашата вера е голема само колку синапово зрно, ќе ѝ речете на оваа планина: ‚Премести се одовде таму‘, и ќе се премести. И ништо нема да ви биде невозможно“.+ 21 *——
22 Кога беа собрани во Галилеја, Исус им рече: „Синот човечки ќе биде издаден и предаден во рацете на луѓето.+ 23 Тие ќе го убијат, но на третиот ден ќе воскресне“.+ Тогаш многу се нажалија.+
24 Кога стигнаа во Капернаум, на Петар му пристапија оние што собираат данок од две драхми* и рекоа: „Зарем вашиот учител не плаќа данок од две драхми?“+ 25 Тој одговори: „Плаќа“. Потоа влезе во куќата, а Исус го испревари со прашањето: „Што мислиш, Симоне? Од кого земаат давачки или данок земните цареви: од своите синови или од туѓите?“ 26 Кога одговори: „Од туѓите“, Исус му рече: „Значи, нивните синови се ослободени од данок. 27 Но за да не ги соблазниме,+ оди до морето, фрли јадица и земи ја првата риба што ќе ја фатиш, отвори ѝ ја устата и ќе најдеш статир.* Земи го, па дај им го за мене и за себе“.+
18 Во тој час учениците му пристапија на Исус и рекоа: „Кој е, всушност, најголем во царството небесно?“+ 2 А тој повика кај себе едно дете, го стави меѓу нив+ 3 и рече: „Вистина, ви велам, ако не се преобратите и не станете како деца,+ нема да влезете во царството небесно.+ 4 Затоа, кој ќе се понизи+ како ова дете, тој е најголем во царството небесно.+ 5 И кој прима едно вакво дете во мое име, ме прима и мене.+ 6 Но, кој ќе поколеба во верата* еден од овие мали кои веруваат во мене, подобро ќе му биде да му обесат околу вратот мелнички камен+ што го врти магаре и да потоне во морската длабочина.+
7 Тешко му на светот поради тоа што им дава на луѓето причина да грешат!* Се разбира, таквите причини за грев мора да ги има,+ но тешко на човекот преку кого доаѓаат тие!+ 8 Значи, ако твојата рака или твојата нога те наведува на грев,* отсечи ја и фрли ја од себе!+ Подобро ти е сакат или куц да добиеш живот отколку со две раце или со две нозе да бидеш фрлен во вечниот оган.+ 9 И ако окото те наведува на грев, извади го и фрли го од себе! Подобро ти е со едно око да добиеш живот отколку со две очи да бидеш фрлен во огнот на геената.*+ 10 Гледајте да не презрете еден од овие мали, зашто ви велам дека нивните ангели+ на небото секогаш го гледаат лицето на мојот Татко кој е на небото.+ 11 * ——
12 Што мислите, ако некој човек има сто овци и една од нив залута,+ нема ли да ги остави оние деведесет и девет в планина и да тргне да ја бара залутаната?+ 13 И ако успее да ја најде, вистина, ви велам, повеќе ќе се радува поради неа отколку поради оние деведесет и девет што не залутале.+ 14 Така и мојот Татко, кој е на небото, не сака да загине ниту еден од овие маливе.+
15 Ако твојот брат направи грев, оди и насамо укажи му на неговиот престап.+ Ако те послуша, си го придобил својот брат.+ 16 А ако не послуша, земи со себе уште еден или двајца, за да биде потврдено секое тврдење со изјавата на двајца или тројца сведоци.+ 17 Ако не ги послуша нив, кажи му на собранието. А ако не го послуша ниту собранието, нека ти биде како незнабожец+ и како даночник.+
18 Вистина, ви велам, што и да врзете на земјата, ќе биде одраз на она што веќе е врзано на небото, и што и да разврзете на земјата, ќе биде одраз на она што веќе е разврзано* на небото.+ 19 Понатаму, ви велам, ако двајца од вас на земјата сложно замолат за која и да било важна работа, тоа ќе им го исполни мојот Татко кој е на небото.+ 20 Зашто, каде што двајца или тројца се собрани во мое име,+ таму сум и јас меѓу нив“.+
21 Тогаш му пријде Петар и му рече: „Господару, колкупати може да ми згреши мојот брат, а јас да му простам?+ До седум пати?“+ 22 А Исус му рече: „Не ти велам до седумпати, туку до седумдесет и седум пати.+
23 Затоа, со царството небесно е како со човек, цар,+ кој сакаше да ги среди сметките+ со своите робови. 24 Кога почна да пресметува, му доведоа еден човек кој му должеше десет илјади таланти* [односно шеесет милиони денарии].* 25 Но бидејќи немаше со што да го врати долгот, господарот нареди да ги продадат него и неговата жена и децата и сѐ што имаше, и да се намири долгот.+ 26 Тогаш робот падна ничкум и, клањајќи се, му рече: ‚Биди стрплив со мене, и сѐ ќе ти вратам‘. 27 А на господарот му падна жал и го пушти тој роб,+ поништувајќи му го долгот.+ 28 А тој роб излезе и најде еден друг роб, кој му должеше сто денарии.+ Го зграпчи и почна да го дави, велејќи: ‚Исплати ми сѐ што ми должиш!‘ 29 Тогаш тој роб падна ничкум и го молеше: ‚Биди стрплив+ со мене, и ќе ти вратам‘. 30 Но тој не сакаше, туку отиде и го фрли в затвор додека не го врати она што го должеше. 31 А кога другите робови видоа што се случи, многу се нажалија, па отидоа и му раскажаа на својот господар за сѐ што се случи.+ 32 Тогаш неговиот господар го викна и му рече: ‚Зол робу, јас ти го поништив сиот оној долг, бидејќи ме молеше. 33 Зарем не требаше и ти да му се смилуваш+ на другиот роб, како што јас ти се смилував+ тебе?‘ 34 И неговиот господар се разгневи+ и им го предаде на темничарите, додека не врати сѐ што должеше. 35 Така+ и мојот небесен Татко ќе постапи со вас ако секој од вас не му прости од срце на својот брат“.+
19 Откако го кажа сето тоа, Исус замина од Галилеја и дојде во граничното подрачје на Јудеја, од онаа страна на Јордан.+ 2 По него одеше многу народ, и тој ги излекува таму.+
3 И му пристапија фарисеи за да го искушаат, па го прашаа: „Дозволено ли е мажот да се разведе од својата жена од која и да било причина?“+ 4 Тој им одговори: „Зарем не сте читале дека оној што ги создаде во почетокот, ги создаде машко и женско+ 5 и рече: ‚Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си+ и ќе се прилепи до својата жена, и двајцата ќе бидат едно тело‘?+ 6 Така повеќе не се две, туку едно тело. Затоа, Бог што составил,* човек да не разделува!“+ 7 А тие му рекоа: „Зошто тогаш Мојсеј пропиша мажот да може да ѝ даде потврда за развод и да се разведе од неа?“+ 8 Тој им одговори: „Поради закоравеноста на вашето срце+ Мојсеј направи отстапка за да се разведувате од своите жени, но во почетокот не беше така.+ 9 Ви велам, секој што ќе се разведе од својата жена, освен поради блуд, и ќе се ожени со друга, прави прељуба“.+
10 Тогаш учениците му рекоа: „Ако е таква врската помеѓу мажот и жената, подобро е човек да не се жени!“+ 11 А тој им рече: „Не можат сите да живеат според тие зборови, туку само оние што го имаат тој дар.+ 12 Зашто, има такви што не се способни за женидба бидејќи такви се родиле,+ има такви што не се способни за женидба бидејќи луѓето ги онеспособиле, а има и такви што доброволно се одрекуваат од женидба заради царството небесно. Кој може да живее така, нека живее така“.+
13 Тогаш му доведоа деца за да ги положи рацете врз нив и да се помоли, но учениците ги прекоруваа.+ 14 А Исус рече: „Пуштете ги децата! Не спречувајте ги да доаѓаат кај мене, зашто на таквите им припаѓа царството небесно“.+ 15 И ги положи рацете врз нив и си отиде оттаму.+
16 И гледај, му пријде еден човек и му рече: „Учителе, какво добро морам да направам за да добијам вечен живот?“+ 17 А тој му рече: „Зошто ме прашуваш што е добро? Само еден е добар.+ Значи, ако сакаш да добиеш живот, држи ги заповедите“.+ 18 Човекот го праша: „Кои?“+ Исус одговори: „Овие: ‚Не убивај‘,+ ‚Не врши прељуба‘,+ ‚Не кради‘,+ ‚Не сведочи лажно‘,+ 19 ‚Почитувај ги татка си и мајка си‘+ и ‚Сакај го својот ближен како себеси‘“.+ 20 Тогаш младиот човек му рече: „Сето тоа го држам. Што уште ми недостига?“ 21 Исус му одговори: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди продај го својот имот и дај им ги парите на сиромасите, па ќе имаш богатство на небото.+ А потоа дојди и оди по мене“.+ 22 Кога ги чу овие зборови, младиот човек си отиде нажален, зашто имаше голем имот.+ 23 А Исус им рече на своите ученици: „Вистина, ви велам, на богатиот ќе му биде тешко да влезе во царството небесно.+ 24 И пак ви велам, полесно ѝ е на камила да помине низ иглени уши отколку на богатиот да влезе во Божјето царство“.+
25 Кога учениците го чуја тоа, многу се изненадија и прашаа: „Тогаш кој може да се спаси?“+ 26 Исус ги погледна в очи и им рече: „За луѓето тоа е невозможно, но за Бог сѐ е возможно“.+
27 Тогаш Петар му рече: „Еве, ние оставивме сѐ и те следиме. Што ќе добиеме за тоа?“+ 28 Исус им одговори: „Вистина, ви велам, при повторното создавање, кога Синот човечки ќе седне на својот славен престол, вие што ме следевте ќе седнете на дванаесет престоли и ќе им судите на дванаесетте Израелови племиња.+ 29 И секој што оставил куќи или браќа или сестри или татко или мајка или деца или земја заради моето име, ќе добие многу повеќе и ќе наследи вечен живот.+
30 А мнозина кои се први, ќе бидат последни, а последните, први.+
20 Со небесното царство е како со човек, домаќин, кој излезе рано наутро за да најми работници за своето лозје.+ 2 Кога се погоди со работниците по денариј* на ден,+ ги испрати во своето лозје. 3 Кога излезе повторно околу третиот* час,+ виде други како стојат на плоштадот+ без работа, 4 па им рече: ‚Појдете и вие во лозјето, па ќе ви дадам колку што е праведно‘. 5 И отидоа. Повторно излезе околу шестиот*+ и деветтиот* час+ и го направи истото. 6 На крајот излезе околу единаесеттиот* час и најде други како стојат, па им рече: ‚Зошто стоите овде цел ден без работа?‘ 7 Тие му одговорија: ‚Затоа што никој не нѐ најми‘. А тој им рече: ‚Одете и вие во лозјето‘.+
8 Кога се свечери,+ господарот на лозјето му рече на својот настојник: ‚Повикај ги работниците и плати им,+ почнувајќи од последните па до првите‘. 9 Кога дојдоа оние од единаесеттиот час, секој прими по денариј. 10 А кога дојдоа првите, си помислија дека ќе добијат повеќе, но и тие добија по денариј. 11 Штом ја примија платата, почнаа да му приговараат на домаќинот:+ 12 ‚Овие последниве работеа еден час, а ти ги изедначи со нас, а ние цел ден напорно работевме и ја трпевме жегата‘. 13 А тој му одговори на еден од нив: ‚Пријателе, јас тебе не те онеправдувам. Зарем не се погоди со мене за денариј?+ 14 Земи си го своето и оди си! На последниов сакам да му дадам исто колку и тебе.+ 15 Зарем немам право да правам што сакам со она што е мое? Зарем твоето око е зло*+ затоа што сум добар?‘+ 16 Така последните ќе бидат први, а првите последни“.+
17 Додека одеше кон Ерусалим, Исус ги зеде дванаесетте ученици+ насамо и по пат им рече: 18 „Еве, одиме во Ерусалим. Синот човечки ќе им биде предаден на главните свештеници и на книжниците, а тие ќе го осудат на смрт+ 19 и ќе им го предадат на незнабошците за да го исмеваат и да го камшикуваат и да го приковаат на столб,*+ а на третиот ден тој ќе воскресне“.+
20 Тогаш му пристапи мајката на Зеведеевите синови,+ заедно со своите синови, и му се поклони за да побара нешто од него.+ 21 А тој ѝ рече: „Што сакаш?“ Таа му одговори: „Кажи овие двајца мои синови да седнат до тебе во твоето царство, едниот од твојата десна страна, а другиот од левата“.+ 22 Исус тогаш рече: „Не знаете што барате. Можете ли да ја пиете чашата+ што треба да ја пијам јас?“ Тие му одговорија: „Можеме“. 23 А тој им рече: „Навистина ќе ја пиете мојата чаша,+ но да седите од мојата десна и лева страна, тоа не можам да ви го дадам јас, туку им припаѓа на оние за кои мојот Татко го приготвил“.+
24 Кога го чуја тоа, останатите десетмина им се налутија на двајцата браќа.+ 25 Но Исус ги повика кај себе и рече: „Знаете дека владетелите господарат над народите и големците ги држат под своја власт.+ 26 А меѓу вас нека не биде така.+ Напротив, кој сака да биде голем меѓу вас, нека ви биде слуга,+ 27 и кој сака да биде прв меѓу вас, нека ви биде роб.+ 28 Така и Синот човечки не дојде да му служат, туку да служи+ и да го даде својот живот* како откупнина за мнозина“.+
29 А кога излегуваа од Ерихон,+ по него тргнаа големо мноштво луѓе. 30 И гледај, двајца слепци седеа крај патот. Штом чуја дека Исус поминува, извикаа: „Господару, смилувај ни се, Сине Давидов!“+ 31 А мноштвото ги замолкнуваше, но тие викаа уште посилно: „Господару, смилувај ни се, Сине Давидов!“+ 32 Тогаш Исус застана, ги викна и ги праша: „Што сакате да ви направам?“ 33 Тие му одговорија: „Господару, нека ни се отворат очите“.+ 34 На Исус му падна жал, па им ги допре очите,+ и веднаш прогледаа и тргнаа по него.+
21 Кога се приближија до Ерусалим и стигнаа во Витфага на Маслинската Гора, Исус испрати двајца ученици+ 2 и им рече: „Појдете во селоно што го гледате пред вас. Веднаш ќе најдете врзана магарица и прле со неа. Одврзете ги и доведете ми ги.+ 3 Ако некој ви каже нешто, речете: ‚Му требаат на Господарот‘. И веднаш ќе ги пушти“.
4 А тоа се случи за да се исполни она што беше кажано преку пророкот: 5 „Кажете ѝ на сионската ќерка: ‚Гледај, ти доаѓа твојот Цар,+ благ е+ и седи на магаре, на прле, младенче на магарица‘ “.+
6 Учениците отидоа и го направија она што им го заповеда Исус. 7 И ги доведоа магарицата и нејзиното прле, ги ставија врз нив своите облеки, и тој седна на нив.+ 8 Мнозина од народот ги простреа своите облеки+ по патот, а други сечеа гранки од дрвјата и ги простираа по патот.+ 9 А народот што одеше пред него и по него, викаше: „Спаси го, те молиме,+ Синот Давидов!+ Благословен е оној што доаѓа во името на Јехова!+ Спаси го, те молиме тебе, кој си на висините!“+
10 Кога влезе во Ерусалим,+ целиот град се раздвижи и прашуваше: „Кој е овој?“ 11 А народот одговараше: „Ова е пророкот+ Исус, од Назарет во Галилеја!“
12 И Исус влезе во храмот и ги истера сите што продаваа и купуваа во храмот, и им ги испреврте масите на менувачите на пари и клупите на продавачите на гулаби.+ 13 И им рече: „Напишано е: ‚Мојот дом ќе се вика дом на молитвата‘,+ а вие од него правите разбојничка пештера!“+ 14 И му пријдоа во храмот слепи и куци, и тој ги излекува.
15 Кога ги видоа чудесните дела што ги направи и момчињата кои викаа во храмот: „Спаси го, те молиме,+ Синот Давидов!“+ — главните свештеници и книжниците се разлутија+ 16 и му рекоа: „Слушаш ли што велат овие?“ Исус им одговори: „Слушам. Зарем никогаш не сте читале:+ ‚Од устата на малите деца и на доенчињата си прибави фалба‘?“+ 17 И откако ги остави, излезе од градот кон Витанија и таму преноќева.+
18 Додека рано наутро се враќаше во градот, огладне.+ 19 Здогледа една смоква покрај патот и отиде до неа, но не најде на неа ништо+ друго, освен лисја, па ѝ рече: „Никогаш повеќе да нема плод на тебе!“+ И смоквата веднаш се исуши. 20 Кога го видоа ова, учениците се зачудија: „Како можеше наеднаш да се исуши смоквата?“+ 21 Исус им одговори: „Вистина, ви велам, ако имате вера и ако не се сомневате,+ ќе го правите не само ова што јас ѝ го направив на смоквата туку и ако ѝ речете на оваа планина: ‚Дигни се и фрли се во морето‘, ќе биде така.+ 22 И сѐ што ќе побарате со вера во молитва, ќе добиете“.+
23 И влезе во храмот. Додека поучуваше, му пристапија главните свештеници и народните старешини и го прашаа:+ „Со каква власт го правиш тоа? Кој ти ја даде оваа власт?“+ 24 А Исус им одговори: „И јас ќе ве прашам нешто. Ако вие ми одговорите мене, и јас ќе ви кажам вам со каква власт го правам ова.+ 25 Од каде беше крштавањето со кое крштаваше Јован: од небото или од луѓето?“+ А тие почнаа да расправаат меѓу себе: „Ако речеме: ‚Од небото‘, ќе ни рече: ‚Зошто тогаш не му верувавте?‘+ 26 А ако речеме: ‚Од луѓето‘, треба да се плашиме од народот,+ бидејќи сите го сметаат Јован за пророк“.+ 27 Затоа му одговорија на Исус: „Не знаеме“. А тој им рече: „Ниту јас нема да ви кажам со каква власт го правам ова.+
28 Што мислите за ова? Еден човек имаше два сина.+ Отиде кај првиот и му рече: ‚Сине, оди денес да работиш во лозјето‘. 29 Тој му одговори: ‚Ќе појдам, господару‘,+ но не отиде. 30 Потоа отиде кај вториот и му го рече истото. А тој му одговори: ‚Не одам‘. Но потоа се покаја,+ па отиде. 31 Кој од овие двајца ја изврши волјата на таткото?“+ Тие одговорија: „Вториот“. Тогаш Исус им рече: „Вистина, ви велам, даночниците и блудниците одат пред вас во царството Божје. 32 Зашто, Јован дојде кај вас и ви го покажа патот на праведноста,+ а вие не му верувавте.+ Меѓутоа, даночниците и блудниците му веруваа,+ а вие, иако го видовте тоа, не се покајавте отпосле и не му поверувавте.
33 Чујте уште една споредба: си беше еден човек, домаќин,+ кој насади лозје и постави ограда околу него, во него ископа место за гмечење грозје и подигна стражарска кула.+ И го даде под закуп на лозари, па отпатува во туѓина.+ 34 Кога дојде времето за берба, ги испрати своите робови кај лозарите за да го земат неговиот род. 35 Меѓутоа, лозарите ги фатија неговите робови и едниот го претепаа, другиот го убија, а третиот го каменуваа.+ 36 Повторно испрати други робови, повеќе од првиот пат, но и ним им го направија истото.+ 37 Најпосле го испрати кај нив својот син, велејќи: ‚Ќе го почитуваат мојот син‘. 38 А кога го видоа синот, лозарите си рекоа меѓу себе: ‚Ова е наследникот.+ Ајде да го убиеме и да го земеме неговото наследство!‘+ 39 Тогаш го фатија, го исфрлија од лозјето и го убија.+ 40 Значи, кога ќе дојде сопственикот на лозјето, што ќе им направи на тие лозари?“ 41 Тие му одговорија: „Злосторниците немилосрдно ќе ги погуби,+ а лозјето ќе им го даде под закуп на други лозари, кои ќе му го даваат родот кога ќе биде време за тоа“.+
42 Исус им рече: „Зарем никогаш не сте читале во Писмата: ‚Каменот што го отфрлија градителите+ стана главен аголен камен.+ Тоа дело е од Јехова, чудесно е во нашите очи‘? 43 Затоа ви велам: царството Божје ќе се земе од вас и ќе му се даде на народ кој ги донесува неговите плодови.+ 44 И кој ќе падне на овој камен, ќе се разбие, а на кого тој ќе падне, ќе го сотре“.+
45 Кога ги слушнаа неговите споредби, главните свештеници и фарисеите сфатија дека зборува за нив.+ 46 И бараа можност да го фатат, но се плашеа од народот, бидејќи тие го сметаа за пророк.+
22 Исус повторно им зборуваше со споредби:+ 2 „Со царството небесно е како со човек, цар, кој приреди свадба+ за својот син. 3 И ги испрати своите робови да ги повикаат поканетите на свадбата,+ но тие не сакаа да дојдат.+ 4 Повторно испрати други робови+ и им рече: ‚Кажете им на поканетите: „Еве, го зготвив јадењето,+ моите јунци и другата згоена стока се заклани, и сѐ е готово. Дојдете на свадба“ ‘.+ 5 Но тие не беа заинтересирани за тоа, туку си отидоа — кој на својата нива, кој по својата трговска работа.+ 6 А останатите ги фатија неговите робови, ги малтретираа и ги убија.+
7 А царот се разгневи и ја испрати својата војска, па ги погуби тие убијци и им го изгоре градот.+ 8 Тогаш им рече на своите робови: ‚Свадбата е подготвена, но поканетите не беа достојни.+ 9 Затоа одете по патиштата што водат надвор од градот и поканете го на свадба секого што ќе го најдете‘.+ 10 И робовите излегоа по патиштата и ги собраа сите што ги најдоа, и зли и добри.+ И свадбената сала се наполни со гости.*+
11 Кога влезе да ги види гостите, царот здогледа таму еден човек кој не беше облечен во свадбена облека.+ 12 И му рече: ‚Пријателе, како влезе овде кога не си облечен во свадбена облека?‘+ А тој остана без зборови. 13 Тогаш царот им рече на своите слуги: ‚Врзете му ги рацете и нозете и исфлете го надвор во темнината! Таму ќе плаче и ќе чкрта со забите‘.+
14 Зашто, мнозина се поканети, но малцина се избрани“.+
15 Тогаш фарисеите отидоа и се договорија да го фатат за збор.+ 16 И му ги испратија своите ученици заедно со приврзаниците на Ирод+ за да го прашаат: „Учителе, знаеме дека ја зборуваш вистината, дека според вистината поучуваш за Божјиот пат и дека не си пристрасен, зашто не гледаш кој е кој.+ 17 Затоа, кажи ни што мислиш: дозволено ли е да му се плаќа данок на цезарот или не?“+ 18 Знаејќи ја нивната злоба, Исус им рече: „Зошто ме искушувате, лицемери?+ 19 Покажете ми една пара со која плаќате данок!“ И му донесоа еден денариј.* 20 А тој им рече: „Чиј е овој лик и натпис?“+ 21 Тие му одговорија: „На цезарот“. Тогаш им рече: „Затоа, вратете му го цезаревото на цезарот, а Божјето на Бог!“+ 22 Кога го чуја тоа, се восхитија, па го оставија и си отидоа.+
23 Тој ден му пристапија садукеите, кои велат дека нема воскресение, и го прашаа:+ 24 „Учителе, Мојсеј рече: ‚Ако некој умре без деца, неговиот брат нека се ожени со неговата жена и нека му подигне потомство на својот брат‘.+ 25 Кај нас си беа седум браќа. Првиот се ожени и умре, и, бидејќи немаше потомство, му ја остави својата жена на брата си.+ 26 Истото се случи и со вториот и со третиот, сѐ до седмиот.+ 27 Последна од сите умре жената. 28 Според тоа, при воскресението, кому од седумтемина ќе му биде жена? Зашто, сите ја имаа“.+
29 Тогаш Исус им рече: „Вие сте во заблуда, бидејќи не ги познавате ниту Писмата ниту Божјата моќ.+ 30 Зашто, по воскресението, ниту ќе се женат ниту ќе се мажат,+ туку ќе бидат како ангели на небото. 31 А за воскресението на мртвите, зарем не сте читале што ви рекол Бог:+ 32 ‚Јас сум Богот на Авраам, Богот на Исак и Богот на Јаков‘?+ А тој не е Бог на мртвите, туку на живите“.+ 33 Кога го чу тоа, народот беше восхитен од неговото учење.+
34 Кога чуја дека ги замолкнал садукеите, фарисеите се здружија со нив. 35 А еден од нив, кој беше законик,+ го праша за да го искуша: 36 „Учителе, која е најголемата заповед во Законот?“+ 37 Тој му одговори: „,Сакај го Јехова, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој ум‘.+ 38 Тоа е најголемата и прва заповед. 39 Втората, слична на неа, е оваа: ‚Сакај го својот ближен како себеси‘.+ 40 На овие две заповеди се темелат целиот Закон и Пророците“.+
41 Кога фарисеите се собраа, Исус ги праша:+ 42 „Што мислите за Христос?* Чиј син е тој?“ Тие му одговорија: „Давидов“.+ 43 А тој им рече: „Како тогаш Давид под вдахновение+ го нарекува ‚Господар‘* кога вели: 44 ‚Јехова му рече на мојот Господар: „Седи од мојата десна страна додека не ги положам твоите непријатели под твоите нозе“ ‘?+ 45 Според тоа, ако Давид го нарекува ‚Господар‘, како тогаш му е син?“+ 46 И никој не можеше да му одговори ниту збор, и од тој ден никој повеќе не се осмели да го праша нешто.+
23 Тогаш Исус им се обрати на народот и на своите ученици:+ 2 „Книжниците+ и фарисеите седнаа на Мојсеевото седиште.+ 3 Затоа правете и држете сѐ што ви кажуваат,+ но не постапувајте според нивните дела,+ бидејќи зборуваат, а не извршуваат. 4 Врзуваат тешки товари и им ги ставаат врз плеќи на луѓето,+ а самите не сакаат ни со прст да ги помрднат.+ 5 Сите свои дела ги прават за да ги видат луѓето.+ Ги зголемуваат своите филактерии*+ и ги продолжуваат ресите на своите облеки.+ 6 Го сакаат најдоброто место+ на гозбите и предните седишта во синагогите+ 7 и да бидат поздравувани+ по плоштадите и луѓето да ги нарекуваат учители.*+ 8 А вие не дозволувајте да ве нарекуваат учители,* зашто еден е вашиот учител,+ а сите вие сте браќа. 9 И никого на земјата не нарекувајте го татко, зашто еден е вашиот Татко+ — оној што е на небесата. 10 Не дозволувајте ниту да ве нарекуваат водачи,+ зашто еден е вашиот Водач — Христос. 11 А најголемиот меѓу вас нека ви биде слуга.+ 12 Зашто, кој се возвишува, ќе биде понижен,+ а кој се понизува, ќе биде возвишен.+
13 Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, бидејќи го затворате+ пред луѓето царството небесно! Самите не влегувате, а не ги пуштате да влезат и оние што сакаат да влезат.+ 14 * ——
15 Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери,+ бидејќи обиколувате море и копно за да обратите еден човек во својата вера, а кога ќе го обратите, го правите таков што ја заслужува геената* двапати повеќе отколку вие!
16 Тешко вам, слепи водачи,+ кои велите: ‚Ако некој се заколне во храмот, тоа не е ништо, но ако некој се заколне во храмското злато, должен е да ја исполни заклетвата‘.+ 17 Безумници и слепци! Што е поголемо, златото или храмот што го посветил златото?+ 18 И уште велите: ‚Ако некој се заколне во жртвеникот, тоа не е ништо, но ако некој се заколне во дарот што е на него, должен е да ја исполни заклетвата‘. 19 Слепци! Што е поголемо, дарот или жртвеникот+ што го посветува дарот? 20 Според тоа, кој ќе се заколне во жртвеникот, се заколнува во него и во сѐ што е на него. 21 Кој ќе се заколне во храмот, се заколнува во него и во оној што живее во него.+ 22 Кој ќе се заколне во небото, се заколнува во Божјиот престол+ и во оној што седи на него.
23 Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, бидејќи давате десеттина+ од нане, копра и ким, а го занемаривте она што е поважно во Законот: правдата,+ милосрдноста+ и верноста!+ Првото требаше да се прави, а второто не смееше да се занемари. 24 Слепи водачи,+ кои го цедите пијалакот за да не проголтате комарец,+ а голтате камила!+
25 Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, бидејќи ги чистите чашата и чинијата однадвор,+ а однатре се полни со грабеж+ и неумереност! 26 Слеп+ фарисеју, исчисти ги чашата и чинијата првин однатре,+ за да бидат чисти и однадвор.
27 Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери,+ бидејќи личите на варосани+ гробови, кои однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со мртовечки коски и со секаква нечистотија! 28 Така и вие, однадвор им изгледате на луѓето праведни,+ а однатре сте полни со лицемерство и беззаконие.
29 Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери,+ бидејќи им градите гробници на пророците и ги украсувате гробовите на праведниците+ 30 и велите: ‚Да живеевме во деновите на нашите прататковци, немаше да учествуваме со нив во пролевањето на пророчка крв‘.+ 31 Така сами против себе сведочите дека сте синови на оние што ги убиваа пророците.+ 32 Затоа, дополнете ја мерата+ на гревовите на своите прататковци.
33 Змии! Змиско легло!+ Како ќе побегнете од осудата на геената?+ 34 Затоа, еве, јас ви испраќам+ пророци и мудреци и учители.+ Некои од нив ќе ги убиете+ и ќе ги приковете на столб,* а некои ќе ги искамшикувате+ по своите синагоги и ќе ги прогонувате од град во град, 35 за да падне врз вас сета праведна крв пролеана на земјата,+ од крвта на праведниот+ Авел+ до крвта на Захарија, синот на Варахија, кого го убивте меѓу светилиштето и жртвеникот.+ 36 Вистина, ви велам, сето ова ќе дојде врз ова поколение.+
37 Ерусалиме, Ерусалиме, ти кој ги убиваш пророците+ и ги каменуваш+ оние што се испратени кај тебе!+ Колкупати сакав да ги соберам твоите деца, како што квачката ги собира своите пилиња под крилјата!+ Но вие не сакавте.+ 38 Еве, вашиот дом*+ се напушта и ви се остава вам.+ 39 Зашто, ви велам, отсега нема да ме видите сѐ додека не речете: ‚Благословен е оној што доаѓа во името на Јехова!‘ “+
24 Исус излезе од храмот и продолжи понатаму. Тогаш му пристапија неговите ученици за да му го покажат храмското здание.+ 2 А тој им рече: „Го гледате ли сето ова? Вистина, ви велам, овде нема да биде оставен ниту камен на камен, сѐ ќе биде урнато“.+
3 Додека седеше на Маслинската Гора, учениците му пристапија насамо и му рекоа: „Кажи ни кога ќе биде тоа и кој ќе биде знакот на твојата присутност*+ и на свршетокот на овој поредок?“*+
4 Исус им одговори: „Пазете се некој да не ве заведе.+ 5 Зашто, мнозина ќе дојдат во мое име и ќе велат: ‚Јас сум Христос‘.* И ќе заведат мнозина.+ 6 Ќе чуете за војни на разни места. Гледајте да не се уплашите. Зашто, тоа мора да се случи, но тогаш уште не е крајот.+
7 Зашто, ќе се крене народ против народ+ и царство против царство,+ и ќе има глад+ и земјотреси+ на разни места. 8 Сето ова е почеток на болните неволји.
9 Тогаш од луѓето ќе трпите неволји+ и ќе ве убиваат,+ и сите народи ќе ве мразат+ поради моето име.+ 10 И мнозина тогаш ќе отпаднат од верата,+ и ќе се предаваат едни со други, и ќе се мразат едни со други.+ 11 Ќе се појават многу лажни пророци+ и ќе заведат мнозина.+ 12 Беззаконието ќе се зголеми,+ па кај мнозина љубовта ќе олади.+ 13 Но кој ќе истрае+ до крајот, тој ќе биде спасен.+ 14 И оваа добра вест+ за царството+ ќе биде проповедана по целиот свет,* за сведоштво на сите народи,+ и тогаш ќе дојде крајот.+
15 Значи, кога ќе видите дека гадотијата+ која пустоши, за која зборувал пророкот Даниел, стои на свето место+ (читателот нека употреби проникливост), 16 тогаш оние што ќе бидат во Јудеја, нека бегаат+ во планините. 17 Кој ќе биде на покривот, нека не слегува да земе нешто од куќата. 18 И кој ќе биде на нивата, нека не се враќа дома за да си ја земе облеката. 19 Тешко на бремените жени и на доилките во тие денови!+ 20 Молете се вашето бегање да не се случи во зима или во сабота.* 21 Зашто, тогаш ќе има голема неволја+ каква што немало од почетокот на светот до сега,+ ниту повеќе ќе има. 22 И ако не се скратат тие дни, никој* нема да се спаси. Но заради избраните,+ ќе се скратат тие дни.+
23 Ако некој тогаш ви рече: ‚Гледај, овде е Христос!‘+ — или: ‚Онде е!‘ — не верувајте.+ 24 Зашто, ќе се појават лажни Христоси+ и лажни пророци+ и ќе прават големи знаци+ и чуда за да ги заведат, ако е можно, и избраните.+ 25 Ете, ве предупредив.+ 26 Според тоа, ако ви речат: ‚Еве го во пустината‘, не излегувајте. Ако ви речат: ‚Еве го во тајните одаи‘, не верувајте.+ 27 Зашто, како што молњата+ излегува од исток и свети до запад, таква ќе биде присутноста* на Синот човечки.+ 28 Каде што има мрша, таму ќе се соберат орлите.+
29 Веднаш по неволјата на тие дни, сонцето ќе потемни,+ месечината+ повеќе нема да свети, ѕвездите ќе паднат од небото и небесните сили ќе се затресат.+ 30 Тогаш на небото ќе се појави знакот на Синот човечки.+ И тогаш ќе заплачат сите племиња на земјата.+ И ќе го видат Синот човечки како доаѓа на облаците небесни со сила и со голема слава.+ 31 И тој ќе ги испрати своите ангели со силен трубен звук,+ и тие ќе ги соберат неговите избрани+ од четирите страни на светот,*+ од едниот крај на небесата до другиот.
32 Учете од споредбата со смоквата. Кога од неа ќе потера гранка и ќе пушти лисја, знаете дека летото е близу.+ 33 Така и вие, кога ќе го видите сето тоа, знајте дека Синот човечки е близу, пред вратата.+ 34 Вистина, ви велам, ова поколение+ нема да помине додека не се случи сето тоа. 35 Небото и земјата ќе поминат,+ но моите зборови нема да поминат.+
36 А за тој ден и час+ никој не знае, ни ангелите на небото ни Синот, туку само Таткото.+ 37 Зашто, како што беше во деновите на Ное,+ таква ќе биде и присутноста* на Синот човечки.+ 38 Зашто, како што во тие денови пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и се мажеа, сѐ до денот кога Ное+ влезе во арката,+ 39 и не обрнуваа внимание додека не дојде потопот и ги однесе сите,+ таква ќе биде и присутноста* на Синот човечки. 40 Тогаш двајца ќе бидат на нива: едниот ќе биде земен, а другиот ќе биде оставен. 41 Две жени ќе мелат на рачна мелница:+ едната ќе биде земена, а другата ќе биде оставена.+ 42 Затоа, бдејте, зашто не знаете во кој ден доаѓа вашиот Господар.+
43 Но едно знајте, кога домаќинот би знаел во која стража* ќе дојде крадецот,+ би останал буден и не би дозволил да му провали во куќата. 44 Затоа и вие бидете подготвени,+ зашто Синот човечки доаѓа во час кога не се надевате.
45 Значи, кој е верниот и разборит роб+ кого неговиот господар го поставил над своите слуги за да им дава храна во вистинско време?+ 46 Среќен+ е тој роб ако неговиот господар, кога ќе дојде, го најде да прави така! 47 Вистина, ви велам, ќе го постави над целиот свој имот.+
48 Но, ако тој роб е зол и си рече во срцето:+ ‚Мојот господар доцни‘,+ 49 па почне да ги тепа другите робови и да јаде и да пие со пијаниците, 50 господарот на тој роб ќе дојде во ден кога не очекува и во час+ кога не насетува, 51 и ќе го казни најстрого+ и ќе го стави кај лицемерите. Таму ќе плаче и ќе чкрта со забите.+
25 Тогаш царството небесно ќе биде како десет девици, кои ги зедоа своите светилки+ и излегоа да го пречекаат младоженецот.+ 2 Пет од нив беа глупави,+ а пет разборити.+ 3 Глупавите ги зедоа светилките, но не понесоа со себе масло, 4 а разборитите, пак, заедно со светилките си понесоа и масло во садови. 5 Поради тоа што младоженецот се забави, сите задремаа и заспаа.+ 6 Точно на полноќ се чу викање:+ ‚Еве го младоженецот! Излезете да го пречекате!‘ 7 Тогаш сите тие девици станаа и ги подготвија своите светилки.+ 8 А глупавите им рекоа на разборитите: ‚Дајте ни од вашето масло,+ бидејќи нашите светилки само што не се изгаснале‘. 9 Разборитите+ одговорија: ‚Можеби ќе нема доволно и за нас и за вас. Подобро појдете кај продавачите и купете си‘. 10 Додека тие одеа да купат, стигна младоженецот. Девиците што беа подготвени влегоа со него на свадбата,+ и вратата се затвори. 11 Потоа дојдоа и останатите девици и рекоа: ‚Господине, господине, отвори ни!‘+ 12 А тој им одговори: ‚Ви ја зборувам вистината, не ве познавам‘.+
13 Затоа, бдејте,+ зашто не го знаете ниту денот ниту часот.+
14 Тоа е како кога еден човек,+ кој се готвеше да отпатува во туѓина,+ ги повика своите робови и им го довери својот имот.+ 15 На едниот му даде пет таланти,* на другиот два, на третиот, пак, еден, секому според неговата способност,+ и замина во туѓина. 16 А оној што доби пет таланти, веднаш замина и тргуваше со нив, па заработи уште пет.+ 17 Исто така, оној што доби два, заработи уште два. 18 А оној што доби само еден, отиде и ископа дупка во земјата и ги скри сребрените пари на својот господар.
19 По долго време+ дојде господарот на тие робови и почна да ги средува сметките со нив.+ 20 Така, оној што прими пет таланти пристапи и донесе уште пет таланти и рече: ‚Господару, ти ми довери пет таланти. Еве, јас заработив уште пет таланти‘.+ 21 А господарот му рече: ‚Одлично, добар и верен робу!+ Беше верен+ во малку и затоа ќе те поставам над многу.+ Радувај се+ со својот господар‘. 22 Потоа пристапи оној што прими два таланта и рече: ‚Господару, ти ми довери два таланта. Еве, јас заработив уште два таланта‘.+ 23 А господарот му рече: ‚Одлично, добар и верен робу! Беше верен во малку и затоа ќе те поставам над многу.+ Радувај се+ со својот господар‘.
24 На крајот пристапи оној што прими еден талант+ и рече: ‚Господару, знаев дека си тежок човек, дека жнееш таму каде што не си сеел и собираш таму каде што не си веел. 25 Затоа се уплашив,+ па отидов и го скрив твојот талант в земја. Еве ти го твоето‘. 26 Тогаш господарот му рече: ‚Зол и мрзлив робу, а знаеше дека жнеам таму каде што не сум сеел и собирам таму каде што не сум веел? 27 Тогаш, требаше да ги вложиш моите сребрени пари кај банкарите, и јас, по враќањето, ќе го добиев своето со камата.+
28 Затоа, земете му го талантот и дајте му го на оној што има десет таланти!+ 29 Зашто, секому кој има, ќе му се даде уште, и ќе има во изобилство, а на оној што нема, ќе му се одземе и она што го има.+ 30 А бескорисниот роб исфрлете го надвор во темнината! Таму ќе плаче и ќе чкрта со забите‘.+
31 Кога Синот човечки+ ќе пристигне во својата слава и сите ангели со него,+ тогаш ќе седне на својот славен престол.+ 32 И сите народи ќе се соберат пред него,+ и тој ќе ги одвои+ луѓето едни од други,+ како што пастирот ги одвојува овците од јарците. 33 Ќе ги постави овците од својата десна страна,+ а јарците од левата.+
34 Тогаш царот ќе им рече на оние што ќе му бидат оддесно: ‚Дојдете, благословени од мојот Татко,+ наследете го+ царството+ кое е подготвено за вас од настанувањето на светот.+ 35 Зашто, огладнев, и ми дадовте да јадам,+ ожеднев, и ми дадовте да пијам, бев странец, и ме нагостивте,+ 36 бев гол,+ и ме облековте, се разболев, и се грижевте за мене, бев в затвор,+ и дојдовте кај мене‘. 37 Тогаш праведниците ќе му одговорат: ‚Господару, кога сме те виделе гладен и сме те нахраниле, или жеден+ и сме ти дале да пиеш?+ 38 Кога сме те виделе како странец и сме те нагостиле, или гол и сме те облекле? 39 Кога сме те виделе болен или в затвор и сме дошле кај тебе?‘ 40 А царот+ ќе им одговори: ‚Вистина, ви велам, сѐ што сте му направиле на еден од овие мои најмали+ браќа,+ мене сте ми го направиле‘.+
41 Потоа ќе им рече и на оние од својата лева страна: ‚Бегајте од мене,+ проклети, во вечниот оган+ подготвен за Ѓаволот и за неговите ангели!+ 42 Зашто, огладнев, но не ми дадовте да јадам,+ ожеднев,+ но не ми дадовте да пијам, 43 бев странец, но не ме нагостивте, гол, но не ме облековте,+ болен и в затвор,+ но не се грижевте за мене‘. 44 Тогаш и тие ќе му одговорат: ‚Господару, кога сме те виделе гладен или жеден или како странец или гол или болен или в затвор, и не сме те послужиле?‘ 45 Тогаш тој ќе им одговори: ‚Вистина, ви велам, сѐ што не сте му направиле на еден од овие најмали,+ ни мене не сте ми го направиле‘.+ 46 И овие ќе отидат во вечна смрт,+ а праведниците во вечен живот“.+
26 Кога го раскажа сето тоа, Исус им рече на своите ученици: 2 „Знаете дека по два дена е Пасхата,+ и Синот човечки треба да биде предаден и прикован на столб“.*+
3 Тогаш главните свештеници и народните старешини се собраа во дворот на првосвештеникот, кој се викаше Кајафа,+ 4 и се посоветуваа+ како да го фатат Исус со измама и да го убијат. 5 Меѓутоа, си рекоа: „Не на празникот, за народот да не крене бунт“.+
6 Додека Исус беше во Витанија,+ во куќата на Симон лепрозниот,+ 7 му се приближи една жена која носеше алабастерно шишенце со скапоцено мирисливо масло,+ кое му го излеа врз главата додека тој седеше на трпезата.* 8 Кога го видоа тоа, учениците се налутија и рекоа: „Какво е ова растурање?+ 9 Тоа можеше скапо да се продаде и да им се даде на сиромасите“.+ 10 Знаејќи го тоа,+ Исус им рече: „Зошто ја напаѓате жената? Таа ми направи добро дело.+ 11 Сиромасите секогаш ќе ги имате+ покрај себе, а мене нема да ме имате секогаш.+ 12 Кога жената го излеа мирисливото масло врз моето тело, ме приготви за погреб.+ 13 Вистина, ви велам, секаде каде што ќе се проповеда оваа добра вест, по целиот свет, ќе се кажува и за тоа што го направи оваа жена, како спомен за неа“.+
14 Тогаш еден од дванаесеттемина, кој се викаше Јуда Искариот,+ отиде кај главните свештеници 15 и рече: „Што ќе ми дадете за да ви го предадам?“+ Му определија триесет сребреници.+ 16 Оттогаш тој почна да бара поволен момент за да го предаде.+
17 На првиот ден од Празникот на бесквасните лебови,+ учениците му пристапија на Исус и го прашаа: „Каде сакаш да ти приготвиме да ја јадеш пасхалната жртва?“+ 18 Тој одговори: „Појдете во градот кај тој и тој+ човек, и речете му: ‚Учителот вели: „Моето време е близу. Ќе ја прославам Пасхата со своите ученици во твојот дом“ ‘ “.+ 19 И учениците направија така како што им заповеда Исус, и приготвија сѐ за Пасхата.+
20 А вечерта+ тој седеше на трпезата со дванаесетте ученици.+ 21 Додека јадеа, им рече: „Вистина, ви велам, еден од вас ќе ме предаде“.+ 22 Тогаш тие многу се нажалија и секој од нив почна да му вели: „Господару, да не сум јас?“+ 23 Тој им одговори: „Оној што ќе макне со мене во чинијата, тој ќе ме предаде.+ 24 Вистина, Синот човечки си заминува, како што е напишано+ за него, но тешко+ на оној човек што ќе го предаде Синот човечки!+ Подобро ќе му беше воопшто да не се ни родеше“. 25 А Јуда, кој се спремаше да го предаде, го праша: „Да не сум јас, учителе?“* Тој му одговори: „Ти самиот го велиш тоа“.
26 Додека јадеа, Исус зеде леб,+ кажа благослов, го раскрши,+ па им го раздели на учениците и рече: „Земете, јадете! Ова го претставува* моето тело“.+ 27 И зеде чаша,+ му се заблагодари на Бог и им даде, велејќи: „Пијте од неа сите,+ 28 бидејќи ова ја претставува+ мојата ‚крв+ на сојузот‘,+ која ќе се пролее за мнозина+ заради простување на гревовите.+ 29 Но ви велам, отсега нема да пијам од овој лозов плод до оној ден кога ќе го пијам со вас нов во царството на мојот Татко“.+ 30 И откако испеаја фалбени песни,+ излегоа на Маслинската Гора.+
31 Тогаш Исус им рече: „Сите вие оваа ноќ ќе се поколебате во верата поради она што ќе ми се случи, бидејќи е напишано: ‚Ќе го удрам пастирот, и овците од стадото ќе се разбегаат‘.+ 32 Но кога ќе воскреснам, ќе отидам пред вас во Галилеја“.+ 33 Тогаш Петар му рече: „Дури и сите други да се поколебаат во верата поради она што ќе ти се случи, јас нема никогаш да се поколебам!“+ 34 Исус му рече: „Вистина, ти велам, оваа ноќ, пред да запее петелот, трипати ќе се одречеш од мене“.+ 35 Тогаш Петар му рече: „Дури и да мора да умрам со тебе, нема да се одречам од тебе!“ Истото го рекоа и сите други ученици.+
36 Тогаш Исус дојде со учениците на местото+ наречено Гетсиманија и им рече: „Седнете овде додека јас да појдам онаму и да се помолам“.+ 37 И ги зеде со себе Петар и двајцата синови+ на Зеведеј. И го обзеде жал и немир.+ 38 Тогаш им рече: „Душата ми е нажалена до смрт.+ Останете овде и бдејте со мене“.+ 39 И отиде малку понатаму, падна ничкум, молејќи се:+ „Татко мој, ако е можно, нека ме одмине оваа чаша.+ Но, не како што сакам јас,+ туку како што сакаш ти“.+
40 И дојде кај учениците и ги најде како спијат, па му рече на Петар: „Зар не можевте да бдеете со мене ниту еден час?+ 41 Бдејте+ и молете се,+ за да не паднете во искушение.+ Духот, навистина, е спремен, но телото е слабо“.+ 42 Повторно отиде, по вторпат,+ и се молеше: „Татко мој, ако не е можно да ме одмине оваа чаша, да не ја пијам, нека биде твојата волја“.+ 43 И повторно дојде и ги најде како спијат, зашто очите им беа натежнале.+ 44 И оставајќи ги, пак отиде и се молеше по третпат,+ повторно со истите зборови. 45 Тогаш дојде кај учениците и им рече: „Во ваков момент спиете и се одморате! Еве, се приближи часот Синот човечки да биде издаден и предаден во рацете на грешници.+ 46 Станете, да одиме! Еве, мојот предавник се приближи!“+ 47 И додека уште зборуваше, ете, дојде Јуда,+ еден од дванаесеттемина, и со него голема толпа луѓе со мечеви+ и со стапови, испратени од главните свештеници и од народните старешини.+
48 А неговиот предавник со нив се беше договорил за знак: „Кого ќе го бакнам, тој е! Фатете го“.+ 49 И веднаш се приближи до Исус и рече: „Здраво, учителе!“*+ И го бакна.+ 50 А Исус му рече:+ „Пријателе, зошто си овде?“ Тогаш пристапија и кренаа раце на Исус и го фатија.+ 51 Но, гледај, еден од оние што беше со Исус посегна со раката и извлече меч, па го удри робот на првосвештеникот и му го отсече увото.+ 52 Тогаш Исус му рече: „Врати го својот меч на неговото место,+ зашто сите што ќе се фатат за меч, од меч ќе загинат.+ 53 Или мислиш дека не можам да го замолам мојот Татко во овој час да ми испрати повеќе од дванаесет легии* ангели?+ 54 Но како тогаш ќе се исполни Писмото, во кое стои дека ова мора да се случи?“ 55 Во тој час Исус ѝ рече на толпата: „Зарем со мечеви и со стапови сте излегле да ме фатите како да сум разбојник?+ Секој ден седев во храмот+ и поучував, и не ме фативте. 56 Но сето ова се случи за да се исполни пророчкото Писмо“.+ Тогаш сите ученици го оставија и побегнаа.+
57 А оние што го фатија Исус, го одведоа кај првосвештеникот Кајафа,+ каде што беа собрани книжниците и старешините.+ 58 А Петар оддалеку го следеше сѐ до дворот+ на првосвештеникот. Влезе внатре и седна со слугите за да види што ќе се случи.+
59 За тоа време, главните свештеници и целиот Судски совет* бараа лажно сведоштво против Исус за да го убијат,+ 60 но не најдоа, иако дојдоа многу лажни сведоци.+ Најпосле дојдоа двајца 61 и рекоа: „Овој рече: ‚Можам да го урнам Божјиот храм и да го изградам за три дена‘ “.+ 62 Тогаш првосвештеникот стана и му рече: „Зарем немаш одговор? Што велиш за обвиненијата што ги изнесуваат против тебе?“+ 63 Но, Исус молчеше.+ Затоа првосвештеникот му рече: „Те заколнувам во живиот Бог+ да ни кажеш дали си ти Христос,*+ Синот Божји!“ 64 Тогаш Исус му рече:+ „Ти самиот го рече тоа.+ Но јас ви велам: отсега+ ќе го гледате Синот човечки+ како седи од десната страна+ на Силниот и како доаѓа на облаците небесни“.+ 65 Тогаш првосвештеникот си ја раскина облеката и рече: „Тој хули!+ Зар ни се потребни други сведоци?+ Еве, сега ја чувте хулата!+ 66 Што мислите?“ А тие одговорија: „Заслужува смрт!“+ 67 Тогаш почнаа да го плукаат в лице+ и да го удираат+ со тупаници. Други му удираа шлаканици,+ 68 велејќи: „Ако си пророк, Христосе,+ кажи ни кој те удри!“+
69 А Петар седеше надвор во дворот. Тогаш му пријде една слугинка и му рече: „И ти беше со Исус Галилеецот!“+ 70 Но тој пред сите одрече: „Не знам за што зборуваш!“ 71 Кога излезе надвор на тремот, го забележа уште една девојка и им рече на присутните: „Овој беше со Исус Назареќанецот“.+ 72 А тој пак одрече, колнејќи се: „Не го познавам тој човек!“+ 73 Малку потоа, оние што стоеја таму пријдоа и му рекоа на Петар: „Навистина, и ти си еден од нив! Твоето наречје те издава“.+ 74 Тогаш почна да се колне и да се заколнува: „Не го познавам тој човек!“ И веднаш запеа петелот.+ 75 И Петар се сети на зборовите што му ги кажа Исус: „Пред петелот да запее, ти трипати ќе се одречеш од мене“.+ И излезе надвор и горко плачеше.+
27 Кога се раздени, сите главни свештеници и народните старешини одржаа совет за тоа како да го убијат Исус.+ 2 И кога го врзаа, го одведоа и му го предадоа на управителот Пилат.+
3 Кога виде дека Исус е осуден, Јуда, кој го предаде, почувствува грижа на совеста и им ги врати триесетте сребреници+ на главните свештеници и на старешините, 4 велејќи: „Згрешив кога предадов праведна крв“.+ А тие рекоа: „Што нѐ засега нас? Тоа си е твоја работа!“+ 5 Тогаш ги фрли сребрениците во храмот и си замина оттаму, па се обеси.+ 6 Но главните свештеници ги зедоа сребрениците и рекоа: „Не е дозволено да се пуштат во светата ризница, бидејќи се цена за крв“. 7 И откако се посоветуваа, со нив ја купија грнчаревата нива за да се закопуваат на неа странци. 8 Затоа таа нива до денешен ден се вика „Крвна нива“.+ 9 Тогаш се исполни она што беше кажано преку пророкот Еремија:* „И ги зедоа триесетте сребреници,+ цената за проценетиот, оној кому некои од синовите на Израел му одредија цена, 10 и ги дадоа за грнчаревата+ нива, како што ми заповеда Јехова“.
11 А Исус стоеше пред управителот. И управителот го праша: „Дали си ти царот на Евреите?“+ Исус одговори: „Ти самиот го велиш тоа“.+ 12 Но, додека главните свештеници и старешините го обвинуваа,+ тој не одговараше.+ 13 Тогаш Пилат му рече: „Зарем не слушаш со колку работи сведочат против тебе?“+ 14 Но тој не му одговори со ниту еден збор, така што управителот многу се чудеше.+
15 А управителот имаше обичај на секој празник да му пушти на народот по еден затвореник, по нивна желба.+ 16 Токму тогаш имаа еден озлогласен затвореник, кој се викаше Варава.+ 17 Кога народот се собра, Пилат ги праша: „Кого сакате да ви го пуштам, Варава или Исус кого го нарекуваат Христос?“*+ 18 Зашто, знаеше дека го предадоа+ од завист.+ 19 А додека седеше на судиската столица, неговата жена му порача: „Немај ништо со тој праведен+ човек, зашто денес многу страдав насон+ поради него“. 20 Но главните свештеници и старешините го наговорија народот да го бара Варава,+ а Исус да го погуби. 21 Тогаш управителот ги праша: „Кој од овие двајца сакате да ви го пуштам?“ Тие одговорија: „Варава“.+ 22 А Пилат ги праша: „Тогаш што да правам со Исус кого го нарекуваат Христос?“ А сите рекоа: „Нека биде прикован на столб!“*+ 23 Тој рече: „Какво зло направил?“ А тие уште посилно викаа: „Нека биде прикован на столб!“+
24 Кога виде дека ништо не помага, туку дека настанува сѐ поголем метеж, Пилат зеде вода+ и си ги изми рацете пред народот, велејќи: „Јас сум невин за крвта на овој човек. Тоа си е ваша работа“. 25 Тогаш целиот народ одговори: „Неговата крв нека падне на нас и на нашите деца!“+ 26 Потоа им го пушти Варава, а Исус го искамшикува+ и го предаде да биде прикован на столб.+
27 Потоа војниците на управителот го одведоа Исус во палатата на управителот и ја собраа околу него целата чета.+ 28 И го соблекоа, го наметнаа со црвена наметка,+ 29 па му исплетоа круна од трње и му ја ставија на главата, а во десната рака му ставија трска. И клекнувајќи пред него, го исмејуваа,+ велејќи: „Здраво, царе на Евреите!“+ 30 И го плукаа,+ па му ја зедоа трската и почнаа да го удираат по главата. 31 Откако го исмеаја,+ му ја симнаа наметката и му ја облекоа неговата облека, па го изведоа за да го приковаат на столб.+
32 Додека излегуваа, наидоа на еден човек од Киринија, по име Симон.+ Него го присилија да му го понесе столбот на кој требаше да биде прикован. 33 И дојдоа на местото наречено Голгота,+ односно Место на черепите. 34 Таму му дадоа на Исус да пие вино помешано со жолчка.+ Но кога го вкуси, не сакаше да пие.+ 35 Кога го приковаа на столб,+ ја разделија неговата облека+ фрлајќи ждрепка.+ 36 И седеа таму и го чуваа. 37 Над главата му ставија натпис на кој пишуваше за што е обвинет: „Ова е Исус, царот на Евреите“.+
38 Тогаш со него приковаа на столб двајца разбојници, едниот од неговата десна, а другиот од неговата лева страна.+ 39 А минувачите го навредуваа,+ подбивно вртејќи со главите+ 40 и велејќи: „Ти, што ќе го урнеше храмот+ и ќе го изградеше за три дена, спаси се самиот себе! Ако си син Божји, слези од столбот!“+ 41 На сличен начин и главните свештеници со книжниците и старешините го исмејуваа, велејќи:+ 42 „Другите ги спаси, а себе не може да се спаси! Тој е цар+ на Израел! Нека слезе сега од столбот, и ќе поверуваме во него!+ 43 Се надеваше на Бог, па тој сега нека го избави+ ако му е мил! Зашто рече: ‚Јас сум Божји Син‘ “.+ 44 Така му се исмејуваа и разбојниците што беа со него ставени на столб.+
45 А во шестиот* час се спушти темнина+ по целата таа земја и траеше сѐ до деветтиот* час.+ 46 А околу деветтиот час, Исус извика со силен глас: „Ели, Ели, лама савахтани?“ — односно: „Боже мој, Боже мој, зошто ме остави?“+ 47 Кога го слушнаа тоа, некои од оние што стоеја таму рекоа: „Овој го повикува Илија“.*+ 48 И еден од нив веднаш отрча и зеде сунѓер, го натопи во кисело+ вино, па го стави на трска и му даваше да пие.+ 49 Но останатите рекоа: „Нека го! Да видиме дали ќе дојде Илија да го спаси“.+ [Еден друг човек зеде копје и го прободе во слабината, и излезе крв и вода.]*+ 50 А Исус повторно извика со силен глас и издивна.*+
51 И гледај, завесата+ на светилиштето се расцепи надве, одозгора додолу,+ и земјата се затресе, а карпите се распукаа.+ 52 И гробовите се отворија, и беа подигнати многу тела на светите што беа умрени 53 и им станаа видливи на мнозина. (Луѓето што дојдоа од гробиштата по неговото воскресение, влегоа во светиот град.)+ 54 А кога го видоа земјотресот и она што се случуваше, стотникот и оние што со него го чуваа Исус многу се уплашија и рекоа: „Ова навистина беше Божји Син!“+
55 Таму имаше и многу жени, кои оддалеку го набљудуваа тоа,+ а кои од Галилеја го придружуваа Исус за да му служат.+ 56 Меѓу нив беа Марија Магдалена и Марија, мајката на Јаков и Јосиј, и мајката на Зеведеевите синови.+
57 А бидејќи беше доцна попладнето, дојде еден богат човек од Ариматеја, по име Јосиф, кој и самиот беше Исусов ученик.+ 58 Тој отиде кај Пилат и го побара Исусовото тело.+ Тогаш Пилат заповеда да му го предадат.+ 59 И Јосиф го зеде телото, го завитка во чисто платно+ 60 и го положи во својот нов гроб,+ кој го беше издлабил во карпа. Потоа дотркала еден голем камен на влезот од гробот и си замина.+ 61 А Марија Магдалена и другата Марија останаа таму, седејќи пред гробот.+
62 Утредента, а тоа беше денот по подготовката,*+ главните свештеници и фарисеите се собраа пред Пилат 63 и му рекоа: „Господине, се сетивме дека овој измамник, уште додека беше жив, рече: ‚По три дена+ ќе воскреснам‘. 64 Затоа заповедај гробот да биде обезбеден до третиот ден, за да не дојдат неговите ученици и да го украдат,+ па да му речат на народот: ‚Стана од мртвите!‘ Така, таа последна измама ќе биде полоша од првата“. 65 А Пилат им рече: „Имате стража!+ Одете и обезбедете го како што знаете“. 66 Тогаш отидоа и го обезбедија гробот така што го запечатија каменот+ и поставија стража.
28 По саботата,* кога се раздени на првиот ден од седмицата, Марија Магдалена и другата Марија дојдоа да го видат гробот.+
2 И гледај, се случи голем земјотрес, бидејќи Јеховин ангел слезе од небото, се приближи кон гробот и го отркала каменот, па седна на него.+ 3 Изгледаше како молња,+ а облеката му беше бела како снег.+ 4 Пред него стражарите се стресоа од страв и се вкочанија како мртовци.
5 А ангелот+ им рече на жените: „Не плашете се, зашто знам дека го барате Исус,+ кој беше прикован на столб.* 6 Не е овде, бидејќи воскресна,+ како што рече. Дојдете, видете го местото каде што лежеше. 7 Одете бргу и кажете им на неговите ученици дека стана од мртвите.+ И ете, тој оди пред вас во Галилеја.+ Таму ќе го видите. Еве, ви кажав“.+
8 Тогаш брзо си заминаа од гробот, па со страв и со голема радост отрчаа за да ги известат неговите ученици.+ 9 И гледај, Исус ги пресретна и рече: „Здраво!“ А тие му пристапија и го фатија за нозете и му се поклонија. 10 Тогаш Исус им рече: „Не плашете се! Одете, кажете им на моите браќа+ да појдат во Галилеја. Таму ќе ме видат“.
11 Додека тие две заминуваа, гледај, некои од стражарите+ дојдоа во градот и ги известија главните свештеници за сѐ што се случи. 12 И кога се состанаа со старешините и се посоветуваа, им дадоа на војниците многу сребреници,+ 13 велејќи: „Кажете: ‚Неговите ученици+ дојдоа во ноќта и го украдоа додека ние спиевме‘. 14 А ако тоа дојде до ушите на управителот, ние ќе го смириме и сѐ ќе сториме за да бидете без грижа“. 15 И тие ги зедоа сребрениците и направија како што им беше кажано. Така оваа приказна се рашири меѓу Евреите и се задржа до денешен ден.
16 А единаесетте ученици отидоа во Галилеја+ на гората каде што ги упати Исус. 17 Кога го видоа, му се поклонија. Но некои се посомневаа.+ 18 А Исус им пријде и им рече: „Дадена ми е сета власт+ на небото и на земјата. 19 Затоа одете и правете ученици+ од луѓето од сите народи,+ крштавајќи+ ги во името на Таткото+ и на Синот+ и на светиот дух,+ 20 учејќи+ ги да држат+ сѐ што ви заповедав.+ И еве, јас сум со вас+ во сите денови до свршетокот на овој поредок“.*+
Или: „книга за историјата“.
Буквално: „се покажа дека е“.
Евреите ги сметале свршениците за сопружници. Затоа во овој стих се користи изразот „да се разведе“ за да се опише раскинувањето на свршувачката според еврејскиот обичај.
Во овој превод на библиските книги кои изворно биле напишани на грчки јазик ова е првото од 237-те места каде што се појавува Божјето име „Јехова“. Види го додатокот 1.
На хебрејски „Јешуа“, што значи „Јехова е спасение“.
Ирод Велики.
„маги; астролози“ (грчки: ма́ги).
Зборот „Христос“ (грчки: христо́с; има исто значење како и хебрејскиот збор машијах) во грчкиот текст на Библијата не се користи како Исусово лично име, туку како титула со значење „Помазаник“ или „Месија“.
„Назареќанец“ — веројатно изведен од хебрејскиот збор нецер, кој во буквална смисла значи „фиданка“, а во преносна смисла значи „потомок“. Види Иса 11:1.
Види го додатокот 12.
Фарисеите и садукеите припаѓале на две влијателни верски партии во јудаизмот во првиот век од нашата ера.
Буквално: „на промената на умот (на начинот на размислување)“.
Или: „ако покажеш почит кон мене; извршиш чин на обожавање во моја чест“.
Буквално: „На Јехова, својот бог, клањај му се“.
Или: „врши му света служба“.
Изразот „незнабошци“ во Библијата се однесува на не-Евреите (паганите), кои не го познавале вистинскиот Бог.
Види ја фуснотата за 4Мо 34:11.
Изразот „појде (оди) по Исус“ се користи во преносна смисла и значи дека станале следбеници на Исус.
Или: „[На сојузот] на Десетте градови; Десеттоградието“.
Или: „оние што чувствуваат духовен глад; оние што се свесни дека им е потребен Бог (Божје водство)“. Буквално: „бедните по дух“, или: „кои [од Бог] просат дух“.
Или: „оние што имаат благ нарав“.
Или: „мерна кошница“. Станува збор за поголема кошница што се користела како мера за жито.
Односно: „нема да биде достоен да влезе“.
Односно: „ќе биде достоен да влезе“.
Види го додатокот 4.
Буквално: „и последниот квадрант“. Шеесет и четврти дел од еден денариј. Види го додатокот 13.
Станува збор за римската милја која била долга 1.479,5 метри. Види го додатокот 13.
Традиционално: „Оче наш“.
Или: „нашите гревови... ние им простуваме на оние што ни грешат нам“.
Или: „не дозволувај да потклекнеме во искушение“.
Или: „престанете да правите“.
Или: „едноставно; справедливо; сосредоточено само на една работа; великодушно“.
Или: „расипано; завидливо“.
Или: „престанете да се грижите“.
Буквално: „душа“.
Буквално: „душата“.
Буквално: „за еден лакот“.
Или: „Престанете да судите“.
Види го додатокот 11.
Или: „многу чуда“.
Или: „центурион“.
Буквално: „и ќе лежат на трпезата“. Види ја фуснотата за Мт 9:10.
Буквално: „лежеше... на трпезата“. Во библиски времиња не се седело на трпеза, туку луѓето јаделе така што лежеле на страна и се потпирале на лакотот (всушност, во положба меѓу седење и лежење).
Буквално: „со одрана кожа“.
Во грчкиот текст, за Петар се користат 5 имиња: во овој стих „Симон, наречен Петар“; во Мт 16:16 „Симон Петар“; во Де 15:14 „Симеон“; во Јвн 1:42 „Кифа“; и најчесто само „Петар“ како, на пример, во Мт 14:28.
Се вика и Леви. Види Лк 5:27.
Го нарекуваат и „Јуда, синот на Јаков“. Види Лк 6:16; Јвн 14:22; Де 1:13.
Буквално: „Кананит“.
Види ја фуснотата за Мт 12:24.
Или: „не можат да го одземат правото на живот“.
Или: „правото на живот“.
Види го додатокот 4.
Буквално: „за еден ас“, односно шеснаесетти дел од еден денариј. Види го додатокот 13.
Види го додатокот 8.
Буквално: „душа“.
Или: „што нема да се спрепне од мене“.
Или: „негови чуда“.
Буквално: „адот“.
Или: „Дојдете кај мене под мојот јарем“.
„Бидете мои ученици“. Спореди со Су 7:17.
Или: „на денот за одмор“. Буквално: „на сабат“ (од хебрејскиот збор „шабат“). Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.
Буквално: „што е“. Грчки: е́стин. Види ја фуснотата за Мт 26:26.
Или: „Неговото име ќе биде надеж за народите“.
Името веројатно е добиено со преиначување на изразот Ваал-Зевул, кој значи „Господар на мувите“. Види 2Ца 1:2.
Буквално: „навистина ве затекнало (неподготвени)“.
Изворниот грчки израз може да се преведе со изрази како што се: „век, доба, раздобје; свет; општествено уредување, поредок“.
Или: „злобен“.
Види ја фуснотата за Мт 12:32.
Буквално: „крие“.
Буквално: „три сеи“. Една сеа е 7,33 литри. Види го додатокот 13.
Види ја фуснотата за Мт 12:32.
Буквално: „да се спрепнат“.
Или: „многу чуда“.
Титула на владетел кој во Римското Царство владеел над четвртина од една провинција или како еден од четворицата владетели во провинцијата. Го нарекувале и цар (Мт 14:9; Мр 6:14).
Види ја фуснотата за Лк 3:1.
Или: „прави чуда“.
Буквално: „оние што лежеа на трпезата со него“. Види ја фуснотата за Мт 9:10.
Буквално: „исполегне“. Спореди ја фуснотата за Мт 9:10.
Буквално: „многу стадии“. Еден стадиј бил осмина од една римска милја, и изнесувал 185 метри. Види го додатокот 13.
Види ја фуснотата за Мр 13:35.
Буквално: „исполегне“. Спореди ја фуснотата за Мт 9:10.
Текстот во аглестите загради не се наоѓа во сите древни ракописи, туку само во некои.
Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
На грчки, зборот „Петар“ (Пе́трос, што значи „камен, камена грамада, карпа“) е во машки род, а зборот „карпа“ (пе́тра, кој на ова место е во датив) е во женски род.
Изразот „собрание“ во библиските книги напишани на грчки може да се однесува: на целокупната христијанска заедница по светот (на пример во Мт 16:18; 1Ко 10:32), на групата христијани избрани за небесен живот (Ев 12:23), на заедницата од христијани во некој град или место (Де 8:1; 1Ко 1:2; От 1:11) или на група христијани кои одржуваат верски состаноци во приватна куќа (Ри 16:5; Фм 2). Тој е превод на грчкиот збор еклиси́а (еклезија), кој доаѓа од зборовите ек („од“) и кали́о („повика“), и означува група луѓе свикани на едно место. Спореди ја фуснотата за 2Мо 12:6.
Буквално: „адот“.
Буквално: „ќе биде врзано... ќе биде одврзано“. На грчки јазик, на овие две места се користи партицип перфект во пасив, кој укажува на дејство што му претходи на дејството изразено со прирокот (односно врзувањето и одврзувањето што го врши Петар).
Види го додатокот 8.
Буквално: „душата“.
Овој стих се наоѓа во некои преводи на Библијата, но е изоставен во грчкиот текст на Весткот-Хорт (Westcott-Hort), кој се темели на најстарите грчки ракописи.
Буквално: „кои собираат дидрахми (две драхми)“. Види го додатокот 13.
Се смета дека станувало збор за тетрадрахма. Види го додатокот 13.
Или: „наведе на грев“. Буквално: „наведе на спрепнување“.
Буквално: „камењата за спрепнување“.
Буквално: „спрепнување“.
Види го додатокот 4.
Види ја фуснотата за Мт 17:21.
Буквално: „ќе биде врзано... ќе биде одврзано“. Види ја фуснотата за Мт 16:19.
Талантот бил најголемата еврејска мерка за тежина и најголемата парична единица. Во првиот век од н.е. тежел 20,4 килограми. Имало златни и сребрени таланти.
Еден денариј (римска сребрена пара) бил дневница на еден земјоделски работник. Види Мт 20:2 и додатокот 13.
Буквално: „ставил заедно во еден јарем“.
Римски сребреник кој тежел 3,85 грама. Види ги фуснотата за Мт 18:24 и додатокот 13.
Околу 9 часот, според нашето сметање на времето. Евреите почнувале да ги бројат часовите кога изгревало сонцето.
Околу 12 часот.
Околу 15 часот.
Околу 17 часот.
Или: „завидливо“.
Види го додатокот 8.
Буквално: „душа“.
Буквално: „со оние што лежеа на трпезата“. Види ја фуснотата за Мт 9:10.
Види ја фуснотата за Мт 20:2.
Или: „Помазаникот, Месијата“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Види го додатокот 11.
Кутичиња за чување на делови од текстот на Мојсеевиот закон, кои се носеле како амајлии на челото и на левата рака.
Хебрејски: „раби“. Титула со која се искажува почит и чест, а значи „мој честит (учителе); мој возвишен (учителе)“.
Види ја фуснотата за Мт 23:7.
Види ја фуснотата за Мт 17:21.
Види го додатокот 4.
Види го додатокот 8.
Односно храм.
Грчки: паруси́а (парусија). Види го додатокот 7.
Види ја фуснотата за Мт 12:32.
Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Буквално: „по целата населена земја“.
Буквално: „на сабат“. Види ја фуснотата за Мт 12:1. Види ја и фуснотата за саботен ден одење во Де 1:12.
Буквално: „ниту едно тело“.
Грчки: паруси́а (парусија). Види го додатокот 7.
Буквално: „од четирите ветрови“.
Грчки: паруси́а (парусија). Види го додатокот 7.
Грчки: паруси́а (парусија). Види го додатокот 7.
Види ја фуснотата за Мр 13:35.
Види ја фуснотата за Мт 18:24.
Види го додатокот 8.
„Седеше на трпезата“ (и во 20. стих) — буквално: „лежеше на трпезата“. Види ја фуснотата за Мт 9:10.
Види ја фуснотата за Мт 23:7.
Буквално: „е“. Грчкиот збор е́стин овде има значење на „значи, претставува, симболизира“. Види ги фуснотите за Мт 12:7 и 1Ко 10:4.
Види ја фуснотата за Мт 23:7.
Легијата била најголемата борбена единица во римската војска. Овде има значење на голем број.
Буквално: „Синедрион (Санхедрин)“, еврејски врховен суд.
Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Цитатот, всушност, се темели на Захарија 11:12, 13. Но во времето на Матеј, книгата на Еремија била прва по ред во групата пророчки книги, па називот ‚Еремија‘, судејќи по сѐ, се користел за пророчките книги како целина (меѓу кои се наоѓа и Захарија). Спореди со Лк 24:44.
Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Види го додатокот 8.
Околу 12 часот, според нашето сметање на времето.
До околу 15 часот.
„Илија (хебрејски: Елијаху)“ значи: „Мој Бог е Јехова“.
Улогата на заградите е објаснета во фуснотата за Мт 16:3.
Буквално: „го испушти духот“.
„Подготовка“ го нарекувале денот пред саботата. Тој ден Евреите ја подготвувале храната за саботата и ги извршувале работите што не можеле да ги одложат за подоцна. (Спореди со 2Мо 16:5; 20:10.)
Буквално „сабатот“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.
Види го додатокот 8.
Види ја фуснотата за Мт 12:32.