Дела на апостолите
1 Првиот извештај, Теофиле,+ го составив во врска со сето она што Исус го правеше и за кое поучуваше+ од почетокот 2 па сѐ до денот кога беше вознесен,+ откако преку светиот дух им даде заповеди на апостолите што ги избра.+ 3 Тој, откако пострада, им покажа со многубројни неоспорни докази дека е жив.+ Четириесет дена им се појавуваше и им зборуваше за Божјето царство.+ 4 И кога се состана со нив, им заповеда: „Не заминувајте од Ерусалим,+ туку чекајте го она што го вети Таткото,+ за кое чувте од мене. 5 Зашто, Јован крштаваше со вода, но вие ќе бидете крстени со свет дух,+ и нема да поминат многу дни по ова“.
6 А кога се собраа, го прашаа: „Господару, дали во ова време ќе му го обновиш царството на Израел?“+ 7 А тој им одговори: „Не е ваше да ги знаете времињата или раздобјата+ што Таткото ги има под своја власт,+ 8 туку ќе примите сила+ кога светиот дух ќе дојде врз вас, и ќе ми бидете сведоци+ во Ерусалим,+ во цела Јудеја и Самарија+ и сѐ до крајот на земјата“.+ 9 И откако им го рече тоа, беше подигнат пред нивни очи,+ и еден облак им го одзеде од погледот.+ 10 И додека тие втренчено гледаа кон небото како заминува,+ гледај, двајца мажи во бели+ облеки застанаа до нив 11 и рекоа: „Луѓе Галилејци, зошто стоите и гледате кон небото? Овој Исус, кој е земен од вас на небото, ќе дојде на истиот начин+ како што го видовте дека заминува на небо“.
12 Потоа се вратија+ во Ерусалим од планината која се вика Маслинска Гора. Таа е близу до Ерусалим и е оддалечена колку еден саботен* ден одење.*+ 13 И кога стигнаа, се качија во горната соба,+ каде што обично престојуваа. Тоа беа: Петар и Јован и Јаков и Андреј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков, синот на Алфеј, и Симон ревнителот и Јуда, синот на Јаков.+ 14 Сите тие еднодушно истрајаа во молитва,+ заедно со некои жени+ и со Марија, мајката на Исус, и со неговите браќа.+
15 А во тие дни Петар стана меѓу браќата и рече (а се собраа околу сто и дваесет лица): 16 „Луѓе, браќа, требаше да се исполнат зборовите од Писмата,+ кои светиот дух+ ги прорече преку Давидовата уста за Јуда,+ кој ги доведе оние што го фатија Исус.+ 17 А тој се вбројуваше меѓу нас+ и доби дел во оваа служба.+ 18 (Тој, значи, стекна+ нива со платата за неправедното дело,+ па падна главечки удолу,+ се распукна по средината и му се истури целата утроба. 19 Тоа им стана познато и на сите Ерусалимци, така што таа нива на нивниот јазик беше наречена Акелдама, односно Крвна нива.) 20 Зашто, во книгата на Псалмите е напишано: ‚Неговото живеалиште нека се запусти и нека нема жители во него‘+ и ‚Неговата надгледничка служба нека ја преземе некој друг‘.+ 21 Значи, еден од мажите што се собираа со нас за сето време што Господарот Исус го помина со нас+ — 22 почнувајќи од неговото крштавање од Јован+ до денот кога беше земен од нас+ — треба да стане со нас сведок на неговото воскресение“.+
23 Па издвоија двајца, Јосиф наречен Варсава, кој доби прекар Јуст, и Матиј. 24 Тогаш се помолија и рекоа: „Јехова, ти кој ги познаваш срцата на сите луѓе,+ покажи кого од овие двајца си го избрал 25 да ги добие оваа служба и апостолството,+ од кое Јуда отстапи за да отиде по својот пат“. 26 Тогаш фрлија ждрепка+ за нив, и ждрепката падна на Матиј, и така тој беше додаден кон единаесетте+ апостоли.
2 А на денот на Педесетницата,+ сите беа заедно на исто место. 2 И одеднаш настана шум од небото, како при налет на силен ветар, и ја исполни целата куќа во која седеа.+ 3 И здогледаа нешто како пламени јазици,+ кои се разделија, па на секого од нив слезе по еден. 4 И сите се исполнија со свет дух+ и почнаа да зборуваат на разни јазици,+ како што им даваше духот да зборуваат.
5 А во тоа време во Ерусалим престојуваа богобојазливи+ Евреи+ од сите народи под небото. 6 Па така, кога се чу тој звук, се собраа мноштво луѓе. Беа збунети, бидејќи секој ги чу учениците како зборуваат на неговиот јазик. 7 Сите беа изненадени и се чудеа, велејќи: „Гледајте, зарем не се Галилејци+ сите овие што зборуваат? 8 Како тоа секој од нас да го слуша својот јазик во кој се родил? 9 Парти, Медијци,+ Еламци,+ жители на Месопотамија, на Јудеја,+ на Кападокија,+ на Понт+ и на Азија,*+ 10 на Фригија,+ на Памфилија,+ на Египет и на либиските краишта околу Киринија, патници од Рим, и Евреи и луѓе преобратени во еврејската вера,+ 11 Криќани+ и Арабјани+ — сите ние ги слушаме како зборуваат на нашите јазици за величествените Божји дела!“ 12 Сите беа зачудени и збунети, и се прашуваа еден со друг: „Што би можело да биде ова?“ 13 Други, пак, ги исмејуваа и велеа: „Се напиле слатко вино“.+
14 Но Петар стана со единаесеттемина+ и со силен глас му се обрати на мноштвото: „Луѓе Јудејци и сите вие што живеете во Ерусалим,+ знајте го ова и послушајте ги моите зборови! 15 Овие луѓе не се пијани,+ како што мислите вие — зашто допрва е третиот* час од денот. 16 Напротив, тоа е она што го рече пророкот Јоил: 17 ‚„А во последните денови“, вели Бог, „ќе го излеам својот дух+ на најразлични луѓе, и вашите синови и вашите ќерки ќе пророкуваат, вашите младичи ќе гледаат виденија, а вашите старци ќе сонуваат соништа.+ 18 Дури и на своите робови и на своите робинки ќе го излеам својот дух во тие денови, и тие ќе пророкуваат.+ 19 И ќе дадам предзнаци горе на небото и чудесни знаци долу на земјата, крв и оган и облаци од чад.+ 20 Сонцето+ ќе се претвори во темнина и месечината во крв пред да дојде големиот и славен Јеховин ден.+ 21 И секој што ќе го повика името на Јехова, ќе биде спасен“ ‘.+
22 Луѓе Израелци, чујте ги овие зборови: Исус Назареќанецот,+ човекот кого Бог пред вас го потврди со моќни дела,*+ со предзнаци и со чудесни знаци, кои преку него ги направи меѓу вас,+ како што и самите знаете, 23 тој човек, предаден на непријателите за да се исполни она што Бог цврсто го наумил и однапред го знаел,+ вие го приковавте на столб со раката на беззакониците и го убивте.+ 24 Но Бог го воскресна,+ ослободувајќи го од оковите на смртта,+ бидејќи не беше можно смртта да го задржи.+ 25 Зашто, Давид за него вели: ‚Јехова ми е постојано пред очите. Тој е од мојата десна страна за да не се поколебам.+ 26 Затоа моето срце се развесели и мојот јазик многу се израдува. А моето тело ќе почива во надеж,+ 27 зашто нема да ја оставиш мојата душа во гробот,* ниту ќе дозволиш твојот лојален слуга да види распаѓање.+ 28 Ти ми ги објави патиштата на животот, твоето лице ќе ме исполни со веселба‘.+
29 Луѓе, браќа, дозволете да ви зборувам отворено за прататкото Давид, дека умре+ и беше погребан и дека неговиот гроб е меѓу нас до ден-денес. 30 Според тоа, бидејќи беше пророк и знаеше дека Бог му се заколна со заклетва дека ќе го седне неговиот потомок* на неговиот престол,+ 31 тој однапред го виде и го навести Христовото* воскресение, дека нема да биде оставен во гробот,* ниту неговото тело ќе види распаѓање.+ 32 Бог го воскресна тој Исус, а за тоа сите ние сме сведоци.+ 33 Според тоа, бидејќи Бог, Таткото, го возвиши и му даде да седи од неговата десна страна+ и бидејќи од него го прими ветениот свет дух,+ тој дух го излеа на нас, како што гледате и слушате. 34 Зашто, Давид не се вознесе на небото,+ туку самиот вели: ‚Јехова му рече на мојот Господар:* „Седи од мојата десна страна+ 35 додека не ги положам твоите непријатели како подножје на твоите нозе!“ ‘+ 36 Затоа, сиот дом Израелов нека знае со сигурност дека Бог него го направи и Господар+ и Христос, тој Исус кого вие го приковавте на столб“.+
37 А кога го чуја тоа, ги прободе в срце,+ па им рекоа на Петар и на останатите апостоли: „Луѓе, браќа, што треба да правиме?“+ 38 А Петар им рече: „Покајте се+ и секој од вас нека се крсти+ во името+ на Исус Христос за да му бидат простени+ гревовите, и ќе го примите бесплатниот дар+ на светиот дух. 39 Зашто, тоа ветување+ ви е дадено вам и на вашите деца и на сите оние што се далеку,+ сеедно колкумина ќе бидат оние што Јехова, нашиот Бог, ќе ги повика кај себе“.+ 40 И со многу други зборови темелно сведочеше и ги поттикнуваше: „Спасете се од ова расипано поколение!“+ 41 Затоа, оние што со сето срце го прифатија она што тој го зборуваше, беа крстени,+ и тој ден на учениците им се придружија околу три илјади души.+ 42 И му се посветија на апостолското учење, меѓусебно делеа сѐ што имаа,+ заедно јадеа+ и истрајно се молеа.+
43 И страв ја обземаше секоја душа, а апостолите правеа многу чуда и предзнаци.+ 44 А сите што станаа верници беа заедно и сѐ им беше заедничко.+ 45 И ги продаваа своите сопствености и имоти,+ а приходот им го делеа на сите, секому колку што му требаше.+ 46 И секој ден еднодушно поминуваа многу време во храмот,+ и заедно јадеа по домовите на браќата и ја земаа храната со голема радост+ и со искрено срце, 47 фалејќи го Бог и уживајќи ја наклоноста од сите луѓе.+ А Јехова секојдневно им ги придодаваше+ оние што доаѓаа на патот на спасението.+
3 Петар и Јован одеа на молитва во храмот, во деветтиот,* молитвениот час.+ 2 А луѓето токму донесуваа еден човек сакат од мајчината утроба,+ кого секојдневно го ставаа пред храмската врата, која се викаше Красна,+ да проси милостина од оние што влегуваа во храмот.+ 3 Кога ги здогледа Петар и Јован, кои токму влегуваа во храмот, ги замоли да му дадат милостина.+ 4 А Петар, заедно со Јован, погледна право во него+ и рече: „Погледни нѐ!“ 5 И додека човекот внимателно ги гледаше, очекувајќи да добие нешто од нив, 6 Петар рече: „Сребро и злато немам, но она што го имам, тоа ти го давам:+ во името на Исус Христос Назареќанецот,+ оди!“+ 7 Тогаш го фати за десната рака+ и го поткрена. И веднаш му се зацврстија стапалата и глуждовите.+ 8 И скокна,+ застана на нозе и почна да оди, па влезе со нив во храмот+ одејќи, потскокнувајќи и фалејќи го Бог. 9 И сите+ го видоа како оди и го фали Бог. 10 А го препознаа дека тоа беше оној што седеше на храмската Красна+ Порта и просеше милостина, па се зачудија и се восхитија+ поради она што му се случи.
11 Додека човекот се држеше за Петар и Јован, сите луѓе беа зачудени и поитаа кон нив на местото наречено Соломонов трем.+ 12 Кога го виде тоа, Петар им рече на луѓето: „Луѓе Израелци, зошто се чудите на ова и зошто гледате во нас небаре со своја сила или богобојазливост сме направиле овој да оди?+ 13 Богот на Авраам и на Исак и на Јаков,+ Богот на нашите прататковци, го прослави+ својот Слуга,+ Исус, кого вие го предадовте+ и од кого се одрековте пред лицето на Пилат, кога тој веќе беше решил да го пушти.+ 14 Да, вие се одрековте од тој светец и праведник+ и баравте да ви биде ослободен човек кој беше убиец,+ 15 а го убивте Главниот Застапник на животот.+ Но Бог го подигна од мртвите — за тоа сме ние сведоци.+ 16 Затоа неговото име — преку нашата вера во неговото име — го зајакна овој човек, кого го гледате и го познавате, и верата што ја имаме преку него му го врати на овој човек потполното здравје пред сите вас. 17 И сега, браќа, знам дека тоа го направивте во незнаење,+ исто како и вашите поглавари.+ 18 Но Бог така го исполни она што го навести преку устата на сите пророци, дека неговиот Христос* ќе страда.+
19 Според тоа, покајте се+ и обратете се+ за да ви бидат избришани гревовите,+ за да дојдат времиња на закрепнување+ од лицето на Јехова 20 и тој да ви го испрати Христос, кој ви е одреден, Исус, 21 кого небото мора да го задржи+ до времињата кога ќе се обнови+ сето она за кое Бог зборуваше преку своите свети пророци+ од старо време. 22 Всушност, Мојсеј рече: ‚Јехова Бог ќе ви подигне меѓу вашите браќа пророк како што сум јас.+ Него слушајте го во сѐ што ќе ви зборува!+ 23 И секоја душа која нема да го послуша тој Пророк, ќе биде погубена, и така ќе биде отстранета од народот‘.+ 24 А и сите пророци, кои зборуваа од Самоил наваму, ги навестуваа тие денови.+ 25 Вие сте синови+ на пророците и на сојузот што Бог го склучи со вашите прататковци кога му рече на Авраам: ‚Преку твоето потомство ќе бидат благословени сите народи на земјата‘.+ 26 Подигнувајќи го својот Слуга, Бог најпрво го испрати кај вас+ за да го благослови секого од вас, одвраќајќи го од неговите зли дела“.
4 А додека тие двајцата уште му зборуваа на народот, им пристапија главните свештеници, храмскиот заповедник+ и садукеите,*+ 2 лути што тие го поучуваат народот и, преку примерот на Исус, го објавуваат воскресението од мртвите.+ 3 И ги фатија и ги фрлија в затвор до следниот ден,+ зашто веќе беше вечер. 4 Но мнозина од оние што ги слушаа нивните зборови поверуваа,+ и бројот на мажите кои станаа верници достигна околу пет илјади.+
5 А утредента во Ерусалим се собраа нивните поглавари и старешините и книжниците.+ 6 Таму беше и Ана,+ главниот свештеник, потоа Кајафа,+ Јован и Александар и сите од првосвештеничкиот род. 7 И ги поставија на средина и почнаа да ги испрашуваат: „Со каква сила или во чие име го направивте тоа?“+ 8 Тогаш Петар, полн со свет дух,+ им рече:
„Народни поглавари и старешини! 9 Ако денес, поради едно добро дело направено на еден болен човек,+ сме испитувани за тоа кој го оздравел овој човек, 10 знајте сите вие и целиот израелски народ: во името на Исус Христос Назареќанецот,+ кого вие го приковавте на столб,+ а кого Бог го подигна од мртвите,+ преку него овој човек стои здрав овде пред вас! 11 Тој е ‚каменот што вие градителите го сметавте за безвреден, а кој стана аголен камен‘.*+ 12 И во никој друг нема спасение, зашто нема друго име+ под небото дадено на луѓето преку кое можеме да се спасиме“.+
13 А кога ја видоа смелоста на Петар и на Јован и кога сфатија дека тоа се луѓе неуки и обични,+ останаа зачудени. И ги препознаа дека тие беа со Исус.+ 14 Но бидејќи видоа дека излекуваниот човек стои со нив,+ не можеа ништо да приговорат.+ 15 Затоа им заповедаа да излезат од салата на Судскиот совет,* па почнаа да се советуваат: 16 „Што да правиме со овие луѓе?+ Зашто, направија големо чудо, кое им е познато на сите жители на Ерусалим.+ Тоа не можеме да го одречеме. 17 Но, за да не се шири тоа и понатаму меѓу народот, да им се заканиме и да им кажеме повеќе да не зборуваат никому во тоа име“.+
18 Тогаш ги повикаа и им заповедаа никако да не зборуваат, ниту да поучуваат во Исусово име. 19 Тогаш Петар и Јован им рекоа: „Пресудете сами дали е праведно пред Бог да ве слушаме вас, а не Бог! 20 Ние не можеме да не зборуваме за она што сме го виделе и чуле“.+ 21 И повторно им се заканија, а потоа ги ослободија, бидејќи не најдоа ништо поради кое би можеле да ги казнат, а се плашеа и од народот,+ зашто сите го славеа Бог поради она што се случи. 22 Зашто, човекот кој беше излекуван преку ова чудо имаше повеќе од четириесет години.
23 А кога ги пуштија, отидоа кај браќата+ и им го раскажаа она што им го рекоа главните свештеници и старешините. 24 А кога тие го чуја тоа, еднодушно го кренаа гласот кон Бог+ и рекоа:
„Севишен+ Господару, ти си оној што ги создаде небото и земјата и морето и сѐ што е во нив!+ 25 Со светиот дух ти рече преку устата на нашиот прататко Давид,+ својот слуга: ‚Зошто се вознемирија народите и племињата размислуваат за ништожни работи?+ 26 Земните цареви се креваат и владетелите стануваат како еден против Јехова и против неговиот помазаник‘.+ 27 Така и Ирод* и Понтиј Пилат+ заедно со незнабошците и со народот на Израел навистина се собраа во овој град против твојот свет+ слуга Исус, кого го помаза,+ 28 за да го сторат она што твојата рака и твојата намера однапред го одредија да биде.+ 29 А сега, Јехова, обрни внимание на нивните закани+ и дај им на своите слуги и понатаму да ја зборуваат твојата реч со сета смелост!+ 30 Испружи ја својата рака за да дојде до лекување и да се случат чуда и предзнаци+ преку името+ на твојот свет слуга+ Исус!“
31 И кога сесрдно се помолија, се затресе местото на кое беа собрани,+ и сите се исполнија со свет дух,+ па смело ја зборуваа Божјата реч.+
32 А мноштвото од оние што ја примија верата беа со едно срце и со една душа+ и никој не велеше дека нешто од она што го поседува е негово, туку сѐ им беше заедничко.+ 33 А апостолите со голем успех сведочеа за воскресението на Господарот Исус.+ И незаслужената доброта во голема мера беше над сите нив. 34 Всушност, никој меѓу нив не беше во немаштија,+ зашто, сите што поседуваа ниви или куќи, ги продаваа, и добиените пари ги донесуваа 35 и ги ставаа пред нозете на апостолите.+ Потоа секому му се делеше+ онолку колку што му требаше. 36 Така и Јосиф, кого апостолите го нарекоа Варнава,+ што значи „син на утехата“, левит, родум од Кипар, 37 поседуваше парче земја, па го продаде, ги донесе парите и ги стави пред нозете на апостолите.+
5 А еден човек, по име Ананија, заедно со својата жена Сапфира, продаде имот 2 и скришно задржа дел од добиените пари — а за тоа знаеше и неговата жена — па донесе само еден дел и го стави пред нозете на апостолите.+ 3 А Петар рече: „Ананија, зошто Сатана+ те наведе да го излажеш+ светиот дух+ и скришно да задржиш дел од парите добиени за нивата? 4 Зарем не беше твоја пред да ја продадеш? А кога ја продаде, зарем не можеше со тие пари да правиш што сакаш? Зошто во своето срце науми да направиш такво нешто? Ти не ги излажа+ луѓето, туку Бог“.+ 5 А кога ги чу тие зборови, Ананија падна и издивна.+ И голем страв+ ги обзеде сите што го чуја тоа. 6 Тогаш станаа момците, го завиткаа во платно,+ го изнесоа и го закопаа.
7 А кога поминаа околу три часа, влезе неговата жена, не знаејќи што се случило. 8 Петар ја праша: „Кажи ми, дали за толку ја продадовте нивата?“ А таа одговори: „Да, за толку“. 9 Тогаш Петар ѝ рече: „Зошто сте се договориле да го искушате+ Јеховиниот дух? Еве, пред вратата се нозете на оние што го закопаа твојот маж, а и тебе ќе те изнесат“. 10 И таа веднаш падна пред неговите нозе и издивна.+ Кога влегоа момците, ја најдоа мртва, па ја изнесоа и ја закопаа до нејзиниот маж. 11 Поради тоа, голем страв го обзеде целото собрание* и сите што чуја за тоа.
12 А апостолите правеа многу чуда и предзнаци меѓу народот.+ И сите еднодушно беа во Соломоновиот трем.+ 13 Никој не се осмели да им се приклучи,+ но луѓето ги величаа.+ 14 И им се придружуваа сѐ повеќе верници во Господарот, мноштво мажи и жени,+ 15 така што и на улиците ги изнесуваа болните и ги ставаа на носилки и на легла за, кога ќе поминува Петар, барем неговата сенка да падне на некого од нив.+ 16 А се собираа и мноштво луѓе од градовите околу Ерусалим, донесувајќи болни и такви кои беа мачени од нечисти духови, и сите беа излекувани.
17 Тогаш се кренаа првосвештеникот и сите што беа со него, припадниците на тогашната садукејска секта, и, полни со љубомора,+ 18 ги фатија апостолите и ги фрлија в затвор.+ 19 Но во ноќта, Јеховин ангел+ ги отвори вратите на затворот,+ ги изведе и рече: 20 „Одете, застанете во храмот и кажувајте му ги на народот сите зборови за овој живот!“+ 21 А кога го чуја тоа, влегоа во храмот взори и почнаа да поучуваат.
Кога стигнаа првосвештеникот и оние што беа со него, го свикаа Судскиот совет* и сиот совет од старешини на Израеловите синови+ и испратија стражари во затворот да ги доведат. 22 А стражарите, кога стигнаа таму, не ги најдоа во затворот, па се вратија и јавија: 23 „Затворот го најдовме заклучен и добро обезбеден и стражарите како стојат пред вратите, но кога отворивме, внатре не најдовме никого“. 24 А кога храмскиот заповедник и главните свештеници ги чуја тие зборови, се најдоа во недоумица и се прашуваа што би можело да биде тоа.+ 25 Но дојде еден човек и им јави: „Ене, луѓето што ги фрливте в затвор стојат во храмот и го поучуваат народот“.+ 26 Тогаш заповедникот отиде со своите стражари и ги доведе, но не употребија сила, зашто се плашеа+ дека народот ќе ги каменува.
27 Така ги доведоа и ги поставија во салата на Судскиот совет. А првосвештеникот ги испрашуваше 28 и рече: „Строго ви наредивме+ да не поучувате во тоа име, а вие, еве, го наполнивте Ерусалим со своето учење+ и сакате крвта на тој човек да ја фрлите+ на нас“. 29 Тогаш Петар и другите апостоли рекоа: „Мораме да му се покоруваме на Бог,* а не на луѓето.+ 30 Богот на нашите прататковци го воскресна+ Исус, кого вие го убивте обесувајќи го на столб.*+ 31 Него Бог го возвиши до својата десница+ како Водач+ и Спасител,+ за да може Израел да се покае+ и да добие простување на гревовите.+ 32 Ние сме сведоци на тие настани,+ а и светиот дух,+ кој Бог им го даде на оние што му се покоруваат“.
33 Кога го чуја тоа, многу се разгневија и сакаа да ги убијат.+ 34 Но во Судскиот совет стана еден фарисеј,* по име Гамалиел,+ учител по Законот, кој беше почитуван од целиот народ, и заповеда накратко да ги изведат апостолите надвор.+ 35 Тогаш им рече: „Луѓе Израелци,+ добро размислете што ќе направите со овие луѓе! 36 Зашто, пред некое време стана Тевда, тврдејќи дека тој е некој,+ и покрај него застанаа околу четиристотини луѓе.+ Но тој беше убиен, а сите оние што го слушаа, се разбегаа и исчезнаа. 37 По него, во деновите на пописот,+ стана Јуда Галилеецот и повлече народ по себе. И тој загина, а сите што го слушаа, се распрснаа. 38 Затоа сега ви велам: Не гибајте ги тие луѓе, туку пуштете ги — зашто, ако оваа замисла или ова дело е од луѓе, ќе пропадне,+ 39 но ако е од Бог,+ не ќе можете да ги спречите+ — за да не се покаже дека се борите против Бог“.+ 40 И го послушаа, па ги викнаа апостолите, ги истепаа со стапови+ и им наредија да не зборуваат во Исусово име,+ па ги пуштија да си одат.
41 Тие, пак, си заминаа од Судскиот совет, радувајќи се+ што беа достојни да поднесат срам поради неговото име.+ 42 И секој ден, во храмот и од куќа до куќа,+ без престан поучуваа+ и ја објавуваа добрата вест за Христос,* Исус.+
6 А во тие денови, кога се зголемуваше бројот на учениците, Евреите што зборуваа грчки+ почнаа да приговараат против Евреите што зборуваа хебрејски, бидејќи нивните вдовици биле запоставени при секојдневното делење на храната.+ 2 Затоа, дванаесеттемина ги повикаа кај себе мноштвото ученици и рекоа: „Не е право да ја оставиме Божјата реч за да делиме храна.+ 3 Затоа, браќа, пронајдете+ меѓу себе седум луѓе, кои се на добар глас и се полни со дух и со мудрост,+ за да ги поставиме над оваа потребна работа, 4 а ние ќе се посветиме на молитвата и на поучувањето за речта Божја“.*+ 5 Тој предлог му се допадна на целото мноштво, па ги избраа Стефан, човек полн со вера и со свет дух,+ потоа Филип,+ Прохор, Никанор, Тимон, Пармен и Никола од Антиохија, поранешен преобратеник во еврејската вера. 6 И ги поставија пред апостолите, а тие се помолија и потоа ги положија рацете+ врз нив.
7 Така Божјата реч сѐ повеќе растеше+ и бројот на учениците во Ерусалим многу се умножуваше,+ а и многу свештеници+ ја прифаќаа верата.+
8 А Стефан, полн со добрина и сила, правеше многу чуда и предзнаци+ меѓу народот. 9 Но станаа некои од оние од синагогата наречена Синагога на ослободените,* и некои од Киринијците и од Александријците+ и од оние од Киликија+ и од Азија, за да се препираат со Стефан, 10 но не можеа да му се спротивстават на мудроста+ и на духот со кои зборуваше.+ 11 Тогаш тајно наговорија некои луѓе да речат:+ „Го чувме како кажува хулни зборови+ против Мојсеј и Бог“. 12 И ги подбуцнаа народот, старешините и книжниците, па го нападнаа ненадејно, го зграпчија и го одведоа пред Судскиот совет.*+ 13 И изведоа лажни сведоци,+ кои рекоа: „Овој човек не престанува да зборува против ова свето место и против Законот.+ 14 На пример, го чувме како вели дека тој Исус Назареќанецот ќе го разурнел ова место и ќе ги изменел обичаите што ни ги предаде Мојсеј“.
15 И кога сите оние што седеа во Судскиот совет го вперија погледот во него,+ видоа дека лицето му е како лице на ангел.+
7 Тогаш првосвештеникот запраша: „Така ли е?“ 2 А Стефан рече: „Луѓе, браќа и татковци, чујте! Богот на славата+ му се појави на нашиот прататко Авраам додека тој беше во Месопотамија, пред да се насели во Харан,+ 3 и му рече: ‚Замини од својата земја и откај своите роднини и појди во земјата што ќе ти ја покажам‘.+ 4 Тогаш замина од халдејската земја и се насели во Харан. Оттаму, по смртта на неговиот татко,+ Бог го упати да се пресели во оваа земја, во која живеете вие сега.+ 5 Но не му даде наследство во неа, ниту една стапка,+ туку му вети дека ќе му ја даде во сопственост,+ нему и на неговото потомство по него,+ додека уште немаше деца.+ 6 А Бог рече и дека неговите потомци ќе бидат дојденци+ во туѓа земја+ и дека ќе бидат поробени и угнетувани четиристотини години.+ 7 ‚А на тој народ, на кој ќе му робуваат, јас ќе му судам‘,+ рече Бог, ‚и потоа ќе излезат и ќе ми служат* на ова место.‘+
8 Му даде и сојуз на обрежувањето.+ Така му се роди Исак,+ кого го обрежа на осмиот ден,+ а на Исак му се роди Јаков, а на Јаков, пак, дванаесетте наши прататковци.+ 9 А прататковците од љубомора+ го продадоа Јосиф во Египет.+ Но Бог беше со него+ 10 и го избави од сите негови неволји и му дозволи да ја стекне наклоноста на фараонот, египетскиот цар, и пред него да се покаже мудар. А тој го постави да управува со Египет и со целиот негов дом.+ 11 Но врз целиот Египет и Ханаан дојде глад, голема неволја, и нашите прататковци не можеа да најдат храна.+ 12 Но Јаков чу дека во Египет има храна+ и ги испрати нашите прататковци првиот пат.+ 13 А вториот пат Јосиф им се откри на своите браќа,+ па фараонот дозна за потеклото на Јосиф.+ 14 Тогаш Јосиф го повика оттаму својот татко Јаков и сите роднини,+ вкупно седумдесет и пет души.*+ 15 Така Јаков отиде во Египет.+ И умреа+ тој и нашите прататковци.+ 16 И беа пренесени во Сихем+ и положени во гробот+ што Авраам го купи со сребро од синовите на Емор во Сихем.+
17 А како што се приближуваше времето да се исполни ветувањето што Бог му го даде на Авраам, народот во Египет растеше и се множеше.+ 18 Тогаш над Египет завладеа друг цар, кој не го познаваше Јосиф.+ 19 Тој лукаво ја користеше својата моќ против нашиот род+ и ги присилуваше нашите татковци да ги предадат своите новородени деца за да бидат погубени.+ 20 Токму во тоа време се роди Мојсеј.+ Беше многу убав, дури и за Бог.+ Три месеци се грижеа за него во домот на неговиот татко. 21 А кога беше оставен, го зеде фараоновата ќерка и го одгледа како свој син.+ 22 Така Мојсеј беше поучен за сета египетска мудрост.+ Беше силен во своите зборови+ и дела.
23 А кога имаше четириесет години, му дојде во срцето желба да ги посети своите браќа, синовите на Израел.+ 24 Кога виде како на еден Израелец му се нанесува неправда, го бранеше и го одмазди малтретираниот, убивајќи го Египќанецот.+ 25 Мислеше дека неговите браќа ќе сфатат дека Бог им дава спасение преку неговата рака,+ но тие не го сфатија тоа. 26 А утредента се појави пред нив додека двајца од нив се тепаа. Се обиде да ги смири,+ велејќи: ‚Луѓе, вие сте браќа! Зошто се малтретирате еден со друг?‘+ 27 Но оној што го малтретираше својот ближен го одби со зборовите: ‚Кој те поставил тебе за владетел и судија над нас?+ 28 Сакаш ли и мене да ме убиеш како што вчера го уби оној Египќанец?‘+ 29 Од тие зборови, Мојсеј побегна и се насели во мадијамската земја,+ каде што му се родија два сина.+
30 А кога се навршија четириесет години, му се појави ангел во пустината кај Синајската Гора, во пламенот на грмушката што гореше.+ 31 Кога го виде тоа, Мојсеј се зачуди на таа глетка.+ Додека приоѓаше за да види подобро, се зачу Јеховиниот глас: 32 ‚Јас сум Богот на твоите прататковци, Богот на Авраам и на Исак и на Јаков‘.+ Сиот треперејќи, Мојсеј повеќе не се осмели да гледа. 33 Тогаш Јехова му рече: ‚Собуј ги сандалите од своите нозе, зашто местото на кое стоиш е свето место! + 34 Видов како е малтретиран мојот народ во Египет+ и го чув нивниот лелек,+ па слегов за да ги избавам.+ Затоа, сега ајде, те праќам во Египет!‘+ 35 Тој Мојсеј, од кого тие се одрекоа, велејќи: ‚Кој те поставил тебе за владетел и судија?‘+ — него Бог го испрати+ како владетел и избавител преку раката на ангелот кој му се појави во грмушката. 36 Тој човек ги изведе,+ правејќи чуда и предзнаци во Египет,+ и во Црвеното Море,+ и во пустината* четириесет години.+
37 Тоа е оној Мојсеј кој им рече на синовите на Израел: ‚Бог ќе ви подигне од вашите браќа пророк како што сум јас‘.+ 38 Тоа е оној+ што беше меѓу народот+ во пустината со ангелот,+ кој му зборуваше на Синајската Гора, и со нашите прататковци. Тој прими свети објави,+ кои сѐ уште живеат, за да ви ги предаде вам. 39 Нему нашите прататковци не сакаа да му бидат послушни, туку го отфрлија+ и во своите срца се вратија во Египет,+ 40 па му рекоа на Арон: ‚Направи ни богови што ќе одат пред нас! Зашто, не знаеме што се случи со тој Мојсеј, кој нѐ изведе од египетската земја‘.+ 41 Така направија теле во тие денови,+ и му принесоа жртва на тој идол и се веселеа на делото на своите раце.+ 42 Затоа Бог се сврте од нив и ги пушти+ да ја почитуваат небесната војска, како што е напишано во пророчката книга:+ ‚Зар мене ми принесувавте животински и други жртви четириесет години во пустината, доме Израелов?+ 43 Не, туку ги носевте шаторот на Молох+ и ѕвездата+ на богот Ромфа, ликовите што ги направивте за да им се клањате.* Затоа ќе ве изгонам+ од онаа страна на Вавилон‘.
44 Нашите прататковци го имаа шаторот на сведоштвото во пустината, како што тој одреди кога му рече на Мојсеј да го изработи според образецот што го виде.+ 45 Нашите прататковци го презедоа тој шатор од своите татковци и, под водството на Исус Навин,+ го внесоа во земјата што ја поседуваа народите,+ кои Бог ги истера од пред нашите прататковци.+ Таму остана сѐ до деновите на Давид. 46 Давид ја стекна Божјата наклоност+ и молеше да му биде дозволено да му подигне живеалиште+ на Јакововиот Бог. 47 Но дом му изгради Соломон.+ 48 Сепак Севишниот не престојува во градби што се направени со раце,+ како што вели пророкот: 49 ‚„Небото е мојот престол,+ и земјата ми е подножје за нозете.+ Каков дом ќе ми изградите?“ — вели Јехова. „Каде е местото за мојата починка?+ 50 Зарем мојата рака не го направи сето тоа?“ ‘+
51 Луѓе тврдоглави и со необрежани срца+ и уши! Вие секогаш му се спротивставувате на светиот дух — како што правеа вашите прататковци, така правите и вие.+ 52 Кого од пророците не го прогонуваа вашите прататковци?+ Дури ги убија+ оние што го навестија доаѓањето на Праведникот,+ чии предавници и убијци сега станавте вие,+ 53 вие кои го примивте Законот преку ангели,+ но не го држевте“.
54 А кога го чуја тоа, се разлутија во своите срца+ и почнаа да чкртаат со забите+ против него. 55 А тој, полн со свет дух, го впери погледот кон небото и ја здогледа Божјата слава и Исус како стои од десната страна на Бог,+ 56 и рече: „Еве, ги гледам небесата отворени+ и Синот човечки+ како стои од десната страна на Бог“.+ 57 Тогаш тие извикаа колку што ги држеше гласот, ги затнаа ушите со рацете+ и сите заедно му се нафрлија. 58 И го исфрлија од градот,+ па почнаа да фрлаат камења на него.+ А сведоците+ ги оставија своите наметки до нозете на еден млад човек, кој се викаше Савле.+ 59 И додека го каменуваа, Стефан се помоли: „Господару* Исусе, прими го мојот дух!“*+ 60 Потоа клекна и извика на сиот глас: „Јехова, не сметај им го ова за грев!“+ Откако го рече тоа, умре.*
8 А Савле го одобруваше неговото убиство.+
Тој ден почна големо прогонство+ на собранието во Ерусалим, па сите, освен апостолите, се распрснаа+ по јудејските и самариските краишта. 2 А богобојазливи луѓе го однесоа Стефан за да го погребат+ и горко плачеа за него.+ 3 Савле, пак, се нафрли на собранието: упаѓаше од куќа во куќа, извлекуваше мажи и жени и ги предаваше во затвор.+
4 Но учениците што се распрснаа, ја објавуваа добрата вест, речта Божја, каде и да поминеа.+ 5 Така Филип отиде во градот Самарија+ и почна да им го проповеда Христос. 6 А мноштвото еднодушно и внимателно го следеше она што го кажуваше Филип, слушајќи го и гледајќи ги чудата што ги правеше. 7 Имено, имаше мнозина такви кои беа обземени од нечисти духови,+ а тие духови излегуваа викајќи на сет глас. И мнозина парализирани+ и сакати беа излекувани. 8 Така настана голема радост во тој град.+
9 А во градот имаше еден човек, по име Симон, кој се занимаваше со гатање+ и предизвикуваше восхит кај самарискиот народ, велејќи за себе дека е голем човек.+ 10 И него го слушаа сите, од најмал до најголем, и велеа: „Овој човек е Сила Божја, Сила Голема“. 11 А го слушаа затоа што веќе доста долго време предизвикуваше восхит кај нив со своето гатање. 12 Но кога му поверуваа на Филип, кој ја објавуваше добрата вест за Божјето царство+ и за името на Исус Христос, се крштаваа и мажи и жени.+ 13 А и Симон стана верник, се крсти и непрестајно беше покрај Филип.+ Се восхитуваше додека ги гледаше чудесните знаци и големите и моќни дела* што се случуваа.
14 А кога апостолите во Ерусалим чуја дека Самарија ја прифатила Божјата реч,+ ги испратија кај нив Петар и Јован. 15 Тие дојдоа и се молеа за нив да добијат свет дух.+ 16 Всушност, духот уште не беше слегол на никого од нив, туку само беа крстени во името на Господарот Исус.+ 17 Тогаш полагаа раце врз нив+ и тие примаа свет дух.
18 А кога виде дека луѓето примаат дух кога апостолите ќе ги положат рацете врз нив, Симон им понуди пари+ 19 и рече: „Дајте ми ја и мене таа моќ, та секој, врз кого ќе ги положам рацете, да прими свет дух!“ 20 Но Петар му рече: „Твоето сребро нека пропадне со тебе, зашто мислеше со пари да го стекнеш Божјиот дар!+ 21 Ти немаш ни најмал удел во ова, зашто твоето срце не е право пред Бог.+ 22 Затоа покај се поради таа своја злоба и сесрдно моли го Јехова+ за да ти биде простена умислата на твоето срце, 23 зашто гледам дека си полн со отровна жолчка+ и со неправедност!“+ 24 Тогаш Симон му рече: „Вие сесрдно молете му се на Јехова за мене,+ за да не дојде на мене ништо од тоа што го рековте“.
25 Кога дадоа темелно сведоштво и ја кажаа Јеховината реч, се вратија во Ерусалим, објавувајќи им ја добрата вест на многу самариски села.+
26 А Јеховиниот ангел+ му се обрати на Филип: „Стани и оди кон југ по патот што се спушта од Ерусалим кон Газа!“ (Тој пат е пуст.) 27 Тогаш тој стана и појде. И сретна еден Етиопјанец,+ дворјанин, висок достоинственик на кандакијата,* етиопската царица, кој беше над целата нејзина ризница. Тој беше дошол во Ерусалим да му се поклони на Бог,*+ 28 а сега се враќаше. Седеше во својата кола и на глас го читаше пророкот Исаија.+ 29 А духот му рече+ на Филип: „Стигни ја таа кола и не оддалечувај се од неа“. 30 Тогаш Филип притрча и го чу како на глас го чита пророкот Исаија, па го запраша: „Го разбираш ли тоа што го читаш?“ 31 А тој одговори: „Како ќе го разберам ако никој не ме упати?“ И го замоли Филип да се качи и да седне до него. 32 А ги читаше овие зборови од Писмото: „Како овца го одведоа на колење. Како јагне, немо пред оној што го стриже, не ја отвора својата уста.+ 33 Во неговото понижување беше лишен од праведен суд.+ Кој ќе ги раскаже поединостите за неговото потекло? Зашто, животот му е одземен од земјата“.+
34 Тогаш дворјанинот му рече на Филип: „Те молам, кажи ми за кого пророкот го вели ова? За себе или за некој друг?“ 35 А Филип проговори+ и, почнувајќи од тие зборови од Писмото,+ му ја објави добрата вест за Исус. 36 И додека одеа по патот, дојдоа до една вода, а дворјанинот рече: „Еве вода! Што ме спречува да се крстам?“+ 37 * —— 38 И заповеда колата да запре, па обајцата слегоа во водата, и Филип и дворјанинот. И Филип го крсти. 39 А кога излегоа од водата, Јеховиниот дух го одведе Филип+ и дворјанинот повеќе не го виде, туку радосно отиде по својот пат. 40 А Филип се најде во Азот. И минувајќи таму, им ја објавуваше+ добрата вест на сите градови додека не стигна во Цезареја.+
9 Савле, кој сѐ уште им се закануваше на учениците+ на Господарот* и имаше силна желба да ги убива,+ отиде кај првосвештеникот 2 и побара од него писма за синагогите во Дамаск, за да може сите следбеници на Патот,* и мажи и жени, да ги доведе оковани во Ерусалим.+
3 Кога беше на пат, се приближи до Дамаск, ненадејно го осветли светлина од небото,+ 4 па падна наземи и чу глас, кој му рече: „Савле, Савле, зошто ме прогонуваш?“+ 5 А тој запраша: „Кој си ти, Господару?“ Овој рече: „Јас сум Исус, кого ти го прогонуваш.+ 6 Сега стани+ и влези во градот! Таму ќе ти се каже што мораш да правиш“. 7 А луѓето што патуваа со него+ стоеја без зборови+ зашто, вистина, слушнаа дека некој зборува,+ но никого не видоа. 8 Тогаш Савле стана од земјата. Иако очите му беа отворени, ништо не гледаше,+ па го поведоа за рака и го одведоа во Дамаск. 9 Три дена ништо не гледаше+ и не јадеше, ниту пиеше.
10 А во Дамаск имаше еден ученик по име Ананија.+ Нему Господарот му рече во видение: „Ананија!“ А тој се оѕва: „Еве ме, Господару!“ 11 А Господарот му рече: „Стани, оди во улицата што се вика Права, и во куќата на Јуда побарај еден човек од Тарс,+ по име Савле. Тој токму сега се моли 12 и во видение виде како еден човек по име Ананија влегува и ги положува рацете врз него за да му се врати видот“.+ 13 Но Ананија одговори: „Господару, од мнозина чув за тој човек, колкави зла им нанел на твоите свети* во Ерусалим. 14 И ваму дојде со овластување од главните свештеници да ги стави во окови сите што го повикуваат твоето име“.+ 15 Но Господарот му рече: „Оди, зашто овој човек ми е избран сад+ за да им го носи моето име на незнабошците,+ и на царевите+ и на Израеловите синови. 16 Јас ќе му покажам колку мора да страда заради моето име“.+
17 Така Ананија отиде и влезе во куќата, па ги положи рацете врз него и рече: „Брате Савле! Ме испрати Господарот, Исус, кој ти се појави на патот по кој доаѓаше, за да ти се врати видот и да се исполниш со свет дух“.+ 18 И веднаш од очите му падна нешто како лушпи, и му се врати видот. И стана, и се крсти, 19 па зеде храна и се поткрепи.+
И остана неколку дена со учениците во Дамаск,+ 20 па веднаш почна во синагогите да проповеда за Исус,+ дека тој е Божјиот Син. 21 А сите што го слушаа беа вчудовидени и велеа: „Зарем ова не е оној што во Ерусалим сакаше да ги истреби+ оние што го повикуваат ова име и кој дојде ваму за да им ги одведе во окови на главните свештеници?“+ 22 А Савле беше сѐ посилен и ги збунуваше Евреите што живееја во Дамаск, наведувајќи докази* дека Исус навистина е Христос.*+
23 А кога помина доста време, Евреите се договорија да го убијат.+ 24 Но Савле дозна за нивниот заговор. Дење и ноќе ги надзираа и градските порти за да го убијат.+ 25 Затоа неговите ученици го зедоа ноќе и во кошница го спуштија низ еден отвор во ѕидот.+
26 А кога стигна во Ерусалим,+ се обиде да им се придружи на учениците, но сите се плашеа од него, зашто не веруваа дека е ученик. 27 Тогаш Варнава се зазеде за него+ и го одведе кај апостолите, па подробно им раскажа како овој на патот го видел Господарот,+ кој му се обратил,+ и како во Дамаск+ смело зборувал во името на Исус. 28 И Павле остана со нив и слободно се движеше по* Ерусалим, смело говорејќи во името на Господарот.+ 29 И разговараше и расправаше со Евреите кои зборуваа грчки, а тие се обидуваа да го убијат.+ 30 Кога браќата го открија тоа, го одведоа во Цезареја и го испратија во Тарс.+
31 Тогаш за собранието+ низ цела Јудеја, Галилеја и Самарија настапи време на мир во кое се изградуваше. И одеше во стравот од Јехова+ и во утехата на светиот дух,+ и постојано растеше.
32 А Петар, минувајќи насекаде, дојде и кај светите што живееја во Лида.+ 33 Таму најде еден човек по име Енеј, кој лежеше в постела осум години, зашто беше парализиран. 34 И Петар му рече:+ „Енеј, Исус Христос те оздравува!+ Стани и намести си ја постелата!“ И тој веднаш стана. 35 И го видоа сите што живееја во Лида и во рамницата Сарон+ и се преобратија кон Господарот.+
36 А во Јопа+ имаше една ученичка по име Тавита, или на грчки Дорка.* Таа постојано правеше добри дела+ и им помагаше на сиромасите. 37 Но во тие денови таа се разболе и умре. Тогаш ја искапаа и ја положија во горната соба. 38 А бидејќи Лида е близу до Јопа,+ кога чуја учениците дека Петар е таму, испратија кај него двајца луѓе да го замолат: „Дојди кај нас, не колебај се!“ 39 Тогаш Петар стана и отиде со нив. Кога стигна, го одведоа во горната соба. И сите вдовици му пристапија, плачејќи и покажувајќи ги многуте облеки и наметки+ што ги изработувала Дорка додека била со нив.+ 40 А Петар сите ги испрати надвор,+ па клекна и се помоли, а потоа се сврте кон телото и рече: „Тавита, стани!“ А таа ги отвори очите, го здогледа Петар и седна.+ 41 Тој ѝ подаде рака и ја подигна.+ Тогаш ги викна светите и вдовиците и им ја покажа жива.+ 42 Тоа се расчу низ цела Јопа и мнозина поверуваа во Господарот.+ 43 А Петар остана долго време во Јопа+ кај еден кожар Симон.+
10 А во Цезареја имаше еден човек по име Корнелиј, стотник+ на таканаречената Италиска чета,+ 2 побожен човек+ кој се боеше од Бог,+ како и сите во неговиот дом. Великодушно му даваше милостина на народот+ и непрестајно му упатуваше сесрдни молитви на Бог.+ 3 Некаде околу деветтиот* час,+ јасно виде во видение+ еден Божји ангел+ како доаѓа кај него и му вели: „Корнелиј!“ 4 А тој се загледа во него, па уплашено го праша: „Што е, Господару?“ Тој му одговори: „Твоите молитви+ и милосрдни дела се вознесоа кај Бог и тој се сети на нив.+ 5 Затоа сега испрати луѓе во Јопа и повикај го Симон, наречен Петар. 6 Тој е гостин кај еден Симон, кожар, кој има куќа покрај морето“.+ 7 Штом замина ангелот кој му зборуваше, тој повика двајца слуги и еден побожен војник, кој постојано беше покрај него,+ 8 им раскажа сѐ и ги испрати во Јопа.+
9 Утредента, додека беа на пат и се приближуваа до градот, Петар отиде на покривот од куќата+ околу шестиот* час за да се моли.+ 10 Огладне и сакаше нешто да јаде. Додека му готвеа јадење, тој падна во занес*+ 11 и го виде небото отворено+ и нешто како големо платно, држено за четирите краишта, како се спушта на земјата. 12 Во него имаше секакви видови земни четириножни суштества и лазачи и небесни птици.+ 13 И еден глас му рече: „Петре, стани! Коли и јади!“+ 14 Но Петар рече: „Никако, Господару, зашто никогаш не сум јал нешто валкано и нечисто!“+ 15 А гласот повторно, по вторпат, му рече: „Не викај го валкано+ она што Бог го очистил!“ 16 А тоа се повтори и по третпат, и тогаш сѐ беше наеднаш земено на небото.+
17 А додека Петар многу збунето се прашуваше што би можело да значи тоа видение, ете, луѓето што ги испрати Корнелиј застанаа пред вратата, откако се распрашаа за куќата на Симон.+ 18 И ги повикаа домашните и прашаа дали е тука на гости Симон, наречен Петар. 19 А додека Петар размислуваше за видението, духот+ му рече: „Еве, те бараат тројца мажи. 20 Стани, слези и појди со нив без колебање, зашто јас ги пратив!“+ 21 Тогаш Петар слезе кај луѓето и рече: „Еве, јас сум оној кого го барате. Зошто сте дојдени?“ 22 А тие рекоа: „Стотникот Корнелиј, праведен човек, кој се бои од Бог+ и за кого добро зборува+ целиот еврејски народ, беше упатен од Бог преку свет ангел да те викне во својот дом за да го чуе она што имаш да го кажеш“. 23 Тогаш ги покани внатре и ги нагости.
Утредента стана и отиде со нив, а некои браќа од Јопа појдоа со него. 24 Другиот ден стигна во Цезареја. Корнелиј ги очекуваше, па ги повика своите роднини и блиски пријатели. 25 Кога Петар влезе, Корнелиј му излезе во пресрет, му се фрли пред нозете и му се поклони. 26 Но Петар го подигна, велејќи: „Стани! И јас сум човек“.+ 27 И разговарајќи со него, влезе и најде многу собрани луѓе, 28 па им рече: „Вие знаете дека Законот му забранува на Евреинот да се дружи со човек од друг народ или да доаѓа кај него,+ но Бог мене ми покажа дека не треба ниту еден човек да го викам валкан или нечист.+ 29 Затоа дојдов без приговор кога испративте по мене. А сега ве прашувам зошто ме повикавте?“
30 Тогаш Корнелиј рече: „Пред четири дена, токму во ова време, во деветтиот* час,+ се молев во својата куќа,+ кога, ете, еден човек во сјајна облека+ застана пред мене 31 и рече: ‚Корнелиј, услишена е твојата молитва и Бог се сети на твоите милосрдни дела.+ 32 Затоа, испрати во Јопа и повикај го Симон, наречен Петар.+ Тој човек е гостин во куќата на Симон кожарот, покрај морето‘.+ 33 Затоа јас веднаш испратив по тебе, а ти добро стори што дојде. И сега сите ние се наоѓаме пред Јехова Бог за да чуеме сѐ што ти заповедал да кажеш“.+
34 Тогаш Петар ја отвори устата и рече: „Сега навистина сфаќам дека Бог не е пристрасен,+ 35 туку во секој народ го прифаќа оној што се бои од него и го прави она што е праведно.+ 36 Тој им ја испрати својата реч+ на Израеловите синови за да им ја објави добрата вест на мирот+ преку Исус Христос, кој е Господар на сите.+ 37 Вие знаете за што се зборуваше низ цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја, по крштавањето што го проповедаше Јован,+ 38 имено за Исус од Назарет, како Бог го помаза со свет дух+ и сила, а тој минуваше низ земјата правејќи добро и лекувајќи ги сите кои Ѓаволот ги угнетуваше,+ зашто Бог беше со него.+ 39 А ние сме сведоци на сето она што го правеше во еврејската земја и во Ерусалим. Него го убија обесувајќи го на столб.*+ 40 А Бог го воскресна на третиот ден и му даде да им се појави на луѓето,+ 41 но не на целиот народ, туку на сведоци кои Бог однапред ги одреди+ — нам, кои јадевме и пиевме со него+ откако стана од мртвите. 42 И ни заповеда да му проповедаме+ на народот и да сведочиме темелно дека тоа е оној кого Бог го постави за судија на живите и на мртвите.+ 43 За него сведочат сите пророци,+ дека секој што верува во него добива простување на гревовите преку неговото име“.+
44 Додека Петар уште зборуваше за тоа, светиот дух слезе на сите што ги слушаа тие зборови.+ 45 И верните што дојдоа со Петар, а кои беа од обрежаните, беа восхитени, бидејќи дарот на светиот дух беше излеан и на незнабошците.+ 46 Зашто, ги чуја како зборуваат на разни јазици и го величаат Бог.+ Тогаш Петар рече: 47 „Може ли некој да ја забрани водата да не бидат крстени+ овие што го примија светиот дух исто како што го примивме и ние?“ 48 Тогаш им заповеда да се крстат во името на Исус Христос.+ Потоа го замолија да остане неколку дена.
11 А апостолите и браќата што беа во Јудеја чуја дека и незнабошците+ ја примиле речта Божја, 2 па кога Петар дојде во Ерусалим, поборниците на обрежувањето+ почнаа да му приговараат 3 поради тоа што отишол во куќата на необрежани луѓе и јадел со нив. 4 Тогаш Петар им раскажа сѐ по ред како што беше:
5 „Бев во градот Јопа и се молев, па паднав во занес* и имав видение. Видов нешто како големо платно, држено за четирите краишта, како слегува од небото и се спушта до мене. 6 Се загледав во него, набљудував и видов земни четириножни суштества и диви животни и лазачи и небесни птици.+ 7 Чув и глас кој ми рече: ‚Петре, стани! Коли и јади!‘+ 8 Но јас реков: ‚Никако, Господару, зашто нешто валкано или нечисто никогаш не влегло во мојава уста!‘+ 9 Но гласот од небото одговори по вторпат: ‚Не викај го валкано она што Бог го исчистил!‘+ 10 Тоа се повтори и по третпат, а потоа сѐ беше пак земено назад на небото.+ 11 И ете, во тој час пред куќата, во која се наоѓавме, застанаа тројца мажи испратени од Цезареја кај мене.+ 12 Тогаш духот+ ми рече да појдам со нив без колебање. А со мене појдоа и овие шестмина браќа, и влеговме во куќата на тој човек.+
13 Тој ни раскажа дека во својата куќа го видел ангелот, кој застанал пред него и му рекол: ‚Испрати луѓе во Јопа и повикај го Симон, наречен Петар.+ 14 Тој ќе ти ги каже зборовите преку кои можеш да се спасиш ти и сите во твојот дом‘.+ 15 А кога почнав да зборувам, врз нив слезе светиот дух, како и врз нас во почетокот.+ 16 Тогаш се сетив како зборуваше Господарот: ‚Јован крштаваше со вода,+ а вие ќе бидете крстени со свет дух‘.+ 17 Значи, ако Бог им го дал истиот дар и ним како што ни го даде нам кои поверувавме во Господарот Исус Христос,+ кој сум јас, па да можам да го спречам Бог?“+
18 А кога го чуја тоа, се смирија+ и почнаа да го слават Бог,+ велејќи: „Значи, Бог и на незнабошците им даде покајание кое води во живот“.+
19 А оние што ги распрсна+ неволјата, која настана поради Стефан, стигнаа дури до Феникија,+ Кипар+ и Антиохија, но не ја проповедаа речта никому, освен на Евреите.+ 20 Но меѓу нив беа некои луѓе од Кипар и од Киринија, кои дојдоа во Антиохија и почнаа да разговараат со луѓето што зборуваа грчки,+ објавувајќи ја добрата вест за Господарот* Исус.+ 21 А Јеховината рака+ беше со нив и многу луѓе станаа верници и се преобратија кон Господарот.+
22 А гласот за нив дојде до ушите на собранието што беше во Ерусалим, па го испратија Варнава+ во Антиохија. 23 Кога стигна и ја виде Божјата незаслужена доброта,+ тој се израдува+ и сите ги храбреше да му останат верни на Господарот со решително срце,+ 24 зашто беше добар човек, полн со свет дух и со вера. И голем број луѓе му се придружија на Господарот.+ 25 Потоа отиде во Тарс+ да го побара Савле.+ 26 Кога го најде, го одведе во Антиохија. И така цела година се состануваа со нив во собранието и поучуваа големо мноштво луѓе, па преку божествено провидение токму во Антиохија учениците за првпат беа наречени христијани.+
27 Во тие денови во Антиохија дојдоа пророци+ од Ерусалим. 28 Еден од нив, по име Агав,+ стана и преку духот претскажа дека по цел свет* ќе завладее голем глад.+ Токму тоа се случи за време на владеењето на Клавдиј. 29 Затоа учениците, секој според своите можности,+ решија да испратат помош+ за на тој начин да им послужат на браќата што живееја во Јудеја. 30 Тоа и го сторија, испраќајќи им ја на старешините преку Варнава и Савле.+
12 Некаде во тоа време цар Ирод* почна да малтретира+ некои од собранието. 2 Го погуби со меч+ Јаков, братот на Јован.+ 3 Кога виде дека тоа им е по волја на Евреите,+ дозволи да го фатат и Петар. А токму беа во тек деновите на бесквасните лебови.+ 4 И кога го фати, го фрли в затвор,+ каде што требаше да го чуваат четири смени од по четири војници, зашто имаше намера да го изведе пред народот по Пасхата.+ 5 Така го држеа Петар в затвор, а собранието горливо му се молеше+ на Бог за него.
6 Ноќта спроти денот кога Ирод науми да го изведе, Петар спиеше меѓу двајца војници, окован во двојни синџири, а стражарите пред вратата чуваа стража. 7 И гледај, се појави Јеховин ангел,+ и во ќелијата светна светлина. Тој го потчукна Петар по ребрата и го разбуди,+ велејќи: „Стани брзо!“ И синџирите му паднаа+ од рацете. 8 Тогаш ангелот+ му рече: „Опаши се и обуј си ги сандалите!“ И тој го стори тоа. На крајот му рече: „Облечи ја наметката + и појди по мене!“ 9 И тој излезе и одеше по него, но не знаеше дека она што го прави ангелот е вистина, туку мислеше дека има видение.+ 10 А кога ја поминаа првата и втората стража, дојдоа до железната порта, која води во градот. Таа им се отвори сама од себе,+ па излегоа и преминаа една улица, а потоа ангелот наеднаш замина од него. 11 А откако си дојде на себеси, Петар рече: „Сега навистина знам дека Јехова го испратил својот ангел+ и ме избави+ од раката на Ирод и од сѐ што очекуваше еврејскиот народ“.
12 Откако размисли за тоа, отиде во куќата на Марија, мајката на Јован наречен Марко.+ Таму беа собрани мнозина и се молеа. 13 Кога чукна на влезната врата, дојде една слугинка, по име Рода, да наслушне кој е таму. 14 Кога го препозна гласот на Петар, од радост не ја отвори вратата, туку отрча внатре и јави дека Петар стои пред врата. 15 А тие ѝ рекоа: „Ти си луда!“ Но таа упорно тврдеше дека е така. Тогаш рекоа: „Тоа е неговиот ангел“.+ 16 А Петар и понатаму чукаше. Кога отворија, го здогледаа и се вчудовидоа. 17 Но тој им даде знак со раката+ да замолчат и подробно им раскажа како Јехова го изведе од затворот, а потоа рече: „Јавете им го ова на Јаков+ и на браќата!“ Тогаш излезе и отиде на друго место.
18 А кога се раздени,+ меѓу војниците настана голема тревога бидејќи се прашуваа што се случило со Петар. 19 Ирод+ испрати луѓе да го бараат, а кога не го најде, ги испраша стражарите и заповеда да ги одведат за да ги казнат.+ Тогаш замина од Јудеја во Цезареја и таму остана некое време.
20 А беше во судир со Тирците и со Сидонците. Затоа тие заеднички дојдоа кај него и, откако го придобија Власт, царевиот личен собар, побараа мир, зашто нивната земја добиваше храна+ од земјата на царот. 21 А во денот определен за тоа, Ирод ја облече кралската руба, седна на судиската столица и почна да им држи говор. 22 А насобраниот народ почна да вика: „Тоа е глас на бог, а не на човек!“+ 23 Но веднаш го удри Јеховиниот ангел,+ зашто не му оддаде слава на Бог,+ па го изедоа црви и издивна.
24 А Јеховината реч+ сѐ повеќе растеше и се ширеше.+
25 А Варнава+ и Савле ја испорачаа помошта*+ во Ерусалим, па се вратија и го зедоа со себе Јован,+ наречен Марко.
13 А во собранието во Антиохија имаше пророци+ и учители: Варнава, Симеон, наречен Нигер, Луциј+ Кириниецот, Манаин, кој се школуваше со тетрархот* Ирод,* и Савле. 2 И додека еднаш тие ја вршеа Јеховината служба+ и постеа, светиот дух рече: „Одвојте ми ги Варнава и Савле+ за делото за кое ги повикав!“ 3 И откако постеа и се молеа, ги положија рацете+ врз нив и ги отпуштија.
4 Така тие, испратени од светиот дух, отидоа во Селеукија, а оттаму отпловија за Кипар. 5 И кога дојдоа во Саламис, почнаа да ја објавуваат Божјата реч во еврејските синагоги. Со себе го имаа и Јован+ како помошник.
6 А кога го поминаа целиот остров до Пафос, наидоа на еден гаталец, лажен пророк,+ Евреин кој се викаше Варисус 7 и беше со проконзулот* Сергиј Павле, разборит човек. Овој ги повика кај себе Варнава и Савле и замоли да ја чуе Божјата реч. 8 Но Елим, гаталецот (тоа е, всушност, значењето на неговото име), им се спротивстави,+ настојувајќи да го одврати проконзулот од верата. 9 А Савле, кој се викаше и Павле, откако се исполни со свет дух, продорно го погледна 10 и рече: „Сине ѓаволски,+ полн со секаква измама и пакост, непријателу на секоја праведност, зарем нема да престанеш да ги искривуваш правите Јеховини патишта? 11 И затоа, еве, Јеховината рака доаѓа врз тебе: ќе ослепиш и некое време нема да го гледаш сонцето“. И веднаш падна на него густа магла и темнина, па одеше наоколу барајќи луѓе за да го водат за рака.+ 12 Тогаш проконзулот,+ откако виде што се случи, стана верник, бидејќи беше восхитен од Јеховиното учење.
13 А Павле и оние што беа со него испловија од Пафос и стигнаа во Перга, во Памфилија.+ Но Јован+ ги напушти и се врати+ во Ерусалим. 14 А тие заминаа од Перга и дојдоа во Антиохија, во Писидија, и на саботен* ден влегоа во синагогата+ и седнаа. 15 По јавното читање на Законот+ и на Пророците, настојниците+ на синагогата испратија по нив, велејќи: „Луѓе, браќа, ако имате некаков збор на охрабрување за народот, кажете го!“ 16 Тогаш Павле стана, даде знак со раката+ и рече:
„Луѓе, Израелци и вие останатите, кои се боите од Бог, чујте!+ 17 Богот на овој народ, на Израел, ги избра нашите прататковци и го возвиши народот додека беа дојденци во египетската земја, и ги изведе од неа со подигната рака.+ 18 И околу четириесет години+ ги поднесуваше во пустината. 19 Откако погуби седум народи во ханаанската земја, ја раздели со ждрепка нивната земја.+ 20 Сето тоа се случи за околу четиристотини и педесет години.
И потоа им даде судии до пророкот Самоил.+ 21 А тогаш побараа цар,+ и Бог им го даде Саул, синот на Кис, човек од Венијаминовото племе,+ за четириесет години. 22 И откако го отстрани него,+ за цар им го подигна Давид,+ за кого посведочи: ‚Го најдов Давид, Јесеевиот син,+ човек по моето срце,+ кој ќе направи сѐ што сакам‘.+ 23 Од неговото потомство+ Бог, според своето ветување, му доведе на Израел спасител,+ Исус. 24 Пред неговото доаѓање,+ Јован+ му проповедаше на целиот израелски народ дека треба да се крсти во знак на покајание. 25 А кога Јован ја довршуваше својата служба, велеше: ‚Што мислите, кој сум јас? Јас не сум оној за кој ме сметате. Туку еве, по мене доаѓа оној кому јас не сум достоен да му ги одврзам сандалите на нозете‘.+
26 Луѓе, браќа, синови од Авраамовата лоза и вие останатите кои се боите од Бог, нам ни е испратена таа вест за спасение.+ 27 Зашто, жителите на Ерусалим и нивните поглавари не го препознаа,+ туку со својата пресуда го исполнија она што го говореа Пророците,+ а кое на глас се чита секоја сабота. 28 Иако не најдоа ништо со кое би заслужил смрт,+ бараа од Пилат да го погуби.+ 29 А кога извршија сѐ што беше напишано за него,+ го симнаа од столбот*+ и го положија в гроб.+ 30 Но Бог го подигна од мртвите,+ 31 и тој многу денови им се појавуваше на оние што отидоа со него од Галилеја во Ерусалим, а кои сега се негови сведоци пред народот.+
32 И така ние ви ја објавуваме добрата вест за ветувањето дадено на прататковците,+ 33 дека Бог во потполност ни го исполни нам, нивните деца, со тоа што го воскресна Исус,+ како што е напишано во вториот псалм: ‚Ти си мој син, јас денес ти станав Татко‘.+ 34 А дека го воскресна од мртвите и дека повеќе нема да се врати во распадливост, Бог го изрази вака: ‚Ќе ја покажам кон вас милоста* што му ја ветив на Давид‘.+ 35 Затоа и во еден друг псалм вели: ‚Нема да дозволиш твојот лојален слуга да види распаѓање‘.+ 36 Всушност, Давид+ во своето поколение ѝ служеше на Божјата волја, умре* и го положија кај неговите прататковци и виде распаѓање.+ 37 А оној кого Бог го воскресна не виде распаѓање.+
38 Затоа браќа, знајте дека преку него ви се објавува простување на гревовите+ 39 и дека преку него секој што верува е прогласен за невин+ за сето она за кое не можевте да бидете прогласени за невини+ преку Мојсеевиот закон. 40 Затоа, гледајте да не дојде на вас она што е речено во Пророците: 41 ‚Гледајте, вие кои имате презир, чудете се и исчезнете! Зашто, јас правам дело во вашите денови во кое не би поверувале дури и ако некој ви раскаже сѐ за него‘ “.+
42 А кога излегуваа, народот ги молеше да им зборуваат за тоа наредната сабота.+ 43 И откако беше распуштен собирот во синагогата, многу Евреи и богобојазливи преобратеници во еврејската вера* тргнаа по Павле и Варнава,+ кои во разговор ги поттикнуваа+ да останат достојни за Божјата незаслужена доброта.+
44 Следната сабота се собра речиси целиот град да ја чуе Јеховината реч.+ 45 А кога Евреите го здогледаа мноштвото, полни со љубомора+ почнаа со хулење да противречат на она што го зборуваше Павле.+ 46 Тогаш Павле и Варнава смело им рекоа: „Речта Божја требаше најпрво вам да ви биде кажана.+ Но бидејќи вие ја отфрлате+ и не се сметате себеси за достојни за вечен живот, еве, одиме кај незнабошците.+ 47 Зашто, Јехова вака ни заповеда: ‚Те поставив за светлина на народите,*+ да бидеш спасение до крајот на земјата‘ “.+
48 Кога го чуја тоа, незнабошците се израдуваа и почнаа да ја слават Јеховината реч.+ И сите кои исправно гледаа на вечниот живот станаа верници.+ 49 А Јеховината реч сѐ повеќе се ширеше по целиот тој крај.+ 50 Но Евреите+ ги подбуцнаа угледните жени кои го почитуваа Бог, како и водечките мажи од тој град, па тие почнаа да ги прогонуваат+ Павле и Варнава и ги истераа од својот крај. 51 А тие го истресоа правот од своите нозе за сведоштво против нив+ и отидоа во Иконија. 52 А учениците беа полни со радост+ и со свет дух.
14 Во Иконија,+ Павле и Варнава влегоа заедно во еврејската синагога+ и зборуваа на таков начин што големо мноштво Евреи и Грци+ станаа верници. 2 Но Евреите што не поверуваа ги растревожија+ незнабошнците и ги подбуцнаа против браќата.+ 3 Затоа тие останаа подолго време таму и зборуваа смело во името на Јехова, кој ја потврдуваше пораката за својата незаслужена доброта, давајќи им да прават чуда и предзнаци.+ 4 Но мноштвото од градот се подели: едните беа за Евреите, а другите за апостолите. 5 Тогаш незнабошците и Евреите со своите поглавари тргнаа за да ги малтретираат и да ги засипат со камења.+ 6 Кога апостолите дознаа за тоа, побегнаа+ во ликаонските градови Листра и Дерва и во нивната околина. 7 Таму ја објавуваа добрата вест.+
8 А во Листра имаше еден човек со парализирани нозе, сакат од мајчината утроба,+ кој никогаш не беше одел. 9 Тој човек седеше и го слушаше Павле како зборува. А тој погледна во него и кога виде дека има вера+ и дека може да биде излекуван, 10 рече со силен глас: „Стани, исправи се на нозе!“ И тој скокна и почна да оди.+ 11 А кога виде што направи Павле, мноштвото извика на ликаонски јазик: „Боговите+ слегоа кај нас во човечки облик!“ 12 И Варнава го нарекоа Зевс, а Павле Хермес, зашто тој ја водеше речта. 13 А Зевсовиот свештеник, чиј храм беше пред градот, доведе бикови и донесе венци пред портата и сакаше со мноштвото да принесе жртви.+
14 А кога чуја за тоа, апостолите Варнава и Павле си ја раскинаа облеката и се втурнаа меѓу мноштвото, викајќи: 15 „Луѓе, зошто го правите тоа? И ние сме само луѓе,+ како и вие!+ Ви ја објавуваме добрата вест да се обратите од тие ништожни работи+ кон живиот Бог,+ кој ги создаде небото+ и земјата и морето и сѐ што е во нив. 16 Тој во поранешните поколенија дозволи сите народи да одат по своите патишта,+ 17 иако не ве остави без сведоштво за себе: правеше добро,+ ви даваше дожд+ од небото и плодоносни времиња и ги полнеше вашите срца со храна и веселост“.+ 18 Иако го зборуваа тоа, едвај успеаја да го задржат мноштвото да не им принесе жртви.
19 Но од Антиохија и од Иконија стигнаа Евреи и го придобија мноштвото,+ па го каменуваа Павле и го одвлечкаа надвор од градот, мислејќи дека е мртов.+ 20 А кога учениците го опколија, тој стана и влезе во градот. Утредента со Варнава замина за Дерва.+ 21 Кога му ја објавија добрата вест на тој град и направија многу ученици,+ се вратија во Листра, во Иконија и во Антиохија, 22 јакнејќи ги учениците,+ храбрејќи ги да останат во верата и велејќи: „Во Божјето царство ќе влеземе преку многу неволји“.+ 23 И во секое собрание им поставија старешини,+ па со молитва и пост+ му ги доверија на Јехова,+ во кого беа поверувале.
24 И поминаа низ Писидија и дојдоа во Памфилија.+ 25 Во Перга ја објавуваа речта, а потоа заминаа во Аталија. 26 Оттаму отпловија за Антиохија,+ од каде што и тргнаа, доверени на Божјата незаслужена доброта за делото што сега го довршија.+
27 А кога стигнаа и го собраа собранието, им раскажаа+ за сѐ што направи Бог преку нив и дека на незнабошците им ја отвори вратата кон верата.+ 28 И поминаа доста време со учениците.
15 А некои луѓе дојдоа од Јудеја+ и почнаа да ги учат браќата: „Ако не се обрежете+ според Мојсеевиот обичај,+ не можете да се спасите“. 2 А кога дојде до голема расправа и препирање меѓу нив и Павле и Варнава, се договорија Павле и Варнава и уште некои од нив да отидат кај апостолите и старешините во Ерусалим+ поради тој спор.
3 Така, испратени од собранието,+ тие минуваа низ Феникија и Самарија, известувајќи подробно за преобраќањето на незнабошците,+ а ова многу ги израдува сите браќа.+ 4 Кога стигнаа во Ерусалим, собранието и апостолите и старешините љубезно ги примија,+ а тие раскажаа за сето она што Бог го направи преку нив.+ 5 Но некои од фарисејската секта, кои ја беа примиле верата, станаа од своите места и рекоа: „Треба да бидат обрежани+ и да им се заповеда да го држат Мојсеевиот закон“.+
6 Тогаш апостолите и старешините се собраа да го разгледаат тоа.+ 7 По долго расправање,+ Петар стана и им рече: „Луѓе, браќа, добро знаете дека Бог од првите денови ме избра од вас за да можат незнабошците да ги чујат од моја уста зборовите на добрата вест и да поверуваат.+ 8 И Бог, кој ги познава срцата,+ посведочи дека ги прифаќа давајќи им свет дух+ како што ни даде и нам. 9 Не направи никаква разлика помеѓу нас и нив,+ туку преку вера ги очисти нивните срца.+ 10 Зошто сега го искушувате Бог, ставајќи им го на учениците на врат јаремот+ што ниту нашите прататковци ниту ние не можевме да го носиме?+ 11 Напротив, веруваме дека ќе бидеме спасени преку незаслужената доброта+ на Господарот* Исус, исто како и тие“.+
12 Тогаш целото мноштво замолкна и слушаше како Варнава и Павле раскажуваат за многуте чуда и предзнаци, кои Бог преку нив ги правеше меѓу незнабошците.+ 13 А кога тие завршија, Јаков рече: „Луѓе, браќа, сослушајте ме!+ 14 Симеон*+ подробно изнесе како Бог за првпат им обрна внимание на незнабошците за да земе од нив народ за своето име.+ 15 Тоа е во согласност со зборовите на Пророците, како што е напишано: 16 ‚И потоа ќе се вратам и повторно ќе ја изградам паднатата Давидова сеница. Повторно ќе ги изградам нејзините урнатини и пак ќе ја подигнам,+ 17 за да можат преостанатите луѓе сесрдно да го побараат Јехова, заедно со луѓето од сите народи, со оние што го носат моето име, вели Јехова, кој го прави сето тоа,+ 18 познато од старо време‘.+ 19 Затоа сметам дека не треба да им се отежнува на оние од другите народи* кои се преобраќаат кон Бог,+ 20 туку треба да им се напише да се воздржуваат од она што е извалкано од идоли,+ од блуд,+ од удавено+ и од крв.+ 21 Зашто, уште од древни времиња ги има по градовите оние што го проповедаат Мојсеј, бидејќи неговите списи секоја сабота* се читаат на глас во синагогите“.+
22 Тогаш апостолите и старешините заедно со целото собрание одлучија да изберат меѓу себе некои мажи и да ги испратат во Антиохија со Павле и со Варнава. Тоа беа Јуда, наречен Варсава,+ и Сила, мажи кои предводеа меѓу браќата. 23 По нив го испратија следново писмо:
„Апостолите и старешините, браќа, ги поздравуваат браќата од другите народи,* кои се во Антиохија,+ во Сирија и во Киликија!+ 24 Поради тоа што чувме дека некои од нас, на кои не им дадовме никаков налог, ве вознемириле со своите изјави,+ обидувајќи се да ги поколебаат вашите души,+ 25 еднодушно се сложивме+ и решивме да избереме мажи кои ќе ви ги испратиме заедно со нашите сакани Варнава и Павле,+ 26 луѓе кои ги предадоа своите животи* за името на нашиот Господар Исус Христос.+ 27 Затоа ви ги испраќаме Јуда и Сила,+ за да можат и усно да ви го соопштат истото тоа.+ 28 Зашто, светиот дух+ и ние решивме да не ставаме никакво додатно бреме+ на вас, освен ова што е неопходно: 29 да се воздржувате од она што е жртвувано на идоли,+ од крв,+ од удавено+ и од блуд.+ Ако се чувате од тоа,+ ќе ви биде добро. Останете со здравје!“
30 А тие се збогуваа и отидоа во Антиохија, па го собраа мноштвото и им го предадоа писмото.+ 31 Кога овие го прочитаа, се израдуваа на охрабрувањето.+ 32 А Јуда и Сила, кои и самите беа пророци,+ ги охрабрија браќата со многу зборови и ги зајакнаа.+ 33 Таму поминаа некое време, а потоа браќата ги отпуштија со мир+ да се вратат кај оние што ги беа пратиле. 34 * —— 35 Но Павле и Варнава останаа во Антиохија,+ поучувајќи и објавувајќи ја добрата вест за Јеховината реч+ заедно со многу други.
36 По некое време Павле му рече на Варнава: „Секако ќе мора да се вратиме и да ги посетиме браќата во секој град во кој ја објавувавме Јеховината реч, за да видиме како се“.+ 37 А Варнава бараше да го поведат и Јован наречен Марко.+ 38 Но Павле сметаше дека не е добро да го поведат, бидејќи во Памфилија ги напушти+ и не појде со нив на делото. 39 Тогаш дојде до толку жестока караница што се раздвоија. Варнава+ го поведе Марко и отплови за Кипар,+ 40 а Павле го избра Сила+ и, откако браќата го доверија на Јеховината незаслужена доброта,+ замина на пат. 41 И минуваше низ Сирија и Киликија, зајакнувајќи ги собранијата.+
16 Така стигна во Дерва и во Листра.+ И гледај, таму имаше еден ученик по име Тимотеј.+ Неговата мајка беше Еврејка и верничка, а татко му беше Грк. 2 За него зборуваа добро браќата во Листра и во Иконија. 3 Павле сакаше тој да појде со него, па го зеде и го обрежа+ поради Евреите што беа во тие места, бидејќи сите знаеја дека татко му е Грк. 4 Додека минуваа низ градовите, им ги предаваа на тамошните браќа одредбите што ги донесоа апостолите и старешините во Ерусалим, за да се придржуваат кон нив.+ 5 Така собранијата се зацврстуваа во верата+ и од ден на ден растеа.
6 Потоа поминаа низ Фригија и низ подрачјето на Галатија,+ зашто светиот дух им забрани да ја проповедаат речта во Азија. 7 А кога дојдоа до Мизија, се обидоа да одат во Витинија,+ но Исусовиот дух не им дозволи. 8 Затоа ја поминаа Мизија и дојдоа во Троада.+ 9 А ноќта Павле имаше видение:+ еден Македонец стоеше и го молеше: „Прејди во Македонија* и помогни ни!“ 10 А откако го виде видението, настојувавме веднаш да отидеме во Македонија,+ заклучувајќи дека Бог нѐ повикува да им ја објавиме добрата вест.
11 Затоа испловивме од Троада и дојдовме право во Самотраки, а утредента во Неапол, 12 а оттаму во римската колонија Филипи,+ водечки град во таа област на Македонија.+ Во тој град поминавме неколку дена. 13 А на саботниот* ден излеговме од градот и отидовме до една река, мислејќи дека таму луѓето се собираат за молитва. Седнавме и почнавме да им зборуваме на насобраните жени. 14 Слушаше и една жена по име Лидија, продавачка на пурпур од градот Тијатира,+ која го почитуваше Бог. И Јехова ѝ го отвори срцето+ да го прифати она што го зборуваше Павле. 15 А кога се крстија таа и нејзините домашни,+ ги замоли: „Ако сметате дека сум му верна на Јехова, влезете во мојот дом и останете!“+ И нѐ присили да дојдеме.+
16 Додека одевме на местото каде што луѓето се собираат за молитва, нѐ сретна една слугинка која беше обземена од дух,+ гатачки демон,+ која со своето прорекување им донесуваше голема добивка+ на своите господари. 17 Таа девојка одеше по Павле и по нас и викаше:+ „Овие луѓе се робови на Севишниот Бог! Тие ви го објавуваат патот на спасението!“ 18 Ова го правеше многу денови. Најпосле тоа му додеа на Павле,+ па се сврте и му рече на духот: „Ти заповедам во името на Исус Христос да излезеш од неа!“+ И духот излезе во истиот тој час.+
19 Кога нејзините господари видоа дека повеќе не можат да се надеваат на заработка,+ ги фатија Павле и Сила и ги одвлечкаа на плоштадот пред градските поглавари.+ 20 И ги доведоа пред градските управители* и рекоа: „Овие луѓе многу го вознемируваат+ нашиот град. Тие се Евреи 21 и шират обичаи+ кои нам не ни е допуштено ниту да ги прифатиме ниту да ги држиме, бидејќи сме римски граѓани“. 22 Тогаш мноштвото стана против нив, а градските управители ги симнаа од нив облеките и заповедаа да ги истепаат со стапови.+ 23 Откако им нанесоа многу удари,+ ги фрлија в затвор и му наредија на затворскиот чувар добро да ги чува.+ 24 Откако доби таква наредба, тој ги фрли во внатрешниот дел од затворот+ и им ги стави нозете во клада.+
25 Околу полноќ+ Павле и Сила се молеа и со песна го фалеа Бог,+ а затворениците ги слушаа. 26 Но одеднаш се случи силен земјотрес, така што се затресоа темелите на затворот. И веднаш се отворија сите врати и на сите им паднаа оковите.+ 27 А затворскиот чувар се разбуди од сон и, кога виде дека затворските врати се отворени, го извлече мечот за да се убие,+ мислејќи дека затворениците избегале.+ 28 Но Павле извика на сет глас: „Не прави си никакво зло!+ Сите сме овде!“ 29 Тогаш чуварот побара светло, влета внатре и сиот треперејќи се фрли+ пред Павле и пред Сила. 30 Потоа ги изведе надвор и рече: „Господа, што морам да правам+ за да бидам спасен?“ 31 А тие рекоа: „Верувај во Господарот* Исус и ќе бидеш спасен+ — ти и твоите домашни!“+ 32 И му зборуваа за Јеховината реч нему и на сите во неговиот дом.+ 33 И во истиот час во ноќта тој ги одведе и им ги изми раните, па веднаш се крсти+ и тој и сите негови. 34 Тогаш ги воведе во својата куќа и принесе јадење на трпезата. И многу се радуваше со сиот свој дом што беше поверувал во Бог.
35 Кога самна, градските управители+ ги испратија своите службеници* со пораката: „Пуштете ги тие луѓе!“ 36 Тогаш затворскиот чувар му ги јави на Павле нивните зборови: „Градските управители порачаа да бидете пуштени вие двајцата. Затоа, сега излезете и одете си во мир!“ 37 Но Павле им рече: „Јавно нѐ истепаа неосудени, нас кои сме римски граѓани,+ и нѐ фрлија в затвор. Зарем сега тајно да нѐ исфрлат? Никако, туку самите нека дојдат и нека нѐ изведат!“ 38 Тогаш службениците им ги јавија овие зборови на градските управители. А тие се уплашија кога чуја дека се римски граѓани.+ 39 Затоа дојдоа да ги смират, па ги изведоа и ги замолија да си одат од градот. 40 А кога излегоа од затворот, отидоа во домот на Лидија. И кога се видоа со браќата, ги охрабрија,+ па заминаа.
17 Поминувајќи низ Амфипол и Аполонија, стигнаа во Солун,+ каде што имаше еврејска синагога. 2 Павле, по својот обичај,+ влезе кај нив. И три саботи* расправаше со нив на темел на Писмата,+ 3 објаснувајќи и докажувајќи со она што е напишано дека Христос* требаше да страда+ и да стане од мртвите.+ И велеше: „Овој Исус, кого јас ви го објавувам — тој е Христос“.+ 4 Затоа некои од нив станаа верници+ и им се придружија на Павле и на Сила,+ а исто така и големо мноштво Грци кои го почитуваа Бог, како и голем број угледни жени.
5 А Евреите станаа љубоморни,+ па поведоа со себе некои опаки безделници и собраа толпа, па го подбуцнаа градот.+ И се нафрлија на Јасоновата+ куќа, барајќи да ги изведат Павле и Сила пред толпата. 6 А кога не ги најдоа, ги одвлечкаа Јасон и некои браќа пред градските поглавари, викајќи: „Овие луѓе, кои го побунија+ целиот свет,* дојдоа и овде, 7 а Јасон ги нагости. Сите тие постапуваат спротивно на цезаровите одредби,+ велејќи дека имало друг цар+ — Исус“. 8 Со тоа успеаја да го растревожат народот и градските поглавари кои го чуја тоа, 9 а тие зедоа од Јасон и од останатите пари во залог, па ги пуштија.
10 Штом падна ноќта,+ браќата ги испратија Павле и Сила во Верија. Кога стигнаа таму, отидоа во еврејската синагога. 11 А овие Евреи беа поблагородни од оние во Солун, зашто многу горливо* ја примија речта и секој ден ги истражуваа+ Писмата+ за да видат дали е тоа така.+ 12 И мнозина од нив станаа верници, а исто така и голем број угледни+ Гркинки и Грци. 13 А кога Евреите од Солун дознаа дека Павле ја објавува Божјата реч и во Верија, отидоа и таму да го подбуцнат+ и да го растревожат+ народот. 14 Тогаш браќата набрзина го испратија Павле кон морето,+ а Сила и Тимотеј останаа таму. 15 Придружниците го доведоа Павле дури до Атина, а потоа се вратија носејќи им заповед на Сила и на Тимотеј+ да дојдат кај него колку што е можно поскоро.
16 Додека ги чекаше во Атина, Павле се вознемири*+ кога виде дека градот е полн со идоли. 17 И расправаше во синагогата со Евреите+ и со другите луѓе кои го почитуваа Бог, а и на плоштадот+ расправаше секој ден со оние што ќе се затечеа таму. 18 А некои од епикурејските и стоичките филозофи+ почнаа да му противречат. Едни велеа: „Што сака да каже овој дрдорко?“+ А други: „Изгледа дека објавува некакви туѓи богови“. Тоа го велеа затоа што ја објавуваше добрата вест за Исус и за воскресението.+ 19 Тогаш го фатија и го одведоа на Ареопагот,* велејќи: „Можеме ли да знаеме какво е тоа ново учење+ за кое зборуваш? 20 Зашто, ни ги полниш ушите со некакви чудни тврдења. Затоа сакаме да знаеме што е тоа“.+ 21 Всушност, никој од Атињаните и од странците што престојуваа таму не го трошеше слободното време за нешто друго, освен за да каже или да чуе нешто ново. 22 Тогаш Павле застана среде Ареопагот+ и рече:
„Луѓе Атињани, гледам дека вие сте во сѐ некако попобожни*+ од другите. 23 Имено, додека минував и го набљудував она што вие го почитувате, најдов и жртвеник со натпис: ‚На непознатиот Бог‘. Значи, она што вие го почитувате, а не го познавате, тоа јас ви го објавувам. 24 Богот кој го создаде светот и сѐ што е на него, тој, Господарот на небото и на земјата,+ не живее во храмови направени со раце,+ 25 ниту го послужуваат човечки раце, небаре тој има потреба од нешто,+ бидејќи тој самиот им дава на сите живот+ и здив+ и сѐ. 26 И од еден човек+ го направи целиот човечки род+ за да живее по целото лице на земјата,+ и ги одреди времињата+ и ги постави границите на нивното живеење,+ 27 за да го бараат Бог,+ и некако да го напипаат и да го најдат,+ иако не е далеку од никого од нас. 28 Зашто, преку него имаме живот и се движиме и постоиме,+ како што рекоа и некои ваши поети:*+ ‚Дури сме и негово потомство‘.
29 Значи, кога сме Божје потомство,+ не смееме да мислиме дека Бог+ е како злато или сребро или камен, лик што е обликуван со човечка умешност и досетливост.+ 30 Вистина, Бог не се обѕира на времињата на таквото незнаење,+ туку сега им порачува на сите луѓе насекаде да се покаат.+ 31 Зашто, определи ден во кој науми да му суди+ на целиот свет* според правдата, преку човек кого го одреди за тоа, а сето тоа го потврди пред сите луѓе така што го воскресна+ од мртвите“.
32 Кога чуја за воскресение на мртвите, едни почнаа да се подбиваат,+ а други рекоа: „Ќе те слушаме за ова и другпат“. 33 Така Павле си замина откај нив. 34 А некои луѓе му се придружија и станаа верници, меѓу нив и Дионисиј, судија при судот на Ареопагот,+ и една жена, по име Дамара, и други со нив.
18 Потоа замина од Атина и дојде во Коринт. 2 И најде еден Евреин по име Акила,+ родум од Понт, кој неодамна беше дошол од Италија,+ и неговата жена Прискила, зашто Клавдиј+ беше наредил сите Евреи да го напуштат Рим. Така отиде кај нив 3 и, бидејќи се занимаваа со истиот занает, остана кај нив и работеше+ со нив. По занимање беа изработувачи на шатори. 4 А секоја сабота* држеше говор во синагогата+ и ги уверуваше Евреите и Грците.
5 А кога Сила+ и Тимотеј+ дојдоа од Македонија, Павле потполно му се посвети на проповедањето на речта, сведочејќи им на Евреите дека Исус навистина е Христос.*+ 6 Но поради тоа што тие му се спротивставуваа и го навредуваа,+ тој ја истресе својата облека+ и им рече: „Вашата крв+ на вашите глави! Јас сум чист.+ Отсега ќе одам кај незнабошците“.+ 7 И така се пресели оттаму и отиде во куќата на еден човек по име Тициј Јуст, кој го почитуваше Бог и чија куќа беше до синагогата. 8 А Крисп,+ настојникот на синагогата, поверува во Господарот заедно со сите во својот дом. И многу Коринќани кои слушаа, поверуваа и се крстија. 9 А ноќта Господарот му рече на Павле+ во видение: „Не плаши се, туку зборувај и немој да молчиш! 10 Јас сум со тебе+ и никој нема да те нападне и да ти нанесе зло, бидејќи имам многу народ во овој град“. 11 Така се задржа таму една година и шест месеци, поучувајќи меѓу нив за Божјата реч.
12 А додека Галион беше проконзул*+ на Ахаја,* Евреите сложно станаа против Павле и го одведоа пред судиската столица+ 13 и рекоа: „Овој ги наговара+ луѓето да го почитуваат Бог на начин спротивен на законот“. 14 А кога Павле отвори уста за да каже нешто, Галион им рече на Евреите: „Евреи, да стануваше збор за некаква неправда или за опако злодело, би имал причина да ве сослушам. 15 Но, ако станува збор за расправии околу зборови и имиња+ и околу вашиот закон,+ решете го тоа самите. Јас не сакам да бидам судија во тоа“. 16 И ги истера од пред судиската столица. 17 Тогаш сите го фатија Состен,+ настојникот на синагогата, и почнаа да го тепаат пред судиската столица. Но на Галион воопшто не му беше грижа за тоа.
18 И Павле остана таму уште доста денови, а потоа се поздрави со браќата, па заедно со Прискила и Акила отплови за Сирија, откако во Кенхреја+ се истрижа кратко,+ зашто имаше завет. 19 Така стигнаа во Ефес. Таму ги остави, а самиот влезе во синагогата+ и расправаше со Евреите. 20 Тие го молеа да остане подолго време, но тој не се согласи, 21 туку се прости+ од нив и им рече: „Пак ќе се вратам кај вас, ако биде Јеховина волја“.+ И отплови од Ефес 22 и дојде во Цезареја. Потоа отиде горе* и го поздрави собранието, па отиде во Антиохија.
23 Таму помина некое време, а потоа замина и по ред ги обиколуваше местата во Галатија+ и Фригија,+ зајакнувајќи ги+ сите ученици.
24 А во Ефес стигна еден Евреин по име Аполо,+ родум од Александрија, речовит човек и добро упатен во Писмата.+ 25 Тој беше поучен* за Јеховиниот пат и, бидејќи духот го поттикнуваше на горливост,+ точно зборуваше и поучуваше за Исус, но го познаваше само Јовановото крштавање.+ 26 Така тој почна смело да зборува во синагогата. Кога го чуја, Прискила и Акила+ го повикаа кај себе и поточно му го објаснија Божјиот пат. 27 А бидејќи сакаше да отиде во Ахаја, браќата им пишаа на учениците и ги поттикнаа да го примат љубезно. Кога стигна таму, многу им помогна+ на оние што поверуваа поради Божјата незаслужена доброта,+ 28 зашто силно ги побиваше Евреите во јавните расправи, докажувајќи од Писмата+ дека Исус навистина е Христос.+
19 Додека Аполо+ беше во Коринт, Павле ја пропатува внатрешноста на земјата и дојде до Ефес.+ Таму пронајде некои ученици 2 и ги праша: „Дали примивте свет дух+ кога станавте верници?“ Тие му одговорија: „Ние не сме ни чуле дека постои свет дух“.+ 3 Тој ги праша: „Тогаш, со кое крштавање се крстивте?“ Тие одговорија: „Со Јовановото крштавање“.+ 4 А Павле рече: „Јован крштаваше со крштавање кое е знак на покајание,+ велејќи им на луѓето да веруваат во оној што доаѓа по него,+ односно во Исус“. 5 Кога го чуја тоа, се крстија во името на Господарот* Исус.+ 6 А кога Павле ги положи рацете+ врз нив, светиот дух дојде на нив, па почнаа да зборуваат на разни јазици и да пророкуваат.+ 7 А вкупно беа дванаесет мажи.
8 Потоа Павле влезе во синагогата+ и три месеци смело проповедаше, држејќи говори и изнесувајќи уверливи докази за Божјето царство.+ 9 Но поради тоа што некои беа закоравени и не веруваа,+ туку го оцрнуваа Патот*+ пред мноштвото, тој отстапи од нив+ и ги одвои учениците,+ па секојдневно држеше говори во училиштето на Тиран. 10 Тоа траеше две години,+ така што сите што живееја во Азија,+ и Евреи и Грци, ја чуја речта на Господарот.
11 А Бог правеше несекојдневни моќни дела* преку Павловите раце,+ 12 така што дури и марамчињата и скутниците од неговото тело им ги носеа на болните,+ и нивните болести исчезнуваа, а злите духови излегуваа.+ 13 А и некои од Евреите, кои патуваа од место во место и истеруваа демони,+ се обидоа да го повикаат името на Господарот Исус+ над оние што беа обземени од зли духови. Велеа: „Ви заповедам+ во името на Исус, кого Павле го проповеда!“ 14 А тоа го правеа седумте синови на некојси Скева, еврејски главен свештеник. 15 А злиот дух им одврати: „Го познавам Исус+ и го знам Павле,+ но кои сте вие?“ 16 Тогаш човекот во кој беше злиот дух им скокна,+ ги совлада сите и ги претепа, така што голи и ранети побегнаа од таа куќа. 17 Тоа им стана познато на сите, и на Евреите и на Грците кои живееја во Ефес, па сите ги обзеде страв,+ и се величаше името на Господарот Исус.+ 18 И мнозина од оние што станаа верници доаѓаа и јавно ги признаваа своите гревови,+ опишувајќи што правеле. 19 А мнозина од оние што се занимаваа со магија+ ги собраа своите книги и ги изгореа пред сите. И проценија дека вредеа педесет илјади сребреници. 20 Така Јеховината реч силно растеше и преовладуваше.+
21 А по овие настани, Павле науми* да отпатува за Ерусалим+ преку Македонија+ и Ахаја, па рече: „Откако ќе дојдам таму, морам да го видам и Рим“.+ 22 Така испрати во Македонија двајца од своите помошници, Тимотеј+ и Ераст,+ а самиот уште некое време се задржа во Азија.
23 Токму во тоа време настана голем немир+ поради Патот.+ 24 Зашто, еден човек по име Димитриј, сребрар, кој изработуваше сребрени храмчиња на Артемида, им донесуваше на занаетчиите голема печалба.+ 25 Тој ги собра нив и сите што се занимаваа со таква дејност+ и им рече: „Луѓе, вие знаете дека нашата благосостојба зависи од оваа работа.+ 26 А гледате и слушате дека тој Павле, не само во Ефес+ туку и скоро во цела Азија увери мноштво луѓе и ги преобрати, велејќи дека боговите направени со раце+ не се богови. 27 А освен тоа, постои опасност ова наше занимање да дојде на лош глас. И не само тоа, туку ќе се обезвредни и храмот на великата божица Артемида+ и ќе исчезне величеството на таа божица, која е почитувана во цела Азија и во целиот свет“.* 28 Кога го чуја тоа, се разгневија и почнаа да викаат: „Велика е Артемида ефеска!“
29 И во целиот град настана мешаница, па сите заедно навалија во театарот, влечејќи ги со себе Македонците Гај и Аристарх,+ Павлови сопатници. 30 А Павле сакаше да влезе меѓу народот, но учениците не му дозволија. 31 Дури и некои високи службеници* во таа покраина, кои беа пријателски наклонети кон него, испратија порака молејќи го да не влегува во театарот и да се изложува на опасност. 32 А таму едни извикуваа едно, а други друго,+ бидејќи на собирот владееше метеж и повеќето од нив и не знаеја зошто се беа собрале. 33 Некои од мноштвото го изведоа Александар, кого Евреите го туркаа напред. А Александар даде знак со раката и се обиде да се одбрани пред народот. 34 Но кога сфатија дека е Евреин, сите извикаа во еден глас: „Велика+ е Артемида ефеска!“ И така викаа околу два часа.
35 Кога градскиот писар на крајот го стивна+ мноштвото, рече: „Луѓе ефешани! Кој од луѓето не знае дека градот Ефес е чувар на храмот на великата Артемида и на кипот што падна од небото? 36 Според тоа, бидејќи ова е неоспорно, треба да се смирите и ништо да не правите избрзано.+ 37 Зашто, ги доведовте овие луѓе кои ниту украле нешто од храмот ниту хулеле на нашата божица. 38 А ако Димитриј+ и занаетчиите кои се со него имаат некаква тужба против некого, има денови кога заседава суд,+ а тука се и проконзулите,*+ па нека се тужат едни со други. 39 Ако, пак, барате нешто повеќе од тоа, за тоа мора да се одлучи на законското собрание. 40 Всушност, постои опасност да бидеме обвинети за бунт поради денешниов настан, бидејќи не постои никаква причина со која би можеле да ја оправдаме оваа разуздана толпа“. 41 И кога го рече тоа,+ го распушти собирот.+
20 А кога стивна вревата, Павле испрати по учениците. Ги охрабри и се поздрави со нив,+ а потоа тргна на пат за Македонија.+ 2 Откако помина низ тие краишта и ги охрабри браќата со многу зборови,+ дојде во Грција. 3 Таму помина три месеци, а потоа сакаше да отплови за Сирија. Но, поради тоа што Евреите сковаа заговор+ против него, реши да се врати преку Македонија. 4 Го придружуваа Сопатер,+ синот на Пир од Верија, солуњаните Аристарх+ и Секунд, Гај од Дерва, Тимотеј,+ како и Тихик+ и Трофим+ од покраината Азија. 5 Тие отидоа пред нас и нѐ чекаа во Троада,+ 6 а ние испловивме од Филипи, кога поминаа деновите на бесквасните лебови,+ и за пет дена дојдовме кај нив во Троада.+ Таму поминавме седум дена.
7 А во првиот ден+ од седмицата, кога се собравме на јадење, Павле почна да им држи говор на сите што беа собрани, бидејќи имаше намера утредента да си оди, и го продолжи говорот дури до полноќ. 8 Затоа во горната соба,+ каде што се бевме собрале, имаше многу светилки. 9 А едно момче, по име Ефтих, седеше на прозорецот. Поради тоа што Павле долго зборуваше, тој потона во длабок сон. Совладан од сонот, падна од вториот кат. Кога го подигнаа, беше мртов. 10 А Павле слезе, се наведна над него,+ го прегрна и рече: „Не викајте, зашто е жив!“*+ 11 Потоа се качи горе, па го раскрши лебот и почна да јаде. И уште долго разговараше со нив, сѐ до зори, а потоа отпатува. 12 А момчето го одведоа живо, неизмерно утешени.
13 А ние отидовме на бродот и отпловивме за Асос, каде што требаше да го земеме Павле на бродот. Всушност, така беше одредил тој, бидејќи имаше намера да тргне пеш. 14 Кога се најдовме со него во Асос, го зедовме на бродот и отидовме во Митилена. 15 Утредента отпловивме оттаму и стигнавме близу до Хиос, следниот ден застанавме накратко во Самос, а наредниот ден стигнавме во Милет. 16 Всушност, Павле реши да го заобиколи Ефес+ за да не се задржи во Азија, бидејќи се брзаше да стигне во Ерусалим,+ ако е можно, до денот на Педесетницата.
17 А од Милет испрати порака до собраниските старешини+ во Ефес да дојдат кај него. 18 Кога стигнаа, им рече: „Вие знаете како се однесував меѓу вас+ за сето време, од првиот ден кога стапнав во Азија.+ 19 Му робував+ на Господарот* со сета понизност,+ со солзи и со искушенија, кои ме снајдоа поради заговорите на Евреите.+ 20 И не пропуштив да ви кажам сѐ што е корисно и да ве поучувам+ јавно и одејќи од куќа до куќа.+ 21 Туку темелно им сведочев+ и на Евреите и на Грците за покајанието+ пред Бог и за верата во нашиот Господар Исус. 22 А сега, еве, духот ме поттикнува да одам во Ерусалим,+ иако не знам што ќе ми се случи таму, 23 освен што светиот дух+ во секој град ми сведочи дека ме чекаат окови и неволји.+ 24 Но, ни најмалку не се грижам за својот живот,*+ само сакам да ја довршам својата трка+ и службата+ што ја примив од Господарот Исус:+ темелно да сведочам за добрата вест за Божјата незаслужена доброта.+
25 И сега, еве, знам дека сите вие, меѓу кои го проповедав царството, повеќе нема да го видите моето лице. 26 Затоа ве повикувам на денешниов ден да посведочите дека сум чист од крвта+ на сите, 27 бидејќи не пропуштив да ви ја објавам во потполност Божјата намера.+ 28 Внимавајте+ на себе+ и на целото стадо,+ во кое светиот дух ве постави за надгледници,+ да го пасете Божјето собрание,+ кое Бог го купи со крвта+ на својот Син. 29 Јас знам дека по моето заминување меѓу вас ќе влезат свирепи волци,+ кои ќе немаат обѕир кон стадото. 30 И меѓу вас самите ќе се појават луѓе кои ќе изнесуваат искривени учења+ за да ги повлечат по себе учениците.+
31 Затоа, бдејте, имајќи на ум дека три години,+ ден и ноќ, не престанав да го опоменувам+ со солзи секого од вас. 32 И сега ве доверувам на Бог+ и на пораката за неговата незаслужена доброта, порака која може да ве изгради+ и да ви го даде наследството меѓу сите посветени.+ 33 Не посакав ничие сребро, ниту злато, ниту облека.+ 34 Сами знаете дека овие раце послужија за моите потреби+ и за потребите на оние што беа со мене. 35 Во сѐ ви покажав дека со таква напорна работа+ морате да им помагате на слабите+ и да ги имате на ум зборовите на Господарот Исус, кој рече: ‚Повеќе усреќува давањето+ отколку примањето‘ “.
36 И откако го рече тоа, клекна+ со сите нив и се помоли. 37 Тогаш сите силно заплакаа, па го изгушкаа+ Павле и од срце го избакнаа,+ 38 бидејќи посебно ги заболе тоа што рече дека повеќе нема да го видат неговото лице.+ Потоа го испратија+ до бродот.
21 А кога со тешко срце се разделивме од нив, испловивме. Пловејќи право, дојдовме во Кос, а утредента во Родос, па оттаму во Патара. 2 И откако најдовме брод што одеше за Феникија, се качивме и отпловивме. 3 Кога го здогледавме Кипар,+ го оставивме одлево и пловевме понатаму кон Сирија+ и застанавме во Тир, бидејќи таму бродот требаше да биде растоварен.+ 4 Ги пронајдовме учениците и останавме таму седум дена. А тие, поттикнати од духот,+ го наговараа Павле да не оди во Ерусалим. 5 А кога нашиот престој се приближи кон крајот, заминавме оттаму и продолживме по патот. Сите тие, заедно со жените и децата, нѐ следеа сѐ додека не излеговме од градот. На брегот клекнавме,+ се помоливме 6 и се простивме+ едни од други. Ние се качивме на бродот, а тие се вратија дома.
7 Потоа отпловивме од Тир и стигнавме во Птолемаида. Таму ги поздравивме браќата и останавме со нив еден ден. 8 Утредента отпатувавме и стигнавме во Цезареја.+ Влеговме во куќата на Филип, проповедникот на добрата вест,* кој беше еден од седумтемина,+ и останавме кај него. 9 Тој имаше четири ќерки, девици, кои пророкуваа.+ 10 Додека престојувавме таму, а останавме доста денови, од Јудеја дојде еден пророк по име Агав.+ 11 И отако дојде кај нас, го зеде појасот на Павле, си ги врза нозете и рацете и рече: „Вака вели светиот дух: ‚Сопственикот на овој појас вака ќе го врзат+ Евреите во Ерусалим и ќе го предадат+ во рацете на незнабошците‘ “. 12 Кога го чувме тоа, и ние и оние што беа од тоа место почнавме да го молиме да не оди+ во Ерусалим. 13 Тогаш Павле рече: „Зошто плачете+ и му го отежнувате на моето срце заминувањето?+ Верувајте, готов сум не само да бидам окован туку и да умрам+ во Ерусалим за името на Господарот* Исус“. 14 И откако не дозволи да го разубедат, се смиривме со зборовите: „Нека биде Јеховината волја!“+
15 По овие денови се подготвивме и тргнавме во Ерусалим.+ 16 Со нас одеа и некои ученици од Цезареја+ за да нѐ одведат кај човекот во чиј дом требаше да отседнеме, кај некојси Мнасон од Кипар, еден од првите ученици. 17 Кога стигнавме во Ерусалим,+ браќата радосно нѐ примија.+ 18 Утредента Павле отиде со нас кај Јаков.+ Таму беа и сите старешини. 19 Ги поздрави и потоа подробно ги извести+ за она што Бог го направи меѓу незнабошците преку неговата служба.+
20 Кога го чуја тоа, почнаа да го слават Бог, а нему му рекоа: „Гледаш, брате, колку илјади верници има меѓу Евреите, и сите тие ревносно се држат за Законот.+ 21 Но слушнаа за тебе дека сите Евреи што се меѓу незнабошците ги поучуваш да отстапат од Мојсеј,+ велејќи им да не ги обрежуваат+ децата и да не живеат според еврејските обичаи. 22 Што да правиме сега? Тие бездруго ќе чујат дека си дошол. 23 Затоа направи го ова што ти го велиме: имаме четворица луѓе кои се под завет. 24 Поведи ги тие луѓе,+ исчисти се обредно заедно со нив и плати за нив+ да си ги избричат главите.+ Така сите ќе знаат дека нема ништо во она што го чуле за тебе, туку дека си на правиот пат и дека се држиш за Законот.+ 25 А што се однесува до верниците од другите народи,* ја испративме нашата одлука: треба да се воздржуваат од она што е жртвувано на идоли,+ од крв,+ од удавено+ и од блуд“.+
26 Така Павле утредента ги поведе тие луѓе, се исчисти обредно заедно со нив+ и влезе во храмот за да го објави крајот на деновите+ на обредно чистење, кога треба да се принесе приносот+ за секого од нив.+
27 А кога се приближија кон крајот на тие седум+ дена одредени за чистење, Евреите од Азија го видоа во храмот, го возбунтуваа целиот народ+ и го фатија, 28 викајќи: „Луѓе Израелци, помогнете! Ова е човекот кој сите насекаде ги учи против нашиот народ,+ против Законот и против ова место, па уште ги доведе и Грците во храмот и го извалка ова свето место“.+ 29 Имено, претходно го видоа Ефешанецот Трофим+ со него во градот, па си мислеа дека Павле го внел во храмот. 30 И целиот град се вознемири+ и народот се стрча. Го фатија Павле и го одвлекоа од храмот.+ И веднаш ја затворија вратата. 31 И додека се готвеа да го убијат, до илјаданачалникот на четата стигна вест дека во целиот Ерусалим владее метеж.+ 32 Тој веднаш зеде војници и стотници и дотрча кај нив.+ Кога ги здогледаа илјаданачалникот+ и војниците, престанаа да го тепаат Павле.
33 Тогаш илјаданачалникот пристапи, го фати и заповеда да го оковаат во двојни синџири.+ И почна да испрашува кој е тој и што направил. 34 А во мноштвото едни викаа едно, а други друго.+ Поради тоа што од вревата не можеше да дознае ништо точно, заповеда да го одведат во касарната.+ 35 А кога Павле дојде на скалите, војниците мораа да го носат за да го заштитат од насилната толпа, 36 бидејќи мноштвото народ постојано одеше по него и викаше: „Погуби го!“+
37 Токму кога требаше да го доведат во касарната, Павле му рече на илјаданачалникот: „Смеам ли нешто да ти кажам?“ А тој одговори: „Зарем знаеш грчки? 38 Зарем не си ти оној Египќанецот кој пред некое време предизвика бунт+ и ги изведе во пустината четирите илјади вооружени бунтовници?“* 39 Тогаш Павле рече: „Јас сум Евреин,+ од Тарс+ во Киликија, граѓанин на прочуен град. Те молам, дозволи ми да му се обратам на народот!“ 40 Кога му дозволи, Павле, стоејќи на скалите, му даде на народот знак со раката.+ Кога настана голема тишина, им се обрати на хебрејски јазик:+
22 „Луѓе, браќа+ и татковци, чујте што ќе ви речам сега во своја одбрана!“+ 2 А кога слушнаа дека им се обраќа на хебрејски јазик,+ уште повеќе стивнаа, а тој рече: 3 „Јас сум Евреин,+ роден во Тарс во Киликија,+ но школуван сум во овој град пред нозете на Гамалиел,+ поучен да се држам строго+ за Законот на нашите предци. Ревносно+ му служев на Бог како и сите вие денес. 4 Ги прогонував до смрт+ следбениците на овој Пат,* ставајќи во окови и предавајќи во затвор+ и мажи и жени. 5 За тоа можат да ми посведочат и првосвештеникот и целиот совет од старешини.+ Од нив дури добив и писма+ за браќата во Дамаск, па тргнав и нив да ги доведам од таму оковани во Ерусалим за да бидат казнети.
6 Но додека патував и се приближував кон Дамаск, околу пладне, од небото ненадејно ме осветли голема светлина.+ 7 Паднав наземи и чув глас, кој ми зборуваше: ‚Савле, Савле, зошто ме прогонуваш?‘+ 8 А јас одговорив: ‚Кој си ти, Господару?‘ Тој ми рече: ‚Јас сум Исус Назареќанецот, кого ти го прогонуваш‘.+ 9 А луѓето што беа со мене+ навистина ја видоа светлината, но не ги разбраа зборовите на оној што ми зборуваше.+ 10 Тогаш го прашав: ‚Што да направам,+ Господару?‘ Господарот* ми одговори: ‚Стани, појди во Дамаск и таму ќе ти се каже сѐ што ти е одредено да направиш!‘+ 11 Но бидејќи ослепев од сјајот на таа светлина, моите придружници ме поведоа за рака и така стигнав во Дамаск.+
12 А еден Ананија, богобојазлив човек кој се држеше за Законот, за кого зборуваа добро+ сите Евреи што живееја таму, 13 дојде кај мене, ми пристапи и рече: ‚Савле, брате, прогледај!‘+ И во истиот тој час погледнав во него. 14 А тој рече: ‚Богот на нашите прататковци+ те избра тебе+ да ја запознаеш неговата волја, да го видиш+ Праведникот+ и да го чуеш гласот од неговата уста,+ 15 бидејќи ќе му бидеш сведок пред сите луѓе за она што си го видел и си го чул.+ 16 И сега, зошто се колебаш? Стани, крсти се+ и измиј ги+ своите гревови, повикувајќи го неговото име!‘+
17 А кога се вратив во Ерусалим+ и се молев во храмот, паднав во занес*+ 18 и го видов Господарот како ми вели: ‚Поитај и бргу излези од Ерусалим, зашто нема да го прифатат+ твоето сведоштво за мене!‘ 19 А јас реков: ‚Господару, тие самите знаат дека ги фрлав в затвор+ и ги тепав по синагогите оние што веруваа во тебе.+ 20 И додека се пролеваше крвта на твојот сведок Стефан,+ стоев таму и го одобрував тоа+ и ги чував наметките на оние што го убиваа‘. 21 Но тој ми рече: ‚Оди, зашто те праќам кај народи кои се далеку!‘ “+
22 Тие го слушаа сѐ до овој збор, а тогаш викнаа: „Отстранете го од земјата таквиот, зашто не заслужува да живее!“+ 23 А поради тоа што викаа, ги фрлаа облеките и фрлаа прав во воздухот,+ 24 илјаданачалникот нареди да го одведат во касарната и одреди да го испитаат со камшикување, за да дознае точно зошто викаат+ така против него. 25 А кога го растегнаа за да го камшикуваат, Павле му рече на стотникот кој стоеше таму: „Зарем смеете да камшикувате човек кој е римски граѓанин,+ и тоа без судење?“ 26 Кога го чу тоа, стотникот отиде кај илјаданачалникот и му јави: „Што имаш намера да направиш? Овој човек е римски граѓанин!“ 27 Тогаш илјаданачалникот му пријде на Павле и го праша: „Кажи ми, дали си ти римски граѓанин?“+ Тој одговори: „Да“. 28 Илјаданачалникот тогаш му рече: „Јас го купив тоа граѓанство за многу пари“. Павле одговори: „А јас сум дури роден со него“.+
29 Затоа оние што требаше да го испрашуваат со мачење веднаш отстапија од него. А илјаданачалникот се уплаши кога дозна дека Павле е римски граѓанин,+ а тој го беше врзал.
30 Утредента, поради тоа што сакаше да дознае зошто Евреите го обвинуваа Павле, илјаданачалникот му ги симна оковите и заповеда да се соберат главните свештеници и целиот Судски совет.* Тогаш го доведе Павле и го постави пред нив.+
23 А Павле го впери погледот во Судскиот совет* и рече: „Луѓе, браќа, јас до ден-денес живеам пред Бог со потполно чиста совест“.+ 2 Тогаш првосвештеникот Ананија им нареди на оние што стоеја покрај него да го удрат+ по уста. 3 Тогаш Павле му рече: „Бог ќе те удри тебе, ѕиду варосан!+ Како можеш да седиш тука и да ми судиш според Законот,+ а го престапуваш Законот+ заповедајќи да ме удираат?“ 4 А оние што стоеја таму, рекоа: „Зарем го навредуваш Божјиот првосвештеник?“ 5 Павле одговори: „Браќа, не знаев дека е првосвештеник. Зашто, напишано е: ‚Не зборувај зло за поглаварот на својот народ!‘ “+
6 А кога Павле забележа дека некои од нив се садукеи,+ а некои фарисеи, извика пред Судскиот совет: „Луѓе, браќа, јас сум фарисеј,+ син на фарисеи! Ми судат поради надежта во воскресението+ на мртвите!“+ 7 Кога го рече тоа, настана караница+ меѓу фарисеите и садукеите, и мноштвото се подели. 8 Зашто, садукеите+ велат дека нема ниту воскресение,+ ниту ангели, ниту духови, а фарисеите поучуваат за сето тоа. 9 Затоа настана голема викотница.+ И некои книжници од страната на фарисеите станаа и жестоко се спротивставија, велејќи: „Не наоѓаме ништо лошо кај овој човек.+ Но, ако му зборувал дух или ангел, тогаш...“+ 10 А кога караницата се заостри, илјаданачалникот се исплаши да не го растргнат Павле, па им заповеда на војниците+ да слезат и да го грабнат од помеѓу нив и да го одведат во касарната.+
11 Таа ноќ Господарот* му пристапи на Павле+ и рече: „Биди храбар!+ Зашто, како што во Ерусалим даваше темелно сведоштво+ за мене така треба да сведочиш и во Рим“.+
12 А кога самна, Евреите сковаа заговор+ и се заколнаа, повикувајќи проклетство на себе,+ дека нема ни да јадат ни да пијат додека не го убијат Павле.+ 13 А имаше преку четириесет заговорници, кои дадоа таква заклетва. 14 Тие отидоа кај главните свештеници+ и кај старешините и рекоа: „Се заколнавме, повикувајќи проклетство на себе, дека нема да вкусиме ништо додека не го убиеме Павле. 15 Затоа сега вие заедно со Судскиот совет замолете го илјаданачалникот да го доведе кај вас, небаре имате намера поподробно да го испитате неговиот случај,+ а ние ќе бидеме подготвени да го убиеме уште пред тој да дојде ваму“.+
16 Но кога синот на Павловата сестра чу за заседата,+ дојде и влезе во касарната и му го јави тоа на Павле. 17 А Павле повика кај себе еден стотник и му рече: „Одведи го ова момче кај илјаданачалникот, зашто има нешто да му каже“. 18 И тој го зеде, го одведе кај илјаданачалникот и рече: „Затвореникот Павле ме повика и ме замоли да ти го доведам ова момче, бидејќи имало нешто да ти каже“. 19 И илјаданачалникот го зеде+ за рака, го одведе настрана и го праша: „Што имаш да ми кажеш?“ 20 А тој рече: „Евреите се договорија да те замолат утре да го доведеш Павле до Судскиот совет, небаре имаат намера да дознаат повеќе за него.+ 21 Не дозволувај да те наговорат, бидејќи во заседа го чекаат повеќе од четириесет луѓе,+ кои се заколнаа, повикувајќи проклетство на себе, дека нема ни да јадат ни да пијат додека не го убијат.+ Веќе се подготвени, само чекаат на твојата согласност“. 22 Тогаш илјаданачалникот го отпушти момчето, наредувајќи му: „Никому не кажувај дека си ми го јавил ова!“
23 И повика двајца стотници и им рече: „Подгответе двесте војници, седумдесет коњаници и двесте копјеносци да тргнат во третиот* час од ноќта право за Цезареја. 24 Подгответе и коњи на кои ќе јава Павле, па жив и здрав одведете го кај управителот Феликс“. 25 И напиша писмо со ваква содржина:
26 „Клавдиј Лисиј го поздравува возвишениот управител Феликс.+ 27 Овој човек Евреите го фатија и имаа намера да го убијат, но јас притрчав со војниците и го избавив,+ бидејќи дознав дека е римски граѓанин.+ 28 Сакав да утврдам зошто го обвинуваат, па го доведов пред нивниот Судски совет.+ 29 Утврдив дека го обвинуваат за некои спорни прашања што се однесуваат на нивниот Закон,+ но дека не направил никаква грешка со која би заслужил смрт или окови.+ 30 А бидејќи ми е јавено дека против него се кове заговор,+ веднаш го испратив кај тебе, а на обвинителите им заповедав да кажат пред тебе што имаат против него“.+
31 И така тие војници+ го одведоа Павле според наредбите што ги добија и го доведоа ноќе во Антипатрида. 32 Утредента ги пуштија коњаниците да одат понатаму со него, а тие се вратија во касарната. 33 Кога коњаниците влегоа во Цезареја,+ му го врачија писмото на управителот и му го доведоа Павле. 34 Управителот го прочита писмото и го праша од која провинција е. Кога дозна+ дека е од Киликија,+ 35 рече: „Темелно ќе те сослушам кога ќе стигнат и твоите обвинители“.+ И заповеда да го чуваат во Иродовата царска палата.
24 По пет дена дојде првосвештеникот Ананија+ со некои старешини и со еден говорник кој ги застапуваше, некојси Тертул, па ги изнесоа пред управителот+ обвиненијата против Павле.+ 2 А кога го викнаа Тертул, тој почна да го обвинува Павле:
„Големиот мир,+ кој со твоја заслуга го уживаме, како и промените на подобро, кои поради твојата грижа му се случуваат на овој народ, 3 ние секогаш и насекаде, возвишен+ Феликсе, ги примаме со најголема благодарност. 4 Но за да не те задржувам повеќе, те молам накратко да нѐ сослушаш со твојата добродушност. 5 Установивме дека овој човек е вистинска напаст,+ дека крева бунтови+ меѓу сите Евреи по целиот свет,* дека е ороводец на назареќанската секта+ 6 и дека се обиде и храмот да го оскверни,+ па го фативме. 7 * —— 8 Ако го испрашаш за сето тоа, можеш и самиот да дознаеш за што го обвинуваме“.
9 А и Евреите го поддржаа, тврдејќи дека е така. 10 Тогаш Павле, кога управителот му кимна да зборува, одговори:
„Поради тоа што знам дека многу години си му судија на овој народ, со мирна душа се бранам.+ 11 Како што можеш да дознаеш и самиот, нема повеќе од дванаесет дена откако отидов во Ерусалим за да му се поклонам на Бог.*+ 12 И не ме најдоа ниту да се препирам со некого во храмот+ ниту да кревам бунт меѓу народот,+ ниту по синагогите ниту во градот. 13 А тие не можат да ти го докажат+ она за кое сега ме обвинуваат. 14 Но ти го признавам ова: живеам според учењето кое тие го нарекуваат ‚секта‘, и според тоа учење му служам* на Богот на своите прататковци,+ верувајќи во сето она што е во Законот+ и што е напишано во Пророците. 15 И имам надеж,+ која ја имаат и тие, дека Бог ќе ги воскресне+ и праведните+ и неправедните.+ 16 Затоа се трудам секогаш да имам чиста совест+ и да не му згрешам ниту на Бог ниту на луѓето. 17 Така, по многу години, дојдов да му донесам на својот народ дарови за сиромашните и да принесам жртви.+ 18 Додека го правев тоа, ме најдоа исчистен во храмот,+ но не со некоја толпа, ниту во метеж. Но, таму беа некои Евреи од Азија, 19 кои би требало да дојдат пред тебе и да ме обвинат ако имаат нешто против мене.+ 20 Или овие тука сами нека кажат каква вина најдоа на мене додека стоев пред Судскиот совет,* 21 освен ако станува збор за онаа една изјава што ја кажав додека стоев меѓу нив: ‚Поради воскресението на мртвите денес ми се суди пред вас!‘ “+
22 Но Феликс,+ кој беше многу добро запознат со овој Пат,*+ ја одложи нивната парница, велејќи: „Кога ќе дојде илјаданачалникот Лисиј,+ ќе го решам вашиот спор“. 23 И му нареди на стотникот да го чува Павле в затвор, но да му даде некои олеснувања и никому од неговите да не му брани да го послужува.+
24 По неколку дена, дојде Феликс+ со својата жена Друзила, која беше Еврејка.+ Испрати по Павле и го сослуша за верата во Христос Исус.+ 25 А додека Павле зборуваше за праведноста,+ за самосовладувањето+ и за судот+ што ќе дојде, Феликс се уплаши и рече: „Засега оди, а кога ќе најдам време, пак ќе те повикам“. 26 Притоа се надеваше и дека Павле ќе му даде пари.+ Затоа и почесто го викаше и разговараше со него.+ 27 А кога поминаа две години, Порциј Фест го наследи Феликс. Бидејќи Феликс сакаше да им угоди+ на Евреите, го остави Павле во окови.
25 А по три дена откако ја презеде власта+ во провинцијата,* Фест отиде од Цезареја во Ерусалим.+ 2 Таму главните свештеници и водечките Евреи му изнесоа обвиненија+ против Павле. И почнаа да го молат 3 и да бараат, на штета на Павле, да им направи услуга и да го испрати во Ерусалим, бидејќи подготвуваа заседа+ за да го убијат по патот. 4 Но Фест одговори дека Павле треба да остане во затворот во Цезареја и дека наскоро и тој ќе отиде таму. 5 „Затоа, водечките луѓе меѓу вас“, рече тој, „нека појдат со мене и нека го тужат,+ ако е тој човек виновен за нешто.“
6 Откако остана меѓу нив најмногу осум до десет дена, дојде во Цезареја. Утредента седна на судиската столица+ и заповеда да го доведат Павле. 7 Кога тој стигна, го опколија Евреите што дојдоа од Ерусалим и изнесоа против него многубројни и тешки обвиненија,+ кои не можеа да ги докажат.
8 А Павле во своја одбрана рече: „Не сум згрешил+ ниту против еврејскиот Закон, ниту против храмот,+ ниту против цезарот“. 9 А Фест, сакајќи да им угоди+ на Евреите, му одговори на Павле: „Сакаш ли да одиш во Ерусалим за таму да ти се суди за тоа пред мене?“+ 10 Павле одговори: „Стојам пред цезаревата судиска столица,+ овде треба да ми се суди. Ништо не сум им згрешил на Евреите,+ како што и самиот добро гледаш. 11 Ако сум навистина злосторник+ и ако сум сторил нешто што заслужува смрт,+ не барам да бидам поштеден од смртта. Но, ако сите тие обвиненија што овие ги изнесуваат против мене се неосновани, никој не може да ме предаде на нив само за да им угоди со тоа. Ќе се жалам пред цезарот!“+ 12 Тогаш Фест се посоветува со своите советници, па одговори: „Ако сакаш да се жалиш пред цезарот, ќе одиш пред цезарот!“
13 Неколку дена подоцна, царот Агрипа* и Верника стигнаа во Цезареја за да го поздрават Фест. 14 А поради тоа што таму поминаа повеќе денови, Фест му раскажа на царот за Павле, велејќи:
„Има еден човек кого Феликс го остави в затвор. 15 Кога бев во Ерусалим, главните свештеници и еврејските старешини изнесоа обвиненија+ против него, барајќи да го осудам. 16 А јас им одговорив дека кај Римјаните не е обичај да се предаде некој човек само за да му се угоди некому, пред обвинетиот да се соочи со обвинителите+ и да добие можност да се брани од обвинението. 17 Затоа, кога се собраа овде, ни најмалку не се колебав, туку утредента седнав на судиската столица и заповедав да го доведат тој човек. 18 Кога пристапија обвинителите, не го обвинија+ за никакво злодело какво што очекував јас, 19 туку со него имаа некакви спорови околу нивните верувања+ и околу некојси Исус кој умрел, а за кого Павле тврди дека е жив.+ 20 Бидејќи не можев да се снајдам во таквиот спор, го прашав дали би сакал да оди во Ерусалим да му се суди таму за тоа.+ 21 Но кога Павле побара+ да остане во затворот до одлуката на Неговото Височество,* заповедав да го чуваат в затвор додека не го испратам кај цезарот“.
22 Тогаш Агрипа му рече на Фест: „И јас би сакал да го чујам тој човек“.+ А тој рече: „Утре ќе го чуеш“. 23 Така утредента Агрипа и Верника дојдоа со голем раскош+ и влегоа во салата заедно со илјаданачалниците и со угледните луѓе од тој град. По заповед на Фест, го доведоа Павле. 24 Тогаш Фест рече: „Царе Агрипа и сите вие што сте овде со нас! Погледнете го овој човек поради кого ми се обрати цело мноштво Евреи и во Ерусалим и овде, викајќи дека тој не смее повеќе да живее.+ 25 Но јас установив дека не направил ништо што заслужува смрт.+ Кога тој посака да се жали+ пред Неговото Височество, решив да го испратам кај него. 26 Но немам ништо одредено да му напишам на мојот Господар во врска со него. Затоа го изведов пред вас, а посебно пред тебе, царе Агрипа, за да имам што да напишам по оваа истрага.+ 27 Зашто, ми изгледа неразумно да испратам затвореник, а да не ги наведам обвиненијата против него“.
26 Тогаш Агрипа+ му рече на Павле: „Дозволено ти е да зборуваш во своја корист!“ Тогаш Павле ја испружи раката+ и почна да зборува во своја одбрана:+
2 „Царе Агрипа, се сметам за среќен што можам денес да се бранам пред тебе од сето она за кое ме обвинуваат+ Евреите, 3 особено затоа што добро ги познаваш сите обичаи+ и расправии меѓу Евреите. Затоа те молам стрпливо да ме сослушаш.
4 Значи, сите Евреи знаат каков живот водев+ меѓу својот народ и во Ерусалим од најрана младост. 5 Одамна ме познаваат и можат да посведочат, само доколку сакаат, дека живеев како фарисеј+ според најстрогата секта+ на нашата вера. 6 А сега стојам пред суд поради надежта+ во ветувањето+ што Бог им го даде на нашите прататковци, 7 иако на исполнувањето на тоа ветување се надеваат нашите дванаесет племиња, сесрдно служејќи му на Бог* ден и ноќ.+ Поради таа надеж, царе, ме обвинуваат+ Евреите.
8 Зошто сметате дека е неверојатно Бог да ги воскреснува мртвите?+ 9 И јас некогаш мислев дека треба со сите сили да се борам против името на Исус Назареќанецот. 10 Тоа и го правев во Ерусалим: многу од светите фрлав во затвори,+ бидејќи добив овластување од главните свештеници,+ и кога требаше да бидат погубени, јас го дадов својот глас за тоа. 11 И често ги казнував по сите синагоги,+ обидувајќи се да ги присилам на тој начин да се одречат од верата. И бев толку бесен на нив што ги прогонував дури и во оддалечените градови.
12 Додека со таа иста задача патував за Дамаск,+ со овластување и со налог од главните свештеници, 13 напладне видов на патот, царе, како мене и оние што патуваа со мене нѐ осветли од небото светлина посјајна од сонцето.+ 14 Кога сите испопаѓавме наземи, чув глас како ми зборува на хебрејски јазик: ‚Савле, Савле, зошто ме прогонуваш? Тешко ти е да му се противиш на остенот!‘+ 15 А јас одговорив: ‚Кој си ти, Господару?‘ Господарот* рече: ‚Јас сум Исус, кого ти го прогонуваш.+ 16 Туку, стани и застани на нозе!+ Зашто, ти се појавив за да те изберам за слуга и сведок,+ за да го објавуваш она што го виде и она што ќе ти го покажам во врска со мене. 17 Ќе те избавувам од овој народ и од незнабошците, кај кои те праќам,+ 18 за да им ги отвориш очите,+ да ги преобратиш од темнината+ кон светлината+ и од власта на Сатана+ кон Бог, со цел, поради својата вера во мене, да примат простување на гревовите+ и наследство+ меѓу оние што се посветени‘.+
19 Затоа, царе Агрипа, не му бев непослушен на небесното видение,+ 20 туку најпрво на оние во Дамаск,+ а потоа и на оние во Ерусалим+ и по целата земја Јудеја и на незнабошците+ им ја донесував пораката да се покаат и да се преобратат кон Бог, правејќи дела кои одговараат на покајанието.*+ 21 Поради тоа Евреите ме фатија во храмот и се обидоа да ме убијат.+ 22 Но, бидејќи добив помош+ од Бог, до ден-денес им сведочам и на мали и на големи, не зборувајќи ништо друго освен она што го рекле Пророците+ и Мојсеј+ дека ќе се случи: 23 дека Христос* ќе страда+ и дека, како прв кој ќе воскресне+ од мртвите, ќе им објави светлина+ и на овој народ и на незнабошците“.+
24 Додека тој така зборуваше во своја одбрана, Фест извика: „Полудуваш,+ Павле! Големата ученост те доведува до лудило!“ 25 А Павле одговори: „Не полудувам, возвишен Фесте, туку кажувам зборови на вистината и на здравиот разум. 26 Царот, кому слободно му се обраќам, знае за сето тоа и уверен сум дека ништо од тоа не му е непознато, бидејќи тоа не се случувало во некое зафрлено катче.+ 27 Им веруваш ли, царе Агрипа, на Пророците? Знам дека им веруваш!“+ 28 А Агрипа му одговори на Павле: „Уште малку, па ќе ме убедиш да станам христијанин!“ 29 Тогаш Павле рече: „Го молам Бог не само ти туку и сите оние што денес ме слушаат да бидат порано или подоцна вакви каков што сум и јас — но без овие окови“.
30 Тогаш стана царот, а со него и управителот, Верника и оние што седеа со нив. 31 Додека заминуваа, меѓусебно си велеа: „Овој човек не прави ништо со кое би заслужил смрт+ или окови“. 32 Освен тоа, Агрипа му рече на Фест: „Овој човек би можел да биде пуштен да не посакаше да се жали пред цезарот“.+
27 Штом беше решено да отпловиме за Италија,+ му ги предадоа Павле и некои други затвореници на стотникот по име Јулиј, од четата на Август. 2 Се качивме на еден брод од Адрамитија, кој требаше да плови во места по должината на азискиот брег, и испловивме. Со нас беше Аристарх,+ Македонец од Солун. 3 Утредента пристигнавме во Сидон. Јулиј постапуваше човечки со Павле+ и му дозволи да ги посети своите пријатели и тие да се погрижат за него.+
4 Откако испловивме оттаму, пловевме покрај Кипар, кој ни држеше завет, бидејќи дуваше спротивен ветар, 5 и пловевме по отворено море по должината на Киликија и Памфилија, и стигнавме во Мира, во Ликија. 6 Таму стотникот најде еден александриски брод,+ кој пловеше за Италија, и нѐ качи на него. 7 Со денови пловевме бавно и едвај стигнавме до Книд. Бидејќи ветрот не ни даваше да одиме напред, допловивме до Салмона, додека Крит ни држеше завет. 8 Со мака пловејќи покрај брегот, стигнавме до едно место, кое се вика Добри Пристаништа, во чија близина беше градот Ласеја.
9 Поради тоа што помина многу време, па пловидбата стана опасна, бидејќи веќе помина и есенскиот пост за Денот на очистувањето,+ Павле ги предупреди: 10 „Луѓе, гледам дека пловидбата ќе заврши несреќно, со голема загуба не само за товарот и бродот туку и за нашите души“.+ 11 Но стотникот повеќе им веруваше на кормиларот и на сопственикот на бродот отколку на зборовите на Павле. 12 А бидејќи пристаништето не беше погодно за зимување, повеќето предлагаа да испловат оттаму за да стигнат некако до Феникс, пристаниште на Крит, кое гледа кон североисток и кон југоисток, па таму да презимат.
13 Кога дувна благиот јужен ветар, помислија дека можат да ја остварат својата намера, па ја дигнаа котвата и запловија покрај брегот на Крит. 14 Но набргу потоа на островот налета бурен ветар,+ наречен североисточник. 15 Ветрот толку силно го зафати бродот што не можеше да му се спротивстави, па му се препуштивме да нѐ носи. 16 Додека пловевме покрај еден мал остров наречен Клавда, кој ни држеше завет, одвај успеавме да го дофатиме чамецот+ што го влечевме по себе. 17 Кога го подигнаа чамецот на палубата, употребија јажиња за да го потпашат бродот. Плашејќи се да не заринка на Сирт,* ги спуштија едрата со опремата, и така ги носеше. 18 Поради тоа што бурата жестоко нѐ фрлаше ваму-таму, утредента почнаа да го растовараат бродот,+ 19 а на третиот ден со свои раце ја исфрлија бродската опрема.
20 Поради тоа што со денови не се појавија ниту сонцето ниту ѕвездите, а беснееше силна бура,+ веќе почна да се губи секаква надеж дека ќе се спасиме. 21 Веќе долго немавме јадено, па Павле застана среде нив+ и рече: „Луѓе, требаше да ме послушате и да не испловувате од Крит, па ќе го избегневте ова страдање и оваа штета.+ 22 Но сега ви советувам да се разведрите, бидејќи ниту една душа меѓу вас нема да пострада, туку само бродот. 23 Зашто, ноќеска ми пристапи ангел+ на Богот кому му припаѓам и кому му служам*+ 24 и рече: ‚Не плаши се, Павле! Ти треба да застанеш пред цезарот,+ и еве, Бог ти ги подари сите што пловат со тебе‘. 25 Затоа, разведрете се, луѓе! Му верувам на Бог+ дека ќе биде токму онака како што ми е речено. 26 Но мора да заринкаме на некој остров“.+
27 Беше веќе четиринаесетта ноќ откако ветрот почна да нѐ фрла ваму-таму по Адрија,* кога на полноќ морнарите насетија дека се приближуваат до некакво копно. 28 Тогаш ја мереа длабочината и измерија дваесет фати.* Малку подоцна пак го фрлија и измерија петнаесет фати. 29 Бидејќи се плашеа да не удриме некаде на гребените, од крмата фрлија четири котви и чекаа да се раздени. 30 А кога морнарите се обидоа да побегнат од бродот и почнаа да го спуштаат чамецот во морето под изговор дека имаат намера да ги спуштат котвите откај клунот, 31 Павле им рече на стотникот и на војниците: „Ако овие луѓе не останат на бродот, вие не можете да се спасите!“+ 32 Тогаш војниците ги пресекоа јажињата на чамецот+ и го пуштија да падне.
33 А пред разденување, Павле почна да ги наговара сите да јадат нешто, велејќи: „До денес веќе четиринаесет дена чекате без јадење и во неизвесност, ништо не ставивте в уста. 34 Затоа ве молам да каснете нешто, бидејќи тоа е за ваше добро! Зашто, никому од вас нема да му падне ниту едно влакно од главата“.+ 35 Откако го рече тоа, зеде леб, му се заблагодари на Бог+ пред сите нив, го раскрши и почна да јаде. 36 И така сите се разведрија и почнаа да јадат и самите. 37 А на бродот бевме вкупно двесте седумдесет и шест души. 38 Кога се наситија, почнаа да го растовараат бродот,+ фрлајќи го житото в море.
39 Кога се раздени, не можеа да го препознаат брегот, но здогледаа некој залив со песочен брег, па решија, ако е можно, таму да го заринкаат+ бродот. 40 Затоа ги отсекоа котвите и ги пуштија да паднат во морето. Во исто време ги одврзаа јажињата на веслата за кормиларење, го подигнаа предното едро спроти ветрот и тргнаа кон брегот. 41 Кога налетаа на гребен, го заринкаа бродот. Клунот се заглави и остана неподвижен, а крмата почна да се крши од силата на брановите.+ 42 Тогаш војниците решија да ги убијат сите затвореници за да не може ниту еден да отплива и да побегне. 43 Но стотникот сакаше да го спаси Павле, па ги спречи во нивната намера. И на оние што знаеја да пливаат им заповеда да скокнат во морето и први да допливаат до копното, 44 а останатите да допливаат на штици и на други предмети од бродот. И така сите стигнаа живи на копното.+
28 Кога стигнавме на безбедно, дознавме дека островот се вика Малта.+ 2 Жителите на островот, кои зборуваа на свој јазик,* ни покажаа несекојдневна љубезност.+ Запалија оган и, бидејќи врнеше дожд и беше студено, ни излегоа во пресрет со тоа што нѐ примија сите нас.+ 3 А Павле собра нарамник гранки и ги стави во огнот. Наеднаш, поради топлината, излезе отровница, го касна за раката и остана така да виси. 4 А жителите на островот,* кога видоа дека змија му виси на раката, почнаа да велат меѓу себе: „Овој човек мора да е убиец! Се избави од морето, но правдата не му допушта да живее“. 5 Но тој ја истресе змијата во огнот и ништо не му се случи.+ 6 А тие очекуваа да отече или одеднаш да падне мртов. Кога по долго чекање видоа дека ништо лошо не му се случува, го сменија мислењето и почнаа да велат дека тој е бог.+
7 Недалеку од тоа место се наоѓаше имотот на управителот на островот, кој се викаше Публиј. Тој гостољубиво нѐ прими и три дена пријателски се грижеше за нас. 8 А таткото на Публиј го мачеше треска и дизентерија, па лежеше. И Павле влезе кај него, се помоли, ги положи рацете врз него+ и го излекува.+ 9 Откако се случи тоа, почнаа да доаѓаат кај него и други болни луѓе од островот, и тие беа излекувани.+ 10 И ни укажаа многу почести, а кога заминувавме, нѐ обезбедија со сѐ што ни беше потребно.
11 По три месеци отпловивме со александриски брод,+ кој беше презимил на островот и на клунот го имаше знакот на Диоскур.* 12 Допловивме во Сиракуза и останавме таму три дена. 13 Оттаму испловивме и стигнавме во Регија. Утредента дувна јужен ветар, па на вториот ден стигнавме во Путеоли. 14 Таму најдовме браќа кои нѐ молеа да останеме со нив седум дена. И така стигнавме близу до Рим. 15 Кога тамошните браќа ги слушнаа вестите за нас, ни дојдоа во пресрет до Апиевиот плоштад и до Трите гостилници. Кога ги здогледа, Павле му заблагодари на Бог и се охрабри.+ 16 А кога влеговме во Рим, на Павле му беше дозволено+ да живее посебно, со војникот што го чуваше.
17 По три дена ги повика водечките Евреи. Кога се собраа, им рече: „Луѓе, браќа, не сум направил ништо против народот, ниту против обичаите на нашите прататковци,+ а сепак ме фатија во Ерусалим и ме предадоа во рацете на Римјаните.+ 18 По испрашувањето+ тие сакаа да ме пуштат,+ бидејќи на мене немаше ништо со кое би заслужил смрт.+ 19 Но, бидејќи Евреите се противеа на тоа, бев принуден да се жалам пред цезарот,+ но не затоа што сакав да го тужам за нешто својот народ. 20 Токму поради тоа и молев да ве видам вас и да разговарам со вас, бидејќи поради надежта+ на Израел го имам овој синџир на себе“.+ 21 А тие му рекоа: „Ние за тебе не сме примиле никакви писма од Јудеја, ниту некој од браќата што стигнаа ни јавил или ни рекол нешто лошо за тебе. 22 Но би сакале од тебе да чуеме што мислиш, бидејќи ни е познато дека насекаде се зборува против+ оваа секта“.+
23 И договорија со него ден, и дојдоа во уште поголем број во неговата куќа. И тој им зборуваше и темелно им сведочеше за Божјето царство+ и им изнесуваше уверливи докази за Исус од Мојсеевиот закон+ и од Пророците,+ од утро до вечер. 24 И некои поверуваа+ во неговите зборови, а други не веруваа.+ 25 А бидејќи не беа сложни меѓу себе, почнаа да се разотидуваат, но Павле им го напомена уште и ова:
„Добро им зборуваше светиот дух на вашите прататковци преку пророкот Исаија: 26 ‚Оди кај тој народ и речи: „Со ушите ќе слушате, но нема да разберете, и со очите ќе гледате, но нема да видите.+ 27 Зашто, срцето на овој народ е неприемливо, и со ушите слушаат, но не се оѕиваат, и ги затвораат очите, за да не видат со очите и да не слушнат со ушите и да не разберат со срцето и да не се обратат и да не ги излекувам“ ‘.+ 28 Затоа, знајте дека веста за оној преку кого Бог донесува спасение им се испраќа на незнабошците,+ и тие ќе ја послушаат“.+ 29 * ——
30 Така остана полни две години во куќата што ја изнајми,+ каде што со задоволство ги примаше сите што доаѓаа кај него 31 и им го проповедаше Божјето царство и поучуваше за Господарот Исус Христос со сета слобода+ и без никакви пречки.
Буквално: „сабатен“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.
На темел на ИсН 3:4, некои рабински толкувачи заклучуваат дека таа оддалеченост изнесувала околу 2.000 лакти (нешто помалку од 900 метри).
„Азија“ во Библијата е име на провинција во Римското Царство.
Околу 9 часот, според нашето сметање на времето. Евреите почнувале да ги бројат часовите од изгревањето на сонцето.
Или: „го покажа со чуда“.
Буквално: „адот“.
Буквално: „плодот на неговите бедра“.
Или: „на Помазаникот, Месијата“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Буквално: „адот“.
Види го додатокот 11.
Околу 15 часот, според нашето сметање на времето.
Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Види ја фуснотата за Мт 3:7.
Буквално: „глава на аголот“.
Види ја фуснотата за Мт 26:59.
Види ја фуснотата за Лк 3:1.
Види ја фуснотата за изразот „собрание“ во Мт 16:18.
Види ја фуснотата за Мт 26:59.
Или: „на Бог како на владетел“.
Или: „дрво“. Види го додатокот 8.
Види ја фуснотата за Мт 3:7.
Или: „Помазаникот, Месијата“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Буквално: „и на службата (послужувањето) на речта“.
Буквално: „либертините“.
Види ја фуснотата за Мт 26:59.
Или: „ќе ми вршат света служба“.
Види ги фуснотите за 1Мо 46:20, 27.
Види го додатокот 12.
Или: „да ги обожавате“.
Види го додатокот 11.
Или: „животна сила“.
Буквално: „заспа“.
Или: „големи чуда“.
Титула на етиопските царици (како што „фараон“ е титула на египетските владетели).
Или: „да искаже почит кон Бог; да изврши чин на обожавање на Бог“.
Види ја фуснотата за Мт 17:21.
Види го додатокот 11.
Назив за христијанството како животен пат на оние што го следат Исус Христос.
Или: „светци“.
Или: „логично докажувајќи“.
Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Буквално: „и влегуваше и излегуваше од“.
И грчкото име „Дорка“ и арамејското име „Тавита“ значат „газела“.
Околу 15 часот, според нашето сметање на времето.
Околу 12 часот.
Или: „транс“.
Околу 15 часот.
Или: „дрво“. Види го додатокот 8.
Или: „транс“.
Види го додатокот 11.
Буквално: „по целата населена земја“.
Ирод Агрипа I.
Буквално: „извршија служба (на помагање)“.
Види ја фуснотата за Мт 14:1.
Види ја фуснотата за Лк 3:1.
Во Римското Царство, управител на провинција, одговорен пред римскиот сенат.
Буквално: „сабатен“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.
Или: „дрвото“. Види го додатокот 8.
Или: „лојалната љубов“.
Буквално: „заспа“.
Или: „и преобратеници кои го обожаваа Бог“.
Или: „незнабошците“.
Види го додатокот 11.
Друго име за апостол Петар.
Или: „незнабошците“.
Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.
Или: „од незнабошците“.
Буквално: „души“.
Види ја фуснотата за Мт 17:21.
„Македонија“ во Библијата е име на провинција на Римското Царство. Настаните кои Библијата ги поврзува со Македонија се одиграле на подрачјето на денешна Грција.
Буквално: „сабатниот“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.
Или: „магистрати“.
Види го додатокот 11.
Или: „ликтори“.
Буквално: „сабати“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.
Или: „Помазаникот, Месијата“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Буквално: „целата населена земја“.
Или: „со спремен ум“.
Буквално: „неговиот дух се вознемири во него“.
Или: „Аресовото Брдо; Марсовото Брдо“. На него заседавал атинскиот врховен суд.
Буквално: „повеќе се боите од демони“. Под поимот „демони“ Грците подразбирале богови, сеедно дали биле добри или лоши.
Арат и Клеант. Павле цитира од епот на Арат Појави и од делото на Клеант Химна на Зевс.
Буквално: „на целата населена земја“.
Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.
Или: „Помазаникот, Месијата“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Види ја фуснотата за Де 13:7.
Римска провинција на територијата на јужна Грција, со Коринт како главен град.
Најверојатно во Ерусалим.
Буквално: „усно поучен“.
Види го додатокот 11.
Види ја фуснотата за Де 9:2.
Или: „несекојдневни чуда“.
Буквално: „науми во духот“.
Буквално: „целата населена земја“.
Или: „довереници за свечености и игри“. Буквално: „азијарси“.
Види ја фуснотата за Де 13:7.
Буквално: „зашто неговата душа е во него“.
Види го додатокот 11.
Буквално: „душа“.
Или: „Филип, мисионерот“.
Види го додатокот 11.
Или: „од незнабошците“.
Или: „четирите илјади сикарии (атентатори)“.
Види ја фуснотата за Де 9:2.
Види го додатокот 11.
Или: „транс“.
Види ја фуснотата за Мт 26:59.
Види ја фуснотата за Мт 26:59.
Види го додатокот 11.
Околу 21 часот, според нашето сметање на времето. Броењето на ноќните часови започнувало на зајдисонце.
Буквално: „по целата населена земја“.
Види ја фуснотата за Мт 17:21.
Или: „да му искажам почит на Бог; да извршам чин на обожавање на Бог“.
Или: „му вршам света служба“.
Види ја фуснотата за Мт 26:59.
Види ја фуснотата за Де 9:2.
Односно во Јудеја. Во градот Цезареја се наоѓало седиштето на управителот.
Ирод Агрипа II.
Или: „Август“. Титула која прв ја носел цезарот Октавијан. Овде се однесува на цезарот Нерон, четвртиот цезар по Октавијан.
Или: „вршејќи му света служба“.
Види го додатокот 11.
Буквално: „промената на умот (на начинот на размислување)“.
Или: „Помазаникот, Месијата“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Два големи плитки заливи со песочни наноси што се поместуваат. Се наоѓаат покрај брегот на Либија, северно од Африка.
Или: „му вршам света служба“.
Во старо време, името Адрија го носеле не само денешното Јадранско Море туку и денешното Јонско Море и дел од Средоземното Море меѓу Сицилија и Крит.
Обично се смета дека еден фат е четири лакти (околу 1,8 метри). Види го додатокот 13.
„Жителите на островот, кои зборуваа на свој јазик“ — буквално: „Варварите“.
Или: „Оние што зборуваа на странски јазик“. Буквално: „Варварите“.
Односно на Зевсовите синови близнаци Кастор и Полукс.
Види ја фуснотата за Мт 17:21.