ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bi12 Јован 1:1-21:25
  • Јован

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јован
  • Свето писмо — превод Нов свет
Свето писмо — превод Нов свет
Јован

Евангелие според Јован

1 Во почетокот+ беше Речта,+ и Речта беше кај Бог,+ и Речта беше бог.*+ 2 Тој* во почетокот+ беше кај Бог.+ 3 Сѐ настана преку него,+ и без него ништо не настана.

Она што настана 4 преку него беше животот,+ и животот им беше светлина+ на луѓето. 5 И светлината свети во темнината,+ и темнината не ја надвладеа.

6 Се појави човек испратен од Бог,+ кој се викаше Јован.+ 7 Тој дојде заради сведоштво,+ да сведочи за светлината,+ за да можат најразлични луѓе да поверуваат преку него.+ 8 Тој не беше таа светлина,+ туку требаше да сведочи+ за таа светлина.

9 Вистинската светлина,+ која им свети+ на најразлични луѓе,+ требаше да дојде во светот. 10 Тој беше во светот,+ и светот настана преку него,+ но светот не го запозна. 11 Дојде кај своите, но тие не го примија.+ 12 А на оние што го примија,+ им даде право да станат Божји деца,+ бидејќи веруваа во неговото име.+ 13 Тие не се родени од крв, ниту од телесна волја, ниту од човечка волја, туку од Бог.+

14 И Речта стана тело+ и престојуваше меѓу нас, и ја гледавме неговата слава, слава што ја имаше како единороден+ на татко, полн со незаслужена доброта и вистина.+ 15 Всушност, Јован сведочеше за него, односно викаше — тој беше оној што рече: „Тој што доаѓа по мене, пред мене е, бидејќи постоеше пред мене“.+ 16 А она со кое тој е полн+ го примаме постојано сите ние — незаслужената доброта.+ 17 Зашто, Законот беше даден преку Мојсеј,+ а незаслужената доброта+ и вистината+ дојдоа преку Исус Христос. 18 Ниту еден човек никогаш не го видел Бог.+ Единородниот бог,+ кој му е најблизок+ на Таткото,* тој го објави.+

19 Ова е Јовановото сведоштво: Евреите испратија кај него свештеници и левити од Ерусалим за да го прашаат: „Кој си ти?“+ 20 А тој призна и не одрече, туку призна: „Јас не сум Христос“.*+ 21 Тогаш тие го прашаа: „Што си тогаш? Да не си Илија?“+ Тој одговори: „Не сум“. „Дали си Пророк?“+ Тој одговори: „Не сум“. 22 А тие му рекоа: „Тогаш, кој си? Кажи, за да можеме да им одговориме на оние што нѐ испратија! Што велиш ти за себе?“+ 23 Тој одговори: „Јас сум гласот на оној што вика во пустината: ‚Израмнете му го патот на Јехова!‘ — како што рече пророкот Исаија“.+ 24 А тие што беа испратени, беа испратени од фарисеите.* 25 И го прашаа: „Зошто тогаш крштаваш+ ако не си ниту Христос, ниту Илија, ниту Пророк?“ 26 Јован им одговори: „Јас крштавам со вода. Меѓу вас+ стои еден, кого вие не го познавате,+ 27 оној што доаѓа по мене, а кому не сум достоен да му ги одврзам ремчињата на сандалите“.+ 28 Тоа се случи во Витанија* од онаа страна на Јордан, каде што Јован крштаваше.+

29 Утредента го здогледа Исус како доаѓа кон него, и рече: „Еве го Божјето Јагне,+ кое го отстранува гревот+ на светот!+ 30 Тоа е оној за кого реков: ‚По мене доаѓа човек кој е пред мене, бидејќи постоеше пред мене‘.+ 31 Ни јас не го знаев, но затоа и дојдов, да крштавам со вода за да му се покаже тој на Израел“.+ 32 Јован уште посведочи: „Видов како духот слегува од небото како гулаб, и останува на него.+ 33 И јас не го познавав, но оној што ме испрати+ да крштавам со вода, ми рече: ‚Врз кого ќе видиш дека слегува духот и останува на него, тој е оној што крштава со светиот дух‘.+ 34 Јас го видов тоа, и сведочам дека тој е Божјиот Син“.+

35 Следниот ден Јован повторно стоеше со двајца свои ученици. 36 Гледајќи го Исус како поминува, рече: „Еве го Јагнето Божје!“+ 37 А двајцата ученици чуја што рече, и појдоа* по Исус. 38 Тогаш Исус се заврте и виде дека одат по него, па ги праша: „Што барате?“ Тие му одговорија: „Рави (што значи ‚учителе‘), каде живееш?“ 39 Тогаш тој им рече: „Дојдете и ќе видите!“+ И така отидоа и видоа каде живее, и останаа тој ден кај него. Тоа беше околу десеттиот* час. 40 Еден од тие двајца, кои чуја што рече Јован и почнаа да го следат Исус, беше Андреј,+ братот на Симон Петар. 41 Тој најпрво го најде својот брат Симон и му рече: „Го најдовме Месијата!“+ („Месија“ на грчки е „Христос“.)+ 42 И го одведе кај Исус, а Исус го погледна+ и рече: „Ти си Симон,+ синот на Јован.+ Ќе се викаш Кифа“. („Кифа“ на грчки е „Петар“.)*+

43 Другиот ден Исус сакаше да отиде во Галилеја. И го најде Филип+ и му рече: „Појди по мене!“+ 44 А Филип беше од Витсаида,+ од градот на Андреј и Петар. 45 Филип го најде Натанаел+ и му рече: „Го најдовме оној за кого пишуваа Мојсеј во Законот+ и Пророците:+ Исус, синот на Јосиф,+ од Назарет“. 46 А Натанаел му рече: „Може ли нешто добро да излезе од Назарет?“+ Филип му одговори: „Дојди и види!“ 47 Исус го виде Натанаел како доаѓа кај него и рече за него: „Еве, вистински Израелец, во кого нема измама!“+ 48 А Натанаел го праша: „Од каде ме познаваш?“ Исус му одговори: „Те видов пред да те повика Филип, додека беше под смоквата“. 49 А Натанаел му одговори: „Учителе,* ти си Синот Божји,+ ти си Царот+ на Израел!“ 50 Тогаш Исус му рече: „Зарем веруваш затоа што ти реков дека те видов под смоквата? Ќе видиш и многу повеќе“. 51 Уште му рече: „Вистина, вистина, ви велам, ќе го видите небото отворено и Божјите ангели+ како влегуваат и слегуваат кај Синот човечки“.+

2 А на третиот ден имаше свадба во Кана+ Галилејска, и мајка му+ на Исус беше таму. 2 На свадбата беа поканети и Исус и неговите ученици.

3 Кога почна да снемува вино, мајка му+ му рече на Исус: „Немаат вино“. 4 Исус ѝ одговори: „Што имам јас со тоа, жено?*+ Мојот час уште не дошол“.+ 5 Тогаш мајка му им рече на послужителите: „Сѐ што ќе ви каже, направете!“+ 6 А таму беа поставени шест камени ќупови за вода, кои Евреите ги користеа за обредно чистење,+ а собираа по две до три мери.* 7 Исус им рече: „Наполнете ги ќуповите со вода!“ И ги наполнија до врвот. 8 Потоа им рече: „Нацрпете сега и однесете му на управителот на масата!“ И му однесоа. 9 А управителот на масата, кога ја вкуси водата претворена во вино+ — тој не знаеше од каде е, но послужителите што нацрпија од водата знаеја — го повика младоженецот 10 и му рече: „Секој човек најпрво го изнесува доброто вино,+ а кога луѓето ќе се опијат, полошото. А ти си го чувал доброто вино сѐ досега“. 11 И така Исус го направи своето прво чудо во Кана Галилејска и ја објави својата слава.+ И неговите ученици поверуваа во него.

12 Потоа, тој со својата мајка, браќата+ и учениците отиде во Капернаум.+ Таму останаа само неколку дена.

13 Се приближуваше еврејската Пасха+ и Исус отиде во Ерусалим.+ 14 Во храмот ги затече оние што продаваа говеда, овци и гулаби,+ како и менувачите на пари како седат таму. 15 И откако направи бич од јажиња, ги истера од храмот сите нив сосе овците и говедата, и им ги истури парите на менувачите на пари и им ги испреврте масите.+ 16 И им рече на оние што продаваа гулаби: „Носете го тоа одовде! Не правете од домот+ на мојот Татко трговска куќа!“+ 17 А неговите ученици се сетија на напишаното: „Ревноста за твојот дом ќе ме изеде“.+

18 Затоа Евреите го прашаа: „Со каков чудесен знак+ ќе ни покажеш дека смееш да го правиш тоа?“ 19 Исус им одговори: „Урнете го овој храм+ и јас за три дена ќе го подигнам“. 20 А Евреите рекоа: „Овој храм се градел четириесет и шест години, а ти ќе го подигнеш за три дена?“ 21 Но храмот+ за кој зборуваше беше неговото тело. 22 Кога стана од мртвите, неговите ученици се сетија+ дека го зборуваше тоа, и му поверуваа на Писмото и на зборот што го рече Исус.

23 А кога на празникот+ Пасха беше во Ерусалим, мнозина поверуваа во неговото име+ кога ги видоа чудесните знаци што ги правеше.+ 24 Но Исус немаше доверба во нив,+ затоа што ги познаваше сите 25 и никој не требаше да му сведочи за човекот, зашто самиот знаеше што му е на човекот во срцето.+

3 А меѓу фарисеите имаше еден човек кој се викаше Никодим+ и беше еден од еврејските поглавари. 2 Тој дојде ноќе+ кај него и му рече: „Учителе,*+ знаеме дека ти си учител+ дојден од Бог,+ зашто никој не може да ги прави чудесните знаци+ што ги правиш ти ако не е со него Бог“.+ 3 Исус му рече:+ „Вистина, вистина, ти велам, ако некој не се роди повторно,+ не може да го види Божјето царство“.+ 4 А Никодим го праша: „Како може човек да се роди кога е стар? Зар може по вторпат да влезе во утробата на својата мајка и да се роди?“ 5 Исус одговори: „Вистина, вистина, ти велам, ако некој не се роди од вода+ и дух,+ не може да влезе во Божјето царство. 6 Роденото од тело е тело‚ а роденото од дух е дух.+ 7 Не чуди се што ти реков: ,Мора да се родите повторно‘.+ 8 Ветрот+ дува каде што сака, и го слушаш неговиот шум, но не знаеш од каде доаѓа и каде оди. Таков е секој што е роден од духот“.+

9 Тогаш Никодим го праша: „Како може да биде тоа?“ 10 Исус му одговори: „Ти си учител на Израел, и не го знаеш тоа?+ 11 Вистина, вистина, ти велам, го зборуваме она што го знаеме, и сведочиме за она што сме го виделе,+ но вие не го примате нашето сведоштво.+ 12 Ако не верувате кога ви зборувам за она што е земно, како ќе верувате ако ви зборувам за она што е небесно?+ 13 Никој не се вознел на небото,+ освен оној што слезе од небото,+ Синот човечки.+ 14 И како што Мојсеј во пустината ја подигна змијата на столб,+ така мора да биде подигнат и Синот човечки,+ 15 за секој што верува во него да има вечен живот.+

16 Зашто, Бог толку многу го сакаше+ светот што го даде својот единороден Син,+ за секој што верува+ во него да не биде уништен,+ туку да има вечен живот.+ 17 Зашто, Бог не го испрати својот Син во светот за тој да го осуди+ светот, туку светот да се спаси+ преку него. 18 Кој верува во него, нема да биде осуден.+ Кој не верува, веќе е осуден, бидејќи не верувал во името на единородниот Син Божји.+ 19 А ова е темелот за осуда: светлината+ дојде во светот,+ но луѓето ја сакаа темнината, а не светлината,+ зашто нивните дела беа зли. 20 Зашто, оној што прави зло+ ја мрази светлината и не доаѓа кај светлината за да не бидат разоткриени неговите дела.+ 21 Но оној што го прави она што е исправно, доаѓа кај светлината+ за да се види дека неговите дела се направени во согласност со Божјата волја“.

22 Потоа, Исус и неговите ученици отидоа во јудејскиот крај. Таму се задржа со нив некое време и крштаваше.+ 23 Но и Јован+ крштаваше, во Енон, близу Салим, бидејќи таму имаше многу вода,+ и луѓето доаѓаа и се крштаваа.+ 24 Тоа беше пред Јован да биде фрлен в затвор.+

25 Тогаш Јовановите ученици почнаа да се препираат со некој Евреин околу очистувањето.+ 26 И така дојдоа кај Јован и му рекоа: „Учителе,* оној што беше со тебе од онаа страна на Јордан, за кого ти сведочеше,+ ене, тој крштава и сите одат кај него“.+ 27  А Јован рече: „Човек не може ништо да прими ако не му е дадено од небото.+ 28 Самите вие сте ми сведоци дека реков: ‚Јас не сум Христос,*+ туку сум испратен пред него‘.+ 29 Кој ја има невестата, тој е младоженецот.+ А пријателот на младоженецот, кога стои и го слуша, многу се радува поради гласот на младоженецот. Така и јас се радувам, и мојата радост е потполна.+ 30 Тој мора да расте, а јас мора да се смалувам“.

31 Кој доаѓа одозгора, тој е над сите останати.+ Кој е од земјата, тој е земен и зборува за она што е земно.+ Кој доаѓа од небото, тој е над сите останати.+ 32 За она што го видел и го чул, за тоа сведочи,+ но никој не го прифаќа неговото сведоштво.+ 33 Кој го прифаќа неговото сведоштво, потврдува дека Бог ја зборува вистината.+ 34 Навистина, оној кого Бог го испрати ги зборува Божјите зборови,+ бидејќи Бог не го дава духот со мерка.+ 35 Таткото го сака+ Синот и сѐ предаде во неговите раце.+ 36 Кој верува+ во Синот, има вечен живот.+ Кој не му е послушен на Синот, нема да види живот,+ туку Божјиот гнев останува врз него.+

4 Кога Господарот Исус дозна дека фарисеите чуле оти тој прави повеќе ученици и крштава+ повеќе отколку Јован — 2 иако не крштаваше Исус лично, туку неговите ученици — 3 ја напушти Јудеја и пак отиде во Галилеја. 4 А мораше да помине низ Самарија.+ 5 Така дојде во еден самариски град, кој се викаше Сихар, во близина на нивата која Јаков му ја даде на својот син Јосиф.+ 6 А таму беше бунарот на Јаков.+ Изморен од патот, Исус седеше крај бунарот. Беше околу шестиот* час.

7 Тогаш една Самарјанка дојде да нацрпи вода. Исус ѝ рече: „Дај ми да пијам!“ 8 А неговите ученици беа отишле во градот да купат нешто за јадење. 9 Самарјанката го праша: „Како ти, Евреин, бараш да пиеш од мене, жена Самарјанка?“ Имено, Евреите не се дружат со Самарјаните.+ 10 Исус ѝ одговори: „Кога би го познавала Божјиот дар+ и кој е+ оној што ти вели: ‚Дај ми да пијам‘, ти би побарала од него и тој би ти дал жива вода“.+ 11 А таа му рече: „Господине, немаш ни ведро за да нацрпиш вода, а бунарот е длабок. Од каде ти е тогаш таа жива вода? 12 Зарем ти си поголем+ од нашиот прататко Јаков, кој ни го даде бунаров, а и самиот заедно со своите синови и со својата стока пиеше од него?“ 13 Тогаш Исус ѝ рече: „Секој што пие од оваа вода, пак ќе ожедни. 14 А кој ќе пие од водата што ќе му ја дадам јас, нема никогаш да ожедни,+ туку водата што ќе му ја дадам јас ќе стане во него извор на вода,+ која донесува вечен живот“.+ 15 А жената му рече: „Господине, дај ми ја таа вода за да не ожеднувам и да не мора да доаѓам ваму да црпам вода!“

16 Тогаш ѝ рече: „Оди, викни го својот маж и дојди ваму!“ 17 Жената му рече: „Немам маж“. А Исус ѝ рече: „Добро кажа: ‚Немам маж‘. 18 Зашто, си имала петмина мажи, а човекот што го имаш сега, не ти е маж. Ја кажа вистината“. 19 Тогаш жената му рече: „Господине, гледам дека си пророк.+ 20 Нашите прататковци му се клањаа* на Бог на оваа планина,+ а вие велите дека во Ерусалим е местото каде што треба човек да му се клања на Бог“.+ 21 А Исус ѝ рече: „Верувај ми, жено, доаѓа часот кога на Таткото нема да му се клањаат ниту на оваа планина, ниту во Ерусалим.+ 22 Вие го почитувате она што не го познавате,+ а ние го почитуваме* она што го познаваме, зашто спасението доаѓа од Евреите.+ 23 Но доаѓа часот, и сега е тука, кога вистинските поклоници ќе му оддаваат почит на Таткото со дух+ и со вистина,+ зашто Таткото бара такви да го почитуваат.*+ 24 Бог е Дух,+ и оние што го почитуваат* мора да му оддаваат почит со дух и со вистина“.+ 25 Жената му рече: „Знам дека доаѓа Месија,+ кого го викаат Христос.+ Кога тој ќе дојде, сѐ ќе ни објави“. 26 Тогаш Исус ѝ рече: „Јас сум тој, јас кој зборувам со тебе“.+

27 Тогаш дојдоа неговите ученици, и се зачудија, зашто зборуваше со жена. Но ниту еден не го праша: „Што бараш од неа?“ — или: „Зошто разговараш со неа?“ 28 Жената тогаш ја остави својата стомна и отиде во градот, па им рече на луѓето: 29 „Дојдете да го видите човекот кој ми кажа сѐ што сум направила! Да не е тоа Христос?“*+ 30 И луѓето излегоа од градот и отидоа кај него.

31 Во меѓувреме, учениците го молеа: „Учителе,*+ јади!“ 32 Но тој им рече: „Јас имам за јадење храна за која вие не знаете“. 33 Затоа учениците се прашуваа еден со друг: „Зарем некој му донел нешто за јадење?“ 34 А Исус им рече: „Мојата храна+ е да ја вршам волјата+ на оној што ме испрати и да го довршам неговото дело.+ 35 Не велите ли вие дека уште четири месеци, па ќе дојде жетвата? Еве, ви велам: подигнете ги очите и погледнете ги полињата, зрели се за жетва!+ Веќе 36 жетварот прима плата и собира плод за вечен живот,+ за да се радуваат заедно+ сејачот+ и жетварот. 37 Навистина, во тој поглед е вистинита изреката: ‚Еден сее, а друг жнее‘. 38 Јас ве испратив да го жнеете она за кое не се трудевте. Други се трудеа,+ а вие имате корист од нивниот труд“.

39 А многу Самарјани од тој град поверуваа+ во него поради зборот на жената која посведочи: „Ми кажа сѐ што сум направила“.+ 40 Затоа, кога Самарјаните дојдоа кај него, почнаа да го молат да остане со нив. И тој остана таму два дена.+ 41 И уште мнозина од нив поверуваа кога чуја што зборува,+ 42 па ѝ рекоа на жената: „Повеќе не веруваме поради твоето кажување, зашто самите го чувме+ и знаеме дека овој човек навистина е спасителот+ на светот“.

43 По два дена отиде оттаму во Галилеја.+ 44 А самиот Исус посведочи дека пророкот нема чест во својот роден крај.+ 45 Затоа, кога стигна во Галилеја, Галилејците го примија, затоа што беа виделе сѐ што направи во Ерусалим на празникот,+ бидејќи и тие отидоа на празникот.+

46 И пак дојде во Кана+ Галилејска, каде што ја беше претворил водата во вино.+ А таму беше еден службеник на царот, чиј син беше болен во Капернаум.+ 47 Кога чу дека Исус дошол од Јудеја во Галилеја, отиде кај него и почна да го моли да дојде и да му го излекува синот, зашто овој беше на умирање. 48 Но Исус му рече: „Ако не видите знаци+ и чуда,+ нема да верувате!“ 49 Царскиот службеник му рече: „Господару, дојди пред да ми умре детето!“ 50 Исус му рече: „Оди си!+ Син ти е жив!“+ И човекот им поверува на зборовите што му ги кажа Исус и си замина. 51 А додека уште беше на пат, во пресрет му дојдоа неговите робови и му јавија дека неговиот син е жив.+ 52 Тогаш тој ги праша во кој час почнал да се чувствува подобро. Му одговорија: „Треската+ го напушти вчера околу седмиот* час“. 53 Тогаш таткото сфати дека тоа беше токму во оној час+ кога Исус му рече: „Син ти е жив“. И поверуваа тој и целиот негов дом.+ 54 А тоа беше вториот чудесен знак+ што го направи Исус кога дојде од Јудеја во Галилеја.

5 По овие случки, Евреите имаа празник+ и Исус отиде во Ерусалим. 2 А во Ерусалим, кај Овчата Порта,+ има едно езерце со пет тремови, кое на хебрејски се вика Витезда. 3 Во нив лежеа мноштво болни, слепи, сакати и такви што имаа исушени делови од телото. 4 *—— 5 Таму имаше еден човек, кој боледувал од својата болест триесет и осум години. 6 Кога го виде овој човек како лежи, а знаеше дека веќе долго време е болен,+ Исус го праша: „Сакаш ли да оздравиш?“+ 7 Болниот му одговори: „Господине, нема кој да ме спушти во езерцето кога водата ќе се разбранува, па додека јас да дојдам, друг веќе слегол пред мене“. 8 А Исус му рече: „Стани, земи си ја носилката и оди!“+ 9 И човекот веднаш оздраве, па ја крена својата носилка и почна да оди.

А тој ден беше сабота.*+ 10 Затоа Евреите му велаа на излекуваниот: „Сабота е, и не ти е дозволено+ да ја носиш носилката“. 11 Но тој им одговори: „Оној што ме оздраве ми рече: ‚Земи си ја носилката и оди!‘ “ 12 Тие го прашаа: „Кој е тој човек што ти рекол: ‚Земи ја и оди‘?“ 13 Но излекуваниот не знаеше кој е тој, зашто Исус се тргна поради мноштвото што се наоѓаше таму.

14 Потоа Исус го најде во храмот и му рече: „Ете, оздраве. Немој повеќе да грешиш за да не ти се случи нешто полошо“. 15 И човекот отиде и им рече на Евреите дека Исус е тој што го оздраве. 16 Поради тоа Евреите почнаа да го обвинуваат+ Исус, бидејќи такво нешто направи во сабота. 17 А Исус им одговори: „Мојот Татко работи сѐ досега, па и јас работам“.+ 18 Затоа Евреите, уште повеќе бараа поволен момент да го убијат,+ бидејќи не само што ја кршеше саботата туку и Бог го нарекуваше свој Татко,+ изедначувајќи+ се со Бог.

19 Затоа Исус им рече: „Вистина, вистина, ви велам, Синот не може да направи ништо сам од себе, туку само она што гледа дека Таткото го прави.+ Зашто, што и да прави Тој, тоа го прави и Синот на ист начин. 20 Зашто, Таткото го сака Синот+ и му покажува сѐ што прави самиот. Ќе му покаже дела поголеми од овие, за да се восхитувате вие.+ 21 Зашто, како што Таткото ги подигнува мртвите и ги оживува+ така и Синот ги оживува оние, кои што сака.+ 22 Зашто, Таткото не суди никому, туку сиот суд му го довери на Синот+ 23 за сите да го почитуваат Синот+ како што го почитуваат Таткото. Кој не го почитува Синот, не го почитува ни Таткото, кој го испрати.+ 24 Вистина, вистина, ви велам, кој ја слуша мојата реч и му верува на оној што ме испрати, има вечен живот,+ и не доаѓа на суд, туку преминал од смрт во живот.+

25 Вистина, вистина, ви велам, доаѓа часот, и веќе е тука, кога мртвите+ ќе го чујат гласот+ на Синот Божји, и оние што ќе послушаат, ќе живеат.+ 26 Зашто, како што Таткото има живот во себе+ така и на Синот му даде да има живот во себе.+ 27 И му даде власт да суди,+ бидејќи е Син човечки.+ 28 Не чудете се на ова, зашто доаѓа часот во кој сите оние што се во гробовите*+ ќе го чујат неговиот глас 29 и ќе излезат — оние што правеле добро, за воскресение за живот,+ а оние што правеле зло, за воскресение за осуда.+ 30 Јас не можам ништо да правам сам од себе — како што слушам така судам, и мојот суд е праведен,+ зашто не ја барам својата волја, туку волјата на оној што ме испрати.+

31 Ако само јас сведочам+ за себе, моето сведоштво не е вистинито.+ 32 Има друг кој сведочи за мене, и знам дека е вистинито сведоштвото што го дава+ за мене. 33 Вие испративте луѓе кај Јован, и тој посведочи за вистината.+ 34 Но мене не ми треба сведоштво од човек, туку ова го велам за да бидете спасени вие.+ 35 Јован беше светилка која гори и свети, а вие сакавте само кратко да ѝ се радувате на неговата светлина.+ 36 Но јас имам сведоштво поголемо од Јовановото, зашто делата што мојот Татко ми ги даде да ги извршам, самите тие дела што ги вршам+ сведочат за мене дека Таткото ме испрати. 37 И Таткото, кој ме испрати, самиот посведочи за мене.+ Вие никогаш не сте го чуле неговиот глас, ниту сте го виделе неговиот лик,+ 38 а неговата реч не останува во вас, зашто не му верувате на оној кого тој го испрати.

39 Вие ги истражувате Писмата,+ зашто мислите дека со нивна помош ќе имате вечен живот, и токму тие сведочат за мене.+ 40 Но вие не сакате да дојдете кај мене за да имате живот.+ 41 Јас не прифаќам слава од луѓе,+ 42 туку добро знам дека вие во себе немате љубов кон Бог.+ 43 Јас дојдов во името на својот Татко,+ но вие не ме примате. Ако некој друг дојде во свое име, него ќе го примите. 44 Како може да верувате, кога прифаќате слава+ еден од друг, а не ја барате славата што доаѓа од единствениот Бог?+ 45 Немојте да мислите дека ќе ве обвинам пред Таткото. Има кој да ве обвинува, Мојсеј,+ на кого вие се надевате. 46 Зашто, да му верувавте на Мојсеј, ќе ми верувавте и мене, бидејќи тој пишуваше за мене.+ 47 Но ако не им верувате на неговите списи,+ како ќе им верувате на моите зборови?“

6 Потоа Исус отиде на другата страна од Галилејското, односно Тиверијадското Море.*+ 2 А по него одеа големо мноштво луѓе, бидејќи ги гледаа чудата што ги правеше над болните.+ 3 Така Исус се качи на гората+ и седеше таму со своите ученици. 4 А близу беше Пасхата,+ празникот на Евреите. 5 Кога Исус ги подигна очите, виде дека кон него доаѓа многуброен народ, па го праша Филип: „Од каде да купиме леб за да јадат овие?“+ 6 Тоа го рече за да го испита, зашто знаеше што ќе направи. 7 А Филип му одговори: „Кога би купиле леб дури и за двесте денарии,* не би имало доволно за секој да добие по малку“.+ 8 Еден од неговите ученици, Андреј, братот на Симон Петар, му рече: 9 „Овде има едно момче, кое има пет јачменови леба+ и две мали риби. Но што е тоа за толку многу народ?“+

10 Исус тогаш рече: „Кажете им на луѓето да поседнат!“*+ А имаше многу трева на тоа место. И така луѓето поседнаа, а меѓу нив имаше околу пет илјади мажи.+ 11 Потоа Исус ги зеде лебовите и му се заблагодари на Бог, па им ги раздели на оние што беа поседнати. Така ги раздели и рибите, кој колку сакаше.+ 12 А кога се наситија,+ им рече на своите ученици: „Соберете ги парчињата што останаа за да не пропадне ништо!“ 13 И ги собраа, и наполнија дванаесет кошници со парчиња од петте јачменови леба, кои им останаа на оние што јадеа.+

14 А кога ги видоа чудата што ги направи, луѓето велеа: „Ова сигурно е пророкот+ што требаше да дојде во светот“. 15 А Исус, бидејќи знаеше дека сакаа да дојдат, да го фатат и да го направат цар, повторно се повлече+ во планината, сосема сам.

16 Кога дојде вечер, неговите ученици слегоа до морето+ 17 и влегоа во чамец, па тргнаа преку морето кон Капернаум. Веќе беше мрак, а Исус уште не беше дојден кај нив. 18 Морето, пак, се разбранува, бидејќи дуваше силен ветар.+ 19 Кога одвеслаа околу дваесет и пет до триесет стадии,* го видоа Исус како оди по морето и се приближува до чамецот, и многу се уплашија.+ 20 Но тој им рече: „Јас сум, не плашете се!“+ 21 Затоа со радост го зедоа во чамецот, и чамецот веднаш се најде на брегот до кој се обидуваа да стигнат.+

22 Другиот ден, народот, кој стоеше на другата страна од морето, виде дека таму има само еден мал чамец и дека Исус не влезе во чамецот со своите ученици, туку дека си заминаа само неговите ученици. 23 А чамците од Тиверијада стигнаа близу до местото каде што тие јадеа леб откако Господарот кажа благодарност. 24 Кога, всушност, видоа дека таму ги нема ниту Исус ниту неговите ученици, луѓето влегоа во чамците и дојдоа во Капернаум за да го бараат+ Исус.

25 И кога го најдоа на другата страна од морето, го прашаа: „Учителе,*+ кога дојде овде?“ 26 Исус им одговори: „Вистина, вистина, ви велам, вие не ме барате затоа што видовте чуда, туку затоа што јадевте од лебовите и се наситивте.+ 27 Немојте да работите за храна што пропаѓа,+ туку за храна што останува за вечен живот,+ која ќе ви ја даде Синот човечки, бидејќи него Таткото, Бог, за тоа го овласти“.+

28 Тогаш го прашаа: „Што треба да правиме за да ги вршиме делата што Бог ги бара?“ 29 Исус им одговори: „Делото кое Бог го бара е да верувате+ во оној кого тој го испрати“.+ 30 А тие го запрашаа: „Каков чудесен знак+ им покажуваш на луѓето, за да го видиме и да ти поверуваме? Какво дело извршуваш? 31 Нашите прататковци јадеа мана+ во пустината, како што е напишано: ‚Им даде леб од небото да јадат‘ “.+ 32 А Исус им рече: „Вистина, вистина, ви велам, Мојсеј не ви го даде лебот од небото, туку мојот Татко ви го дава вистинскиот леб од небото.+ 33 Зашто, Божјиот леб е Оној што слегува од небото и му дава живот на светот“. 34 Тогаш му рекоа: „Господару, давај ни го секогаш тој леб!“+

35 А Исус им рече: „Јас сум лебот на животот. Оној што доаѓа кај мене, нема да огладни, и оној што верува во мене, нема никогаш да ожедни.+ 36 Но ви реков: ме видовте, а сепак не верувате.+ 37 Сѐ што ми дава Таткото, ќе дојде кај мене, и оној што ќе дојде кај мене, нема да го истерам,+ 38 бидејќи не слегов од небото+ да ја вршам својата волја, туку волјата на оној што ме испрати.+ 39 А волјата на оној што ме испрати е да не изгубам никого од оние што ми ги даде, туку да ги воскреснам+ во последниот ден. 40 Зашто, волјата на мојот Татко е: секој што го гледа Синот и верува во него да има вечен живот,+ и јас ќе го воскреснам во последниот ден“.+

41 Тогаш Евреите почнаа да мрморат против него бидејќи рече: „Јас сум лебот што слезе од небото“.+ 42 И велеа:+ „Не е ли ова Исус, синот на Јосиф,+ чии татко и мајка ги знаеме? Како сега тој вели: ‚Слегов од небото‘?“ 43 А Исус им рече: „Престанете да мрморите меѓу себе! 44 Никој не може да дојде кај мене, ако не го привлече Таткото,+ кој ме испрати. И јас ќе го воскреснам во последниот ден.+ 45 Во Пророците е напишано: ‚Сите ќе бидат поучени од Јехова‘.+ Секој што го слуша Таткото и учи од него, доаѓа кај мене.+ 46 Тоа не значи дека некој го видел Таткото,+ освен оној што е од Бог, тој го видел Таткото.+ 47 Вистина, вистина, ви велам, оној што верува, има вечен живот.+

48 Јас сум лебот+ на животот. 49 Вашите прататковци јадеа мана+ во пустината, а сепак умреа. 50 Ова е лебот што слегува од небото, за човекот да јаде од него и да не умре. 51 Јас сум живиот леб што слезе од небото. Ако некој јаде од овој леб, ќе живее вечно. А лебот што ќе го дадам јас е моето тело,+ кое ќе го дадам за животот на светот“.+

52 Тогаш Евреите почнаа да се препираат меѓу себе: „Како може овој да го даде своето тело за јадење?“ 53 Затоа Исус им рече: „Вистина, вистина, ви велам, ако не го јадете телото+ на Синот човечки и не ја пиете неговата крв,+ немате живот+ во себе. 54 Кој се храни со моето тело и ја пие мојата крв, има вечен живот, и јас ќе го воскреснам+ во последниот ден, 55 зашто моето тело е вистинска храна, и мојата крв е вистинска напивка. 56 Кој се храни со моето тело и ја пие мојата крв, останува во единство со мене и јас во единство со него.+ 57 Како што живиот+ Татко ме испрати и јас живеам преку Таткото, така и оној што се храни со мене, и тој ќе живее преку мене.+ 58 Ова е лебот што слезе од небото. Тоа не е како тогаш кога вашите прататковци јадеа, а сепак умреа. Кој се храни со овој леб, ќе живее вечно“.+ 59 Ова го рече додека поучуваше на еден собир во Капернаум.

60 Кога го чуја тоа, мнозина од неговите ученици рекоа: „Овие зборови се тешки! Кој може да ги слуша?“+ 61 А Исус во себе знаеше дека неговите ученици негодуваа поради тоа, па им рече: „Зарем ова ве спрепнува?+ 62 А што ако го видите Синот човечки како се вознесува таму каде што беше порано?+ 63 Духот е тој што дава живот,+ телото не користи за ништо. Зборовите што ви ги кажав се дух+ и живот.+ 64 Но има некои меѓу вас кои не веруваат“. Зашто, Исус од почетокот знаеше кои се тие што не веруваат и кој е оној што ќе го предаде.+ 65 И рече: „Затоа ви реков: ‚Никој не може да дојде кај мене, ако не му е дадено од Таткото‘ “.+

66 Поради тоа мнозина од неговите ученици се вратија на она што го оставија+ и не одеа веќе со него.+ 67 Затоа Исус ги праша дванаесеттемина: „Да не сакате и вие да си одите?“ 68 А Симон Петар+ му одговори: „Господару, кај кого да одиме?+ Ти ги имаш зборовите на вечниот живот!+ 69 Ние поверувавме и спознавме дека ти си Божјиот Светец“.+ 70 Исус тогаш им рече: „Зарем не ве избрав вас дванаесетмина?+ Сепак, еден од вас е клеветник“.+ 71 А зборуваше за Јуда, синот на Симон Искариот, зашто тој требаше да го предаде,+ иако беше еден од дванаесеттемина.

7 Потоа Исус патуваше низ Галилеја бидејќи не сакаше да оди во Јудеја, затоа што Евреите бараа поволен момент да го убијат.+ 2 Се приближуваше еден од еврејските празници, Празникот на сениците.+ 3 Тогаш неговите браќа+ му рекоа: „Замини одовде и појди во Јудеја, за да ги видат и твоите ученици делата што ги правиш! 4 Зашто, кој сака да биде познат, не прави ништо во тајност. Ако правиш такво нешто, покажи му се на светот!“ 5 Всушност, неговите браќа+ не веруваа во него.+ 6 Затоа Исус им рече: „Моето време уште не е дојдено,+ а за вас времето секогаш е погодно. 7 Светот нема причина да ве мрази вас, но мене ме мрази, бидејќи јас сведочам за него дека неговите дела се зли.+ 8 Вие појдете на празникот, а јас уште не одам на овој празник, зашто моето време+ уште не е дојдено“.+ 9 И откако им го рече тоа, остана во Галилеја.

10 Но кога неговите браќа отидоа на празникот, отиде и тој, но не јавно, туку тајно.+ 11 А Евреите почнаа да го бараат+ на празникот, па велеа: „Каде е тој?“ 12 И мнозина од народот потајно расправаа за него.+ Едни велеа: „Тој е добар човек“, а други: „Не е, туку го заведува народот“. 13 Но никој не зборуваше јавно за него бидејќи се плашеа од Евреите.+

14 Кон средината на празникот, Исус отиде во храмот и почна да поучува.+ 15 А Евреите се чудеа: „Од каде овој ги познава книгите+ кога не учел на школите?“+ 16 А Исус им одговори: „Она за кое поучувам не е мое, туку доаѓа од оној што ме испрати.+ 17 Ако некој сака да ја врши неговата волја, ќе знае дали тоа учење е од Бог+ или зборувам сам од себе. 18 Кој зборува сам од себе, ја бара својата слава, а кој ја бара славата+ на оној што го испратил, тој е вистинит и во него нема неправедност. 19 Зарем Мојсеј не ви го даде Законот?+ А никој од вас не му е послушен на Законот. Зошто сакате да ме убиете?“+ 20 Народот одговори: „Обземен си од демон!+ Кој сака да те убие?“ 21 Тогаш Исус им рече: „Едно дело направив,+ и сите се чудите. 22 Затоа размислете за ова: Мојсеј ви го даде обрежувањето+ — но тоа, всушност, не е од Мојсеј, туку од прататковците+ — па вие во сабота* обрежувате човек. 23 Ако човек се обрежува во сабота за да не се прекрши Мојсеевиот закон, зошто се гневите на мене затоа што излекував човек во сабота?+ 24 Немојте да судите според надворешноста, туку судете со праведен суд!“+

25 Тогаш некои од Ерусалим рекоа: „Не е ли тоа човекот што сакаат да го убијат?+ 26 А еве, јавно зборува+ и никој ништо не му вели. Да не спознале навистина и поглаварите дека тој е Христос?*+ 27 Но за него знаеме од каде е,+ а кога ќе дојде Христос, никој нема да знае од каде е“.+ 28 Затоа Исус, додека поучуваше во храмот, извика: „Вие ме познавате и знаете од каде сум.+ Јас не дојдов сам од себе,+ туку навистина постои оној што ме испрати,+ а вие не го познавате.+ 29 Јас го познавам,+ бидејќи сум негов застапник, и тој ме испрати“.+ 30 Оттогаш бараа поволен момент да го фатат,+ но никој не крена рака на него, бидејќи неговиот час+ уште не беше дошол. 31 А мнозина од народот поверуваа во него.+ Велеа: „Кога ќе дојде Христос, зарем ќе направи повеќе знаци+ отколку што направи овој?“

32 А фарисеите слушнаа дека народот зборува така за него, па главните свештеници и фарисеите испратија стражари за да го фатат.+ 33 Тогаш Исус рече: „Уште малку време сум со вас, а тогаш ќе одам кај оној што ме испрати.+ 34 Ќе ме барате,+ но нема да ме најдете, и таму каде што сум јас, вие не можете да дојдете“.+ 35 Тогаш Евреите си рекоа меѓу себе: „Каде наумил да оди овој, та да не можеме да го најдеме? Зар наумил да оди кај Евреите, кои се расеани+ меѓу Грците, па да ги поучува Грците? 36 Што значи тоа што го кажа: ‚Ќе ме барате, но нема да ме најдете, и таму каде што сум јас, вие не можете да дојдете‘?“

37 А на последниот и најважен ден од празникот,+ Исус стана и извика: „Ако некој е жеден,+ нека дојде кај мене и нека пие! 38 Кој ќе поверува во мене,+ како што е речено во Писмото: ‚Од неговата внатрешност ќе потечат реки на жива вода‘ “.+ 39 А го рече тоа за духот што требаше да го примат оние што поверуваа во него. Тогаш, всушност, духот уште не беше даден,+ зашто Исус уште не беше прославен.+ 40 Кога некои од народот ги чуја тие зборови, велеа: „Овој навистина е Пророк“.+ 41 Други зборуваа: „Овој е Христос“.+ Но некои велеа: „Зарем Христос+ доаѓа од Галилеја?+ 42 Зарем Писмото не вели дека Христос доаѓа од потомството на Давид,+ и од Витлеем,+ селото од каде што беше Давид?“+ 43 Затоа во народот дојде до поделба поради него.+ 44 Некои од нив дури сакаа да го фатат, но никој не крена рака на него.

45 Така стражарите се вратија кај главните свештеници и фарисеите, а фарисеите им рекоа: „Зошто не го доведовте?“ 46 Стражарите одговорија: „Никој никогаш не зборувал така“.+ 47 Тогаш фарисеите рекоа: „Зарем и вие сте заведени? 48 Поверувал ли во него некој од поглаварите или од фарисеите?+ 49 Но овој народ, кој не го познава Законот, е проклет“.+ 50 А Никодим, еден од нив, кој еднаш порано имаше дојдено кај него, им рече: 51 „Зар нашиот закон му суди на човек ако најнапред не го сослуша+ и не дознае што прави?“ 52 Тогаш му рекоа: „Зар и ти си од Галилеја? Истражи, па ќе видиш дека никаков пророк+ нема да дојде од Галилеја!“*

* Ракописите: Синајски кодекс, Ватикански кодекс и Синајско-сириски кодекс, не го содржат текстот што почнува со 53. стих од ова поглавје и завршува со 11. стих од 8. поглавје. Тие стихови (со одредени отстапувања во различните грчки текстови и преводи) гласат вака:

53 И секој си отиде во својот дом.

8 А Исус отиде на Маслинската Гора. 2 Но в зори пак се појави во храмот. И сиот народ надојде кај него, а тој седна и почна да ги поучува. 3 Тогаш книжниците и фарисеите доведоа една жена фатена во прељуба. Ја поставија во средина 4 и му рекоа: „Учителе, оваа жена е фатена во самиот чин на прељуба. 5 Мојсеј ни пропиша во Законот да ги каменуваме таквите. А што велиш ти ?“ 6 А тоа го велеа за да го испитаат, да имаат за што да го обвинат. Но Исус се наведна и почна со прстот да пишува по земјата. 7 А бидејќи и понатаму го испитуваа, тој се исправи и им рече: „Кој од вас е без грев, прв нека фрли камен на неа!“ 8 Потоа повторно се наведна и продолжи да пишува по земјата. 9 Кога го чуја тоа, се разотидоа, еден по еден, почнувајќи од старешините. А Исус остана сам со жената, која стоеше во средина. 10 Кога се исправи, Исус ѝ рече: „Жено, каде се твоите обвинители? Зарем никој не те осуди?“ 11 Таа одговори: „Никој, господине“. А Исус ѝ рече: „Ни јас не те осудувам. Оди си и отсега немој повеќе да грешиш!“

12 Исус повторно им се обрати: „Јас сум светлината+ на светот. Кој оди по мене, нема да оди во темнина,+ туку ќе ја има светлината на животот“. 13 А фарисеите му рекоа: „Ти сведочиш сам за себе, твоето сведоштво не е вистинито“. 14 Исус им одговори: „Дури и да сведочам сам за себе, моето сведоштво е вистинито,+ бидејќи знам од каде дојдов и каде одам.+ Но вие не знаете од каде сум и каде одам. 15 Вие судите според надворешноста,+ а јас никого не судам.+ 16 Дури и да судам, мојот суд е вистинит, зашто не сум сам, туку со мене е Таткото, кој ме испрати.+ 17 Во вашиот Закон пишува дека сведоштвото од двајца луѓе е вистинито.+ 18 Јас сум оној што сведочи за себе, а и Таткото, кој ме испрати, сведочи за мене“.+ 19 Тогаш го прашаа: „Каде е твојот Татко?“ Исус одговори: „Вие не ме познавате ниту мене ниту мојот Татко.+ Да ме познававте мене, ќе го познававте и мојот Татко“.+ 20 Тие зборови ги кажа во ризницата+ додека поучуваше во храмот. Но никој не го фати,+ зашто уште не беше дошол неговиот час.+

21 И пак им рече: „Јас си заминувам, и вие ќе ме барате,+ но ќе умрете во својот грев.+ Таму каде што одам јас, вие не можете да дојдете“. 22 Затоа Евреите рекоа: „Зар ќе се убие, зашто вели: ‚Таму каде што одам јас, вие не можете да дојдете‘?“+ 23 А тој им рече: „Вие сте одоздола, а јас сум одозгора.+ Вие сте од овој свет,+ а јас не сум од овој свет.+ 24 Затоа ви реков дека ќе умрете во своите гревови.+ Зашто, ако не верувате дека сум она што велам дека сум, ќе умрете во своите гревови“.+ 25 Тогаш го прашаа: „Кој си ти?“ Исус им одговори: „Зошто, воопшто, ви зборувам? 26 Имам многу да кажам за вас и да судам. А оној што ме испрати ја зборува вистината, и она што го чув од него, тоа го зборувам во светот“.+ 27 Но тие не сфатија дека им зборува за Таткото. 28 Затоа Исус рече: „Кога еднаш ќе го подигнете+ Синот човечки,+ тогаш ќе знаете дека јас сум тоа што велам дека сум,+ и дека ништо не правам сам од себе,+ туку зборувам така како што ме научи Таткото.+ 29 Оној што ме испрати е со мене. Не ме остави сам, бидејќи јас секогаш го правам она што нему му е по волја“.+ 30 Додека го зборуваше ова, мнозина поверуваа во него.+

31 На Евреите, кои му поверуваа, Исус им рече: „Ако останете во моите зборови,+ навистина сте мои ученици, 32 и ќе ја запознаете вистината,+ и вистината ќе ве ослободи“.+ 33 А тие му одговорија: „Ние сме Авраамово потомство+ и никогаш никому не сме му робувале.+ Како велиш: ‚Ќе бидете слободни‘?“ 34 Исус им одговори: „Вистина, вистина, ви велам, секој што прави грев, роб му е на гревот.+ 35 А робот не останува во куќата засекогаш, но синот останува засекогаш.+ 36 Значи, ако Синот ве ослободи, навистина ќе бидете слободни.+ 37 Знам дека сте Авраамово потомство, но вие сакате да ме убиете,+ бидејќи мојата реч не наидува на одѕив кај вас.+ 38 Јас го зборувам она што сум го видел кај мојот Татко,+ а вие го правите она што сте го чуле од вашиот татко“. 39 Тие му одговорија: „Наш татко е Авраам“.+ Исус им рече: „Ако сте Авраамови деца,+ тогаш вршете ги делата на Авраам! 40 А сега сакате да ме убиете мене, човек кој ви ја кажува вистината која ја чу од Бог.+ Авраам не правеше така.+ 41 Вие ги вршите делата на вашиот татко“. А тие му рекоа: „Ние не сме родени од блуд, нашиот Татко е еден,+ Бог“.

42 Тогаш Исус им рече: „Да беше Бог ваш Татко, ќе ме сакавте мене,+ бидејќи јас дојдов од Бог и сега сум овде.+ Не дојдов сам од себе, туку тој ме испрати.+ 43 Зошто не го разбирате она што го зборувам? Затоа што не сте во состојба да ја слушате мојата реч.+ 44 Вашиот татко е Ѓаволот+ и сакате да постапувате според желбите на својот татко.+ Тој е човекоубиец откако се побуни,*+ и не остана постојан во вистината, бидејќи во него нема вистина. Кога зборува лага, го зборува своето, бидејќи е лажливец и татко на лагата.+ 45 А јас ја кажувам вистината, и затоа не ми верувате.+ 46 Кој од вас ме осудува за грев?+ Ако ја зборувам вистината, зошто не ми верувате? 47 Кој е од Бог, слуша што зборува Бог.+ Затоа вие не слушате, бидејќи не сте од Бог“.+

48 А Евреите му рекоа: „Зар не велиме со право дека ти си Самарјанин+ и дека демон има во тебе?“+ 49 А Исус одговори: „Нема демон во мене, туку му укажувам чест на својот Татко,+ а вие ме обесчестувате. 50 Но јас не барам слава за себе;+ постои Оној што ја бара и суди.+ 51 Вистина, вистина, ви велам, ако некој ја држи мојата реч, никогаш нема да види смрт“.+ 52 А Евреите му рекоа: „Сега знаеме дека има демон во тебе.+ Авраам умре,+ а и пророците,+ а ти велиш: ‚Ако некој ја држи мојата реч, никогаш нема да вкуси+ смрт‘. 53 Да не си ти поголем+ од нашиот татко Авраам, кој умре? А и пророците умреа.+ За кого се претставуваш ти?“ 54 Исус им одговори: „Ако самиот себе се прославувам, мојата слава не е ништо. Мојот Татко е тој што ме прославува,+ оној за кого вие велите дека е ваш Бог, 55 а не го познавате.+ Но јас го познавам.+ Ако речам дека не го познавам, ќе бидам лажливец како вас. Но јас го познавам и ја држам неговата реч.+ 56 Вашиот татко Авраам многу се радуваше на надежта дека ќе го види мојот ден.+ И го виде и се зарадува“.+ 57 Тогаш Евреите му рекоа: „Уште немаш ни педесет години, а сепак си го видел Авраам?“ 58 Исус им одговори: „Вистина, вистина, ви велам, пред да се роди Авраам, јас постоев“.+ 59 Тогаш зедоа камења за да ги фрлат на него,+ но Исус се скри и излезе од храмот.

9 Додека поминуваше, виде еден човек слеп од раѓање. 2 А неговите ученици го прашаа: „Учителе,*+ кој згрешил,+ овој човек или неговите родители,+ па се родил слеп?“ 3 Исус одговори: „Ниту овој човек згрешил ниту неговите родители, туку тоа се случило за да се покажат Божјите дела врз него.+ 4 Додека е ден, мораме да ги вршиме делата на оној што ме испрати.+ Доаѓа ноќ+ кога никој не ќе може да работи. 5 Додека сум во светот, јас сум светлината на светот“.+ 6 Откако го рече ова, плукна наземи и со плунката направи кал, па со калта му ги намачка очите на човекот+ 7 и му рече: „Оди измиј се+ во езерцето Силоам“.+ (Силоам значи „испратен“.) И тој отиде, се изми+ и се врати гледајќи.+

8 А соседите и оние што порано го гледаа како проси, велеа: „Не е ли тоа оној што седеше и просеше?“+ 9 Едни велеа: „Тоа е тој“, а други: „Не, туку личи на него“. А човекот велеше: „Јас сум тој“. 10 Тогаш го прашаа: „Како ти се отворија очите?“+ 11 Тој одговори: „Човекот кој се вика Исус направи кал и ми ги намачка очите и ми рече: ‚Оди во Силоам+ и измиј се‘. Така отидов, се измив и прогледав“. 12 Тогаш го прашаа: „Каде е тој?“ „Не знам“, им одговори.

13 Потоа, го одведоа човекот, кој порано беше слеп, кај фарисеите. 14 А тој ден кога Исус ја направи калта и му ги отвори очите+ беше сабота.*+ 15 Тогаш и фарисеите почнаа да го испитуваат како прогледал.+ А тој им рече: „Ми стави кал на очите, и јас се измив и сега гледам“. 16 Затоа некои од фарисеите рекоа: „Тоа не е човек од Бог, бидејќи не ја држи саботата“.+ А други рекоа: „Како може човек кој е грешник да прави такви чуда?“+ И дојде до поделба+ меѓу нив. 17 Тогаш повторно го прашаа слепиот: „Што велиш ти за човекот што ти ги отвори очите?“ Тој одговори: „Тој е пророк“.+

18 Меѓутоа, Евреите не веруваа дека бил слеп и дека прогледал додека не ги повикаа неговите родители. 19 И ги прашаа: „Дали е ова вашиот син за кого вие велите дека се родил слеп? Како тоа сега гледа?“ 20 Тогаш неговите родители одговорија: „Знаеме дека ова е нашиот син и дека се роди слеп. 21 Но како сега гледа, не знаеме, и кој му ги отворил очите, не знаеме. Прашајте го него! Тој е полнолетен, самиот нека зборува за себе!“ 22 Неговите родители рекоа така затоа што се плашеа+ од Евреите, бидејќи Евреите веќе се беа договориле да го исклучат од синагогата секој што ќе го признае Исус за Христос.*+ 23 Затоа неговите родители рекоа: „Тој е полнолетен, прашајте го него!“

24 Тогаш по вторпат го повикаа човекот што беше слеп и му рекоа: „Дај му слава на Бог!+ Знаеме дека тој човек е грешник“. 25 А тој одговори: „Дали е грешник, не знам. Но едно знам: бев слеп, а сега гледам“. 26 Тогаш го прашаа: „Што ти направи? Како ти ги отвори очите?“ 27 Тој им одговори: „Веќе ви реков, но вие не слушавте. Зошто сакате пак да го чуете истото? Зарем сакате и вие да станете негови ученици?“ 28 Тогаш го навредија, па рекоа: „Ти си негов ученик, а ние сме ученици на Мојсеј. 29 Ние знаеме дека Бог му говорел на Мојсеј,+ а за овој човек не знаеме од каде е“.+ 30 Тогаш човекот им рече: „Ова навистина е чудно+ што не знаете од каде е, а мене ми ги отвори очите. 31 Знаеме дека Бог не ги слуша грешниците,+ но ако некој е богобојазлив и ја врши неговата волја, него го слуша.+ 32 Досега не се чуло некој да му ги отвори очите на човек што е слеп од раѓање. 33 Да не беше овој човек од Бог,+ не ќе можеше ништо да направи“. 34 Тие му одговорија: „Сиот си во гревови роден!+ Ти ли нас ќе нѐ учиш?“ И го исфрлија надвор.+

35 Исус чу дека го исфрлиле. Го најде и го праша: „Веруваш ли ти во Синот+ човечки?“ 36 Човекот одговори: „А кој е тој, господине, за да верувам во него?“ 37 Исус му рече: „Ти го виде. Тоа е оној што зборува со тебе“.+ 38 Потоа тој рече: „Верувам во него, Господару!“ И му се поклони.+ 39 А Исус рече: „Поради овој суд+ јас дојдов во овој свет: да прогледаат оние што не гледаат,+ а оние што гледаат, да ослепат“.+ 40 Ова го чуја некои од фарисеите кои беа со него и го прашаа: „Зар сме и ние слепи?“+ 41 Исус им одговори: „Да бевте слепи, немаше да имате грев. Но сега велите: ‚Гледаме‘.+ Затоа вашиот грев+ останува“.

10 „Вистина, вистина, ви велам, кој не влегува во овчото трло низ вратата,+ туку се прекачува на некое друго место, тој е крадец и разбојник.+ 2 А оној што влегува низ вратата+ е пастирот+ на овците.+ 3 Нему вратарот+ му отвора, и овците+ го слушаат неговиот глас. Тој ги вика своите овци по име и ги изведува. 4 А кога ќе ги изведе сите свои, оди пред нив, и овците одат по него,+ бидејќи го познаваат неговиот глас.+ 5 А по туѓинец нема да одат, туку ќе бегаат+ од него, зашто не го познаваат гласот на туѓинците“.+ 6 Исус им ја кажа оваа споредба, но тие не сфатија што сакаше да им каже со тоа.+

7 Затоа Исус повторно рече: „Вистина, вистина, ви велам, јас сум им врата+ на овците. 8 Сите што дојдоа пред мене се крадци и разбојници,+ но овците не ги слушаа.+ 9 Јас сум вратата.+ Кој ќе влезе низ мене, ќе биде спасен. Ќе влегува и ќе излегува, и ќе најде пасиште.+ 10 Крадецот+ доаѓа само за да украде, да заколе и да уништи.+ Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат во изобилие. 11 Јас сум добриот пастир.+ Добриот пастир го полага својот живот за овците.+ 12 Наемникот,+ кој не е пастир и не е сопственик на овците, гледа дека доаѓа волкот, па ги напушта овците и бега, а волкот ги зграпчува и ги растерува.+ 13 Тој бега, бидејќи е наемник+ и не му е грижа за овците.+ 14 Јас сум добриот пастир, и ги познавам своите овци,+ и моите овци ме познаваат мене,+ 15 како што Таткото ме познава мене и како што јас го познавам Таткото.+ И својот живот* го полагам за овците.+

16 И други овци имам,+ кои не се од ова трло.+ И нив морам да ги доведам, и тие ќе го слушаат мојот глас,+ па сите ќе бидат едно стадо со еден пастир.+ 17 Затоа Таткото ме сака,+ бидејќи го полагам својот живот+ за повторно да го примам. 18 Никој не ми го одзема, туку јас сам од себе го полагам. Имам власт да го положам, и имам власт повторно да го примам.+ Таква заповед+ примив од мојот Татко“.

19 И повторно настана поделба+ меѓу Евреите поради овие зборови. 20 Мнозина од нив велеа: „Обземен е од демон+ и полудел. Зошто го слушате?“ 21 Други велеа: „Ова не се зборови на човек обземен од демон. Зар може демон да отвора очи на слепи?“

22 Во тоа време во Ерусалим се одржа Празникот на посветувањето.* Беше зима. 23 Исус одеше низ храмот по Соломоновиот трем.+ 24 Тогаш Евреите го опколија и почнаа да му велат: „До кога ќе ги држиш нашите души во неизвесност? Ако си ти Христос,*+ кажи ни отворено!“+ 25 А Исус им одговори: „Ви кажав, но вие не верувате. Делата што ги вршам јас во името на мојот Татко, тие сведочат за мене.+ 26 Но вие не верувате, бидејќи не сте од моите овци.+ 27 Моите овци+ го слушаат мојот глас, и јас ги знам, и тие одат по мене.+ 28 Јас им давам вечен живот,+ па никогаш нема да пропаднат,+ и никој нема да ги грабне од моите раце.+ 29 Она што ми го даде мојот Татко+ е поголемо од сѐ друго.+ И никој не може да ги грабне од Татковата рака.+ 30 Јас и Таткото сме едно“.+

31 Тогаш Евреите пак зедоа камења за да го каменуваат.+ 32 Исус им рече: „Ви покажав многу добри дела од Таткото. За кое од тие дела ме каменувате?“ 33 Евреите му одговорија: „Не те каменуваме поради добро дело, туку поради хула,+ затоа што ти, иако си човек, се правиш бог“.+ 34 Исус им одговори: „Зарем не е запишано во вашиот Закон:+ ‚Јас реков: „Богови сте“ ‘?+ 35 Ако ги нарече ‚богови‘+ оние против кои зборуваше Бог — а Писмото не може да се поништи+ — 36 како тогаш вие му велите на оној кого Таткото го посвети и го испрати во светот: ‚Хулиш‘, затоа што реков: ‚Јас сум Син Божји‘?+ 37 Ако не ги вршам делата+ на мојот Татко, немојте да ми верувате. 38 Но ако ги вршам, иако не ми верувате, верувајте им на делата,+ за да спознаете и да знаете дека Таткото е во единство со мене и јас во единство со Таткото“.+ 39 Тогаш пак се обидоа да го фатат,+ но тој им избега.+

40 И така, повторно отиде преку Јордан на местото каде што Јован во почетокот крштаваше,+ и остана таму. 41 И многу луѓе дојдоа кај него и му рекоа: „Јован, додуша, не направи ниту едно чудо, но сѐ што рече Јован за овој човек беше вистина“.+ 42 И мнозина таму поверуваа во него.+

11 Еден човек, по име Лазар, беше болен. Беше од Витанија, од селото на Марија и нејзината сестра Марта.+ 2 Тоа беше онаа Марија која го намачка Господарот со мирисливо масло+ и му ги избриша нозете со својата коса.+ Нејзиниот брат Лазар беше болен. 3 Затоа неговите сестри му порачаа на Исус: „Господару, ете, твојот сакан пријател+ е болен“. 4 Кога Исус го чу тоа, рече: „Оваа болест не е за умирање, туку за слава Божја,+ за да се прослави Синот Божји преку неа“.

5 А Исус ги сакаше Марта и нејзината сестра и Лазар. 6 Но кога чу дека тој е болен, остана уште два дена во местото каде што беше. 7 А потоа им рече на учениците: „Да појдеме пак во Јудеја!“ 8 А учениците го прашаа: „Учителе,*+ Јудејците штотуку сакаа да те каменуваат.+ Зар пак ќе одиш таму?“ 9 Исус одговори: „Нели дневната светлина трае дванаесет часа? Ако некој оди по ден,+ не се сопнува, зашто ја гледа светлината на овој свет. 10 Но, ако некој оди ноќе,+ се сопнува, зашто нема светлина во него“.

11 Тоа го кажа, а потоа додаде: „Нашиот пријател Лазар заспа, но јас одам да го разбудам“.+ 12 Тогаш учениците му рекоа: „Господару, ако спие, ќе оздрави“. 13 Но Исус зборуваше за неговата смрт, а тие си мислеа дека зборува за спиењето, за сонот. 14 Тогаш Исус отворено им рече: „Лазар умре.+ 15 Се радувам заради вас што не бев таму, за да верувате. Но, ајде да појдеме кај него!“ 16 Тогаш Тома, наречен Близнак, им рече на останатите ученици: „Да појдеме и ние, да умреме со него!“+

17 Кога Исус стигна, му рекоа дека Лазар веќе четири дена е во гробот.+ 18 А Витанија беше близу до Ерусалим, оддалечена околу петнаесет стадии.* 19 И многу Евреи веќе беа дојдени кај Марта и Марија за да ги утешат+ за нивниот брат. 20 Кога чу дека доаѓа Исус, Марта му излезе во пресрет, а Марија+ остана дома. 21 Марта му рече на Исус: „Господару, да беше ти овде, брат ми немаше да умре.+ 22 Но и сега знам дека Бог ќе ти даде сѐ што ќе побараш од него“.+ 23 Тогаш Исус ѝ рече: „Твојот брат ќе стане“.+ 24 Марта му одговори: „Знам дека ќе стане при воскресението+ во последниот ден“. 25 Тогаш Исус ѝ рече: „Јас сум воскресението и животот.+ Кој верува во мене, и да умре, ќе оживее.+ 26 И секој што живее и верува во мене, никогаш нема да умре.+ Веруваш ли во тоа?“ 27 Таа му одговори: „Да, Господару, јас верувам дека ти си Христос,* Синот Божји, оној што треба да дојде во светов“.+ 28 Кога го рече тоа, отиде и ја викна својата сестра Марија, велејќи ѝ кришум: „Учителот+ е овде и те вика“. 29 Штом го чу тоа, таа бргу стана и тргна кон него.

30 Исус, всушност, уште не беше дојден во селото, туку сѐ уште беше на местото каде што го сретна Марта. 31 Кога Евреите, кои беа со Марија во куќата+ и ја тешеа, видоа дека бргу стана и излезе, тргнаа по неа, мислејќи дека оди на гробот+ за да плаче таму. 32 А кога Марија дојде таму каде што беше Исус и кога го здогледа, му се фрли пред нозете и му рече: „Господару, да беше ти овде, брат ми немаше да умре“.+ 33 Кога Исус виде како плачат таа и Евреите што дојдоа со неа, беше длабоко трогнат и потресен.*+ 34 И праша: „Каде сте го положиле?“ Тие му одговорија: „Господару, дојди и види!“ 35 И Исус почна да рони солзи.+ 36 Тогаш Евреите рекоа: „Гледајте колку го сакал!“+ 37 А некои од нив рекоа: „Не можеше ли овој, кој му ги отвори очите+ на слепиот, да ја спречи неговата смрт?“

38 Тогаш Исус, повторно длабоко потресен, отиде до гробот.+ Тоа, всушност, беше пештера, а на отворот лежеше камен.+ 39 И Исус заповеда: „Тргнете го каменот!“+ А Марта, сестрата на умрениот, му рече: „Господару, сега веќе сигурно мириса, бидејќи има четири дена откако умре“. 40 А Исус ѝ рече: „Зарем не ти реков дека, ако веруваш, ќе ја видиш Божјата слава?“+ 41 Тогаш го тргнаа каменот. А Исус ги подигна очите кон небото+ и рече: „Татко, ти благодарам што ме услиши.+ 42 Јас знаев дека секогаш ме услишуваш, но ова го реков заради народот+ што стои овде, за да верува дека ти ме испрати“.+ 43 И откако го рече тоа, извика на сет глас: „Лазаре, излези!“+ 44 И умрениот излезе. Нозете и рацете му беа завиткани со завои,+ а лицето му беше завиткано со платно. Тогаш Исус им рече: „Одвиткајте го и пуштете го да оди!“

45 Така мнозина од Евреите, кои беа дојдени кај Марија и видоа што направи тој, поверуваа во него.+ 46 Но некои од нив отидоа кај фарисеите и им раскажаа што направи Исус.+ 47 Затоа главните свештеници и фарисеите го свикаа Судскиот совет*+ и рекоа: „Што да правиме? Овој човек прави многу чуда!+ 48 Ако го оставиме така, сите ќе поверуваат во него,+ па ќе дојдат Римјаните+ и ќе ни ги земат и нашиот храм+ и нашиот народ“. 49 Но еден од нив, Кајафа, кој таа година беше првосвештеник,+ им рече: „Вие ништо не знаете 50 и не сфаќате дека е подобро за вас да умре еден човек за народот,+ отколку целиот народ да страда“.+ 51 Меѓутоа, тоа не го рече сам од себе. Туку, бидејќи таа година беше првосвештеник, прорече дека Исус треба да умре за народот, 52 и не само за народот туку и за да ги собере во едно+ Божјите деца, кои се распрснати.+ 53 Така на тој ден се договорија да го убијат.+

54 Затоа Исус повеќе не се движеше јавно+ меѓу Евреите,+ туку замина оттаму во крајот близу до пустината, во градот кој се вика Ефрем,+ и таму остана со учениците. 55 А се приближуваше еврејската Пасха,+ и мнозина од тој крај отидоа во Ерусалим пред Пасхата за обредно да се очистат.+ 56 И го бараа Исус и, додека беа во храмот, си зборуваа еден на друг: „Што мислите? Нема ли да дојде на празникот?“ 57 А главните свештеници и фарисеите издадоа заповед: секој што ќе дознае каде е Исус, мора да го јави тоа за да го фатат.

12 Така, шест дена пред Пасхата, Исус дојде во Витанија,+ каде што беше Лазар,+ кого го подигна од мртвите. 2 Таму му приредија вечера. Марта+ послужуваше,+ а Лазар беше еден од оние што беа со него на трпезата.*+ 3 Марија тогаш зеде една либра* скапоцено мирисливо масло, вистински нард,+ и му ги намачка нозете на Исус и му ги избриша со својата коса.+ И куќата се исполни со мирисот на маслото. 4 А Јуда Искариот,+ еден од неговите ученици, кој требаше да го предаде, рече: 5 „Зошто не се продаде ова мирисливо масло+ за триста денарии* и тоа да им се дадеше на сиромасите?“+ 6 Но, тоа не го рече затоа што се грижеше за сиромасите, туку затоа што беше крадец+ — ја имаше кутијата за пари+ и го земаше она што се ставаше во неа. 7 Тогаш Исус рече: „Оставете ја! Нека го изврши тоа за денот на мојот погреб.+ 8 Зашто, сиромасите ги имате секогаш+ покрај вас, а мене нема да ме имате секогаш“.

9 Големо мноштво Евреи дознаа дека тој е таму, па дојдоа, не само поради Исус туку и за да го видат Лазар, кого тој го подигна од мртвите.+ 10 А главните свештеници се договорија да го убијат и Лазар,+ 11 бидејќи поради него многу Евреи одеа таму и поверуваа во Исус.+

12 Утредента, големото мноштво, кое беше дојдено на празникот, чу дека Исус доаѓа во Ерусалим, 13 па зеде палмови гранки+ и излезе да го пресретне. И почнаа да викаат:+ „Спаси го, те молиме!+ Благословен е оној што доаѓа во името на Јехова,+ царот+ на Израел!“ 14 А кога Исус најде магаре,+ седна на него, како што е напишано: 15 „Не плаши се, ќерко сионска! Гледај, твојот цар доаѓа,+ седнат на прле од магаре“.+ 16 Неговите ученици во почетокот не обрнуваа внимание на тоа,+ но кога Исус се прослави,+ се сетија дека тоа беше напишано за него и дека токму тоа му го направија.+

17 Така народот, кој беше со него кога го повика Лазар+ од гробот и го подигна од мртвите, сведочеше за сето тоа.+ 18 Затоа голем народ му излезе во пресрет, бидејќи слушнале дека го направи тоа чудо.+ 19 А фарисеите+ си рекоа меѓу себе: „Гледате дека ништо не постигнувате. Ене, светот отиде по него!“+

20 Меѓу оние што дојдоа да му се поклонат на Бог* на празникот имаше и некои Грци.+ 21 Тие му пристапија на Филип,+ кој беше од Витсаида во Галилеја, и го замолија: „Господине, сакаме да го видиме Исус“.+ 22 Филип отиде и му го кажа тоа на Андреј, а потоа Андреј и Филип отидоа и му го кажаа тоа на Исус.

23 А Исус им одговори: „Дојде часот да биде прославен Синот човечки.+ 24 Вистина, вистина, ви велам, ако пченичното зрно не падне во земјата и не умре, останува само. Но ако умре,+ донесува обилен род. 25 Кој го сака својот живот,* го уништува, а кој го мрази својот живот+ во овој свет, ќе го зачува за вечен живот.+ 26 Ако некој сака да ми служи, нека оди по мене. И каде што сум јас, таму ќе биде и мојот слуга.+ Ако некој ми служи, Таткото ќе му укаже чест.+ 27 Сега душата ми е вознемирена.+ Што да кажам? Татко, спаси ме од овој час!+ Но, затоа и дојдов до овој час. 28 Татко, прослави го своето име!“ Тогаш дојде глас+ од небото: „Го прославив и пак ќе го прославам!“+

29 Тогаш народот, кој стоеше таму и го чу тоа, рече дека загрмело. А некои рекоа: „Ангел му зборуваше“. 30 Исус тогаш рече: „Овој глас не беше заради мене, туку заради вас.+ 31 Сега е судењето на овој свет, сега владетелот на овој свет+ ќе биде исфрлен надвор.+ 32 А кога јас ќе бидам подигнат+ од земјата, ќе привлечам кај себе најразлични луѓе“.+ 33 Тоа го рече за да навести со каква смрт ќе умре.+ 34 Тогаш народот му рече: „Слушнавме од Законот дека Христос* останува засекогаш.+ Тогаш, како ти велиш дека Синот човечки мора да биде подигнат?+ Кој е тој Син човечки?“+ 35 Исус им одговори: „Уште малку време светлината ќе биде меѓу вас. Одете додека ја имате светлината за да не ве надвие темнината!+ Кој оди во темнината, не знае каде оди.+ 36 Додека ја имате светлината, верувајте во светлината за да бидете синови на светлината“.+

Исус го рече тоа, па отиде и се скри од нив. 37 Иако пред нив направи толку чуда, тие не поверуваа во него, 38 па така се исполни речта што ја кажа пророкот Исаија: „Јехова, кој поверува во она што го чувме?+ Кому му се откри Јеховината рака?“+ 39 А не можеа да веруваат, зашто Исаија исто така рече: 40 „Им ги заслепил очите и им ги стврднал срцата+ за да не гледаат со очите и да не разберат со срцата и да не се обратат и да не ги излекувам“.+ 41 Исаија го рече тоа затоа што ја виде неговата слава,+ и зборуваше за него. 42 Сепак, и мнозина од поглаварите поверуваа во него,+ но поради фарисеите не го признаваа тоа за да не бидат исклучени од синагогата,+ 43 зашто повеќе ја сакаа славата што доаѓа од луѓе отколку славата што ја дава Бог.+

44 А Исус извика: „Кој верува во мене, не верува само во мене туку и во оној што ме испрати.+ 45 И кој ме гледа мене, го гледа и оној што ме испрати.+ 46 Јас дојдов во светот како светлина+ за никој што верува во мене да не остане во темнината.+ 47 А ако некој ги слуша моите зборови, а не ги држи, јас не го осудувам. Зашто, јас не дојдов да го осудам светот,+ туку да го спасам светот.+ 48 Кој ме отфрла мене и не го прима она што јас го велам, има свој судија. Речта+ што ја зборував — таа ќе му суди во последниот ден. 49 Зашто, јас не зборував сам од себе, туку самиот Татко, кој ме испрати, ми даде заповед што да кажам и што да зборувам.+ 50 И знам дека неговата заповед значи вечен живот.+ Затоа, она што го зборувам, го зборувам токму онака како што ми го кажа Таткото“.+

13 Пред Пасхата, Исус знаеше дека дошол неговиот час+ да си замине од овој свет кај Таткото.+ Бидејќи ги сакаше своите кои беа во светот,+ им покажуваше љубов до крај. 2 За време на вечерата, кога Ѓаволот веќе му ја имаше ставено во срцето на Јуда Искариот,+ Симоновиот син, намерата да го предаде,+ 3 Исус, знаејќи дека Таткото му даде сѐ во негови раце+ и дека дојде од Бог и дека оди кај Бог,+ 4 стана од вечерата и ја стави настрана својата облека, зеде крпа и се опаша.+ 5 Потоа налеа вода во сад и почна да им ги мие нозете+ на учениците и да ги брише со крпата со која беше опашан. 6 Кога дојде до Симон Петар, тој му рече: „Господару, зар ти ќе ми ги миеш нозете?“+ 7 Исус му одговори: „Она што јас го правам, сега не го разбираш, но ќе го разбереш подоцна“.+ 8 А Петар му рече: „Ти никогаш нема да ми ги измиеш нозете!“ Исус му одговори: „Ако не те измијам,+ нема да бидеш во единство со мене“. 9 Тогаш Симон Петар му рече: „Господару, тогаш немој да ми ги измиеш само нозете, туку и рацете и главата!“ 10 А Исус му одговори: „Оној што се искапал,+ не треба да мие ништо друго освен нозете, бидејќи целиот е чист. И вие сте чисти, но не сите“. 11 Всушност, знаеше кој ќе го предаде.+ Затоа рече: „Не сте сите чисти“.

12 Кога им ги изми нозете, ја облече својата облека и се врати на трпезата, па им рече: „Сфаќате ли што ви направив? 13 Вие ми се обраќате со: ‚Учителе‘+ и ‚Господару‘,*+ и со право го велите тоа, бидејќи тоа и сум.+ 14 Значи, ако јас, Господар и Учител, ви ги измив нозете,+ и вие треба да си ги миете нозете еден на друг.+ 15 Ви дадов пример и вие да правите така како што ви направив јас.+ 16 Вистина, вистина, ви велам, робот не е поголем од својот господар, и оној што е испратен не е поголем од оној што го испратил.+ 17 Кога го знаете тоа, среќни сте ако го правите.+ 18 Не зборувам за сите вас. Јас ги знам оние што ги избрав.+ Но нека се исполнат зборовите од Писмото:+ ‚Оној што се хранеше од мојот леб, се крена* против мене‘.+ 19 Ви кажувам уште сега, пред да се случи,+ за кога ќе се случи, да верувате дека јас сум она што велам дека сум. 20 Вистина, вистина, ви велам, кој го прима оној кого јас го праќам, ме прима и мене.+ А кој ме прима мене, го прима и оној што ме испрати“.+

21 Штом го рече тоа, Исус се вознемири,* па потврди: „Вистина, вистина, ви велам, еден од вас ќе ме предаде“.+ 22 Учениците се погледнуваа помеѓу себе во недоумица, не знаејќи за кого зборува.+ 23 Еден од неговите ученици, кого Исус посебно го сакаше,+ беше на трпезата веднаш до Исус.* 24 Затоа Симон Петар му кимна и му рече: „Прашај кој е тој за кого зборува“. 25 И тој се навали на Исусовите гради и го праша: „Господару, кој е тој?“+ 26 Исус одговори: „Тоа е оној кому ќе му го дадам залакот што ќе го натопам“.+ И земајќи го залакот, го натопи и му го даде на Јуда, синот на Симон Искариот. 27 Откако Јуда го прими залакот, Сатана влезе во него.+ Тогаш Исус му рече: „Што ќе правиш, прави побргу!“ 28 И никој од оние што беа на трпезата не знаеше зошто му го рече тоа. 29 Бидејќи Јуда ја имаше кутијата за пари,+ некои мислеа дека Исус му рече: „Купи ни што ни треба за празникот“, или, дека му рече да им даде нешто на сиромасите.+ 30 Така, тој го прими залакот и веднаш излезе. А беше ноќ.+

31 Кога тој излезе, Исус рече: „Сега е време да се прослави Синот човечки,+ и Бог ќе се прослави со него. 32 Самиот Бог ќе го прослави,+ веднаш ќе го прослави. 33 Дечиња,+ уште малку сум со вас. Ќе ме барате, но како што им реков на Евреите: ‚Таму каде што одам јас, вие не можете да дојдете‘,+ сега тоа ви го велам и вам. 34 Нова заповед ви давам: сакајте се еден со друг! Како што јас ве сакав,+ така и вие сакајте се еден со друг.+ 35 По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако се сакате еден со друг“.+

36 А Симон Петар го праша: „Господару, каде одиш?“ Исус одговори: „Таму каде што јас одам, ти не можеш да појдеш сега, но ќе појдеш подоцна“.+ 37 Тогаш Петар му рече: „Господару, зошто не можам да појдам по тебе сега? Својот живот* ќе го дадам за тебе!“+ 38 Исус одговори: „Животот ли ќе го дадеш за мене? Вистина, вистина, ти велам, петел нема да запее додека трипати не се одречеш од мене“.+

14 „Нека не се вознемирува вашето срце.+ Верувајте во Бог+ и верувајте во мене!+ 2 Во куќата на мојот Татко има многу живеалишта.+ Да не беше така, ќе ви кажев. А сега одам да ви приготвам место.+ 3 А кога ќе појдам и ќе ви приготвам место, повторно ќе дојдам+ и ќе ве примам во својот дом,+ за да бидете и вие таму каде што сум јас.+ 4 А до таму каде што одам јас, го знаете патот.“

5 Тогаш Тома+ му рече: „Господару, не знаеме каде одиш.+ Од каде да го знаеме патот?“

6 Исус му рече: „Јас сум патот+ и вистината+ и животот.+ Никој не доаѓа кај Таткото, освен преку мене.+ 7 Да ме познававте мене, ќе го познававте и мојот Татко. Отсега го познавате и сте го виделе“.+

8 А Филип му рече: „Господару, покажи ни го Таткото, и тоа ни е доволно!“

9 Исус му одговори: „Толку време сум со вас, а ти Филипе, уште не си ме запознал? Кој ме видел мене, го видел и Таткото.+ Како можеш да кажеш: ‚Покажи ни го Таткото‘?+ 10 Зар не веруваш дека јас сум во единство со Таткото и дека Таткото е во единство со мене?+ Она што ви го зборувам јас, не го зборувам сам од себе, туку Таткото, кој останува во единство со мене, ги врши своите дела.+ 11 Верувајте ми дека јас сум во единство со Таткото и дека Таткото е во единство со мене. Ако не верувате, верувајте поради самите дела.+ 12 Вистина, вистина, ви велам, кој верува во мене, ќе ги прави делата што ги правам јас. Ќе прави и поголеми+ дела од овие, бидејќи јас си одам кај Таткото.+ 13 И, за што и да замолите во мое име, тоа ќе го направам, за да се прослави Таткото во Синот.+ 14 Ако замолите за нешто во мое име, тоа ќе го направам.

15 Ако ме сакате, ќе ги држите моите заповеди.+ 16 И јас ќе го замолам Таткото, и тој ќе ви даде друг помошник* за да биде со вас засекогаш,+ 17 духот на вистината,+ кого светот не може да го прими,+ бидејќи не го гледа и не го познава. А вие го познавате, бидејќи останува кај вас и во вас е.+ 18 Нема да ве оставам како сираци.+ Ќе дојдам кај вас. 19 Уште малку и светот повеќе нема да ме види,+ но вие ќе ме видите,+ бидејќи јас живеам, а и вие ќе живеете.+ 20 Во оној ден ќе спознаете дека јас сум во единство со мојот Татко, и вие во единство со мене, и јас во единство со вас.+ 21 Кој ги има моите заповеди и ги држи, тој ме сака.+ А кој ме сака мене, него ќе го сака и мојот Татко, и јас ќе го сакам и ќе му се објавам“.

22 Тогаш Јуда,+ но не Искариот, му рече: „Господару, зошто имаш намера да ни се објавиш нам, а не на светот?“+

23 Исус му одговори: „Ако некој ме сака, ќе ја држи мојата реч,+ и мојот Татко ќе го сака, и ќе дојдеме кај него и ќе живееме со него.+ 24 Кој не ме сака, не ја држи мојата реч, а речта што ја слушате не е моја, туку е од Таткото, кој ме испрати.+

25 Ова ви го зборував додека бев со вас. 26 А помошникот,* светиот дух, кого Таткото ќе го испрати во мое име, тој ќе ве поучи за сѐ и ќе ве потсети на сѐ што сум ви кажал.+ 27 Мир ви оставам, мирот свој ви го давам.+ Не ви го дадов онака како што го дава светот. Нека не се вознемирува вашето срце и нека не се плаши! 28 Чувте дека ви реков: ‚Си одам и ќе се вратам кај вас‘. Ако ме сакате, ќе се радувате што си заминувам кај Таткото, зашто Таткото е поголем+ од мене. 29 Сега ви го кажувам тоа пред да се случи,+ за да можете да верувате тогаш кога ќе се случи. 30 Нема веќе многу да зборувам со вас, зашто доаѓа владетелот+ на светот. Тој нема власт над мене,+ 31 но јас правам така како што ми заповеда Таткото,+ за да знае светот дека го сакам Таткото. Станете, да одиме одовде!

15 Јас сум вистинската лоза,+ а мојот Татко е лозарот.+ 2 Секоја прачка на мене што не носи плод, тој ја отстранува,+ а секоја што носи плод, ја чисти+ за да донесе повеќе плод.+ 3 Вие сте веќе чисти поради Божјата реч што ви ја зборував.+ 4 Останете во единство со мене, и јас ќе останам во единство со вас.+ Како што прачката не може да донесе плод сама од себе, ако не остане на лозата, така не можете ни вие, ако не останете во единство со мене.+ 5 Јас сум лозата, вие сте прачките. Кој останува во единство со мене и јас во единство со него, тој донесува многу плод,+ зашто одвоени од мене не можете да направите ништо. 6 Ако некој не остане во единство со мене, ќе биде исфрлен надвор како бескорисна прачка, па ќе се исуши. Тогаш таквите прачки се собираат и се фрлаат во оган, па изгоруваат.+ 7 Ако останете во единство со мене и ако моите зборови останат во вас, замолете за што и да сакате, и ќе ви се случи.+ 8 Мојот Татко се прославува ако донесувате многу плод и ако сте мои ученици.+ 9 Како што Таткото ме сакаше мене+ така и јас ве сакав вас. Останете во мојата љубов! 10 Ако ги држите моите заповеди,+ ќе останете во мојата љубов, како што јас ги држев заповедите на Таткото+ и останувам во неговата љубов.

11 Ова ви го зборував за да биде мојата радост во вас, и вашата радост да биде потполна.+ 12 Ова е мојата заповед: сакајте се еден со друг како што јас ве сакав вас!+ 13 Никој нема поголема љубов од оваа: да го даде својот живот* за своите пријатели.+ 14 Вие сте мои пријатели ако го правите она што ви го заповедам.+ 15 Повеќе не ве нарекувам робови, бидејќи робот не знае што прави неговиот господар. Ве нарекувам пријатели,+ бидејќи ви објавив сѐ што чув од мојот Татко.+ 16 Вие не ме избравте мене, туку јас ве избрав вас, и ве одредив да одите и да донесувате плод+ и вашиот плод да остане, та што и да побарате од Таткото во мое име, да ви даде.+

17 Ова ви го заповедам: сакајте се еден со друг!+ 18 Ако светот ве мрази, знајте дека мене ме мразеше пред вас.+ 19 Да бевте дел од светот, светот ќе ве сакаше зашто ќе бевте негови.+ Но бидејќи не сте дел од светот,+ туку јас ве избрав од светот, затоа светот ве мрази.+ 20 Сеќавајте се на зборовите што ви ги кажав: ‚Робот не е поголем од својот господар‘. Ако ме прогонуваа мене, ќе ве прогонуваат и вас,+ ако ги држеа моите зборови, ќе ги држат и вашите. 21 Но сето тоа ќе ви го прават поради моето име, бидејќи не го познаваат оној што ме прати.+ 22 Да не дојдев и да не им зборував, немаше да имаат грев,+ но сега немаат изговор за својот грев.+ 23 Кој ме мрази мене, го мрази и мојот Татко.+ 24 Да не ги направев меѓу нив делата што никој друг не ги има направено,+ немаше да имаат грев,+ но сега ги видоа, па нѐ замразија и мене и мојот Татко.+ 25 Но тоа е за да се исполнат зборовите напишани во нивниот Закон: ‚Ме мразеа без причина‘.+ 26 Кога ќе пристигне помошникот,* кого јас ќе ви го испратам од Таткото,+ духот на вистината, кој доаѓа од Таткото, тој ќе сведочи за мене,+ 27 а и вие ќе сведочите,+ бидејќи од почетокот бевте со мене.

16 Ова ви го зборував за да не се поколебате во верата.+ 2 Ќе ве исклучуваат од синагогите.+ Всушност, доаѓа часот кога секој што ќе ве убие ќе мисли дека му служи* на Бог.+ 3 Но тоа ќе го прават затоа што не го запознале ниту Таткото ниту мене.+ 4 Ова ви го зборував, та кога ќе дојде часот, да се сетите дека сум ви го рекол.+

Ова не ви го кажав во почетокот, бидејќи бев со вас. 5 А сега одам кај оној што ме испрати,+ и никој од вас не ме прашува: ‚Каде одиш?‘ 6 Туку, жалост+ ги исполни вашите срца бидејќи ви го кажав ова. 7 Но ви ја кажувам вистината: за ваше добро е што си заминувам. Зашто, ако не си заминам, помошникот*+ нема да дојде кај вас, но ако си заминам, ќе ви го испратам. 8 А тој, кога ќе дојде, ќе му покаже на светот што е грев, што е праведност, а што осуда:+ 9 што е грев,+ зашто не веруваат во мене;+ 10 што е праведност,+ зашто одам кај Таткото и повеќе нема да ме видите; 11 и што е осуда,+ зашто владетелот на овој свет е осуден.+

12 Имам уште многу да ви кажам, но сега не можете да носите.+ 13 Но кога ќе дојде тој, духот на вистината,+ ќе ве упати во сета вистина, зашто нема да зборува сам од себе, туку ќе го зборува она што го слуша, и ќе ви го објави она што доаѓа.+ 14 Тој ќе ме прослави,+ бидејќи ќе го земе она што ќе го чуе од мене и тоа ќе ви го објави.+ 15 Сѐ што има Таткото, мое е.+ Затоа реков дека тој прима од она што е мое и дека тоа ви го објавува. 16 Уште малку, и повеќе нема да ме видите,+ и пак уште малку, па ќе ме видите“.

17 Затоа некои од неговите ученици се прашаа еден со друг: „Што значи тоа што ни вели: ‚Уште малку, и нема да ме видите, и пак уште малку, па ќе ме видите‘ и ‚зашто одам кај Таткото‘?“ 18 Затоа си зборуваа: „Што значи тоа што вели ‚уште малку‘? Не знаеме за што зборува“. 19 А Исус знаеше+ дека сакаат да го прашаат за тоа, па им рече: „Се прашувате ли еден со друг затоа што реков: уште малку, и нема да ме видите, и пак уште малку, па ќе ме видите? 20 Вистина, вистина, ви велам, вие ќе плачете и ќе тажите, а светот ќе се радува. Вие ќе тажите,+ но вашата тага ќе се претвори во радост.+ 21 Жената е тажна кога раѓа, зашто ѝ дошол часот,+ но кога ќе се роди детето, не се сеќава веќе на маката, од радост што се родил човек на светот. 22 Така и вие сега сте натажени, но повторно ќе ве видам, и вашите срца ќе се радуваат,+ и никој нема да ви ја одземе радоста. 23 Во тој ден+ нема ништо да ме прашате. Вистина, вистина, ви велам, што и да побарате од Таткото,+ ќе ви даде во мое име.+ 24 Досега не сте барале ништо во мое име. Барајте, и ќе добиете, за да биде вашата радост потполна!+

25 Ова ви го зборував во споредби.+ Доаѓа часот кога нема повеќе да ви зборувам во споредби, туку отворено ќе ви зборувам за Таткото. 26 Во тој ден ќе молите во мое име. Не ви велам дека јас ќе го молам Таткото за вас. 27 Имено, самиот Татко ве сака бидејќи вие ме сакавте мене+ и ми верувавте дека јас излегов како застапник на Таткото.+ 28 Излегов откај Таткото и дојдов во светот. Сега го напуштам светот и заминувам кај Таткото“.+

29 А неговите ученици рекоа: „Еве, сега зборуваш отворено и не кажуваш никаква споредба. 30 Сега знаеме дека знаеш сѐ+ и дека никој не треба ништо да те прашува.+ Затоа веруваме дека си излегол откај Бог“.+ 31 Исус им одговори: „Сега ли верувате? 32 Еве, доаѓа часот, и веќе дошол, кога ќе се распрснете, секој во својата куќа,+ и ќе ме оставите сам. Но јас не сум сам, бидејќи Таткото е со мене.+ 33 Ова ви го реков за да имате мир преку мене.+ Во светот имате неволја, но бидете храбри, јас го победив светот!“+

17 Исус го кажа ова, ги подигна очите кон небото+ и рече: „Татко, дојде часот! Прослави го својот син, за да те прослави синот тебе,+ 2 па со власта што му ја даде над сите луѓе+ да им даде вечен живот+ на сите што му ги даде.+ 3 А за да добијат вечен живот,+ треба добро да те запознаат*+ тебе, единствениот вистински Бог,+ и оној кого го испрати, Исус Христос.+ 4 Јас те прославив+ тебе на земјата, довршувајќи го делото што ми го даде да го извршам.+ 5 А сега ти, Татко, прослави ме мене кај себе со славата што ја имав кај тебе пред да настане светот.+

6 Им го објавив твоето име на луѓето што ми ги даде од светот.+ Твои беа, а ти ми ги даде мене, и тие ја држеа твојата реч. 7 Сега спознаа дека од тебе е сѐ што ми даде. 8 Зашто, зборовите што ми ги даде мене, јас им ги дадов ним,+ и тие ги примија и навистина спознаа дека излегов како твој застапник,+ па поверуваа дека ти ме испрати.+ 9 Јас молам за нив. Не молам за светот,+ туку за оние што ми ги даде, бидејќи се твои, 10 а сѐ што е мое, твое е, и твоето е мое,+ и јас се прославив меѓу нив.

11 Јас веќе не сум во светот, но тие се во светот,+ а јас доаѓам кај тебе. Свети Татко, чувај ги+ заради своето име, кое ми го даде, за да бидат едно, исто како нас.+ 12 Кога бев со нив, јас ги чував+ заради твоето име, кое ми го даде. И ги зачував, и ниту еден од нив не пропадна,+ освен синот на пропаста,+ за да се исполни Писмото.+ 13 Но сега доаѓам кај тебе, и ова го зборувам во светот за да се исполнат со мојата радост.+ 14 Јас им ја предадов твојата реч, а светот ги замрази,+ бидејќи не се дел од светот, како што и јас не сум дел од светот.+

15 Не те молам да ги земеш од светот, туку да ги зачуваш од Злобниот.+ 16 Тие не се дел од светот,+ како што и јас не сум дел од светот.+ 17 Посвети+ ги со вистината! Твојата реч+ е вистина.+ 18 Како што ти мене ме испрати во светот, така и јас нив ги испратив во светот.+ 19 Се посветувам себеси за нив, и тие да бидат посветени+ со вистината.

20 Не те молам само за нив, туку и за оние што ќе поверуваат во мене преку нивната реч,+ 21 за да бидат сите едно,+ како што ти си, Татко, во единство со мене и јас во единство со тебе,+ и тие да бидат во единство со нас,+ за да верува светот дека ти ме испрати.+ 22 И им ја дадов славата што ми ја даде ти мене, за да бидат едно, како што сме ние едно,+ 23 јас во единство со нив и ти во единство со мене, за да бидат совршено обединети,+ за да спознае светот дека ти ме испрати и дека ги сакаш и нив како што ме сакаш мене. 24 Татко, сакам и оние што ми ги даде да бидат со мене, таму каде што сум јас,+ за да ја гледаат мојата слава што ми ја даде ти, зашто ме сакаше пред создавањето+ на светот.+ 25 Праведен+ Татко, светот не те запозна,+ но јас те запознав, а овие спознаа дека ти ме испрати.+ 26 И им го објавив твоето име+ и ќе го објавувам, за љубовта со која ме сакаше ти да биде во нив и јас во единство со нив“.+

18 Откако го кажа ова, Исус се упати со своите ученици кон другата страна на долината* на Кедрон.+ Таму имаше една градина во која влегоа тој и неговите ученици.+ 2 А за тоа место знаеше и Јуда, неговиот предавник, бидејќи Исус често се состануваше таму со своите ученици.+ 3 Затоа Јуда ги зеде четата војници и стражарите на главните свештеници и на фарисеите, и дојде таму со факли, со светилки и со оружје.+ 4 Знаејќи сѐ што ќе му се случи,+ Исус истапи и ги праша: „Кого барате?“ 5 Тие му одговорија: „Исус Назареќанецот“.+ Тогаш тој им рече: „Јас сум тој“. А со нив стоеше и Јуда, неговиот предавник.+

6 Кога им рече: „Јас сум тој“, тие се тргнаа назад+ и паднаа наземи. 7 Затоа повторно ги праша: „Кого барате?“ А тие одговорија: „Исус Назареќанецот“. 8 Тогаш Исус одговори: „Ви реков дека јас сум тој. Затоа, ако ме барате мене, пуштете ги овие да си одат!“ 9 Тоа го кажа за да се исполнат неговите зборови: „Од оние што ми ги даде, не изгубив ниту еден“.+

10 Тогаш Симон Петар го извлече мечот што го имаше со себе, па го удри робот на првосвештеникот и му го отсече десното уво.+ Името на робот му беше Малх. 11 Но Исус му рече на Петар: „Стави го мечот во ножницата!+ Зар да не ја пијам чашата+ што ми ја даде Таткото?“

12 Тогаш четата војници со својот илјаданачалник и со еврејските стражари го фатија Исус и го врзаа. 13 Го одведоа најпрвин кај Ана, бидејќи тој му беше тест на Кајафа, кој таа година беше првосвештеник.+ 14 А Кајафа беше оној што ги советуваше Евреите дека е подобро за нив да умре еден човек за народот.+

15 А Симон Петар и еден друг ученик го следеа Исус.+ Тој ученик му беше познат на првосвештеникот, па влезе со Исус во дворот на првосвештеникот, 16 а Петар стоеше надвор крај портата.+ Затоа другиот ученик, кој му беше познат на првосвештеникот, излезе и разговараше со вратарката, па го воведе Петар. 17 Тогаш слугинката што беше вратарка, му рече на Петар: „Да не си и ти ученик на тој човек?“ Тој одговори: „Не сум!“+ 18 А робовите и стражарите стоеја околу огнот што го запалија,+ зашто беше студено, па се грееја. Со нив стоеше и Петар и се грееше.

19 А главниот свештеник го испитуваше Исус за неговите ученици и за неговото учење. 20 Исус му одговори: „Јас му зборував на светот јавно. Секогаш поучував во синагогите и во храмот,+ каде што се собираат сите Евреи. Ништо не зборував во тајност. 21 Зошто ме прашуваш мене? Прашај ги оние што чуле што им зборував! Тие знаат што кажав“. 22 По тие Исусови зборови, еден од стражарите, кој стоеше во близина, му удри шлаканица+ и рече: „Зарем така му одговараш на главниот свештеник?“ 23 Исус му одговори: „Ако кажав нешто погрешно, докажи дека е погрешно! Но ако кажав право, зошто ме удираш?“ 24 Тогаш Ана го испрати врзан кај првосвештеникот Кајафа.+

25 А Симон Петар стоеше и се грееше. Тогаш го прашаа: „Да не си и ти негов ученик?“ Тој одрече, велејќи: „Не сум!“+ 26 А еден од робовите на првосвештеникот, роднина на оној кому Петар му го отсече увото,+ рече: „Зар не те видов тебе во градината со него?“ 27 А Петар пак го одрече тоа. И веднаш запеа петел.+

28 Тогаш го одведоа Исус откај Кајафа во палатата на управителот.+ А беше рано наутро. Но тие не влегоа во палатата на управителот за да не се извалкаат,+ туку да можат да ја јадат пасхалната жртва. 29 Затоа Пилат излезе надвор пред нив и праша: „Какво обвинение изнесувате против овој човек?“+ 30 Тие одговорија: „Ако овој не е злосторник, немаше да ти го предадеме тебе“. 31 Затоа Пилат им рече: „Земете го вие и судете му според вашиот закон!“+ А Евреите му одговорија: „Нам не ни е дозволено да погубиме никого“.+ 32 Тоа беше за да се исполнат Исусовите зборови кои ги кажа за да навести со каква смрт треба да умре.+

33 Така Пилат влезе во палатата, па го повика Исус и го праша: „Дали си ти царот на Евреите?“+ 34 Исус одговори: „Го велиш ли тоа сам од себе или други ти кажале за мене?“+ 35 Пилат одговори: „Зарем јас сум Евреин? Твојот народ и главните свештеници те предадоа кај мене.+ Што си направил?“ 36 А Исус одговори:+ „Моето царство не е дел од овој свет.+ Да беше моето царство дел од овој свет, моите слуги ќе се бореа+ за да не им бидам предаден на Евреите. Но моето царство не е одовде“. 37 Тогаш Пилат го праша: „Значи, ти си цар?“ Исус му одговори: „Ти самиот велиш дека сум цар.+ Јас за тоа се родив и за тоа дојдов на светот, за да сведочам за вистината.+ Секој што е на страната на вистината,+ го слуша мојот глас“.+ 38 А Пилат му рече: „Што е вистина?“

И откако го рече тоа, повторно излезе пред Евреите и им рече: „Јас не наоѓам никаква вина во него.+ 39 А кај вас е обичај на Пасхата да ви пуштам некого.+ Тогаш, сакате ли да ви го пуштам царот на Евреите?“ 40 А пак почнаа да викаат: „Не него, туку Варава!“ А Варава беше разбојник.+

19 Тогаш, Пилат го зеде Исус и го предаде на камшикување.+ 2 А војниците сплетоа круна од трње, му ја ставија на глава и го облекоа во пурпурна облека.+ 3 И му приоѓаа и му велеа: „Здраво, царе на Евреите!“ И му удираа шлаканици.+ 4 А Пилат повторно излезе и им рече: „Еве, ви го изведувам за да знаете дека не наоѓам никаква кривица во него“.+ 5 Тогаш Исус излезе надвор, носејќи ја круната од трње и пурпурната облека. А Пилат им рече: „Еве го човекот!“ 6 Кога главните свештеници и стражарите го видоа, викнаа: „Прикови го на столб!* Прикови го на столб!“+ А Пилат им рече: „Земете го вие и приковете го на столб, бидејќи јас во него не наоѓам никаква вина!“+ 7 Тогаш Евреите му одговорија: „Ние имаме закон,+ и според законот, тој треба да умре, бидејќи за себе тврдеше дека е Божји син“.+

8 Кога Пилат ги чу овие зборови, уште повеќе се уплаши, 9 па се врати во палатата и му рече на Исус: „Од каде си ти?“ Но Исус не му одговори.+ 10 Тогаш Пилат му рече: „Зар мене не ми одговараш?+ Не знаеш ли дека имам власт да те пуштам и имам власт да те приковам на столб?“ 11 Исус му одговори: „Не ќе имаше никаква власт над мене ако не ти беше дадена одозгора.+ Затоа поголем грев има оној што ме предаде на тебе“.

12 Поради ова, Пилат настојуваше да го пушти. Но Евреите викаа: „Ако го пуштиш него, не си му пријател на цезарот! Секој што се прави цар, му се противи на цезарот“.+ 13 Кога ги чу тие зборови, Пилат го изведе Исус и седна на судиската столица на местото наречено Камен плочник, а на хебрејски Гавата. 14 А беше денот за подготовка*+ на пасхата, околу шестиот* час. И им рече на Евреите: „Еве го вашиот цар!“ 15 А тие почнаа да викаат: „Погуби го! Погуби го! Прикови го на столб!“ Тогаш Пилат им рече: „Зар вашиот цар да го приковам на столб?“ А главните свештеници одговорија: „Ние немаме друг цар, освен цезарот!“+ 16 Тогаш им го предаде да биде прикован на столб.+

И тие го презедоа Исус. 17 Носејќи го сам маченичкиот столб, на кој требаше да биде прикован,+ излезе+ на местото наречено Череп, кое на хебрејски се вика Голгота.+ 18 Таму го приковаа на столбот,+ а со него и други двајца, еден од едната и еден од другата страна, а Исус во средината.+ 19 Пилат напиша и натпис и го стави на столбот. Беше напишано: „Исус Назареќанецот, царот на Евреите“.+ 20 Така мнозина од Евреите го прочитаа овој натпис, бидејќи местото каде што Исус беше прикован на столб беше близу до градот,+ а беше напишан на хебрејски, латински и грчки. 21 Но еврејските главни свештеници му рекоа на Пилат: „Не пишувај: ‚Цар на Евреите‘, туку дека тој рече: ‚Јас сум царот на Евреите‘ “. 22 А Пилат одговори: „Што напишав, напишав!“

23 А кога војниците го приковаа Исус на столбот, ја зедоа неговата горна облека и ја разделија на четири дела, на секој војник по еден дел. А ја зедоа и долната облека, која немаше шев, туку целата беше исткаена во едно парче.+ 24 Затоа си рекоа еден на друг: „Да не ја кинеме, туку со ждрепка да одлучиме чија ќе биде“. Тоа беше за да се исполнат зборовите од Писмото: „Мојата облека ја разделија меѓу себе, и за моите алишта фрлија ждрепка“.+ Војниците така и направија.

25 А кај Исусовиот столб стоеја мајка му+ и сестрата на мајка му, потоа Марија,+ жената на Клопа, и Марија Магдалена.+ 26 Кога Исус ја виде својата мајка и покрај неа ученикот кого посебно го сакаше,+ ѝ рече на мајка си: „Жено,* еве ти син!“ 27 Потоа му рече на ученикот: „Еве ти мајка!“ И ученикот оттогаш ја зеде во својот дом.

28 По ова, бидејќи Исус знаеше дека веќе сѐ е довршено, за да се исполни Писмото, рече: „Жеден сум“.+ 29 А таму стоеше сад полн со скиселено вино. Затоа на една прачка од исоп закачија сунѓер полн со скиселено вино и му го принесоа до устата.+ 30 А кога го вкуси скиселеното вино, Исус рече: „Довршено е!“+ И наведнувајќи ја главата, издивна.*+

31 А беше денот на подготовката.+ За да не останат телата на столб+ во сабота* — бидејќи таа сабота беше голем ден+ — Евреите го замолија Пилат да им ги скршат нозете на оние што беа на столбот, па да ги симнат нивните тела. 32 И војниците дојдоа и им ги скршија нозете на првиот и на вториот човек, кои беа приковани на столб со него. 33 Но кога дојдоа до Исус и видоа дека веќе е мртов, не му ги скршија нозете, 34 туку еден од војниците го прободе со копје во слабината,+ и веднаш потече крв и вода. 35 Оној што го виде тоа, сведочи, и неговото сведоштво е вистинито. Тој знае дека ја зборува вистината, за да верувате и вие.+ 36 А тоа се случи за да се исполнат зборовите од Писмото: „Ниту една коска нема да му биде скршена“.+ 37 А на друго место во Писмото стои: „Ќе гледаат во оној што го прободоа“.+

38 Потоа, Јосиф од Ариматеја, кој беше Исусов ученик, но го криеше тоа, поради страв од Евреите,+ го замоли Пилат да му дозволи да го симне Исусовото тело. Пилат му дозволи,+ па Јосиф дојде и го симна неговото тело.+ 39 А дојде и Никодим, човекот кој првиот пат беше дошол кај него ноќе, и донесе еден врзоп смирна и алое, околу сто либри.*+ 40 И го зедоа Исусовото тело и го завиткаа во завои со мирисливи материи,+ според еврејскиот обичај за погреб. 41 А на местото каде што беше прикован на столб имаше градина, и во градината нов гроб,+ во кој уште никој не беше положен. 42 Поради тоа што на Евреите им беше денот на подготовката,+ а гробот беше близу, го положија Исус во него.

20 Во првиот ден+ од седмицата, Марија Магдалена дојде до гробот рано наутро, додека уште беше темно, и виде дека каменот веќе е тргнат од гробот.+ 2 Затоа отрча и дојде кај Симон Петар и кај другиот ученик,+ кого Исус особено го сакаше, и им рече: „Го зеле Господарот од гробот+ и не знаеме каде го положиле!“

3 Тогаш Петар+ и другиот ученик излегоа и тргнаа кон гробот. 4 Тие двајцата заедно потрчаа, но другиот ученик трчаше побрзо од Петар, па прв стигна до гробот. 5 Ѕирна внатре и виде дека завоите лежат,+ но не влезе. 6 Тогаш дојде и Симон Петар, кој одеше по него, па влезе во гробот. И ги виде завоите како лежат+ 7 и платното, кое беше на Исусовата глава, но не лежеше заедно со завоите, туку беше свиткано одделно на едно место. 8 Тогаш влезе и другиот ученик, оној што прв стигна до гробот, и тој виде и поверува. 9 Зашто, уште го немаа разбрано пасусот од Писмото што вели дека тој мора да стане од мртвите.+ 10 Потоа учениците се вратија дома.

11 А Марија стоеше надвор кај гробот и плачеше. Додека така плачеше, погледна во гробот 12 и виде два ангела+ во бело како седат таму каде што лежеше Исусовото тело, едниот кај главата, а другиот кај нозете. 13 Тие ја запрашаа: „Жено, зошто плачеш?“ Таа им одговори: „Го зеле мојот Господар, и не знам каде го положиле“. 14 Откако го рече ова, се сврте и го здогледа Исус како стои зад неа, но не го препозна.+ 15 Исус ја праша: „Жено, зошто плачеш? Кого бараш?“+ Мислејќи дека е градинарот, таа му рече: „Господине, ако си го однел ти, кажи ми каде си го положил, и јас ќе го земам!“ 16 Тогаш Исус ѝ рече: „Марија!“+ А таа се заврте и на хебрејски му рече: „Равуни!“+ (што значи „учителе“). 17 А Исус ѝ рече: „Немој да ме држиш, зашто уште не сум се вознел кај Таткото, туку оди кај моите браќа+ и кажи им: ‚Одам горе кај мојот Татко+ и вашиот Татко, кај мојот Бог+ и вашиот Бог‘ “.+ 18 И така Марија Магдалена дојде и им јави на учениците: „Го видов Господарот!“ И раскажа за сѐ што ѝ кажа тој.+

19 А вечерта, истиот тој ден, првиот од седмицата,+ иако поради страв+ од Евреите вратите каде што беа учениците беа заклучени, Исус дојде+ и застана на средина, па им рече: „Имајте мир!“+ 20 И откако го рече ова, им ги покажа рацете и слабината.+ И учениците се зарадуваа+ што го гледаат Господарот. 21 Затоа Исус пак им рече: „Имајте мир! Како што Таткото ме прати мене,+ така и јас ве праќам вас“.+ 22 Кога го рече ова, дувна во нив и им рече: „Примете свет дух!+ 23 Ако некому му ги простите гревовите,+ простени му се, а ако некому не му ги простите, нема да му бидат простени“.+

24 Но Тома,+ еден од дванаесеттемина, наречен Близнак, не беше со нив кога дојде Исус. 25 Затоа другите ученици му велеа: „Го видовме Господарот!“ Но тој им рече: „Додека не ги видам раните од клинците на неговите раце и не го ставам прстот во тие рани и додека не ја ставам раката во раната на неговата слабина,+ нема да верувам!“+

26 По осум дена неговите ученици пак беа во куќата, а и Тома беше со нив. И Исус дојде, иако вратите беа заклучени, па застана на средина и рече: „Имајте мир!“+ 27 Потоа му рече на Тома: „Стави го прстот овде и погледни ми ги рацете, и пружи ја раката+ и стави ја во раната на мојата слабина! И немој да се сомневаш, туку верувај!“ 28 Тома му одговори и рече: „Господар мој и Бог мој!“+ 29 А Исус му рече: „Поверува затоа што ме виде? Среќни се оние што не гледаат, а веруваат!“+

30 Исус направи пред учениците и многу други чуда, кои не се запишани во овој свиток.+ 31 А овие се запишани+ за да верувате дека Исус навистина е Христос,* Синот Божји, и верувајќи+ да имате живот во негово име.

21 Потоа, Исус пак им се покажа на учениците на Тиверијадското Море. Се покажа вака: 2 Заедно беа Симон Петар и Тома, наречен Близнак,+ и Натанаел+ од Кана Галилејска, и Зеведеевите синови,+ и уште двајца негови ученици. 3 Симон Петар им рече: „Одам да ловам риба“. А тие му рекоа: „Одиме и ние со тебе“. Така излегоа и влегоа во чамецот, но таа ноќ ништо не уловија.+

4 А само што осамна, Исус застана на брегот, но учениците не го познаа дека е Исус.+ 5 Тогаш Исус ги праша: „Дечиња, зар немате ништо за јадење?“ Му одговорија: „Немаме!“ 6 А тој им рече: „Фрлете ја мрежата од десната страна на чамецот и ќе најдете!“+ И ја фрлија, но повеќе не можеа да ја извлечат од многу риби.+ 7 Тогаш оној ученик, кого Исус особено го сакаше,+ му рече на Петар:+ „Тоа е Господарот!“ Кога Симон Петар чу дека тоа е Господарот, ја облече и си ја препаша облеката, зашто се беше расоблекол,* и скокна во морето. 8 А другите ученици дојдоа со чамецот, влечејќи ја мрежата со риби, зашто не беа далеку од копното, само околу двесте лакти.*

9 Кога излегоа на копното, видоа жар,+ на кој се печеше риба, и леб. 10 И Исус им рече: „Донесете малку од рибите што ги уловивте сега!“ 11 Тогаш Симон Петар влезе во чамецот и ја извлече на копно мрежата полна со големи риби, а ги имаше сто педесет и три. Но, макар што беа толку многу, мрежата не се скина. 12 Тогаш Исус им рече: „Дојдете, појадувајте!“+ А никој од учениците не се осмели да го праша: „Кој си ти?“, зашто знаеја дека е Господарот. 13 А Исус дојде и го зеде лебот и им го даде,+ а исто така и рибите. 14 Тоа беше веќе третпат+ Исус да им се покаже на учениците откако беше подигнат од мртвите.

15 По појадокот, Исус го праша Симон Петар: „Симоне, сине Јованов, ме сакаш* ли повеќе отколку овие?“+ Тој му одговори: „Да, Господару, ти знаеш дека те сакам“.*+ Тогаш тој му рече: „Храни ги моите јагниња!“+ 16 И пак го праша, по вторпат: „Симоне, сине Јованов, ме сакаш* ли?“+ Тој му одговори: „Да, Господару, ти знаеш дека те сакам“.* Тогаш тој му рече: „Паси ги моите овчички“.+ 17 И по третпат го праша: „Симоне, сине Јованов, ме сакаш* ли?“ А Петар се нажали што по третпат го праша: „Ме сакаш ли?“ Затоа му одговори: „Господару, ти знаеш сѐ,+ ти знаеш дека те сакам“.* Тогаш Исус му рече: „Храни ги моите овчички!+ 18 Вистина, вистина, ти велам, кога беше помлад, сам се опашуваше и одеше каде што сакаше. А кога ќе остариш, ќе ги рашириш рацете и други ќе те опашуваат+ и ќе те водат таму каде што не сакаш“.+ 19 А тоа го рече за да навести со каква смрт+ Петар ќе го прослави Бог.+ Потоа му рече: „Оди по мене!“+

20 А Петар се заврте и виде дека по нив оди ученикот кого Исус особено го сакаше+ и кој на вечерата беше навален на неговите гради и праша: „Господару, кој е тој што ќе те предаде?“ 21 Кога го здогледа, Петар го праша Исус: „Господару, што ќе биде со него?“ 22 Исус му одговори: „Ако јас сакам тој да остане додека не дојдам,+ што се грижиш ти за тоа? Ти оди по мене!“ 23 Поради тоа се разнесе глас меѓу браќата дека тој ученик нема да умре. Но Исус не му рече дека нема да умре, туку: „Ако јас сакам тој да остане+ додека не дојдам, што се грижиш ти за тоа?“

24 Овој е тој ученик+ кој сведочи за сето тоа и го запиша. И знаеме дека неговото сведоштво е вистинито.+

25 А има и многу други работи што ги направи Исус, и кога би се запишале сите поединости, мислам дека ниту целиот свет не би можел да ги собере свитоците што би се напишале.+

Види го додатокот 9.

Заменката „тој“ се однесува на „Речта“ спомната во 1. стих. Иако на македонски, гледано од граматичка гледна точка, „Речта“ е именка од женски род, овде е употребена заменка од машки род, бидејќи грчкиот израз Ло́гос (Речта) се однесува на Исус.

Буквално: „кој е во прегратката на Таткото“.

Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.

Види ја фуснотата за Мт 3:7.

Не станува збор за Витанија во близина на Ерусалим.

Види ја фуснотата за Мт 4:20.

Околу 16 часот, според нашето сметање на времето. Евреите почнувале да ги бројат часовите од изгревањето на сонцето.

И арамејското име „Кифа“ и грчкото име „Петар“ значат „карпа“. Види ја фуснотата за Мт 16:18.

Види Јвн 1:38 и фуснотата за Мт 23:7.

Исус употребил идиом, со кој не се искажува непочитување, туку само несогласување со претходно реченото. Острината на тоа прашање е ублажена со изразот „жено“, бидејќи на грчки тој збор не звучи службено, туку со него се изразува почит и наклоност.

Со изразот „мера“ веројатно се мисли на „бат“, кој содржел околу 22 литри. Види го додатокот 13.

Види ја фуснотата за Мт 23:7.

Види ја фуснотата за Мт 23:7.

Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.

Околу 12 часот, според нашето сметање на времето.

Или: „му покажуваа почит“.

Буквално: „Вие му се клањате на она... а ние му се клањаме на она“.

Буквално: „ќе му се клањаат на Таткото... такви да му се клањаат“.

Буквално: „оние што му се клањаат, мора да му се клањаат“.

Или: „Помазаникот, Месијата“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.

Види ја фуснотата за Мт 23:7.

Околу 13 часот.

Види ја фуснотата за Мт 17:21.

Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.

Буквално: „спомен-гробовите“.

Види ја фуснотата за 4Мо 34:11.

Римски сребреник кој тежел 3,85 грама. Види ги фуснотата за Мр 14:5 и додатокот 13.

Буквално: „полегнат“. Спореди ја фуснотата за Мт 9:10.

Пет до шест километри. Види го додатокот 13.

Види ја фуснотата за Мт 23:7.

Буквално: „на сабат“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.

Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.

Буквално: „од почетокот“.

Види ја фуснотата за Мт 23:7.

Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.

Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.

Буквално: „душа“.

Празникот на посветувањето (Ханука) е време кога Евреите се сеќаваат на ослободувањето од сириско-грчката превласт, кога храмот во Ерусалим му бил повторно посветен на Јехова.

Или: „Помазаникот, Месијата“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.

Види ја фуснотата за Мт 23:7.

Околу 3 километри. Види го додатокот 13.

Или: „Помазаникот, Месијата“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.

Или: „залипа во духот и се вознемири“.

Види ја фуснотата за Мт 26:59.

Буквално: „лежеа на трпезата“. Види ја фуснотата за Мт 9:10.

Околу 330 грама.

Види ја фуснотата за Мр 14:5.

Или: „да му покажат почит на Бог; да извршат чин на обожавање“.

Буквално: „душа“.

Или: „Помазаникот, Месијата“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.

Види го додатокот 11.

Буквално: „ја крена петицата“.

Буквално: „се вознемири во духот“.

Буквално: „лежеше на трпезата до градите на Исус“. Види ја фуснотата за Мт 9:10.

Буквално: „душа“.

Или: „утешител“.

Или: „утешителот“.

Буквално: „душа“.

Или: „утешителот“.

Или: „врши света служба“.

Или: „утешителот“.

Или: „треба да те запознаваат“ — грчкиот глагол е во несвршен вид, а под тоа се подразбира трајно дејство.

Види го додатокот 12.

Види го додатокот 8.

„Подготовка“ овде е назив за денот што бил пред почетокот на седумдневниот празник на бесквасните лебови. Спореди со фуснотата за Мт 27:62.

Околу 12 часот, според нашето сметање на времето.

Види ја фуснотата за Јвн 2:4.

Буквално: „го предаде духот“.

Буквално: „на сабат“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.

Преовладува мислењето дека грчкиот збор ли́трас овде се однесува на римската либра, која тежела 327 грама.

Или: „Помазаникот, Месијата“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.

Буквално: „зашто беше гол“.

Нешто помалку од 100 метри. Види го додатокот 13.

„Сакаш“ (агапа́с) е превод на еден грчки глагол изведен од именката ага́пи (љубов).

„Те сакам“ (фило́ се) е превод на еден грчки глагол изведен од именката фили́а (љубов).

Грчки: агапа́с.

Грчки: фило́ се.

Грчки: фили́с ме.

Грчки: фило́ се.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели