ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bi12 Галатите 1:1-6:18
  • Галатите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Галатите
  • Свето писмо — превод Нов свет
Свето писмо — превод Нов свет
Галатите

Послание до Галатите

1 Павле,+ апостол+ — кого не го испратиле луѓе, ниту го поставил некој човек, туку Исус Христос+ и Бог, Таткото,+ кој го подигна Исус од мртвите+ — 2 и сите браќа што се со мене,+ до собранијата* во Галатија:*+

3 Бог, нашиот Татко, и Господарот* Исус Христос нека ви дадат незаслужена доброта и мир.+ 4 Тој се даде себеси за нашите гревови+ за да нѐ избави од сегашниов зол свет*+ според волјата+ на нашиот Бог и Татко, 5 кому му припаѓа славата во сета вечност.+ Амин.*

6 Се чудам што толку брзо се одвраќате од оној+ што ве повика преку Христовата незаслужена доброта+ и слушате некаква друга добра вест.+ 7 Но друга не постои. Постојат само некои што ве збунуваат+ и сакаат да ја искриват добрата вест за Христос.+ 8 Но, дури и ние или ангел од небото да ви објавеше поинаква добра вест од онаа што веќе ви ја објавивме, проклет да е!+ 9 Како што веќе рековме, тоа и сега го повторувам: кој ќе ви објави поинаква добра вест од онаа што веќе сте ја прифатиле,+ проклет да е!

10 Навистина, дали сега се обидувам да ги придобијам луѓето или Бог? Или, пак, настојувам да им угодам на луѓето?+ Да им угодував сѐ уште на луѓето,+ не ќе бев Христов роб.+ 11 Зашто, ви напомнувам, браќа, дека добрата вест што ја објавив не е човечка порака,+ 12 оти не ја примив од човек, ниту некој ме учел за неа, туку Исус Христос ми ја објави од небото.+

13 А сте чуле дека порано живеев во јудејството*+ — дека преку секоја мера го прогонував+ Божјето собрание и сакав да го сотрам.+ 14 И напредував во јудејството повеќе од многумина мои врсници во мојот народ,+ зашто бев многу поревносен+ од другите за преданијата+ на моите татковци. 15 Но кога на Бог, кој дозволи да се родам и ме повика+ во својата незаслужена доброта,+ му беше по волја 16 да го открие својот Син преку мене,+ за да им ја објавам на незнабошците добрата вест за него,+ не се посоветував веднаш со тело и со крв,+ 17 ниту отидов во Ерусалим кај оние што беа апостоли пред мене,+ туку отидов во Арабија, и пак се вратив во Дамаск.+

18 Потоа, по три години, отидов во Ерусалим+ да го посетам Кифа+ и останав кај него петнаесет дена. 19 Но од апостолите не видов никого, освен Јаков,+ братот+ на Господарот. 20 А за ова што ви го пишувам, еве, пред Бог изјавувам дека не е лага.+

21 Потоа отидов+ во сириските и киликиските предели. 22 Но Христовите собранија во Јудеја не ме познаваа лично.+ 23 Тие само беа чуле од другите: „Оној што порано нѐ прогонуваше+ сега ја објавува добрата вест за верата која порано сакаше да ја сотре“.+ 24 Затоа, поради мене, почнаа да го слават Бог.+

2 Потоа, по четиринаесет години, пак отидов во Ерусалим+ заедно со Варнава,+ а го поведов и Тит. 2 А отидов затоа што добив објава од небото.+ И ја изнесов пред истакнатите браќа+ добрата вест што ја проповедам меѓу незнабошците, но тоа им го кажав насамо. Сакав да бидам сигурен дека не трчам,+ или дека не сум трчал залудно.+ 3 Но дури ни Тит,+ кој беше со мене, не беше присилен да се обреже,+ иако е Грк. 4 И сѐ поради лажните браќа,+ кои скришум се вовлекоа+ и се поткраднаа за да ја загрозат нашата слобода+ што ја имаме во единство со Христос Исус, за да нѐ направат робови.+ 5 Ние не им попуштивме+ ниту за миг, не им се покоривме, со цел вистината+ на добрата вест да остане кај вас.

6 А оние што ги сметаа за угледни+ — без разлика какви биле некогаш, мене ми е сеедно,+ зашто Бог не гледа кој е кој+ — тие истакнати мажи, всушност, мене не ми дадоа ништо ново. 7 Туку, напротив, кога видоа дека ми е доверена+ добрата вест за необрежаните,+ како што му е доверена на Петар за обрежаните+ — 8 зашто оној што го овласти Петар за апостолство меѓу обрежаните, ме овласти и мене+ да одам кај незнабошците — 9 и кога дознаа за незаслужената доброта+ која ми беше покажана,+ Јаков+ и Кифа и Јован, кои беа сметани за столбови,+ ни ја подадоа мене и на Варнава+ десницата во знак на согласност+ — ние да одиме кај незнабошците, а тие кај обрежаните. 10 Само нѐ замолија да мислиме на сиромасите.+ Токму тоа и го правев ревносно.+

11 Но кога Кифа+ дојде во Антиохија,+ му се спротивставив в лице, бидејќи заслужи осуда.+ 12 Имено, пред да стигнат некои соработници на Јаков,+ тој јадеше+ со оние што беа од другите народи,* но кога стигнаа тие, почна да се повлекува и да се одвојува, зашто се плашеше+ од оние од класата на обрежаните.+ 13 И останатите Евреи почнаа да се преправаат исто како него,+ така што дури и Варнава+ се поведе по нив, па и тој почна да се преправа. 14 Но кога видов дека не постапуваат* исправно, според вистината на добрата вест,+ му реков на Кифа пред сите нив:+ „Кога ти, кој си Евреин, живееш како оние од другите народи, а не како Евреите, како можеш да ги принудуваш оние од другите народи да живеат според еврејските обичаи?“+

15 Ние што сме Евреи по раѓање,+ а не грешници+ од незнабошците, 16 и знаеме дека човек не се прогласува за праведен+ поради вршење на делата пропишани со законот, туку поради верата+ во Христос Исус, и ние поверувавме во Христос Исус за да бидеме прогласени за праведни поради верата во Христос,+ а не поради вршење на делата пропишани со законот, зашто поради вршењето на тие дела ниту еден човек нема да биде прогласен за праведен.+ 17 А ако ние, настојувајќи да бидеме прогласени за праведни преку Христос,+ и самите сме се покажале како грешници,+ дали тогаш Христос е во служба на гревот?+ Никако! 18 Зашто, ако повторно го градам она што сум го урнал,+ покажувам дека сум престапник.+ 19 Според прописите на законот, јас умрев за законот+ за да живеам за Бог.+ 20 Прикован сум на столб* со Христос.+ Не живеам повеќе јас,+ туку Христос кој живее во мене.+ Зашто, животот што сега го живеам+ во тело, го живеам поради верата во Синот Божји, кој ме сакаше и се предаде себеси за мене.+ 21 Јас не ја отфрлам Божјата незаслужена доброта,+ оти ако праведноста доаѓа преку законот,+ тогаш Христос залудно умрел.+

3 О безумни Галати, кој е тој што ве измамил+ — вас кои јасно разбравте зошто Исус Христос беше прикован на столб?*+ 2 Само ова сакам да го дознаам од вас: дали го примивте духот+ затоа што ги вршевте делата пропишани со законот+ или затоа што ја примивте со вера пораката што ја чувте?+ 3 Толку ли сте безумни? Зар сега на телесен начин+ го довршувате она што го почнавте на духовен начин?+ 4 Зар залудно толку претрпевте?+ Се надевам дека не беше залудно. 5 Значи, дали оној преку кого го добивате духот+ и кој врши моќни дела*+ меѓу вас, го прави тоа затоа што ги врши делата пропишани со законот или затоа што ја прифатил со вера пораката што ја чул? 6 Така и Авраам „му поверува на Јехова, и поради тоа тој го сметаше за праведен“.+

7 Знајте, пак, дека оние што се држат за верата+ се синови на Авраам.+ 8 А Писмото, предвидувајќи дека, поради верата, Бог ќе прогласи за праведни луѓе од другите народи,* однапред му ја објави добрата вест на Авраам: „Преку тебе ќе бидат благословени сите народи“.+ 9 Затоа, оние што се држат за верата, добиваат благослов+ исто како верниот Авраам.+

10 Зашто, сите оние што се потпираат на вршењето на делата пропишани со законот, се наоѓаат под проклетство, бидејќи е напишано: „Проклет да е секој што не се држи за сѐ што е напишано во свитокот на Законот и не го врши тоа“.+ 11 А очигледно е дека пред Бог никој не е прогласен за праведен+ поради вршење на законот, зашто „праведникот ќе живее поради верата“.+ 12 А Законот не се засновува врз верата, туку „оној што го врши, ќе има живот преку него“.+ 13 Христос нѐ купил+ и така нѐ ослободил+ од проклетството на Законот, станувајќи проклетство+ наместо нас, зашто е напишано: „Проклет да е секој што е обесен на столб“.*+ 14 Тоа се случи за Авраамовиот благослов да дојде преку Исус Христос на другите народи,+ за да го примиме ветениот дух+ поради својата вера.+

15 Браќа, ќе ви дадам пример од животот: дури и кога луѓето ќе склучат правосилен сојуз, никој не го поништува, ниту му додава нешто.+ 16 А ветувањата им беа дадени на Авраам+ и на неговиот потомок.+ Не е речено: „И на потомците“, како да се однесува на многу, туку како на еден:+ „И на твојот потомок“,+ кој е Христос.+ 17 Сакам да го кажам ова: Законот, кој настана четиристотини и триесет години+ подоцна, не може да го поништи сојузот што Бог порано го направи правосилен,+ ниту може да го укине ветувањето.+ 18 Зашто, ако наследството се добива со закон, повеќе не се добива со ветување.+ А Бог му го подари на Авраам со ветување.+

19 Тогаш, за што служи Законот? Тој беше додаден за да се направат очигледни престапите,+ додека не дојде потомството+ на кое му беше дадено ветувањето. И беше пренесен со помош на ангели+ преку посредник.+ 20 Но нема посредник кога постои само една страна, а Бог е само еден.+ 21 Дали тогаш Законот е против Божјите ветувања?+ Никако! Зашто, да беше даден закон кој би можел да даде живот,+ тогаш праведноста ќе доаѓаше преку закон.+ 22 Но Писмото+ предаде сѐ во заточение под власта на гревот,+ за да може ветувањето, кое произлегува од верата во Исус Христос, да им се даде на оние што веруваат.+

23 А пред да дојде верата,+ бевме чувани под законот,+ предадени во заточение, чекајќи ја верата која требаше да се објави.+ 24 Така Законот ни беше воспитувач кој нѐ водеше до Христос,+ за да бидеме прогласени за праведни+ поради верата. 25 А откако дојде верата,+ повеќе не сме под воспитувач.+

26 Навистина, сите вие сте синови Божји+ поради својата вера во Христос Исус. 27 Зашто, сите вие што се крстивте за да бидете во единство со Христос,+ во Христос се облековте.+ 28 Нема повеќе ни Евреин ни Грк,+ нема ни роб ни слободен,+ нема ни машко ни женско,+ зашто сите вие сте едно во единство со Христос Исус.+ 29 А ако сте Христови, тогаш сте потомство на Авраам,+ наследници според едно ветување.+

4 Сакам да речам дека наследникот, сѐ додека е дете, воопшто не се разликува од еден роб,+ иако е господар на сѐ, 2 туку е под старатели+ и под управители сѐ до денот што го одредил неговиот татко. 3 Така и ние, додека бевме деца, им робувавме на начелата на овој свет.+ 4 Но кога се наврши времето,+ Бог го испрати својот Син,+ роден од жена+ и подложен на законот,+ 5 за да ги купи и да ги ослободи+ оние што се под законот,+ за Бог да нѐ усвои како синови.+

6 А бидејќи сте синови, Бог го испрати во нашите срца духот+ на својот Син и тој дух вика: „Ава,* Татко!“+ 7 Затоа, повеќе не си роб, туку син. А ако си син, тогаш си и наследник преку Бог.+

8 Додека уште не го познававте Бог,+ им робувавте на богови, кои по својата природа не се богови.+ 9 А сега кога го запознавте Бог — поправо, сега кога Бог ве запозна вас+ — како можете повторно да им се враќате на слабите+ и бедни начела+ и сакате повторно да им робувате?+ 10 Вие внимателно држите денови+ и месеци+ и раздобја и години. 11 Се плашам за вас, да не сум се трудел, можеби, залудно+ околу вас.

12 Браќа, ве молам, бидете како што сум јас,+ зашто и јас бев како што сте вие!+ Не ми направивте ништо лошо.+ 13 Но знаете дека првиот пат+ ви ја објавив добрата вест бидејќи бев болен. 14 Иако мојата болест ви беше искушение, не ме презревте, ниту плукавте на мене, туку ме примивте како ангел+ Божји, како Христос Исус.+ 15 Каде е сега радоста што ја чувствувавте тогаш?+ Сигурен сум дека бевте спремни и сопствените очи да ги извадите и да ми ги дадете мене, само да можевте.+ 16 Тогаш, дали ви станав непријател+ затоа што ви ја зборувам вистината?+ 17 Тие горливо се трудат да ве придобијат,+ но немаат добри намери, туку сакаат да ве одвојат од мене, за да ги следите горливо нив.+ 18 А добро е ако некој горливо се труди околу вас со добра намера,+ и би сакал некој секојпат да го прави тоа, а не да биде така само кога сум кај вас,+ 19 дечиња мои,+ поради кои повторно трпам родилни болки, кои ќе траат додека Христос не се обликува во вас.+ 20 Но би сакал сега да бидам кај вас+ и поинаку да разговарам со вас, бидејќи не знам што да правам+ со вас.

21 Кажете ми, вие кои сакате да бидете под закон:+ зар не слушате што вели Законот?+ 22 На пример, напишано е дека Авраам имаше два сина, еден од слугинката+ и еден од слободната жена.+ 23 Но синот од слугинката беше роден преку тело,+ а синот од слободната преку ветување.+ 24 Сето тоа има и преносно значење,+ бидејќи тие жени претставуваат два сојуза.+ Едниот е од Синајската Гора+ и раѓа деца за ропство — тоа е Агара. 25 Агара го претставува Синај,+ планина во Арабија, и одговара на денешниот Ерусалим, бидејќи е во ропство+ со своите деца. 26 А горниот Ерусалим+ е слободен — тој е нашата мајка.+

27 Зашто, напишано е: „Весели се, неротко која не раѓаш! Воскликнувај и извикнувај, ти која не си во родилни болки, зашто децата на напуштената жена се побројни од децата на онаа што има маж!“+ 28 А ние, браќа, сме деца на ветувањето, како што беше и Исак.+ 29 Но, како што тогаш оној што беше роден преку тело го прогонуваше+ оној што беше роден преку духот, така е и сега.+ 30 Но што вели Писмото? „Истерај ја слугинката и нејзиниот син, зашто синот на слугинката нема да биде наследник со синот на слободната жена!“+ 31 Затоа, браќа, не сме деца на слугинката,+ туку деца на слободната жена.+

5 За таква слобода Христос нѐ ослободи.+ Затоа, бидете непоколебливи+ и не дозволувајте да бидете повторно впрегнати во јаремот на ропството.+

2 Еве, јас, Павле, ви велам: ако се обрежете,+ Христос нема ништо да ви користи. 3 И пак му сведочам на секој човек што се обрежува, дека е должен да го извршува целиот Закон.+ 4 Одвоени сте од Христос, вие кои се обидувате да бидете прогласени за праведни преку законот,+ излеговте од закрилата на неговата незаслужена доброта.+ 5 Зашто, ние преку духот желно ја очекуваме праведноста на која се надеваме, праведност која произлегува од верата.+ 6 Зашто, во Христос Исус ниту обрежувањето има некаква вредност ниту необрежувањето,+ туку верата+ која преку дела се покажува во љубовта.+

7 Добро трчавте.+ Кој ве спречи да ѝ се покорувате на вистината?+ 8 Таквото наговарање не е од оној што ве повикува.+ 9 Малку квасец го потквасува целото тесто.+ 10 Уверен сум+ дека вие што сте во единство+ со Господарот* нема да мислите поинаку. А оној што ве збунува,+ ќе биде осуден,+ кој и да е. 11 А ако јас, браќа, и понатаму проповедам обрежување, зошто тогаш и понатаму ме прогонуваат?+ Кога би го правел тоа, тогаш маченичкиот столб*+ повеќе не би бил камен за спрепнување.+ 12 Камо да беа скопени+ оние што ве збунуваат!+

13 А вие, браќа, повикани сте на слобода.+ Само таа слобода нека не ви служи како поттик за грешното тело,+ туку со љубов робувајте си еден на друг.+ 14 Зашто, целиот Закон се исполнува+ во една заповед: „Сакај го својот ближен како самиот себе“.+ 15 Но, ако се гризете и се јадете еден со друг,+ гледајте да не се истребите еден со друг.+

16 Според тоа, ви велам: живејте* според духот,+ па нема да им угодувате на желбите на телото.+ 17 Зашто, телото со своите желби му се противи на духот,+ а духот му се противи на телото. Навистина, тие се противат еден на друг, така што не го правите она што би сакале.+ 18 А ако ве води духот,+ не сте под законот.+

19 А делата на телото се очигледни.+ Тоа се: блуд,+ нечистотија, бесрамност,+ 20 идолопоклонство, гатање,*+ непријателства, караници, љубомора, изливи на гнев, судири, поделби, секти, 21 завист, пијанки,+ разуздани гозби и други слични работи. Тоа ви го кажувам однапред, како што веќе и ви реков, дека оние што прават такво нешто+ нема да го наследат Божјето царство.+

22 А плодовите+ на духот се: љубов, радост, мир, долготрпеливост, љубезност,* доброта,*+ вера, 23 благост, самосовладување.+ Против тоа нема закон.+ 24 А оние што му припаѓаат на Христос Исус го приковале на столб телото заедно со страстите и желбите на телото.+

25 Ако живееме според духот, да му дозволиме на духот да нѐ води.*+ 26 Да не бидеме суетни, да не се натпреваруваме+ еден со друг, да не си завидуваме еден на друг.+

6 Браќа, ако некој ненамерно згреши,*+ вие кои сте духовни+ исправајте го таквиот во дух на благост,+ внимавајќи на себе+ и самите да не дојдете во искушение.+ 2 Носете ги бремињата еден на друг,+ и така ќе го исполните законот Христов.+ 3 Зашто, ако некој мисли дека е нешто, а не е ништо,+ самиот себеси се залажува. 4 Но секој нека го испита* своето дело,+ па ќе има причина за задоволство во самиот себе, а не споредувајќи се со други.+ 5 Зашто, секој ќе го носи својот товар.+

6 И оној што е поучуван+ за Божјата реч нека ги дели сите добра+ што ги има со оној што го поучува.*+

7 Не залажувајте се:+ со Бог нема подигрување!+ Човек што ќе си посее, тоа и ќе си пожнее.+ 8 Кој сее во своето тело, од телото ќе пожнее пропаст,+ а кој сее во духот,+ од духот ќе пожнее вечен живот.+ 9 Затоа, да не се откажеме од правење добро,+ бидејќи, ако не се умориме, ќе жнееме кога ќе дојде време.+ 10 Затоа, додека имаме можност за тоа,+ да им правиме добро на сите, а особено на своите браќа по вера.+

11 Погледнете со колку големи букви ви пишувам со своја рака!+

12 Сите што сакаат по тело да им угодат на другите, ве присилуваат да се обрежете,+ само за да не бидат прогонувани поради маченичкиот столб* на Христос,+ Исус. 13 Зашто, дури и оние што се обрежуваат, не го држат Законот,+ туку сакаат вие да се обрежувате за тие да се фалат со вашето тело. 14 А јас не сакам со ништо да се фалам, освен со маченичкиот столб+ на нашиот Господар* Исус Христос, преку кого светот е прикован на столб за мене+ и јас за светот. 15 Зашто, не е важно ниту обрежувањето ниту необрежувањето,+ туку новото создание.+ 16 А на сите што ќе живеат* според ова правило, на нив нека бидат мирот и милосрдието — на Израелот Божји!+

17 Отсега никој повеќе да не ми прави неволји, зашто јас на своето тело ги носам жиговите+ кои покажуваат дека сум Исусов роб!+

18 Браќа, незаслужената доброта на нашиот Господар Исус Христос нека биде со вашиот дух!+ Амин.

Види ја фуснотата за изразот „собрание“ во Мт 16:18.

Римска провинција која се наоѓала во средишниот дел на денешна Мала Азија.

Види го додатокот 11.

Види ја фуснотата за Мт 12:32.

Види ја фуснотата за 5Мо 27:15.

Или: „во јудаизмот“.

Или: „незнабошците“.

Буквално: „одат“.

Види го додатокот 8.

Види го додатокот 8.

Или: „прави чуда“.

Или: „незнабошците“.

Или: „дрво“. Види го додатокот 8.

Види ја фуснотата за Мр 14:36.

Види го додатокот 11.

Види го додатокот 8.

Буквално: „одете“.

Или: „употреба на дрога“. Види ја фуснотата за От 21:8.

Главната мисла на изворниот израз е да се заземаш за доброто на другите. На македонски може да се преведе и со поими како што се добродушност, добрина, чесност, пресретливост, услужливост, великодушност.

Изворниот израз се однесува на особина која е показател на моралните доблести на личноста. На македонски може да се преведе и со поими како што се добродушност, добронамерност, услужливост, чесност, љубезност.

Буквално: „и одиме по духот“.

Или: „ако некој згреши, а не е свесен за тоа“.

Или: „докаже“.

Буквално: „кој е усно поучуван... оној што усно го поучува“.

Види го додатокот 8.

Види го додатокот 11.

Буквално: „одат“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели