ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bi12 Ефешаните 1:1-6:24
  • Ефешаните

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ефешаните
  • Свето писмо — превод Нов свет
Свето писмо — превод Нов свет
Ефешаните

Послание до Ефешаните

1 Павле, по Божја волја+ апостол+ на Христос Исус, до светите што се во Ефес и до верните+ во единство+ со Христос Исус:

2 Бог, нашиот Татко, и Господарот Исус Христос нека ви дадат незаслужена доброта+ и мир!+

3 Нека е благословен Богот и Таткото на нашиот Господар* Исус Христос+ зашто, поради нашето единство со Христос, нѐ благослови+ со секој духовен благослов на небесата,+ 4 зашто, уште пред да настане светот,+ нѐ избра+ да бидеме во единство со него, за да бидеме свети и неизвалкани+ пред него во љубов.+ 5 Зашто, тој однапред одреди+ да нѐ усвои+ преку Исус Христос како синови,+ според она што му се допаѓа и му е по волја,+ 6 за да биде фален+ поради неговата славна незаслужена доброта+ што милостиво ни ја покажа преку својот сакан Син.+ 7 Преку него, со посредство на неговата крв,+ ослободени сме со откупнина, простени ни се престапите+ според богатството на неговата незаслужена доброта.+

8 Тој обилно ни ја даде таа незаслужена доброта заедно со сета мудрост+ и разборитост, 9 објавувајќи ни ја светата тајна+ на својата волја. Таа света тајна е во склад со она што го сака, со неговата намера+ 10 да се уреди сѐ+ кога ќе се наврши времето,+ имено повторно да се состави+ сѐ во Христос+ — она што е на небесата+ и она што е на земјата+ — во него, 11 во единство со кого и ние сме избрани за наследници,+ однапред одредени според намерата на оној што прави сѐ според својата волја и одлука,+ 12 за ние, кои први се надевавме на Христос,+ да бидеме на фалба и на слава на Бог.+ 13 А и вие се надевавте на него кога ја чувте речта на вистината,+ добрата вест за вашето спасение,+ и преку него, откако поверувавте, бевте запечатени+ со ветениот свет дух,+ 14 кој е залог+ на нашето наследство,+ за да биде Божјата сопственост+ ослободена преку откупнина,+ на негова слава и фалба.

15 Затоа и јас, откако чув за вашата вера во Господарот Исус, која се гледа во вашето однесување кон сите свети,+ 16 не престанувам да се заблагодарувам за вас. Постојано ве спомнувам во своите молитви,+ 17 за Богот на нашиот Господар Исус Христос, Таткото на славата, да ви даде дух на мудрост+ и на разбирање на небесните објави, та добро да го запознаете.*+ 18 Поради тоа што ви ги просветлил+ очите+ на срцето, се молам да спознаете каква е таа надеж+ на која ве повикал, какво е тоа славно богатство+ што го чува како наследство за светите+ 19 и која е таа ненадминлива величина на неговата сила+ што ни ја дава нам, на верниците. Таа величина се гледа по дејствувањето+ на неговата моќна сила, 20 која на дело ја покажа на Христос кога го подигна од мртвите+ и го седна откај својата десница+ на небесата,+ 21 далеку над секоја влада и власт и сила и управа+ и над секое име кое е дадено,+ не само во овој поредок*+ туку и во оној што треба да дојде.+ 22 И му подложи сѐ под нозете+ и го направи глава над сѐ+ за доброто на собранието,* 23 кое е негово тело,+ полнота+ на оној што исполнува сѐ во сѐ.+

2 Бог ве оживеа иако бевте мртви поради своите престапи и гревови,+ 2 во кои некогаш живеевте* онака како што живее овој свет,*+ по волјата на владетелот+ кој владее со воздухот, духот+ кој сега дејствува во непослушните синови.+ 3 И меѓу нив сите ние некогаш живеевме според желбите на своето тело,+ угодувајќи им на желбите на телото+ и на умот, и по својата природа бевме деца кои заслужуваа Божји гнев,+ како и останатите. 4 Но Бог, кој е богат со милосрдие,+ ни ја покажа својата голема љубов+ 5 така што нѐ оживеа и нѐ обедини со Христос уште додека бевме мртви поради престапите+ — преку незаслужената доброта сте спасени+ — 6 и нѐ воскресна+ со него и нѐ седна со него на небесата,+ бидејќи сме во единство со Христос Исус, 7 за, во поредокот* што доаѓа,+ да ни го покаже неизмерното богатство+ на својата незаслужена доброта, во благонаклоноста што ја чувствува кон нас кои сме во единство+ со Христос Исус.

8 Со посредство на таа незаслужена доброта сте спасени преку верата.+ И тоа не е ваша заслуга+ — тоа е Божји дар.+ 9 Не, тоа не е поради делата,+ за никој да не може да се пофали+ со тоа. 10 Зашто, ние сме негово дело,+ создадени+ во Христос Исус+ за да правиме добри дела,+ кои Бог однапред ги одреди+ да ги правиме.*

11 Затоа, имајте на ум дека порано по тело бевте незнабошци+ — ве нарекуваа „необрежани“ оние што се нарекуваат „обрежани“, кои на телото се обрежани со рака+ — 12 дека во тоа време бевте без Христос,+ отуѓени+ од израелската заедница и туѓинци за кои не важеа сојузите на ветувањето,+ бевте без надеж+ и без Бог во светот.+ 13 Но вие кои некогаш бевте далеку од Бог, сега во единство со Христос Исус дојдовте близу до Бог преку Христовата крв.+ 14 Зашто, тој е нашиот мир,+ тој, кој од двете групи+ направи една+ и го урна преградниот ѕид*+ што ги раздвојуваше.+ 15 Со своето тело+ го укина непријателството,+ Законот кој се состои од заповеди и одредби,+ за да може, во единство со себе, од двете групи+ да создаде еден нов човек+ и да воспостави мир 16 и да може двете групи во едно тело+ да ги помири со Бог+ преку маченичкиот столб,*+ зашто преку самиот себеси го уби непријателството.+ 17 И дојде и ви ја објави добрата вест на мирот+ вам кои бевте далеку од Бог и на оние што беа близу до Бог,+ 18 зашто преку Христос и едните и другите+ имаме пристап+ кај Таткото преку еден дух.+

19 Затоа, повеќе не сте туѓинци+ и дојденци,+ туку сте им сограѓани+ на светите+ и домашни+ на Бога, 20 изѕидани на темелот+ на апостолите+ и пророците,+ а самиот Христос Исус е аголниот камен–темелник.+ 21 Во единство со него, целата градба е складно поврзана+ и расте во свет храм на Јехова.+ 22 Во единство со Христос,+ и вие се вградувате во градбата во која Бог престојува со духот.+

3 Затоа јас, Павле, затвореник+ поради Христос Исус за вас, луѓе од другите народи...*+ 2 Навистина, сте чуле дека за ваше добро ми е доверено управувањето+ со Божјата незаслужена доброта, 3 дека преку објава од небото ми беше објавена светата тајна,+ како што претходно ви напишав накратко. 4 Значи, кога го читате тоа, можете да проникнете во моето разбирање+ на светата тајна+ за Христос. 5 Во претходните поколенија, таа тајна+ не им беше објавена на човечките синови така како што сега преку духот им е откриена+ на неговите свети апостоли и пророци,+ 6 имено, дека луѓе од другите народи треба со нас да бидат сонаследници и делови на истото тело+ и соучесници на ветувањето+ во единство со Христос Исус, благодарение на добрата вест. 7 Јас станав слуга+ на таа тајна според Божјата незаслужена доброта. Тој дар ми го даде Бог со тоа што ми ја покажа својата сила.+

8 Мене, најмалиот+ од сите свети, покажана ми е таа незаслужена доброта,+ за да им ја објавам на другите народи добрата вест+ за Христовото неистражливо богатство+ 9 и да им објавам на луѓето како Бог управува+ со откривањето на светата тајна,+ која од дамнина е скриена во него, кој создал сѐ.+ 10 Целта на ова беше Божјата разнолика мудрост+ да може, преку собранието, сега да им се објави+ на владетелите и на властите+ на небесата, 11 според вечната намера која тој ја има во врска со Христос Исус,+ нашиот Господар.* 12 Благодарение на Христос, можеме слободно да зборуваме и со доверба да му пристапиме+ на Бог преку нашата вера во Христос. 13 Затоа ве молам да не паднете со духот поради моите неволји+ што ги поднесувам заради вас, зашто тие се ваша слава.

14 Затоа ги свиткувам колената+ пред Таткото,+ 15 кому секое семејство+ на небото и на земјата му го должи своето име.+ 16 И го молам да ви даде, според богатството на својата слава,+ да го зајакнете својот внатрешен човек+ со силата што доаѓа преку неговиот дух,+ 17 и Христос, преку вашата вера, заедно со љубовта да престојува во вашите срца,+ и да бидете вкоренети+ и втемелени+ 18 за да можете, заедно со сите свети, во потполност да разберете+ што е ширината и должината и височината и длабочината+ на вистината 19 и да ја спознаете Христовата љубов,+ која го надминува знаењето, за да се исполните со сета полнота+ што ја дава Бог.

20 А на оној што може со својата сила, која дејствува+ во нас, да направи неизмерно повеќе од сѐ што молиме или што ќе го замислиме,+ 21 нему нека му е слава преку собранието и преку Христос Исус низ сите поколенија во сета вечност!+ Амин.*

4 Затоа јас, затвореник+ поради Господарот, сесрдно ве молам да водите живот достоен*+ на позивот со кој сте повикани,+ 2 со сета понизност+ и благост, со долготрпеливост,+ поднесувајќи се еден со друг со љубов,+ 3 вистински трудејќи се да го одржите единството на духот, во мирот кој ве поврзува.*+ 4 Едно е телото+ и еден е духот+ — како што е и една надежта+ на која сте повикани — 5 еден Господар,*+ една вера,+ едно крштавање,+ 6 еден Бог+ и Татко на сите, кој е над сите и во сите и дејствува преку сите.

7 А секому од нас му е покажана незаслужена доброта,+ толку колку што Христос му подарил.+ 8 Затоа е речено: „Кога се вознесе во висините, одведе заробеници, даде луѓе како дарови“.+ 9 А тоа што вели „се вознесе“,+ што друго значи освен дека најпрво слегол во долните краеви, на земјата?+ 10 Оној што слегол е истиот оној што и се вознел+ далеку над сите небеса,+ за да исполни сѐ.+

11 И даде некои да бидат апостоли,+ некои да бидат пророци,+ некои да бидат проповедници+ на добрата вест,* некои да бидат пастири и учители,+ 12 со цел да се насочуваат+ светите, за да служат и да го изградуваат Христовото тело,+ 13 додека сите ние не постигнеме единство во верата и во доброто познавање* на Синот Божји, додека не станеме возрасни+ луѓе, додека не пораснеме до Христовата полнота,+ 14 за повеќе да не бидеме мали деца кои се како фрлани од бранови+ и како да ги носи ваму-таму секој ветар на учењето,+ бидејќи ги слушаат луѓето кои се служат со измама+ и кои лукаво ги доведуваат во заблуда. 15 Туку, зборувајќи ја вистината,+ во сѐ со љубов да пораснеме+ до зрелост за да бидеме како него, кој е глава,+ а тоа е Христос. 16 Од него целото тело+ — на кое сите делови му се складно составени и сложно работат, бидејќи секој зглоб што ги поврзува си ја исполнува својата цел за да може секој поединечен дел соодветно да дејствува — придонесува за својот раст, за да се изградува самото себе во љубов.+

17 Затоа, ова го велам и ве опоменувам во Господарот: немојте повеќе да живеете како што живеат* незнабошците+ во своето празно размислување,+ 18 со замрачен ум+ и отуѓени+ од животот што го дава Бог, поради незнаењето+ што е во нив, поради бесчувствителноста на нивното срце.+ 19 Откако изгубиле секакво чувство за тоа што е чесно,*+ се предале на бесрамни дела+ за лакомо+ да вршат секаква нечистотија.+

20 Но тоа не е во склад со она што го научивте за Христос,+ 21 доколку навистина сте го чуле и сте биле поучени од него+ — според вистината+ за која поучуваше Исус — 22 дека треба да ја соблечете старата личност,+ обликувана според вашиот поранешен начин на живот, која ја расипуваат+ нејзините измамливи желби,+ 23 а да се обновувате во силата што го задвижува вашиот ум+ 24 и да ја облечете+ новата личност,+ која е создадена+ по Божја волја во вистинска праведност+ и верност.

25 Затоа, сега кога сте ја отфрлиле лагата,+ зборувајте ја вистината секој на својот ближен,+ бидејќи сме делови на телото кои си припаѓаат едни на други.+ 26 Ако се гневите, немојте да грешите.+ Сонцето да не зајде, а вие сѐ уште да чувствувате лутина.+ 27 И не давајте му можност на Ѓаволот да дејствува.+ 28 Кој крадел, повеќе да не краде,+ туку да работи марливо, правејќи добро со своите раце,+ за да има да му даде нешто на оној што е во немаштија.+ 29 Никаков лош збор да не излегува од вашата уста,+ туку само оној што е добар, за да ги изградува другите според потребата и да им биде од корист на оние што го слушаат.+ 30 И не жалостете го Божјиот свет дух,+ со кој сте запечатени+ за денот кога ќе ве ослободи откупнината.+

31 Нека се отстрани од вас сета злобна горчина+ и лутина и гнев и викање и навредлив говор+ заедно со сета злоба.+ 32 А бидете милостиви+ еден спрема друг, имајте сомилост,+ спремно простувајќи си еден на друг како што и Бог преку Христос спремно ви прости вам.+

5 Затоа, угледајте се на* Бог,+ како негови љубени деца, 2 и живејте* во љубов,+ како што и Христос ве сакаше вас+ и се предаде себеси за вас како принос+ и жртва за пријатен мирис на Бог.+

3 Блуд+ и секаква нечистотија или лакомост+ дури да не се спомнуваат меѓу вас,+ како што им прилега на свети луѓе,+ 4 а исто и срамотно однесување,+ и безумен говор, и безобразни+ шеги, што е непристојно. Наместо тоа, упатувајте му благодарења на Бог.+ 5 Зашто, ова го знаете и добро разбирате дека ниту еден блудник+ или нечист или лакомец+ — што значи дека е идолопоклоник — нема наследство во царството на Христос и на Бог.+

6 Никој да не ве мами со празни зборови,+ зашто поради сето тоа Божјиот гнев доаѓа врз непослушните синови.+ 7 Затоа немојте да имате ништо со нив.+ 8 Зашто, некогаш бевте темнина,+ а сега сте светлина+ во единство со Господарот.* Живејте* како деца на светлината, 9 зашто плодот на светлината се состои од секаква доброта и праведност и вистина.+ 10 Испитувајте што е прифатливо+ за Господарот. 11 И повеќе не учествувајте со нив+ во бесплодните дела на темнината,+ туку напротив, осудувајте ги+ таквите дела. 12 Зашто, за она што тие го прават во тајност е срамотно дури и да се зборува.+ 13 А сите дела што заслужуваат осуда+ се разоткриени преку светлината, зашто сѐ што е разоткриено+ е светлина. 14 Затоа е речено: „Разбуди се,+ ти што спиеш, и стани од мртвите,+ и Христос ќе те осветли“.+

15 Затоа добро внимавајте како живеете*+ — не како немудри, туку како мудри. 16 Откупувајте си време,*+ зашто деновите се зли.+ 17 Затоа, повеќе не бидете неразумни, туку трудете се да разберете+ што е Јеховината волја.+ 18 И не опивајте се+ со вино, во кое има разузданост,+ туку исполнувајте се со дух.+ 19 Разговарајте меѓу себе со псалми,+ со фалбени песни+ на Бог и со духовни песни. Пејте+ и со песна фалете го Јехова+ во своите срца. 20 Секогаш благодарете му на нашиот Бог и Татко во името на нашиот Господар Исус Христос.+

21 Бидете подложни еден на друг+ во страв од Христос. 22 Жените нека им бидат подложни на своите мажи+ како на Господарот, 23 зашто мажот е глава на жената+ како што е и Христос глава на собранието+ — тој, спасителот на тоа тело. 24 И како што собранието му е подложно на Христос, така и жените нека им бидат подложни на своите мажи во сѐ.+ 25 Мажи, сакајте ги своите жени,+ како што и Христос го сакаше собранието и се предаде себеси за него,+ 26 за да го посвети,+ чистејќи го со капење во вода, во речта Божја,+ 27 за да го доведе пред себе собранието во неговиот сјај,+ без дамка или брчка или нешто слично — свето и неизвалкано.+

28 Така и мажите треба да ги сакаат своите жени како своите тела. Кој ја сака својата жена, се сака самиот себе. 29 Зашто, никој не го мрази своето тело, туку го храни и го негува,+ како и Христос собранието. 30 Зашто, ние сме делови на неговото тело.+ 31 „Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи до својата жена и тие двајцата ќе станат едно тело.“+ 32 Таа света тајна+ е голема. А јас зборувам за Христос и за собранието.+ 33 Значи, така и секој од вас да ја сака својата жена+ како самиот себе, а жената длабоко да го почитува+ својот маж.

6 Деца, слушајте ги своите родители+ во Господарот,*+ зашто тоа е праведно.+ 2 „Почитувај ги татка си и мајка си“+ — тоа е првата заповед проследена со ветување:+ 3 „За да ти биде добро и да останеш долго на земјата“.+ 4 А вие, татковци, не раздразнувајте ги своите деца,+ туку воспитувајте ги+ со стега*+ од Јехова и помагајте им да го усвојат неговиот начин на размислување.+

5 Робови, слушајте ги своите земни господари,+ со страв и со почит,+ со искрено срце, како што го слушате Христос — 6 не само кога ве гледаат, како такви што им угодуваат на луѓе,+ туку како Христови робови, вршејќи ја Божјата волја со сета душа.+ 7 Робувајте доброволно — како за Јехова,+ а не како за луѓе — 8 знаејќи дека секој, ако направи нешто добро, за тоа ќе добие плата од Јехова,+ било да е роб било да е слободен.+ 9 А и вие, господари, постапувајте со нив на истиот начин и немојте да им се заканувате,+ знаејќи дека и нивниот и ваш Господар+ е на небесата и дека тој не е пристрасен.+

10 На крајот, јакнејте+ во Господарот и во неговата голема сила.+ 11 Облечете ја сета Божја воена опрема+ за да можете да им се спротивставите на Ѓаволовите сплетки.+ 12 Зашто, ние не се бориме+ против крв и месо, туку против владите,+ против властите,+ против светските владетели+ на оваа темнина, против злите духовни сили+ на небесата. 13 Затоа, земете ја целата Божја воена опрема+ за да можете да се спротивставите во зол ден и, откако ќе направите сѐ што е потребно, да останете постојани.+

14 Затоа, бидете постојани! Опашајте ги своите бедра+ со вистината,+ на градите ставете го оклопот на праведноста+ 15 и обујте ги нозете+ со спремноста да ја проповедате добрата вест на мирот.+ 16 Пред сѐ, земете го големиот штит на верата,+ со кој ќе можете да ги изгаснете сите огнени стрели на Злобниот.+ 17 Земете го и шлемот+ на спасението и мечот+ на духот,+ односно речта Божја,+ 18 молејќи се во духот+ со секаква молитва+ и сесрдна молба во секоја пригода. И поради тоа, бдејте со сета истрајност и со сесрдни молби за сите свети, 19 и за мене, за Бог да ми помогне,+ кога ќе ја отворам устата, со сета слобода+ да ја објавам светата тајна на добрата вест,+ 20 за која сум пратеник+ во синџири, за да можам за неа да зборувам смело, како што и треба да зборувам.+

21 А за да знаете и вие што се случува со мене и како сум, за сѐ ќе ве извести Тихик,+ љубен брат и верен слуга во Господарот.+ 22 Ви го праќам токму поради тоа, за да знаете како сме и да ги утеши вашите срца.+

23 Браќата нека имаат мир и љубов, со вера, од Бог, Таткото, и од Господарот Исус Христос. 24 Незаслужената доброта+ нека биде со сите оние што го сакаат нашиот Господар Исус Христос со нераспадлива љубов.

Види го додатокот 11.

„Добро да го запознаете“ (грчки: епи́гноси) — види ја фуснотата за Ри 1:28.

Види ја фуснотата за Мт 12:32.

Види ја фуснотата за изразот „собрание“ во Мт 16:18.

Буквално: „одевте“.

Види ја фуснотата за Мт 12:32.

Буквално: „вековите“. Види ја фуснотата за Мт 12:32.

Буквално: „за да одиме во нив“.

Алузија на преградата во храмот, која ги спречувала не-Евреите да влезат во дворот во кој имале пристап само Евреите.

Види го додатокот 8.

Или: „од незнабошците“.

Види го додатокот 11.

Види ја фуснотата за 5Мо 27:15.

Буквално: „да одите достојно“.

Или: „единството на духот, со врската на мирот“.

Види го додатокот 11.

Или: „некои да бидат мисионери“.

„Доброто познавање“ (грчки: епи́гноси) — види ја фуснотата за Ри 1:28.

Буквално: „одите како што одат“.

Или: „морално“.

Или: „имитирајте го“.

Буквално: „одете“.

Види го додатокот 11.

Буквално: „Одете“.

Буквално: „одите“.

Или: „Добро користете го времето што го имате (секоја можност што ќе ви се укаже)“.

Види го додатокот 11.

Види ја фуснотата за Ев 12:5.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели